замрзнати цени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Apr 2023 12:37:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png замрзнати цени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Извршени 650 инспекциски надзори по ревидирањето на замрзнатите цени, констатирани прекршоци кај 22 економски субјекта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrsheni-650-inspektsiski-nadzori-po-revidiraneto-na-zamrznatite-tseni-konstatirani-prekrshotsi-kaj-22-ekonomski-subjekta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrsheni-650-inspektsiski-nadzori-po-revidiraneto-na-zamrznatite-tseni-konstatirani-prekrshotsi-kaj-22-ekonomski-subjekta/#respond Thu, 13 Apr 2023 12:37:47 +0000 https://kurir.mk/?p=823614

Од денот на донесување на владините одлуки за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и за ревидирање на замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот, до сега се извршени над 650 инспекциски надзори и контроли. Притоа се евидентирани прекршувања на одлуките кај 22 економски субјекта за што се издадени прекршочни платени налози во висина од над 1 300 000 денари, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Според ДПИ, во тек се постапки од кои ќе се утврдува висината на казните на оние трговци кај кои е констатирано прекршување, а инспекторите и натаму се на терен. -Од надзорите е заклучено дека производите опфатени со овие одлуки се продаваат по цени во согласност со последната изменета Одлука и повеќето од нив се достапни во продавниците и маркетите ширум земјава наведува ДПИ. Државниот пазарен инспекторат потсетува дека според последната владина Одлука цените се: до 95 денари за килограм свежи домати, до 95 денари за килограм свежи краставици, до 70 денари за килограм кромид, до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 95 денари за килограм грав, до 110 денари за килограм леќа, до 75 денари за килограм банани, до 60 денари за килограм портокали, до 65 денари за килограм мандарини и до 60 денари за килограм лимони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrsheni-650-inspektsiski-nadzori-po-revidiraneto-na-zamrznatite-tseni-konstatirani-prekrshotsi-kaj-22-ekonomski-subjekta/feed/ 0
Се очекува одлука од Владата за корекција на замрзнатите цени кај зеленчукот и овошјето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-ochekuva-odluka-od-vladata-za-korektsija-na-zamrznatite-tseni-kaj-zelenchukot-i-ovoshjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-ochekuva-odluka-od-vladata-za-korektsija-na-zamrznatite-tseni-kaj-zelenchukot-i-ovoshjeto/#respond Tue, 11 Apr 2023 06:29:18 +0000 https://kurir.mk/?p=822720

Владата денеска треба да донесе одлука со која ќе се ревидираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зелечнукот. Како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, ниту еден од производите опфатени со одлуката нема да биде поскап од 100 денари за килограм. Корекцијата на цените доаѓа по средбата со трговците минатата недела. -Договорено е да се направи мала корекција на цените, имајќи предвид дека трговците веќе почнале да пријавуваат увозни цени кои кореспондираат со тоа што се дава како фактури во другите држави. Генерално, увезуваме од Турција, Грција, Албанија и Србија и повикувајќи се на новите цени кои се пријавуваат во Царинската управа, во вторник Владата ќе ги коригира замрзнатите цени и ќе има кај одредени производи многу мало намалување како највисока цена на овие производи, но, никако нема да има цени како сега или пред 10 дена, од 130 до 150 денари. Ниту еден од производите кои беа наведени во одлуката за замрзнување на цените нема да има повисока цена од 100 денари за килограм. Ќе има мала корекција само во делот на доматите и краставиците зашто нема веќе увоз од Турција и од Грција каде што има поголемо производство на овие производи. Генерално, до крајот на месецов увоз се врши од Албанија и еден мал дел од Србија, заради тоа што во Албанија еден месец однапред излегуваат овие производи, рече тогаш Бектеши. Тој повтори дека нема да се толерираат маржи од 100 или 200 отсто. Ќе продолжат, напомена, и контролите за тоа како е реализиран увозот на овошје и зеленчук последните месеци. Деновиве почна откупот на лутите пиперки, кои најмногу се извезуваат на пазарот