замрзната цена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Mar 2023 12:32:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png замрзната цена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се замрзнуваат цените на тоалетната, влошките, влажните марамчиња, пелените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zamrznuvaat-tsenite-na-toaletnata-vloshkite-vlazhnite-maramchina-pelenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zamrznuvaat-tsenite-na-toaletnata-vloshkite-vlazhnite-maramchina-pelenite/#respond Wed, 29 Mar 2023 12:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=817721

Владата ќе ги замрзне цените на хигиенските производи. Ова ќе значи одредување највисока цена по која може да се продаваат продуктите. Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека станува збор за: тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни, хигиенските влошки. „Намалувањето ќе биде 13 отсто од цените што биле во трговијата на мало на 20 март оваа година. Одлуката се носи врз основа на анализи“, додаде Бектеши. „Од периодот од 1 март до 24 март 2023 година цената на тоалетната хартија се движела од 94,8 до 205 денари и на оваа цена кога ќе се пресмета и ДДВ, таа би се движела од 111,8 денари до 241,9 денар, а главно повеќе од сите овие производи од 85 % се увезени во нашата држава. Цената на влажните марамчиња во просек се движела од 94,6 денари во јануари, 94,5 во февруари и 83,2 денари во март 2023 година, каде што имаме царинска ставка од 6 % и не е вклучено ДДВ. За пелените, цената се движи од 36 денари за парче до 1.600 денари за кутија со повеќе пакувања и тука не е вклучено ДДВ“, додаде Бектеши. Тој рече дека Владата е подготвена да се откаже од ДДВ-то за овие производи, но за тоа треба да одлучи Собранието. „Зошто го напоменувам ДДВ, за жал, во собраниска процедура од декември имаме законско решение за овие производи да се решат долгорочно во делот на намалување на ДДВ од 18 на 5 % и ден-денес не е свикана Комисијата за финансирање и буџет сè со цел да се усвои тоа законско решение“, додаде министерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zamrznuvaat-tsenite-na-toaletnata-vloshkite-vlazhnite-maramchina-pelenite/feed/ 0
Утре ќе се замрзне цената на оризот и јајцата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-ke-se-zamrzne-tsenata-na-orizot-i-jajtsata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-ke-se-zamrzne-tsenata-na-orizot-i-jajtsata/#respond Mon, 20 Mar 2023 09:57:51 +0000 https://kurir.mk/?p=814065

Mинистерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека утре ќе се замрзнат цените на оризот и јајцата. Како што рече денеска на прес-конференција во Владата, кај шекерот и брашното нема да се интервенира со замрзнување зашто веќе има наламување на цените на овие производи и тој тренд се очекува да продолжи. Бектеши не кажа конкретно на која цена ќе биде замрзнувањето, но извесно е дека тоа нема да биде денешната, туку од некој друг претходен ден во март. Според него, моментно цените на јајцата во земјава се најниски во однос на другите земји од регионот. -Очекуваке цените на шекерот и брашното сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи, истакна Бектеши. Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш, согласно владините одлуки, се укина и субвенционираната струја за компаниите од прехранбената индустрија. Министерот Бектеши минатата недела најави дека во април се можни нови мерки во однос на цените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-ke-se-zamrzne-tsenata-na-orizot-i-jajtsata/feed/ 0
Цената на лебот 33 денари, пекарите ќе објават дали ќе прекинат со производство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsenata-na-lebot-33-denari-pekarite-ke-objavat-dali-ke-prekinat-so-proizvodstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsenata-na-lebot-33-denari-pekarite-ke-objavat-dali-ke-prekinat-so-proizvodstvo/#respond Wed, 01 Mar 2023 06:37:06 +0000 https://kurir.mk/?p=806389

Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари до крајот на мај годинава, а ја укинува и субвенционираната струја за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи. Одлуката е донесена вчера на владина седница, а пекарската индустрија, која ден претходно, најави дека ќе прекине со производство на леб доколку биде донесена ваква одлука, ќе чека таа да излезе во Службен весник и ќе ги соопшти натамошните чекори. Ваквите одлуки на Владата следуваат откако анализите на Министерството за економија и инспекциските контроли покажале дека дел од компаниите не ги намалиле соодветно цените на своите производи. Премиерот Димитар Ковачевски вчера на прес-конференција во Владата порача дека нема да дозволи неоправдано покачување на цените. - Иако прехранбените компании добиваа субвенционирана струја, цените на своите производи не ги намалија или ги намалија незначително. Ова се однесува на дел од производителите на основни прехранбени производи. Дел ги намалија цените од седум до 12 проценти, рече Ковачевски. Според министерот за економија Крешник Бектеши, компаниите не се оштетени со тоа што ќе се замрзне цената на лебот. - Сметаме дека тоа е соодветна цена и може да го прашате секој производител на леб дали со таа цена на брашното и актуелните трошоци 450 грама леб треба да е поскап од 32 денара, вклучувајќи шест денари профит што останува кај пекарите. Значи, 32 денара со шест денара профитна маржа од страна на пекарите, пет отсто маржа од трговците или во малопродажба и пет отсто ДДВ, истакна Бектеши. Замрзнувањето на цената на лебот, како што посочи, е времена мерка за да нема злоупотреба на поддршката што ја добиваат компаниите од државата. Од пекарската индустрија најавуваат дека ќе причекаат одлуката да излезе во Службен весник, па потоа ќе се реализира најавата за прекин на производството. -Се додека одлуката не излезе во Службен весник, не може да се операционализира и практично не е валидна, велат пекарите. Според претседателот на Групацијата на мелничко - пекарската индустрија Горан Малишиќ, зад одлуката да се прекине производството и испораката на леб стојат сите членки. -Вакви одлуки со замрзнување на цени не постојат никаде во ЕУ. Владата сака да создава слика дека помага социјално на граѓаните, ама таа помош да биде на товар или на штета на пекарската индустрија. Се надевам дека ваквите одлуки по овој 1 март ќе бидат веќе минато во Македонија, изјави Малишиќ за МИА. Од април се укинува и субвенционираната струја за прехранбената индустрија што практично значи дека компаниите од овој сектор ќе мора да се снабдуваат со електрична енергија согласно Законот за енергетика и правилата за снабдување со електрична енергија. Одлуката за укинување на повластената цена на електричната енергија, според најавите на министерот за економија Крешник Бектеши, се очекува денеска да биде објавена во Службен весник.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsenata-na-lebot-33-denari-pekarite-ke-objavat-dali-ke-prekinat-so-proizvodstvo/feed/ 0
Цените на основните прехранбени продукти остануваат замрзнати до крајот на февруари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/cenite-na-osnovnite-prehranbeni-produkti-ostanuvaat-zamrznati-do-krajot-na-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/cenite-na-osnovnite-prehranbeni-produkti-ostanuvaat-zamrznati-do-krajot-na-fevruari/#respond Sat, 29 Jan 2022 08:00:35 +0000 https://kurir.mk/?p=624221

Владата вчера донесе одлука до 28 февруари 2022 година да продолжи важноста на мерката, која почна да се применува од 6 декември 2021, за определување највисоки цени на основните прехранбени производи –лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомеснатите производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата и тестенините. Со оваа одлука највисоките цени на овие производи остануваат на нивото на редовните цени кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало, при што се исклучуваат цените на попуст, како акциски попуст, снижувања или распродажба, кои важеле на 1 декември 2021 година. Владата на 4 декември донесе одлука да се замрзнат цените на лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата, нема да се менуваат до крајот на јануари. Десет дена подоцна Владата донесе нова одлука со која покрај на претходно наведените прехранбени производи, беа замрзнати и цените и на оризот, тестенините и јајцата. Од Владата уште тогаш соопштија дека одлуката за замрзнувањето на цените е со важност до 31 јануари 2022 година, но дека таа може да биде продолжена и по 31 јануари 2022 ако тоа и натаму го бара состојбата на пазарот. Целата на ваквите одлука е да се превенираат евентуалните поскапувања на овие основни производи, кои исто како и другите основни прехранбени производи масовно се користат во исхраната на населението, да се спречи натамошно нарушувања на пазарот и да се отстранат штетните последици во поглед на снабдувањето на населението со основните прехранбени производи. Според податоците на Државниот завод за статистика, објавени вчера продажните цени на производителите на индустриски производи на  домашниот пазар минатиот месец биле повисоки за 1,3 проценти на месечно и за 15 проценти на годишно ниво.  Во декември 2021, во споредба со ноември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите. Капитални производи за 10,8 проценти, Енергија за 3,1 процент, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,9 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,6 проценти. Податоците на ДЗС покажуваат дека во декември 2021, во споредба со декември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 34,8 проценти, Интермедијарните производи, освен енергија за 20,5 проценти, Капитални производи за 22,5 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1 процент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/cenite-na-osnovnite-prehranbeni-produkti-ostanuvaat-zamrznati-do-krajot-na-fevruari/feed/ 0