замор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Oct 2022 09:31:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png замор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стресот остава трајни последици: Препознајте го и реагирајте веднаш https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stresot-ostava-trajni-posledici-prepoznajte-go-i-reagirajte-vednash/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stresot-ostava-trajni-posledici-prepoznajte-go-i-reagirajte-vednash/#respond Fri, 14 Oct 2022 09:31:24 +0000 https://kurir.mk/?p=745202

Брзото темпо на живот врз луѓето остава трајни последици. Ова се некои од индикаторите дека страдате од голем стрес и дека морате да го успорите своето темпо на живот и само да се опуштите. Зголемен замор Нормално е работата и обврските да ве исцрпат, но сè во свои граници. Ако се чувствувате толку уморно што немате сила ниту да се пресоблечете кога ќе дојдете дома, треба да размислите дали тоа што го работите е вредно за вашето психичко и физичко здравје. Најверојатно одговорот секогаш би бил негативен. Болки во грбот Иако седењето често предизвикува болки во долниот дел од грбот, стресот и нервозите ќе ви предизвикаат болки и во горниот и средниот дел и ќе се чувствувате како постојано да носите терет на грбот. Обидете се со длабоко дишење да ги опуштите мускулите и направете си купка со етерични масла за опуштање. Проблеми со спиењето Овој проблем е последица на горенаведениот умор, а главно се случува поради тоа што постојано мислите на работата и она што не сте го завршиле таму. За да не посегнувате по лекови, на перницата истурете неколку капки етерично масло од лаванда, кое би требало да ве опушти и заспие. Раздразливост Симптомот на раздразливост се појавува поради премногу размислувања кои повлекуваат песимистични мисли, кои пак почнуваат да ве измачуваат, па поради тоа секоја ситуација ја гледате негативно. Потрудете се да гледате само на позитивните работи и дајте си малку простор и наградете се за сè што сте направиле за време на неделата. Мигрена Овој интензивен облик на главоболка се јавува поради премалку сон и премногу обврски. Исто така, една од причините за мигрена е хидратацијата. Ако се соочите со мигрена, остатокот од денот дадете си слобода за да се отспиете во затемнета соба. Не заборавајте да пиете доволно вода преку денот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stresot-ostava-trajni-posledici-prepoznajte-go-i-reagirajte-vednash/feed/ 0
Чувствувате замор по работното време? Овие совети се важни за вас! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chuvstvuvate-zamor-po-rabotnoto-vreme-ovie-soveti-se-vazni-za-vas/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chuvstvuvate-zamor-po-rabotnoto-vreme-ovie-soveti-se-vazni-za-vas/#respond Thu, 26 May 2022 16:23:45 +0000 https://kurir.mk/?p=681328

Сигурно чувствувате замор по 8 часа работа во текот на денот, но има повеќе начини да се ослободите од заморот. Нутриционистите сметаат дека  балансиран појадок е добро решение. Британските истражувачи велат дека е добро да се јаде јаболко, затоа што го збогатува телото со витамини и растителни влакна. Исто така, во листата се вклучени ореви, пилешко, риба, овес и чај. Масажата ја подобрува циркулацијата на крвта и го активира на нервниот систем. Една чаша вода ќе ви помогне да заборавите на синдромот на замор. Вежбајте и намалете го внесувањето на сол во организмот. Дневните препорачани дози на кофеин се 200 до 300 милиграми, што е 2 до 3 шолји кафе. Не пијте премногу кафе. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои практикуваат 20-минутна прошетка во природата секој ден, се чувствуваат многу подобро од останатите луѓе. Шетајте доколку имате можности и време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chuvstvuvate-zamor-po-rabotnoto-vreme-ovie-soveti-se-vazni-za-vas/feed/ 0
Коктел против замор, овој рецепт им е потребен на многумина https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koktel-protiv-zamor-ovoj-recept-im-e-potreben-na-mnogumina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koktel-protiv-zamor-ovoj-recept-im-e-potreben-na-mnogumina/#respond Sat, 27 Nov 2021 21:08:31 +0000 https://kurir.mk/?p=600645

