заминување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 Dec 2020 09:47:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png заминување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мбапе: Дали ќе си одам од ПСЖ зависи од моите родители https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mbape-dali-kje-si-odam-od-psz-zavisi-od-moite-roditeli/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mbape-dali-kje-si-odam-od-psz-zavisi-od-moite-roditeli/#respond Sun, 13 Dec 2020 09:47:31 +0000 https://kurir.mk/?p=442595

Напаѓачот на францускиот првак ПСЖ, Килијан Мбапе, обелодени дека одлуката околу неговата иднина на клупски план ќе ја донесе во кругот на семејството. Договорот на Мбапе со клубот од Париз истекува во 2022 година, а францускиот репрезентативец се поврзува со можен трансфер во Реал Мадрид или Ливерпул. Сепак, 21-годишниот Мбапе стави до знаење дека би го напуштил Париз само доколку неговите родители би го советувале дека тоа е добра идеја. „Ние секоја одлука ја носиме заедно, како семејство. Без поддршката од моите родители, јас немаше да бидам таму каде што сум денес“, изјави Мбапе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mbape-dali-kje-si-odam-od-psz-zavisi-od-moite-roditeli/feed/ 0
Барселона потврди, Бартомеу ја напушта претседателската функција во клубот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-potvrdi-bartomeu-ja-napushta-pretsedatelskata-funkcija-vo-klubot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-potvrdi-bartomeu-ja-napushta-pretsedatelskata-funkcija-vo-klubot/#respond Wed, 28 Oct 2020 07:12:50 +0000 https://kurir.mk/?p=421472

Претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу се повлекува од функцијата, соопшти синоќа прес-службата на каталонскиот клуб. Причината за оставката се лошите спортски резултати и економската состојба на клубот. Гласањето на недоверба на Бартомеу собра повеќе од 16 илјади потписи. Претходно, власта на Каталонија го одби барањето на управата на клубот да одржи референдум за да се изгласа недоверба на претседателот на Барселона, Бартомеу. Настанот требаше да се одржи на 1-2 ноември, сепак, поради оставка на управата на клубот, нови избори ќе се одржат во рок од околу 40 дена. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-potvrdi-bartomeu-ja-napushta-pretsedatelskata-funkcija-vo-klubot/feed/ 0
Пике го искажа своето мислење за можното заминување на Меси од Барселона https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pike-go-iskaza-svoeto-mislenje-za-moznoto-zaminuvanje-na-mesi-od-barselona/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pike-go-iskaza-svoeto-mislenje-za-moznoto-zaminuvanje-na-mesi-od-barselona/#respond Fri, 23 Oct 2020 15:18:55 +0000 https://kurir.mk/?p=419884

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике смета дека управата на клубот треба да се договори со напаѓачот Лионел Меси. Не го гледавме Меси толку често во овој период. Негова лична одлука беше да ја напушти Барселона, колку што знам. Лео како никој друг, го заслужи правото да направи избор, го цитира Пике „ЕСПН“. Да бев претседател, ќе се однесував поинаку. Едноставно, треба да се договорите со играчот кој даде многу на клубот во текот на овие 16 години. Меси заслужи многу, новиот стадион на клубот треба да биде именуван во негова чест, додаде Пике. Во летниот преоден рок, 33-годишниот Аргентинец сакаше да ја напушти Барселона. Главен претендент за Аргентинецот беше Манчестер сити. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pike-go-iskaza-svoeto-mislenje-za-moznoto-zaminuvanje-na-mesi-od-barselona/feed/ 0
Модриќ: Заминувањето на Меси од Барселона ќе биде голема загуба за шпанското првенство https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/modrikj-zaminuvanjeto-na-mesi-od-barselona-kje-bide-golema-zaguba-za-shpanskoto-prvenstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/modrikj-zaminuvanjeto-na-mesi-od-barselona-kje-bide-golema-zaguba-za-shpanskoto-prvenstvo/#respond Thu, 03 Sep 2020 10:32:53 +0000 https://kurir.mk/?p=398646

Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ ги сподели своите ставови за можното заминување на напаѓачот Лионел Меси од Барселона. – Ќе биде голема загуба за шпанското првенство. Иста како со заминувањето на Кристијано Роналдо. Сепак, не може да се размислува за минатото. Ова е фудбал. Ако Меси замине, шпанското првенство сериозно ќе загуби во престиж, но ние треба да одиме напред. Ова значи дека други фудбалери ќе станат ѕвезди. Кога Кристијано го напушти Реал Мадрид, клубот продолжи да живее без него. Истото ќе се случи со Барселона и Ла Лига, изјави Модриќ за „Goal.com“. Претходно беше објавено дека Меси има намера да ја напушти Барселона ова лето. Според извештаите во медиумите, главен претендент за 33-годишниот Аргентинец е Манчестер сити. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/modrikj-zaminuvanjeto-na-mesi-od-barselona-kje-bide-golema-zaguba-za-shpanskoto-prvenstvo/feed/ 0
Педро го најави своето заминување од Челзи https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pedro-go-najavi-svoeto-zaminuvanje-od-chelzi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pedro-go-najavi-svoeto-zaminuvanje-od-chelzi/#respond Mon, 10 Aug 2020 07:58:59 +0000 https://kurir.mk/?p=388634

Напаѓачот на Челзи, Педро го најави своето заминување од клубот. Шпанецот играше за „Сините“ пет години. – По пет прекрасни години, мојата етапа во Челси заврши. Голема благодарност до управата на клубот, тренерите и соиграчите за времето поминато со нив. Тука секако се и навивачите. Бев многу среќен во Лондон, а Челзи ме натера да се чувствувам како дома. За мене беше огромно задоволство и чест да играм за овој клуб и да освојувам титули, како и да играм во една од најдобрите фудбалски лиги во светот, напиша Педро на Инстаграм. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pedro-go-najavi-svoeto-zaminuvanje-od-chelzi/feed/ 0
Колку сме далеку од заминување на Марс ? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kolku-sme-daleku-od-zaminuvanje-na-mars/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kolku-sme-daleku-od-zaminuvanje-na-mars/#respond Sun, 02 Aug 2020 10:37:16 +0000 https://kurir.mk/?p=385111

На Марс летаат роботски ровери и сонди веќе педесет години, но кога човекот конечно ќе зачекори на Црвената планета? Експертите веруваат дека техничките предизвици се речиси решени, но конечната одлука ја носи политиката и поради тоа иднината на колонизација на Марс е неизвесна. Програмата на НАСА за човечко истражување на Месечината, Артемис, предвидува повторно да прати луѓе на природниот сателит на Земјата до 2024 година и да користи стекнато искуство како подготовка за Марс. Најамбициозното ветување за заминување на Марс во 1990 година го даде тогашниот претседател на САД, Џорџ Буш кој вети човек на Црвената планета до јули 2019 година, односно до педесеттата годишнина од слетување на Месечината. Ветувањето не го исполни ниту Буш, ниту неговите наследници. -Видов околу 10.000 графикони, табели, различни идеи за тоа како да стигнеме до Марс, истакна Г. Скот Хабард, професор на Универзитетот Стенфорд и поранешен службеник на НАСА. -Но тоа никој не сакаше да го финансира. Мисијата би траела две или три години. Компаниите СпејсИкс на Илон Маск и Блу Оригин на Џеф Безос градат ракети што се во состојба да пренесат тони материјал до Марс. Дваесетгодишниот живот и работа на Меѓународната вселенска станица (ИСС) ги увери научниците во опасностите од зрачењето и бестежината на седуммесечното патување кон Марс. Несомнено, тоа би имало последици врз нивниот организам, но последиците се сметаат за прифатливи. Престојот на Марс ќе трае 15 месеци, колку што е потребно за двете планети повторно да се најдат на иста страна на Сонцето. Температурата на површината би била просечно-63 Целзиусови степени, но има и заштитни одела и засолништа за вакви ситуации. Во случај на медицинска итна помош, евакуацијата е невозможна поради оддалеченоста. Какви проблеми предвидуваат астронаутите? Пред се скршеници, но тие можат да се решат со гипс, истакна Ден Бакленд, инженер и лекар на Универзитетот Дјук, кој соработува со НАСА. Дијареа, камења во бубрези и воспаление на слепото црево обично можат да се лекуваат и на Марс, освен 30 проценти од случаите на воспаление на слепо црево што мора да се лекуваат хируршки. Опширното испитување на генетиката и семејното стебло на астронаутите во голема мерка може да ја намали веројатноста дека член на екипажот ќе развие карцином на тригодишна мисија. -Од здравствен аспект не гледам пречка за заминување на Марс, истакна Бакленд. Голем проблем ќе биде заштитата на домовите и возилата од песочни бури. -Марс е специфичен по тие бури, изјави официјалниот претставник на НАСА, Роберт Хауард. Бурите со месеци можат да го блокираат Сонцето, што значи дека сончевите панели би биле бескорисни во такви услови. Затоа луѓето ќе имаат потреба од мали нуклеарни реактори и за тоа веќе постои проект. Крајната цел е производство на материјал на лице место, користејќи ресурси таму, односно 3Д принтери. Може да се каже дека проектот е во почетна фаза, а Артемис ќе послужи како „полигон“ за испитување. Колонии? Илон Маск предложи колонизација на Марс, така што првата експедиција ќе изгради фабрика што ќе ги претвори водата и јаглерод диоксид во кислород и метан. -Да се биде вид кој живее на повеќе планети е многу подобро од вид кој живее на една, изјави Маск во 2017 година. Роберт Зубрин, аеронаутички инженер и писател, е голем поборник за создавање „нови гранки на човечката цивилизација“. Огорчен е поради тоа што не е постигнат напредок од последниот чекор на човекот на Месечината во 1972 година. -Тоа е како Колумбо првпат да се врати од Новиот свет и кралот Фердинанд и кралицата Изабела да му кажат „па што сега, ние не сме заинтересирани за тоа, објаснува Зурбин. Но, не се сите убедени во тоа. -Доста е од оваа глупост, Имаме прекрасна планета со атмосфера, кислород, вода. Никој нема право да ги измами луѓето дека постои план Б или планета Б, вели егзобиологот Мишел Висо од ЦНЕС, француската вселенска агенција. Дали луѓето ќе креираат колонија или постојана база на Марс? Најголемата пречка за нивното трајно присуство е да се убедат луѓето да прифатат многу поголем ризик отколку на Месечината или ИСС. И за крај, треба да се додаде дека од таму нема да се вратат сите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kolku-sme-daleku-od-zaminuvanje-na-mars/feed/ 0
Зидан: Бејл е многу близу до заминување! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zidan-bejl-e-mnogu-blizu-do-zaminuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zidan-bejl-e-mnogu-blizu-do-zaminuvanje/#respond Sun, 21 Jul 2019 07:37:45 +0000 https://kurir.mk/?p=220618

