замрзната – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Mar 2023 05:46:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png замрзната – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Замрзнуваат цените на хигиенските производи, ќе се одлучува и за цената на дел од овошјето и зеленчукот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zamrznuvaat-tsenite-na-higienskite-proizvodi-ke-se-odluchuva-i-za-tsenata-na-del-od-ovoshjeto-i-zelenchukot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zamrznuvaat-tsenite-na-higienskite-proizvodi-ke-se-odluchuva-i-za-tsenata-na-del-od-ovoshjeto-i-zelenchukot/#respond Wed, 29 Mar 2023 05:46:38 +0000 https://kurir.mk/?p=817529

Владата денеска на седница треба да донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во тек на неделава да одлучува и за цените на дел од овошјето и зеленчукот. Од Владата оценуваат дека нејзините одлуки за цените генерално се почитуваат и најавуваат дека ќе има и други интервенции ако анализите покажат дека е неопходно. -Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието. Со одлука на Владата ќе ги намалиме цените на лепеза хигиенски прозводи на истиот начин како што го сторивме тоа и кај цените на прехранбените производи, до одреден датум, но датумот до кога ќе трае замрзнувањето ќе се дознае утре, најави вчера министерот за економија Крешник Бектеши. Министерството за економија ги доби анализите за овошјето и зеленчукот од Министерството за земјоделство и веќе се утврдува кои од нив ќе бидат со намалена цена. Според Бектеши, најверојатно во текот на неделава ќе бидат замрзнати цените на повеќе од пет-шест производи. За таа цел се чекаат и анализите од Царинската управа за увозните цени на трговците за да се види колку е разликата во делот на маржите. Огромната понуда и намалената потрошувачка во услови на глобална рецесија се закануваат да предизвикаат „земјотрес“ кај земјоделските производи затоа што цените на храната веќе паѓаат, предуп Претходно со одлука на Владата беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и на јајцата и оризот, чии цени останаа на нивото од 15-ти овој месец, додека на 33 денари е замрзната цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама. Премиерот Димитар Ковачевски, кој вчера со Бектеши и со директорт на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, беа во посета на маркет во Скопје оцени дека владините одлуки за цените се почитуваат. -Драго ми е што се уверивме дека нашите одлуки се почитуваат, се надевам така е во сите маркети. Пријатно се изненадив и дека цената на брашното е намалена без државата да донесе одлука. Го поздравуваме ваквиот потег, ги охрабруваме и другите продажни места да го следат овој чекор, рече Ковачевски, порачувајќи дека е време компаниите да им вратат на граѓаните, како што државата им помогна кога им беше најпотребно. Премиерот најави дека ќе има и други интервенции ако анализите покажат дека е неопходно. -Нашата посета денеска не е случајна. Водиме практична и инклузивна политика, носиме одлуки што ги засегаат граѓаните, сакаме да го слушнеме нивниот глас. Тука нема да застанеме, ќе продолжиме да го штитиме стандардот на граѓаните, нема да дозволиме лично богатење во време на криза. Ова е време на солидарност, а не време на остварување профити. Време е сите компании да им вратат на граѓаните, им пруживме рака за стабилност, сега бараме тие да пружат рака, само така, со заемна помош, може да ја пребродиме кризата, изјави Ковачевски. Од октомври до денес, дополни, инфлацијата се намалува на месечно ниво, што значи дека владините мерки даваат резултат. Само што добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), 7 правни субјекти (само во Скопје) денеска се казнети со по 7000 евра за непочитување во целост на одлуките донесени од Влада Како што информираше Трајковски, инспекторите на ДПИ констататирале непочитување на замрзнатата цена на лебот од 33 денари, несоодветна грамажа, немање најмалку 80 отсто од производите на рафтовите. Имињата на фирмите кои ги сториле прекршоците ќе бидат соопштени, но откако постапувањата за нив ќе бидат целосно завршени. ДПИ, посочи, работи со полн капацитет. Претходните пет дена се извршени над 500 надзори, а 130 од нив се по одлуките на Владата. Притоа, констатирани се шест прекршоци во висина од 750 000 денари. Одлуките на Владата за замрзнувањето на цените вчера ги коментираа и од Сојузот на стопански комори, чиј претседател Трајан Ангелоски посочи дека секое замрзнување на цените има позитивни и негативни консеквенци, како и дека ССК преферира слободен пазар. - Ако Владата смета дека треба да воведе ваква мерка, најубаво е и да објасни каква и е идејата и што сака да постигне, рече Ангелоски. Од Стопанската комора на Северна Македонија и од Комората на северозападна Македонија, претходно порачаа да се престане со одлуките за замрзнување на цените и да се пристапи кон други мерки за помош на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zamrznuvaat-tsenite-na-higienskite-proizvodi-ke-se-odluchuva-i-za-tsenata-na-del-od-ovoshjeto-i-zelenchukot/feed/ 0
Во Бугарија цената на струјата замрзната, кај нас Владата и РКЕ ќе одлучуваат за нејзино поскапување https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bugarija-cenata-na-strujata-zamrznata-kaj-nas-vladata-i-rke-kje-odluchuvaat-za-nejzino-poskapuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bugarija-cenata-na-strujata-zamrznata-kaj-nas-vladata-i-rke-kje-odluchuvaat-za-nejzino-poskapuvanje/#respond Thu, 16 Dec 2021 08:39:41 +0000 https://kurir.mk/?p=609143