Со промената на годишното време речиси сите се уморни и безволни, а не знаат како да му се спротивстават на тоа чувство. За оваа промена полесно да ја пребродите, пробајте уште денес да ја зголемите енергијата и да ја искористите за убави нешта. За овој проблем постои природно решение – коктел против замор. Се прави многу едноставно и има пријатен вкус. Потребно е три лажици корен од цикорија во прав да ги помешате со една лажица какао во прав, да ги прелиете со зовриена вода и да оставите малку да се олади. По желба можете да додадете и мед или стевија, со цел да го засилите вкусот. За полн ефект, пијте го наутро или напладне, а секако избегнувајте го пред спиење, бидејќи може да ви го поремети сонот. Цикоријата е одличен стимуланс, која ја зголемува физичката енергија, го подобрува раположението, го забрзува метаболзимот, ја зајакнува способноста за одбрана на телото од многу болсти, а ја подобрува и емоционалната состојба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koktel-protiv-zamor-ovoj-recept-im-e-potreben-na-mnogumina/feed/ 0
Замор, настинка и проблеми со дигестијата: Еве како да препознаете СЛАБ ИМУНИТЕТ, а овие навики се ПРИЧИНА https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zamor-nastinka-i-problemi-so-digestijata-eve-kako-da-prepoznaete-slab-imunitet-a-ovie-naviki-se-prichina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zamor-nastinka-i-problemi-so-digestijata-eve-kako-da-prepoznaete-slab-imunitet-a-ovie-naviki-se-prichina/#respond Tue, 06 Jul 2021 14:38:34 +0000 https://kurir.mk/?p=532906

Ако често имате настинка, имате бактериски или вирусни инфекции, воспаленија, се чувствувате уморни, ова се сигурни знаци дека имунитетот е сериозно нарушен. На оваа состојба влијаат бројни фактори, вклучувајќи лоши животни навики, како што се потрошувачка на масна и брза храна, недоволни количини на течности, внесување на прекумерни количини алкохол, како и неправилен сон. Причини за намален имунитет лоша хигиена хроничен стрес хроничен замор недостаток на спиење прекумерна потрошувачка на алкохол пушење неправилна исхрана што доведува до намален внес на витамини и минерали Постои начин да се препознае дека вашиот имунолошки систем е ослабен, а тоа се симптомите кои јасно укажуваат на тоа. Знаци на слаб имунитет постојан замор болки во зглобовите дигестивни проблеми ладни рани чести инфекции подолго закрепнување од инфекција од вообичаено потешко заздравување на раните промени на кожата опаѓање на косата За да го зајакнете имунитетот, пред сè обидете се да ги промените вашите животни навики што е можно повеќе, а тоа значи доволно часови сон, 6 до 8 часа, здрава исхрана, доволно течности, а под течности не мислиме на засладени сокови, алкохол или кој било пијалак што поминува низ процес на индустриска обработка. Пред се, консултирајте се со вашиот лекар за да добиете соодветна терапија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zamor-nastinka-i-problemi-so-digestijata-eve-kako-da-prepoznaete-slab-imunitet-a-ovie-naviki-se-prichina/feed/ 0
Зошто постојано се чувствуваме уморни и исцрпени иако спиеме доволно? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-postojano-se-chuvstvuvame-umorni-i-iscrpeni-iako-spieme-dovolno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-postojano-se-chuvstvuvame-umorni-i-iscrpeni-iako-spieme-dovolno/#respond Fri, 15 Jan 2021 16:37:56 +0000 https://kurir.mk/?p=455922

Константниот замор е нешто што може многу да го исцрпува нашиот организам и се случува дури и кога сме наспиени. Сонот не е единствен фактор кој ни дава енергија за секојдневните активности. Навидум неважни работи како хормоните, исхраната и кондицијата играат голема улога во создавањето на замор на нашето тело. Еве како тие можат да влијаат врз нашиот организам: Кафето е одличен извор на антиоксиданси, но кога премногу се конзумира, телото се навикнува на него. Смалувањето на количината на кафе која се внесува може да резултира со смалување на заморот наутро. Иако хормоналниот дисбаланс е вообичаена работа, тешко се открива и лечи. Надбубрежните жлезди лачат хормони и ако сме под стрес тие функции ја губат рамнотежата. Тешко ли е да пиете по малку вода во текот на денот? Уморот е директна последица од дехидрацијата на организмот. Повеќе физички активности = повеќе енергија Ако работата не ви е многу далеку, пробајте да не употребувате автомобил и малку да пешачите. Сигурно ќе ги почувствувате резултатите. Не мора ни да споменуваме колку е важно конзумирањето на овошје и зеленчук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-postojano-se-chuvstvuvame-umorni-i-iscrpeni-iako-spieme-dovolno/feed/ 0
Сигурно чувствувате барем еден од овие симптоми, а тие не смеат да се игнорираат! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sigurno-chuvstvuvate-barem-eden-od-ovie-simptomi-a-tie-ne-smeat-da-se-ignoriraat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sigurno-chuvstvuvate-barem-eden-od-ovie-simptomi-a-tie-ne-smeat-da-se-ignoriraat/#respond Tue, 15 Dec 2020 09:53:34 +0000 https://kurir.mk/?p=443421