во Србија, а дел завршува и на домашниот. Последните податоци што биле анализирани со увозниците покажале мало зголемување на увозните декларации на некои производи. Според тоа, истакна Бектеши, би требало да се коригираат и замрзнатите цени. -Корекцијата ќе биде процентуална во зависност од зголемените трошоци за увоз прикажани во Царината од 28 март до денеска. Колку се зголемени цените на увозот на одредени производи, толку процентуално ќе се зголеми и цената која е замрзната. Ако има намалување на цените кои се прикажани во Царинската управа, процентуално ќе се намали цената на тој производ, а ако е истата, ќе остане иста цената, објасни Бектеши по средбата со увозниците во петокот. Со Одлука на Владата од 5 април се замрзнаа цените на 11 видови овошје и зеленчук. Според Одлуката, килограм свежи домати може да чини максимум 70 денари, килограм краставици 75 денари, килограм кромид 60 денари, килограм карфиол 70 денари, килограм свежи зелени пиперки 90 денари, килограм грав 75 денари, килограм леќа 110 денари, килограм банани 70 денари, килограм портокали 55 денари, килограм мандарини 60 денари и килограм лимони 55 денари. Претходно беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и цените на јајцата и оризот, додека цената на белиот и на полубелиот леб до 450 грама е замрзната на 33 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-ochekuva-odluka-od-vladata-za-korektsija-na-zamrznatite-tseni-kaj-zelenchukot-i-ovoshjeto/feed/ 0
Стапи во сила одлуката за замрзнување на цените на повеќе видови овошје и зеленчук https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stapi-vo-sila-odlukata-za-zamrznuvane-na-tsenite-na-poveke-vidovi-ovoshje-i-zelenchuk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stapi-vo-sila-odlukata-za-zamrznuvane-na-tsenite-na-poveke-vidovi-ovoshje-i-zelenchuk/#respond Wed, 05 Apr 2023 07:42:09 +0000 https://kurir.mk/?p=820374

Во трговијата на мало од денеска килограм свежи домати може да се продава најмногу за 70 денари за килограм, свежите краставици до 75 денари за килограм, килограм кромид до 60 денари, килограм карфиол до 70 денари, килограм свежи зелени пиперки до 90 денари, килограм грав до 75 денари, килограм леќа до 110 денари, килограм банани до 70 денари, килограм портокали до 55 денари, килограм мандарини до 60 денари и килограм лимони до 55 денари. Причина за тоа е стапувањето во сила на одлуката на Владата за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и тоа на свежи домати, свежи краставици, кромид, карфиол, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони што беше донесена на вчерашната владина седница. - Највисоките цени на овие производи во трговијата на мало, ќе се применуваат и на зелените пазари и тоа од 5 април 2023 година до 30 април 2023 година, а одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник“, информираа од Владата. Неодамна владини претставници посочија дека со замрзнатите цени се ограничува очекуваната заработка на трговците, но дека тие нема да работат со загуба, бидејќи и во замрзнатите цени е предвидена профитна маржа. Како што кажаа, кај некој од овие производи маржите оделе и до 250 отсто. Од Државниот пазарен инспекторат најавија дека ќе има контроли и на зелените пазари и посочија дека досега направиле повеќе од 1.800 инспекциски контроли при што во неколку случаи констатирале прекршувања на одлуката за што изрекле глоби во висина од над 2,5 милиони денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stapi-vo-sila-odlukata-za-zamrznuvane-na-tsenite-na-poveke-vidovi-ovoshje-i-zelenchuk/feed/ 0
Од утре ограничени цени на 11 видови овошје и зеленчук https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-ogranicheni-tseni-na-11-vidovi-ovoshje-i-zelenchuk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-ogranicheni-tseni-na-11-vidovi-ovoshje-i-zelenchuk/#respond Tue, 04 Apr 2023 05:33:53 +0000 https://kurir.mk/?p=819788

