замок балморал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Sep 2022 12:49:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png замок балморал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Замокот кој една позната личност го има наречено „чуден“ – Балморал, зданието каде кралското семејство се однесува необично и почина кралицата (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zamokot-koj-edna-poznata-lichnost-go-ima-narecheno-chuden-balmoral-zdanieto-kade-kralskoto-semejstvo-se-odnesuva-neobichno-i-pochina-kralicata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zamokot-koj-edna-poznata-lichnost-go-ima-narecheno-chuden-balmoral-zdanieto-kade-kralskoto-semejstvo-se-odnesuva-neobichno-i-pochina-kralicata-foto/#respond Mon, 26 Sep 2022 12:49:54 +0000 https://kurir.mk/?p=737537

Замокот Балморал во Шкотска, каде Елизабета Втора го поминувала летниот одмор, се сметал за омилена резиденција на починатата кралица. Ако сте дел од кралското семејство, доследноста треба да биде вашата силна страна. Па дури и со избирање место за одмор. Така, на крајот на секое лето, неодамна починатата кралица Елизабета одеше на север во Шкотска на повеќенеделен одмор во замокот Балморал. Ако никогаш не сте слушнале за кралската „селска куќа“, која исто така беше прикажана во неодамнешната сезона на серијата „Круната“, прочитајте за сè што треба да знаете за вековниот замок што поранешниот британски премиер Тони Блер некогаш го нарече „чуден“. Од друга страна, принцезата Евгенија го опишува како „најубавото место на светот“.
Замокот Балморал во Шкотска, каде кралицата Елизабета го помина својот летен одмор, се смета за нејзина омилена резиденција. Ослободена од јавните обврски, таму се опуштила и времето го поминувала со членовите на семејството. Додека биле во Балморал, кралското семејство „се однесувало како нормални луѓе – до одреден степен“, рече Лорд Личфилд, поранешен семеен фотограф, во 1972 година. „Ручекот е секогаш на отворено, а тие се секој ден на експедиции“. Навистина, самата кралица била позната по тоа што ги истражувала терените јавајќи на коњ (или зад воланот на Ренџ Роверот), а пред да умре, принцот Филип сакал тука да го поминува времето правејќи скара. Кој би рекол.
Историјата на прекрасниот шкотски замок Се вели дека првата куќа во Балморал била изградена во 1390 година, но имотот дошол во рацете на британското кралско семејство дури во 1852 година, кога принцот Алберт го купил имотот како подарок за неговата сопруга, кралицата Викторија, која ги сакала шкотските живописни села. Сепак, резиденцијата се сметала за премала, па кралската двојка изградила дополнителен замок – оној што постои и денес, со цел да ги задоволи потребите на нивното семејство кое се проширувало. Новиот објект бил завршен во 1856 година, а другиот бил урнат. Сега имотот од 50 илјади хектари има вкупно околу 150 објекти.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tatiana Doak (@tatylia9)

Во помодерната кралска историја, Балморал служел како дестинација за романтичниот меден месец на принцот Чарлс и принцезата Дијана. Тоа било местото и каде што принцот Хари и принцот Вилијам дознаа за трагичната смрт на нивната мајка во 1997 година. Во септември 2022 година, кралицата Елизабета остана во Балморал за да ја назначи новата премиерка, Лиз Трас, наместо да отпатува во Бакингемската палата во Лондон за таа прилика. И токму тука, два дена по назначувањето на премиерката, кралицата Елизабета почина.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Alastair (@spaldosphotography)

И вие можете да го посетите замокот Кога кралското семејство е во резиденција, Балморал обично е затворен за јавноста, но кога замокот е празен се нудат тури со водич на неколку датуми во текот на зимата. Иако замокот моментално е затворен за јавноста поради смртта на кралицата, прашање на време е кога повторно ќе ги отвори вратите за сите љубители на историјата.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Derek (@w0ngderek)

Доколку сакате да го посетите, билетот, кој вклучува аудио тура и паркинг, традиционално чини 15 фунти, а се верува дека цената и принципите на посетата ќе останат исти кога замокот повторно ќе се отвори за јавноста, пренесува „пункуфер“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zamokot-koj-edna-poznata-lichnost-go-ima-narecheno-chuden-balmoral-zdanieto-kade-kralskoto-semejstvo-se-odnesuva-neobichno-i-pochina-kralicata-foto/feed/ 0
Зошто замокот во Шкотска и беше омилен на кралицата – за него велат дека е најубавото место на планетата земја, има посебно значење за неа (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zoshto-zamokot-vo-shkotska-i-beshe-omilen-na-kralicata-za-nego-velat-deka-e-najubavoto-mesto-na-planetata-zemja-ima-posebno-znachenje-za-nea-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zoshto-zamokot-vo-shkotska-i-beshe-omilen-na-kralicata-za-nego-velat-deka-e-najubavoto-mesto-na-planetata-zemja-ima-posebno-znachenje-za-nea-foto/#respond Thu, 08 Sep 2022 20:41:15 +0000 https://kurir.mk/?p=730346

Кралицата Елизабета Втора попладнево почина во замокот Балморал во Абердиншир, Шкотска – едно од нејзините омилени места. Елизабета патуваше до имотот секое лето и обично ѝ се придружуваа и други членови на семејството. Оние кои ги посетиле зборуваат за семејните скари што се одржуваат на имотот, каде што готвел војводата од Единбург, а кралицата ги миела садовите. Откако Филип и принцезата Елизабета се венчале во 1947 година, тие поминале дел од својот меден месец во големата ловечка куќа на имотот. Принцезата Евгенија, внуката на кралицата, еднаш го опиша Балморал како најубавото место на планетата. – Прошетки, излети, кучиња, многу кучиња, секогаш има кучиња, а луѓето постојано влегуваат и излегуваат – рече таа. Замокот ѝ бил предаден на кралицата преку генерации кралски семејства откако принцот Алберт го купил за кралицата Викторија во 1852 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zoshto-zamokot-vo-shkotska-i-beshe-omilen-na-kralicata-za-nego-velat-deka-e-najubavoto-mesto-na-planetata-zemja-ima-posebno-znachenje-za-nea-foto/feed/ 0