залиха – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Apr 2020 19:52:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png залиха – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Другите народи купуваат брашно и средства за дезинфекција, Данците прават залихи со секс-играчки https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/drugite-narodi-kupuvaat-brashno-i-sredstva-za-dezinfekcija-dancite-pravat-zalihi-so-seks-igrachki/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/drugite-narodi-kupuvaat-brashno-i-sredstva-za-dezinfekcija-dancite-pravat-zalihi-so-seks-igrachki/#respond Wed, 08 Apr 2020 19:52:51 +0000 https://kurir.mk/?p=329414

Поради вонредната состојба и препораките луѓето да останат дома, во Данска е забележена зголемена продажба на секс-играчки. -Многу сум задоволна што во овие тешки времиња, кога луѓето се чувствуваат многу ранливи, ние правиме нешто добро и корисно, смета Матилде Мацковски, сопственичка на Синфул – најголемата малопродажна мрежа на секс-играчки во нордиските земји. Според нивните податоци, во првата недела од април, продажбата на секс-играчки во Данска се зголемила за 110 отсто. Проценките говорат дека на оваа земја отпаѓаат три четвртини од вкупниот пазар. Мацковски вели дека минатата недела забележале најголем скок во продажбата. -Во првите три недели, откако беше прогласена задолжителна изолација на 11-ти март, ние сите по малку испаничивме и наш приоритет првично беа тоалетната хартија, пастата за заби и храната, вели таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/drugite-narodi-kupuvaat-brashno-i-sredstva-za-dezinfekcija-dancite-pravat-zalihi-so-seks-igrachki/feed/ 0
Американската воена база во Германија ја доби најголемата залиха на оружје и муниција во својата историја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-voena-baza-vo-germanija-ja-dobi-najgolemata-zaliha-na-oruzje-i-municija-vo-svojata-istorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-voena-baza-vo-germanija-ja-dobi-najgolemata-zaliha-na-oruzje-i-municija-vo-svojata-istorija/#respond Tue, 30 Oct 2018 16:45:05 +0000 https://kurir.mk/?p=121514

Американската воeна база „Рамштајн“ во Германија деновиве ја прими најголемата пратка на оружје и муниција, во време кога силите на НАТО во Европа ја засилуваат својата позиција на одвраќање на заканите поврзани со зголемените тензии со Русија, објави „Бизнис инсајдер“. Во „Рамштајн“ месецов пристигнале околу 100 контејнери различно оружје, што претставува најголема залиха на воена опрема, миниција и оружје што базата ја примила во 21 век, . Воената база „Рамштајн“ е создадена во 1953 година. Таа е главен штаб на американските Воздухопловни сили во Европа и Африка и седиште на Сојузничката воздухопловна команда на НАТО. Базата е дел од американската воена заедница во Кајзерслаутерн во југозападна Германија, која освен оваа вклучува и други помали бази. „Рамштајн“ е позната како „мала Америка“, бидејќи воената заедница во Кајзерслаутерн опфаќа повеќе од 50.000 американски војници и друг воен персонал. Тоа е најголемата таква заедница надвор од САД. – Ваква огромна пратка на воени залихи не сме добиле уште од времето на операција „Сојузнички сили“ (кодното име на кампањата против Србија) во 1999 година. Добиеаната воена опрема е потребна за идните операции во регионот под команда на САД во Европа, изјави Дејвид Хед, висок офицер во базата. Друг висок офицер потврди дека зголемената залиха на оружје и муниција во „Рамштајн“ ќе биде дел од резервите на американските Воздухопловни сили во Европа, со што ќе се поддржува Европска иницијатива за одвраќање на заканите. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, оваа американска воена програма, претходно позната како Европска иницијатива за гаранција во Европа, чиј буџет во 2017 година изнесуваше 3.4 милијарди долари, поддржува армиски проекти откако Русија го анектираше Крим. Рекордната испорака на нови залихи ја истакнува клучната улога на воздухопловната ескадрила во „Рамштајн“ за поддршка на американските и силите на НАТО во поширокиот регион. – Воените служби во базата се способни да достават воена опрема и минуција во било која точка на континентот за многу кратко време, изјави висок офицер од базата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-voena-baza-vo-germanija-ja-dobi-najgolemata-zaliha-na-oruzje-i-municija-vo-svojata-istorija/feed/ 0