Од утре ќе бидат ограничени максималните цени на 11 видови овошје и зеленчук. Како што соопштија на вчерашната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, со оваа одлука ќе бидат опфатени доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперките, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот. Со Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, што Владата ја донесе на својата вчерашна седница, граѓаните за килограм свежи домати ќе плаќаат најмногу 70 денари, за свежи краставици 75, за килограм кромид 60, за карфиол 70, за свежи зелени пиперки 90, за грав 75, за леќа 110, за банани 70, за портокали 55, за мандарини 60, а за килограм лимони до 55 денари. - Највисоките цени на производите посочени во оваа Одлука, во трговијата на мало, ќе се применуваат и на зелените пазари и тоа од 5 април 2023 година до 30 април 2023 година, а Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението од владината седница. Во образложението на ваквата Одлука, нејзиниот предлагач, Министерството за економија, посочува дека според членот 29 став 1 алинеја 3 од Законот за трговија, Владата може привремено да го ограничи вршењето на трговијата, во случај нарушување на домашниот пазар, заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. - Согласно наведеното, врз основа на членот 30 став 1 алинеја 2 од Законот за трговија, Владата може да ги определи највисоките цени за одделни производи и услуги во производството и прометот, се додава во образложението. Министерот Бектеши на вчерашната прес-конференција изрази уверување дека трговците целосно ќе ја почитуваат одлуката за цените на овошјето и зеленчукот. - Јас мислам и убеден сум дека нашите трговци ќе ги почитуваат целосно мерките и имаме искуство од последните две-три недели дека над 90 отсто се почитуваат, посебно во големите супермаркети, заради тоа што се зборува за мерка што важи 25 дена, изјави Бектеши. Тој истакна дека при инспекциските контроли е утврдено оти маржите за некои производи изнесувале и до 250 отсто, нагласувајќи дека владините одлуки со кои цените на повеќето прехранбени производи се ограничени може да продолжат и по април, односно мај, ако за тоа се процени дека има потреба, за да им се излезе пресрет на граѓаните и товарот од кризата да не падне само на нивен грб. - Една од главните задачи на стопанските комори е да ги бранат интересите на своите членки, а институциите треба да ги одбранат и потрошувачите и компаниите. Затоа носиме вакви, краткорочни мерки. Ова се административни одлуки, а јас сум повеќе од убеден дека се исправни, и за бизнис секторот и особено за потрошувачите, рече Бектеши. Тој им порача на претставници на бизнис секторот дека ако мислат оти маржата од 150, 200 или 250 отсто е во ред во време на криза и да не се одрекуваат од тоа што го планирале како годишен профит, тоа Владата и Министерството за економија нема да им го дозволат. Според Бектеши, за над 95 отсто од производите кои беа опфатени со Одлуката за маржите, се донесени мерки за намалување на цените и тие целосно се почитуваат. - Вака ќе продолжиме. Ги повикувам сите трговци и производители да се покажат поопштествено одговорни, рече министерот и најави дека овој месец ќе има најголемо намалување на цените генерално, посебно на храната и енергенсите. Бектеши информира и дека за три месеци биле потрошени околу 1,5 милиони евра за субвенционираната струја што ја добиваа компаниите од прехранбениот сектор. Директорот на ДПИ, Трајковски соопшти дека од донесувањето на првата одлука за ограничување на маржата од пет до десет отсто, досега се извршени над 1.800 надзори и издадени се над 20 прекршочни платни налози во вредност од 2,5 милиони денари. - И натаму ќе работиме со полн капацитет и сите инспектори ќе бидат на терен. Никој не е над законот, тоа ќе биде така додека сум јас директор на Инспекторатот. Секој што прекршил одлука или закон ќе биде санкциониран, а казните се високи, од 800 до 10.000 евра, зависно од големината на субјектите, нагласи Трајковски, додавајќи дека Државниот пазарен инспекторат постапува неселективно по сите владини одлуки. На прашање како ќе бидат контролирани зелените пазари, „имајќи предвид дека најголем дел овошје и зеленчук се продаваат таму“, Трајковски појасни дека Државниот пазарен инспекторат по донесување и на најновата одлука за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, ќе настапи координирано со другите институции, како што се УЈП и МВР, и заеднички во координирани акции ќе ги вршат овие надзори и на пазарите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-ogranicheni-tseni-na-11-vidovi-ovoshje-i-zelenchuk/feed/ 0