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, призна дека сосема смислено не го пуштил во игра Герет Бејл при поразот од 1: 3 од Баерн Минхен. Францускиот ментор рече дека велшкиот репрезентативец е многу близу до заминување, надевајќи се дека тоа ќе се случи многу наскоро. – Бејл не игра затоа што е многу близу до заминување, и се надеваме дека ова ќе се случи наскоро. Така ќе биде најдобро за сите. Работиме на трансфер во нов тим. Немам ништо лично против него, но доаѓа момент кога работите треба да бидат завршени. Должен сум да ги донесам овие одлуки. Имаме потреба од промена, додаде тој. Тој додаде и дека причината за неговото напуштање е тренерско решение, но исто така и на самиот играч. – Бејл ја знае ситуацијата, која треба да се промени. Не можам да кажам дали за 24 или 48 часа, но тоа би било од корист за сите, заклучува Зидан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zidan-bejl-e-mnogu-blizu-do-zaminuvanje/feed/ 0
Баша го заврши осмиот протест со порака дека битката продолжува се до заминување на Рама https://arhiva.kurir.mk/svet/region/basha-go-zavrshi-osmiot-protest-so-poraka-deka-bitkata-prodolzuva-se-do-zaminuvanje-na-rama/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/basha-go-zavrshi-osmiot-protest-so-poraka-deka-bitkata-prodolzuva-se-do-zaminuvanje-na-rama/#respond Sun, 09 Jun 2019 07:05:05 +0000 https://kurir.mk/?p=207121

