замолчување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Apr 2020 09:09:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png замолчување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Совет на Европа: Владите не смеат да ја користат кризата за замолчување на новинарите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-evropa-vladite-ne-smeat-da-ja-koristat-krizata-za-zamolchuvanje-na-novinarite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-evropa-vladite-ne-smeat-da-ja-koristat-krizata-za-zamolchuvanje-na-novinarite/#respond Thu, 30 Apr 2020 09:09:25 +0000 https://kurir.mk/?p=339778

Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ ги повика владите да не ја ограничуваат слободата на медиумите за време на пандемијата на Ковид-19 и предупреди за трендот на заплашување и напад врз новинарите. – Владите се соочуваат со невидени предизвици за време на кризата со коронавирусот, но ситуацијата не треба да се користи за да се замолчат новинарите, предупреди Пејчиновиќ Буриќ во пресрет на Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај. Според неа, „медиумите треба слободно да известуваат за сите аспекти на кризата“. – Новинарите имаат клучна улога и посебна одговорност во обезбедувањето навремени, точни и доверливи информации за јавноста. Тие мора да бидат во можност да го преиспитаат владиниот одговор на пандемијата, истакна генералната секретарка на Советот на Европа. Пејчиновиќ Буриќ смета дека со „одговорно известување, новинарите можат да спречат ширење на паника и да ги истакнат позитивните примери во општеството“. Минатата година се регистрирани 142 сериозни закани врз слободата на медиумите во 47 членки на Советот на Европа, се наведува во извештајот на партнерската Платформа на Советот на Европа за подобрување на заштитата на новинарството и безбедноста на медиумските работници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-evropa-vladite-ne-smeat-da-ja-koristat-krizata-za-zamolchuvanje-na-novinarite/feed/ 0