Симптомите што укажуваат на хроничен замор не треба да се игнорираат. Нив, за жал, ги чувствуваме речиси сите. За да се излечи хроничниот замор или барем да се ублажи, важно е да ги смениме животните навики, да се храниме поздраво, да се занимаваме со физичка активност што не опушта или да легнуваме порано. Ако е време за промена, тоа ќе ви покаже симптоми на хроничен замор кои не треба да се игнорираат. Не можете да заспиете или се будите во текот на ноќта Околу 80 проценти од луѓето кои страдаат од хроничен замор имаат проблеми со спиењето. Ова може да се манифестира како неможност да заспиеме, а кога конечно ќе заспиеме, тоа е често повремено, односно се будиме многу лесно среде ноќ. И кога ќе се разбудиме од сон, честопати се чувствуваме како воопшто да не сме спиеле. Кога спиете препорачани 8 часа, не се чувствувате наспано. Тешко се концентрирате Луѓето претпоставуваат дека единствениот симптом на хроничен замор е постојаното чувство на замор, но има и други знаци како зголемено заборавање, тешкотии во концентрацијата и честа појава дека други работи лесно нè одвлекуваат од тоа што го работиме. Луѓето со хроничен замор го опишуваат ова чувство како да се постојано опкружени со густа сива магла, како мозокот да е исто толку уморен како и нивното тело. По секоја активност се чувствувате скршени Без разлика дали станува збор за прошетка или слушање на кавга на вашите роднини за време ручек, по каков било физички или емоционален стрес, се чувствувате како да сте во војна. Ако вашето тело или ум се изложени на најмал напор, се чувствувате целосно скршени. Тешко е да застанете на нозе На луѓето кои страдаат од хроничен замор и стоењето на нозе им е тешко. Покрај тоа, симптомите на хроничен замор може да станат поизразени кога стоите отколку кога лежите. Експертите веруваат дека луѓето со синдром на хроничен замор доживуваат состојба наречена ортостатска нетолеранција, во која протокот на крв во мозокот е слаб кога стојат исправени. Чувствувате болка по целото тело Главоболка која постојано се враќа, болка во зглобовите, мускулите, па дури и болно грло што не поминува може да бидат знаци на хроничен замор. Честопати нема црвенило или оток, лицето чувствува само болка што може да се прошири длабоко во мускулите и зглобовите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sigurno-chuvstvuvate-barem-eden-od-ovie-simptomi-a-tie-ne-smeat-da-se-ignoriraat/feed/ 0
Два рани симптоми на коронавирус, кои повеќето од нас лесно ги занемаруваат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dva-rani-simptomi-na-koronavirus-koi-povekjeto-od-nas-lesno-gi-zanemaruvaat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dva-rani-simptomi-na-koronavirus-koi-povekjeto-od-nas-lesno-gi-zanemaruvaat/#respond Tue, 24 Nov 2020 08:52:54 +0000 https://kurir.mk/?p=433550

Светските експерти предупредуваат дека во раните фази на развој на коронавирусот може да се појават 2 симптоми, на кои секој треба да обрати внимание, а кои повеќето луѓето лесно ги занемаруваат и не се свесни дека се изложени на ризик. И покрај фактот дека „класичните“ симптоми се сè уште клучните и критичните, важно е луѓето да обратат внимание и на необичниот замор или главоболка. Истражувањата покажале дека раните симптоми на коронавирус се токму главоболка (која се јавила во 82% од случаите) и замор (кај 72% од случаите) – ова е заедничко за сите возрасни групи. Сепак, главоболката и заморот не мора да значи дека постои присуство на коронавирус, туку поради нивната застапеност во секојдневието, може да биде и само последица на стрес или пак недостаток на сон. Токму поради ова, лекарите ширум светот им препорачуваат на луѓето да ја следат состојбата на нивното тело, откако ќе забележат појава на овие симптоми, особено доколку набрзо после истите се појават и клучните симптоми како покачена температура, сува кашлица и промена при сетилата за вкус и мирис. Извор: НАНЕ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dva-rani-simptomi-na-koronavirus-koi-povekjeto-od-nas-lesno-gi-zanemaruvaat/feed/ 0
Овие работи може да се причина за хроничниот замор и поспаноста https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-raboti-moze-da-se-prichina-za-hronichniot-zamor-i-pospanosta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-raboti-moze-da-se-prichina-za-hronichniot-zamor-i-pospanosta/#respond Thu, 05 Dec 2019 08:02:08 +0000 https://kurir.mk/?p=273571

