залив на коските – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Jun 2018 06:06:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png залив на коските – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Подводно ќе се истражува локалитетот Залив на коските кај Градиште https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/podvodno-kje-se-istrazuva-lokalitetot-zaliv-na-koskite-kaj-gradishte/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/podvodno-kje-se-istrazuva-lokalitetot-zaliv-na-koskite-kaj-gradishte/#respond Wed, 13 Jun 2018 06:06:31 +0000 https://kurir.mk/?p=65203

Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) и Центарот за истражување на предисторијата – Скопје денеска организираат отворен ден со медиумите на локалитетот Плоча Миќов Град (Залив на коските) кај Градиште во Охрид по повод отпочнувањето нова археолошка кампања на подводни и дендрохронолошки истражувања. Како што соопшти УЗКН, на овој локалитет - предисториска наколна населба, во текот на идниот месец ќе се реализира ново археолошко истражување во рамки на меѓународен проект во соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата - Скопје, Универзитетот во Берн и Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид. - Во проектот првпат ќе бидат применето дендрохронолошко датирање на археолошки локалитет во Македонија, така што ќе се анализираат дрвените колци од населбата, а воедно ќе се изврши и нивно ГИС мапирање со цел да се одреди точната позиција. На тој начин, ќе се утврди староста на секоја градба поединечно и прецизно ќе се одреди нивниот облик. Во рамките на проектот ќе се врши фотограметриско и 3Д моделирање на наодите и нивно кабинетско проучување со цел да се дефинираат социјалните, економските и симболичките процеси на заедниците што ја формирале и живееле во оваа предисториска наколна населба, информира УЗКН. Почетокот на истражувањето со свои обраќања ќе го означат Елеонора Петрова-Митевска, директор на Управата за заштита на културното наследство, Алберт Хафнер, професор на Институтот за археологија при Унивезитетот во Берн, и Гоце Наумов, раководител на истражувањето. На настанот ќе биде презентиран планот на истражувањата, а ќе се демонстрираат и нуркачки активности на археолозите вклучени во проектот – истражувачи и студенти од Швајцарија и Македонија. Овој настан е вклучен во годишната програма на УЗКН за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, која се спроведува под слоганот „Нашето наследство – Европска вредност“ и мотото „Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/podvodno-kje-se-istrazuva-lokalitetot-zaliv-na-koskite-kaj-gradishte/feed/ 0