Со пораката на лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша упатена од пред партиското седиште дека започната битка на опозицијата и граѓаните, кои се пообединети од кога било, ќе продолжи се до заминувањето на премиерот Еди Рама и формирање преодна влада,заврши осмиот „национален протест“ на албанската опозиција. Баша уште порача дека опозицијата нема да направи ниту чекор назад зашто гласот на протестантите се слушнал низ целиот свет. -Учеството, единството, отпорот, издржливоста е нашата сила а вашата сила е незапирлива. Тоа е вашиот глас кој се слушна од Берлин до Брисел од Лондон до Вашингтон. Нема повлекување се додека не ја урнеме тиранијата.Вечерва е многу значајна вечер за нашата битка. Вечерва е многу значајна ноќ во нашата битка која ќе продолжи се до заминувањето на најголемот криминалец Еди Рама и формирање преодна влада, рече Баша. Во првото обраќање, на почетокот на протестот, пред Владата, Баша му се заблагодари на претседателот Илир Мета за одлуката да ги одложи локалните избори,но оцен дека тоа е само еден мал чекор напред во започнатата битка. -Одложувањето на 30 јуни е прв доказ за нашата обединета моќ, но не е крај на нашата битка. Тоа е само мал чекор напред во битката што заедно ја водиме и во која од ден на ден сме се побројни. Ние ќе продолжиме со оваа битка до извојување на целосна победа, ние сме одлучни во тоа. Рама што побрзо треба да си од,рече Баша,по што ги повика учесниците во протестот да ги запалат моблните телефони и да се упатат кон Парламенот. За разлика од пред Владата,каде имаше инцидентно фрлање на по некоја димна бомба а многу повеќе извикувања„Баша,Баша“ „Рама од си“ „Албанија како цела Европа“,состојбата беше потензична пред законодавниот дом. Таму протестантите почнаа да фрлаат димни бомби и тврди предмети кон полицијата,по што таа беше принудена да употреби водени топови и солзавец. По апелот на претседателот Мета упатен до раководствата на политичките партии да ги повлечат протестатите од пред Парламентот, на повикот на Баша тие тоа и го направија. Ова беше осми „национален протест“ на обединетата албанска опозиција,на кој според органзаторте само од внатрешноста учествувале над 70.000 граѓани. Првиот голем протест беше одржан на 16 февруари.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/basha-go-zavrshi-osmiot-protest-so-poraka-deka-bitkata-prodolzuva-se-do-zaminuvanje-na-rama/feed/ 0
Мората призна: Сакав да си заминам од Челзи ова лето https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/morata-prizna-sakav-da-si-zaminam-od-chelzi-ova-leto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/morata-prizna-sakav-da-si-zaminam-od-chelzi-ova-leto/#respond Tue, 04 Sep 2018 15:33:34 +0000 https://kurir.mk/?p=96335

Напаѓачот на Челзи Алваро Мората (25) призна дека посакал ова лето да го напушти клубот од Лондон. Шпанецот бил разочаран од фактот дека не беше повикан во тимот за Светското првенство во Русија. - Ова лето беше тешко за мене. Мислев дека ќе го напуштам Челзи. Сакав да се вратам во Шпанија или Италија. Јас се преселив во Челзи за да учествувам на Светското првенство, но не најдов место во репрезентацијата. Минатата сезона беше целосна катастрофа за мене. Излегував на теренот и не знаев каде сум, изјави Алваро Мората пред „Скај Спортс“. Мората премина во Челзи летото 2017 година. Минатата сезона тој одигра 48 натпревари и постигна 15 гола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/morata-prizna-sakav-da-si-zaminam-od-chelzi-ova-leto/feed/ 0
Руни пред заминување од Евертон https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/runi-pred-zaminuvanje-od-everton/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/runi-pred-zaminuvanje-od-everton/#respond Wed, 09 May 2018 08:37:12 +0000 https://kurir.mk/?p=51887

Вејн Руни може да ја продолжи кариерата во САД, откако води преговори со Ди Си Јунајтед, објави весникот „Сан“. Триесет и две годишниот напаѓач на Евертон не е задоволен од својата улога во тимот под водство на Сем Алардајс и сериозно ја разгледува можноста да замине во странство, иако има договор за уште една година со „карамелите“. Руни се уште се смета за напаѓач, додека Алардајс отворено го насочува да игра во средина на теренот, што воопшто не му се допаѓа на првиот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед. Во последните недели разговорите меѓу претставниците на Руни и тимот од Вашингтон се зачестени, а останува да се дознае каква ќе биде одлуката на играчот и дали тој ќе го следи својот поранешен соиграч Златан Ибрахимовиќ. Вејн постигна 10 голови во сезоната во Премиер лигата, со што му помогна на тимот од Ливерпул да се стабилизира во средината на табелата, но сигурно амбициите при враќањето на „Гудисон“ беа доста поголеми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/runi-pred-zaminuvanje-od-everton/feed/ 0