Од 141-та владина седница: Замрзнати се цените на повеќе видови зеленчук и овошје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-141-ta-vladina-sednitsa-zamrznati-se-tsenite-na-poveke-vidovi-zelenchuk-i-ovoshje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-141-ta-vladina-sednitsa-zamrznati-se-tsenite-na-poveke-vidovi-zelenchuk-i-ovoshje/#respond Mon, 03 Apr 2023 15:37:58 +0000 https://kurir.mk/?p=819630

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало. Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на мало нa повеќе производи и тоа: свежи домати, свежи краставици, кромид, карфиол, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони. Највисоките цени на овие производи, во трговијата на мало, се утврдуваат во висина: до 70 денари за килограм свежи домати, до 75 денари за килограм свежи краставици, до 60 денари за килограм кромид, до 70 денари за килограм карфиол, до 90 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 75 денари за килограм грав, до 110 денари за килограм леќа, до 70 денари за килограм банани, до 55 денари за килограм портокали, до 60 денари за килограм мандарини и до 55 денари за килограм лимони. Највисоките цени на производите посочени во оваа Одлука, во трговијата на мало, ќе се применуваат и на зелените пазари и тоа од 5 април 2023 година до 30 април 2023 година, а Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“. Во образложението на предлагачот на Одлуката, Министерството за економија, е посочено дека според членот 29 став 1 алинеја 3 од Законот за трговија, Владата може привремено да го ограничи вршењето на трговијата, во случај нарушување на домашниот пазар, заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. Согласно наведеното, врз основа на членот 30 став 1 алинеја 2 од Законот за трговија, Владата може да ги определи највисоките цени за одделни производи и услуги во производството и прометот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-141-ta-vladina-sednitsa-zamrznati-se-tsenite-na-poveke-vidovi-zelenchuk-i-ovoshje/feed/ 0
СДСМ: Замрзнувањето на цените го штити стандардот на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-zamrznuvaneto-na-tsenite-go-shtiti-standardot-na-graganite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-zamrznuvaneto-na-tsenite-go-shtiti-standardot-na-graganite/#respond Mon, 03 Apr 2023 06:55:20 +0000 https://kurir.mk/?p=819315

СДСМ преку конкретни мерки и политики го штити и унапредува животниот стандард на граѓаните, во време на светска економска криза. Се проширува листата на производи со замрзнати цени, на одредени видови овошје и зеленчук. Нови пониски цени се очекуваат за кромидот, доматите, краставиците, пиперките, карфиолот, бананите, портокалите, мандарините, лимоните, како и на гравот и леќата. Веќе се нови мерки за замрзнување на цените на хигиенските производи, со кои цената на тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените и влошките се намалува за 13 отсто. Претходно цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама беше замрзната на 33 денари. Млекото и млечните производи се поевтини за 10, а тестенините за 15 проценти. Максималните цени на јајцата и оризот се утврдени на цената од 15 март оваа година. СДСМ продолжува со грижата за сите граѓани, со реализација на мерки кои, го штитат стандардот на граѓаните. (Интегрален текст од соопштение на СДСМ) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-zamrznuvaneto-na-tsenite-go-shtiti-standardot-na-graganite/feed/ 0
Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени: ДАЛИ ЌЕ ЗАМРЗНЕ И ЦЕНАТА НА КРОМИДОТ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ochekuva-odluka-koi-vidovi-zelenchuk-i-ovoshje-ke-bidat-so-zamrznati-tseni-dali-ke-zamrzne-i-tsenata-na-kromidot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ochekuva-odluka-koi-vidovi-zelenchuk-i-ovoshje-ke-bidat-so-zamrznati-tseni-dali-ke-zamrzne-i-tsenata-na-kromidot/#respond Sat, 01 Apr 2023 07:44:44 +0000 https://kurir.mk/?p=818730

Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно ќе се знае до утре, а анализите се во тек. Министерството за земјоделство ги доставило влезните параметри за овошјето и зеленчукот до Министерството за економија, а ќе се земат предвид и податоците од Царинската управа. -Ќе ги имаме сите податоци и во петок или во недела ќе ја информираме јавноста на кои овошја и зеленчуци ќе се замрзнат цените, истакна Бектеши во средата, на 29 март. Од денеска треба да почне примената на владината одлука за замрзнување на цените на дел од хигиенските производи кои воедно и поевтинуваат за 13 проценти. Претходно, со одлука на Владата, беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и цените на јајцата и оризот кои останаа на нивото од 15-ти овој месец, додека цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама е замрзната на 33 денари. Според министерот Бектеши, замрзнувањето на цените е мерка која дава резултат и можно е да се пролонгира кај одредени производи и по утврдениот краен рок, доколку се процени дека за тоа има потреба. Исто така, најави дека не се исклучени и други вакви интервенции. Министерот е дециден дека нема да дојде до нагло поскапување на производите кога ќе престанат да важат владините одлуки за замрзнување на цените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ochekuva-odluka-koi-vidovi-zelenchuk-i-ovoshje-ke-bidat-so-zamrznati-tseni-dali-ke-zamrzne-i-tsenata-na-kromidot/feed/ 0
Намалени и замрзнати цените на тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените и хигиенските влошки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namaleni-i-zamrznati-tsenite-na-toaletnata-hartija-vlazhnite-maramchina-pelenite-i-higienskite-vloshki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namaleni-i-zamrznati-tsenite-na-toaletnata-hartija-vlazhnite-maramchina-pelenite-i-higienskite-vloshki/#respond Sat, 01 Apr 2023 07:37:26 +0000 https://kurir.mk/?p=818724

Од денеска треба да почне примената на владината Одлука со која за 13 отсто се намалуваат и се замрзнуваат цените на тоалетната хартија, хигиенските влошки, влажните марамчиња и пелените за деца и возрасни. Одлуката беше донесена минатата недела, а ќе биде во сила, како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, од 1 април до 31 мај 2023 година. Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва изјави дека смета оди оваа сезона во земјава ќе има странски турсти, посочувајќи дека при почетокот на мај ќе се започне со промоција на нашата -Намалувањето ќе биде 13 отсто од цените кои ги имале тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни (дајперси) и хигиенските влошки во трговијата на мало на 20 март годинава. Владата ја донесе оваа Одлука по предлог на Министерството за економија, согласно направените анализи и податоците од Царинската управа, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши. Претходно, со одлука на Владата, беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и цените на јајцата и оризот кои останаа на нивото од 15-ти овој месец, додека цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама е замрзната на 33 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namaleni-i-zamrznati-tsenite-na-toaletnata-hartija-vlazhnite-maramchina-pelenite-i-higienskite-vloshki/feed/ 0
Се замрзнуваат цените на оризот и јајцата – Месните производите следни за анализа, кај шеќерот и брашното засега без интервенции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zamrznuvaat-tsenite-na-orizot-i-jajtsata-mesnite-proizvodite-sledni-za-analiza-kaj-shekerot-i-brashnoto-zasega-bez-interventsii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zamrznuvaat-tsenite-na-orizot-i-jajtsata-mesnite-proizvodite-sledni-za-analiza-kaj-shekerot-i-brashnoto-zasega-bez-interventsii/#respond Tue, 21 Mar 2023 06:30:20 +0000 https://kurir.mk/?p=814342

Владата денеска треба да ги замрзне цените на оризот и јајцата, но и да донесе одлука со која ќе го ограничи извозот на јајца. Во однос на шеќерот и брашното се уште нема да се интервенира. Ќе се чека трговците сами да ги поевтинат овие производи, додека цените во месната индустрија се следни за анализа. За овошјето и зеленчукот ингеренции има Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Доколку оттаму се предложат какви било мерки, Министерството за економија е подготвено да ги прифати. Министерот за економија Крешник Бектеши кој вчера информираше за овие најнови одлуки, не прецизира колкава ќе биде замрзнатата цена на оризот и јајцата. Не сакал да објави, како што напомена, пред да биде