Доколку сте постојано поспани, иако спиете и по 8 до 9 часа има причина за тоа. Ова се неколку работи кои може да го предизвикаат вашиот замор. Физичка неактивност Повторно ве мрзи да одите на тренинг? Размислете уште еднаш затоа што мора да бидете редовно активни, а тоа не е клучно само за добриот изглед туку и за вашата здравствена состојба. Хроничниот замор, слабост во мускулите, болки во грбот, чувство на слабост и малаксаност, можат да бидат предизвикани од физичка неактивност. Дехидратација Недоволно внесување на количина течност во телото може да предизвика хроничен замор. Кафе, чај, пијалок со голема количина шеќер и алкохол предизвикуваат дехидратација и голем замор. За да го избегнете тоа дневно мора да внесувате седум до девет порции свеж зеленчук и овошје и да пиете по два литри вода, но во текот на целиот ден. Нетолеранција на глутен Многу од луѓето нетолеранцијата на глутенот ја доживуваат низ хроничен замор, а го внесуваат преку брза храна, житарици, пијалоци, тестенини, десерти и печива на база на рафинирано брашно. Таков замор може да ве следи најмалку седум денови. Недостаток на масти Хранливите материи кои се неопходни за извршување на дневните активности се сметаат за здрави масти, како авокадо, кокосово масло, ореви, и тие спаѓаат во незаситени масти. Доколку ги немате во организмот, нормално е дека ќе чувствувате константен замор. Заситените масти треба да ги избегнувате, а тие се наоѓаат во млечните производи, мрсната пржена храна и нездравите десерти. Недостаток на железо Железото се смета за една од главните причини за замор кај жените, вегетаријанците и веганите. За да го надополните недостатокот на железо, важно е да јадете растенија со темна боја. Претерана количина на кофеин Кафето најчесто го пиеме кога имаме низок притисок и за да се расониме. Меѓутоа, доколку претерате со овој напиток, шансите се големи дека хроничниот замор ќе се појави кај вас. Доколку сте зависник од кофеин тогаш напиете се само утринско кафе или чај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-raboti-moze-da-se-prichina-za-hronichniot-zamor-i-pospanosta/feed/ 0
Ова ве измачува и мора да превземете нешто: Ако постојано се чувствувате уморно, дознајте зошто! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-ve-izmachuva-i-mora-da-prevzemete-neshto-ako-postojano-se-chuvstvuvate-umorno-doznajte-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-ve-izmachuva-i-mora-da-prevzemete-neshto-ako-postojano-se-chuvstvuvate-umorno-doznajte-zoshto/#respond Fri, 17 May 2019 18:46:35 +0000 https://kurir.mk/?p=199244

Отидовте на спиење на време, не сте се буделе во текот на ноќта… И повторно се разбудивте како да ве тепале цела ноќ? Овие фактори се честа причина за необјаснив замор: Неуреден работен простор Два збора: ментална исцрпеност. Што повеќе предмети имате во видното поле (куп документи и папки на вашата работна маса на работа, хаос во кујната, затрупани валкани садови…), тоа за вашиот мозок е потешко да го филтрира она што е важно и да се фокусира. Резултат? Ќе бидете мртви уморни многу брзо. Не јадете редовно Ако јадете во правилен временски интервал во текот на денот (не го одложувајте ручекот за да ја завршите работата, не го прескокнувајте доручекот бидејќи доцните на работа), нивото на енергија ќе ви биде стабилна во текот на денот и ќе бидете помалку уморни. Ако сте во брзање, јадете барем малку овошје, неколку бадеми и банани се добар избор. Во текот на денот, две, три коцки црно чоколадо и јаболко ќе ви помогнат да иструркате до ручек. Не сте физички активни Не морате да вежбате со часови, но дваесет минути лесни вежби наутро или прошетка со побрзо одење до работа ќе ви помогнат да се чувствувате подобро и да имате повеќе енергија до крајот на денот. Ви фали железо Ако не внесувате доволно железо, многу брзо ќе почувствувате последици како што се слаба концентрација, замор, нервоза. Железото е многу важно за функционирањето на организмот бидејќи без него црвените крвни клетки не би можеле да пренесат кислород таму каде што е потребно. Бидејќи нашето тело не произведува железо, морате да го внесувате секојдневно, преку храната што ја консумирате. Јадете доволно темнозелен зеленчук, јајца, безмасно месо, ореви, во комбинација со цитрусно овошје и зеленчук кои го содржат витаминот Ц, кој ја подобрува апсорпцијата на железото. Премногу спиете Ова може да звучи чудно, но, ако сте постојано уморни, а генерално добро спиете, можеби би требало да се обидете да спиете помалку, односно да станувате порано. Квалитет на сон, а не на квантитетот, е тоа е она што е важно. Луѓето кои спијат повеќе од девет часови ноќе, подложни се на болести како и оние кои страдаат од несоница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-ve-izmachuva-i-mora-da-prevzemete-neshto-ako-postojano-se-chuvstvuvate-umorno-doznajte-zoshto/feed/ 0