Бугарските пратеници во средата гласаа за заштита на домаќинствата од зголемените трошоци за енергија со замрзнување на нивните цени на струјата и парното на сегашното ниво. Во минатото, зголемените цени предизвикаа протести во оваа балканска земја, каде што сиромашните домаќинства често се борат да ги платат сметките преку зима. Бугарскиот независен енергетски регулатор најави зголемување на цените на електричната енергија во просек за 11,5 насто и цените на парното до 30 насто за домаќинствата од 1 јануари, со што ќе се усогласат со цените на пазарот каде компаниите ја купуваат својата енергија. Парламентот, во кој доминираа пратениците од владејачката коалиција која вети дека ќе ги одржува стабилни цените на електричната енергија во домаќинствата, гласаше за мораториум, спречувајќи го покачувањето на цените на домовите. Но, висок владин функционер им рече на новинарите дека мораториумот може повторно да биде разгледан уште денеска, бидејќи бил одобрен без соодветна претходна анализа и се заканувал со „дополнителен хаос“. Некои добавувачи на енергија се мачеа, па дури и пропаднаа на друго место во Европа, понекогаш затоа што ограничувањата на цените ги спречија да ги пренесат зголемените големопродажни цени на потрошувачите. Референтната цена на европскиот гас порасна за дури 700% оваа година. Според резолуцијата, мораториумот треба да трае до 31 март. Бугарските компании ја повикаа новата влада да изнајде начини да им помогне да се справат со порастот на цените што загрози низа бизниси низ ЕУ. Просечната цена на платформата на бугарската енергетска берза во средата беше 563 лева или 324,22 долари по MWh, во споредба со цената на електричната енергија за домаќинствата од околу 115 лева за MWh.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bugarija-cenata-na-strujata-zamrznata-kaj-nas-vladata-i-rke-kje-odluchuvaat-za-nejzino-poskapuvanje/feed/ 0
Се замрзнува можноста за промена на постојано живеалиште во Грција, за да се спречи масовно движење за Велигден https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zamrznuva-moznosta-za-promena-na-postojano-zivealishte-vo-grcija-za-da-se-sprechi-masovno-dvizenje-za-veligden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zamrznuva-moznosta-za-promena-na-postojano-zivealishte-vo-grcija-za-da-se-sprechi-masovno-dvizenje-za-veligden/#respond Sat, 04 Apr 2020 12:28:09 +0000 https://kurir.mk/?p=327235

Независната служба за јавни приходи на Грција го прекинува разгледувањето на електронски поднесените барања за промена на постојаното место на живеење од даночните обврзници, со цел да се спречи прекршување на мерките за забрана за движење и масовен излез на граѓаните од урбаните средини во пресрет на Велигден, објавија грчките медиуми. Од забраната за движење во Грција што е во сила од 23 март 2020 година, исклучок е еднократно префрлање од моменталното кон постојаното место на живеење, па така, некои од „досетливите“ Грци за да заминат во нивните села, во викендичките и далеку од урбаните средини за Велигден, започнале да поднесуваат барања за промена на постојаното место на живеење, јави дописничката на МИА од Атина. За да се спречи ова, што веројатно би предизвикало и масовно кршење на превентивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, Независната служба за јавни приходи на Грција одлучи да ги замрзне сите барања за промена на адресата сѐ додека е во сила забраната за движење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zamrznuva-moznosta-za-promena-na-postojano-zivealishte-vo-grcija-za-da-se-sprechi-masovno-dvizenje-za-veligden/feed/ 0