соопштена конечната одлука од страна на Владата. -Министерството за економија има конкретен предлог. Нема да биде денешната цена, туку една од цените во март. Не би сакал тоа јавно да го кажам зашто одредени трговци или производители може да се подготват. Тоа не значи дека немаме доверба во нашите стопанственици, само не би сакал да објавам пред да биде конечната одлука од страна на Владата. Во однос на шеќерот и брашното, очекуваме цените сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи, истакна Бектеши. Цените на месните проиозводи кои се увезуваат, како што најави, ќе бидат една од наредните мерки што ќе се анализираат од страна на Министерството за економија. Според Бектеши, иако е зголемена побарувачката на македонските јајца од државите во регионот, домашниот пазар нема да почувствува недостиг, ниту ќе се дозволи поскапување за претстојните празници. -За земјоделските производи, овошје и зеленчук, мора да бидеме внимателни. Со оглед дека е специфичен начинот како се работат овие култури, немаме голема можност да направиме детални анализи. Ако такви капацитети има МЗШВ, добредојдени се нивните податоци и препораки. Во делот на другите производи, во делот на увозот и во делот на производството следиме се на дневна основа, подвлече Бектеши. Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш се укинаа и субвенциите за електричната енергија што ги добиваа компаниите од прехранбената индустрија. Министерот Бектеши минатата недела најави дека во април се можни нови мерки во однос на цените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zamrznuvaat-tsenite-na-orizot-i-jajtsata-mesnite-proizvodite-sledni-za-analiza-kaj-shekerot-i-brashnoto-zasega-bez-interventsii/feed/ 0
Замрзнати цени на дел од прехранбените производи, во април се најавуваат нови мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zamrznati-tseni-na-del-od-prehranbenite-proizvodi-vo-april-se-najavuvaat-novi-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zamrznati-tseni-na-del-od-prehranbenite-proizvodi-vo-april-se-najavuvaat-novi-merki/#respond Fri, 17 Mar 2023 06:36:55 +0000 https://kurir.mk/?p=812962

Институците денеска треба да ги заокружат анализите дали листата на прехранбени производи со замрзната цена ќе се прошири и со шеќерот, јајцата и оризот, а одлуките за тоа ќе се донесат на почетокот на следната недела. По лебот, од вчера се во сила замрзнати цени и за тестенините и за дел од млечните призводи со поевтинување од 15 односно 10 отсто и според првичните информации на Пазарниот инспекторат, одлуките на Владата се почитуваат. Најверојатно следниот месец, според најавите, ќе следуваат нови мерки. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека согласно податоците, на почетокот на наредната недела ќе се донесат соодветни одлуки ако има простор за замрзнување на цените и на шеќерот, јајцата и оризот. Анализите за новите мерки се прават на дневна основа и како што рече Бектеши, нема да се дозволи никакво профитирање, а уште помалку кризата да биде врз грбот на граѓаните. -Министерството за економија ќе подготви информација за секој производ и согласно тоа ќе се креираат нови мерки кои ќе следуваат најверојатно во април. Мерките ќе бидат насочени кон стопанството и граѓаните, изјави Бектеши, посочувајќи дека внимателно се следат сите случувања на цените, посебно на прехранбените производи. Тој ги повика производителите и увозниците да почнат со намалување на цените, бидејќи во тој случај ќе има простор и државата да им излезе во пресрет со поддршка за да ја задржат и зголемат конкурентноста. -Општествено одговорни компании како оние од млечната индустрија треба да бидат поддржани за да се зголеми нивната конкурентност, зошто да не почнат со инвестиции за креирање нови работни места и поголем извоз, изјави Бектеши. Замрзнатите цени на тестенините и на дел од млечните производи од вчера на терен ги контролираат 160 инспектори на Државниот пазарен инспекторат, а директорот Горан Трајковски најави дека ДПИ ќе ги објави имињата на субјектите ако утврди нерегуларности. - Ова нека биде поттик трговците самосвесно да ги намалат цените, истакна Трајковски, потсетувајќи дека казните за евентуалните непочитувања на одлуките се од 800 до 10 000 евра. Според премиерот Димитар Ковачевски, намалувањето