замени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Dec 2022 14:56:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png замени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Франција го искористи максималното право и изврши СЕДУМ замени во финалето https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/francija-go-iskoristi-maksimalnoto-pravo-i-izvrshi-sedum-zameni-vo-finaleto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/francija-go-iskoristi-maksimalnoto-pravo-i-izvrshi-sedum-zameni-vo-finaleto/#respond Mon, 19 Dec 2022 14:56:57 +0000 https://kurir.mk/?p=777695

Финалето на Светското првенство во Катар по многу работи е рекордно и уникатно. Селекциите на Аргентина и Франција одиграа финале кое ќе остане во историјата и по податокот дека една од двете екипи направи вкупно седум замени. Светската фудбалска федерација (ФИФА) дозволува пет замени на натпревар плус уште една доколку има продолженија. Сепак, фудбалската централа неодамна дозволи од медицински причини уште една кога фудбалер ќе добие удар во главата и постои ризик од потрес на мозокот. Тоа се случи во 96. минута од првото продолжение кога слична повреда заработи Адриен Рабио а Дешамп ја направи и седмата замена. Аргентина стана светски првак, откако по изведување на пенали ја совлада Франција со 4-2 (3-3 во регуларниот тек). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/francija-go-iskoristi-maksimalnoto-pravo-i-izvrshi-sedum-zameni-vo-finaleto/feed/ 0
Премиер лигата нема да врати пет замени https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/premier-ligata-nema-da-vrati-pet-zameni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/premier-ligata-nema-da-vrati-pet-zameni/#respond Wed, 11 Nov 2020 11:17:45 +0000 https://kurir.mk/?p=427913

Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс изјави дека лигата нема намера да го врати правилото за пет замени. Претходно за враќање на правилото на пет замени инсистираа главните тренери на Ливерпул, Јирген Клоп и на Манчестер сити, Пеп Гвардиола. -Се верува дека можноста за пет замени го менува натпреварувачкиот биланс на натпреварот. Веќе имаше два гласа за ова прашање, и за обете беа поддржани три замени, односно враќање на историскиот модел. Не мислам дека нешто ќе се промени во иднина. Можеме да разбереме зошто ова е контроверзно. Особено ако вие, како Клоп и Гвардиола, играте во европски натпреварувања, истакна Мастерс за „Goal“. Петте замени беа дозволени во периодот по принудната пауза поради коронавирусот, со цел да се избегнат повреди на играчите кои беа надвор од тренажниот процес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/premier-ligata-nema-da-vrati-pet-zameni/feed/ 0