на цените на производите битно ќе влијае врз џебот на граѓаните. -Се покажа дека владините одлуки се исправни. Лично сакам да се уверам дека се почитуваат и применуваат одлуките, колку за тоа имаат слух производителите, добавувачите и трговците. Нема да дозволиме личен профит врз грбот на граѓаните. Очекувам компаниите да имаат разбирање за општото добро. Владата продолжува да го штити стандардот и интересот на граѓаните. Носиме одлуки кои, длабоко сум убеден, ќе го подобрат животот на граѓаните, изјави Ковачевски. Со одлука на Владата од 28 февруари е замрзната на 33 денари цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама. Тогаш беше укината субвенционираната струја што ја добиваше прехранбениот сектор од декември лани, откако, при контролите на ДПИ беше откриено дека над 85 отсто од компаниите што добија субвенционирана цена од 80 евра за мегават час не го испочитувале договореното, односно не ги намалиле цените на продуктите. -ДПИ изврши детални анализи на оние компании кои користеа субвенционирана електрична енергија. Нашата споредба беше од ноември пред донесувањето на одлуката за субвенционирање, па во наредните четири месеци. Имаше компании кои воопшто ги немаа намалено производите, но имаше и компании кои ги намалија цените. Извештајот го доставивме до Министерството за економија, бидејќи ние немаме законска обврска за понатамошните постапувања, туку имаат Владата и Министерството за економија, изјави директорот на ДПИ Трајковски. Премиерот и вчера повтори дека Владата својот дел од договорот го испочитувала и во време кога цената на електричната енергија беше над 450 до 500 евра за мегават час обезбедила цена од 80 евра за мегават час. -Од извештајот на ДПИ се гледа дека голем дел од производителите не го испочитувале џентлментскиот договор. Врз основа на тоа направивме дополнителни анализи и согласно со нив донесовме одлуки кои значеа укинување на субвенционираната цена, правење на детални анализи за структурата на трошоците и финалната цена на производите и намалување на дел од цените на основните прехранбени производи и замрзнување на ниво на кое сметаме дека се покриваат трошоците и се обезбедува фер заработка и на производителите и на добавувачите и трговците, изјави Ковачевски. Според најавите од Владата, наскоро ќе се ревидира и листата на прехранбени производи со повластена даночна стапка. Основните прехранбени производи ќе останат со повластена стапка, но не и луксузните што не ги користат повеќето од граѓаните. -Листата на прехранбени производи за менување на стапката на ДДВ е споделена со сите засегнати страни, и со производители и со здруженијата на граѓаните и со стопанските комори. За основните прехранбени производи се знае дека ќе останат пет проценти, но за жал од претходните одлуки од пред седум, осум и десет години има проиозводи кои се со пет отсто, а денеска се луксузни и повеќето од граѓаните не ги ни користат, најави Бектеши. Според официјалните статистички податоци, трошоците на животот во февруари годинава во однос на февруари лани бележат зголемување од 16,7 проценти, а цените на мало од 12,4 проценти. Синдикалната минимална кошничка што ја пресметува Сојузот на синдикатите на Македонија за јануари изнесува 51 235 денари, но Министерството за економија утврдило дека има грешка во пресметката. -Можеби е ненамерна, а можеби и техничка грешка, но факт е дека минималната синдикална кошничка во нашата држава не е 50.000 денари и не надминува 43.000 денари согласно методологијата што била претходно. Тоа значи дека од август па наваму два пати се калкулира инфлацијата во методологијата и во сите елементи кои беа наведени во претходната методологија, изјави министерот Бектеши, најавувајќи дека ќе побара средба со ССМ за пресметката. Според најавата од премиерот Ковачевски состанокот со ССМ ќе се одржи в понеделник. Во телевизиско гостување Ковачевски изрази задоволство што како резултат на системско решение минималната плата е зголемена на 20.175 денари и укажа дека сега се потребни 2,1 минимална плата за една потрошувачка кошничка, додека во времето на ВМРО-ДПМНе биле потребни 4,5 минимални плати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zamrznati-tseni-na-del-od-prehranbenite-proizvodi-vo-april-se-najavuvaat-novi-merki/feed/ 0