замрзнувач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 08 Jul 2023 20:00:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png замрзнувач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УЖАС: Телото на пријателката го чувал во замрзнувач за да ја зема нејзината пензија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-teloto-na-prijatelkata-go-chuval-vo-zamrznuvach-za-da-ja-zema-nejzinata-penzija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-teloto-na-prijatelkata-go-chuval-vo-zamrznuvach-za-da-ja-zema-nejzinata-penzija/#respond Sat, 08 Jul 2023 20:00:49 +0000 https://kurir.mk/?p=854460

Шведското обвинителство смета дека човекот, кој не е именуван, извршил „систематска“ измама и се стекнал со корист од 1,3 милиони круни (околу 110.000 евра), пишува „Sky News“. Обвинетиот на инспекторите им рекол дека телото на својата пријателка, која е Норвежанка, го ставил во замрзнувач откако ја нашол мртва во нивната куќа. По нејзината смрт тој ги уверил семејството и пријателите дека жената е се уште жива. Двајцата живееле во Арјанг, околу 340 километри западно од главниот град Стокхолм. Телото било откриено во замрзнувачот на 16 март, а мажот бил уапсен три дена подоцна и оттогаш е во затвор. Сепак, истражувачите веруваат дека мажот некако користел помошници за да го придвижи телото, па не исклучуваат дека некој друг е вмешан. Почетокот на судењето е закажан за крајот на овој месец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-teloto-na-prijatelkata-go-chuval-vo-zamrznuvach-za-da-ja-zema-nejzinata-penzija/feed/ 0
Намирници што се препорачуваат замрзнати https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/namirnitsi-shto-se-preporachuvaat-zamrznati/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/namirnitsi-shto-se-preporachuvaat-zamrznati/#respond Mon, 22 May 2023 12:25:08 +0000 https://kurir.mk/?p=837427

Има храна и намирници за коишто се верува дека се најмалку исто толку здрави кога се купуваат замрзнати, како и свежи, истакнува нутриционистката Ријанон Ламбер. Таа напоменува и дека намирниците ја задржуваат својата хранлива вредност и откако ќе минат одредено време во замрзнувач. - Замрзнатата храна, како што се овошјето, зеленчукот, рибата и месото, па дури и лебот, збогатен со витамини и минерали, се подеднакво хранливи како свежите. Замрзнатите производи обично се поевтини од повеќето свежи производи, па затоа е одлична опција доколку сакате да заштедите пари. Овој избор замрзнати производи може да биде и одличен начин за намалување на отпадот од храна бидејќи работите може да се замрзнат и да се дојадат подоцна, вели стручњакот. Ова е важно и бидејќи трошоците за живот продолжуваат да растат. Следат неколку намирници што се и поевтини, и поздрави доколку се купат замрзнати. Замрзнатиот грашок е многу поевтин за купување замрзнат од свежиот и важи за лесен додаток на секој оброк. Исто така, содржи доволно количество влакна, антиоксиданси и витамини, како и минерали здрави за срцето, како што се магнезиум, калиум и калциум. Љубителите на сечкан кромид веројатно знаат дека лупењето и сечкањето тенки чешниња може да биде мачно... Така, чување ќесичка со замрзнат и сечкан лук во замрзнувачот заштедува време и пари. Кромидот нема да го загуби својот вкус кога е замрзнат, но може да изгуби дел од својата моќ. Неговата главна активна состојка - алицин може да го поддржи имунолошкиот систем во борбата против вирусите. Брокулата е уште еден од зеленчук што оди со повеќе оброци и дава хранлива вредност и кога е замрзнат. Добро е за здравјето на цревата, како и за управувањето со тежината, здравјето на мозокот, воспаленијата и имунолошкиот систем. Ниту замрзнувањето риба не ја намалува нејзината хранлива вредност, советува Ријанон. И со тоа сепак ќе може да се ужива во придобивките од омега-3 масните киселини и витамините Д и Б-2 што таа ги содржи, но и по пониска цена. Бобинките додадени во оброк со јогурт се здрав дел од појадокот. Меѓутоа, честопати една порција свежо овошје содржи само неколку од нив - ако купите замрзнато значи дека ќе добиете повеќе за помалку и ќе траат подолго. Според истражувања на Државниот универзитет во Јужна Дакота (САД), и замрзнатите боровинки се благотворни, оти содржат повеќе антиоксиданси, коишто може да помогнат во борба против повеќе болести, вклучително и ракот. Замрзнатите малини, пак, се одличен извор на витамин Ц, којшто го зајакнува имунолошкиот систем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/namirnitsi-shto-se-preporachuvaat-zamrznati/feed/ 0
ШОК ВО ЗЕМУН: Во замрзнувач пронашол замрзнато бебе, мислел дека е векна леб https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shok-vo-zemun-vo-zamrznuvach-pronashol-zamrznato-bebe-mislel-deka-e-vekna-leb/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shok-vo-zemun-vo-zamrznuvach-pronashol-zamrznato-bebe-mislel-deka-e-vekna-leb/#respond Fri, 20 Jan 2023 12:39:55 +0000 https://kurir.mk/?p=789698

Зоран М. (62) во чија куќа во Земун синоќа беше пронајдено замрзнато бебе за српски Информер вели дека се шокирал кога го видел телото. Како што објаснува човекот, замрзнувачот му се расипал и така го открил страшното злосторство. -Замрзнувачот не ми работеше добро, па викнав мајстор да го направи. Човекот дојде и ме замоли да го испразнам за да може да го пронајде дефектот. Ги извадив речиси сите работи кога на дното забележав ќеса и во неа пешкир. Го одмотав пешкирот и видов мртво бебе. Прво помислив дека е леб, бидејќи поранешната сопруга знаеше да замрзне векна леб. Меѓутоа се уверив дека се работи за бебе кога му ги видов рацете и главата. Ужас, вели Зоран кој додава дека му се слошило кога видел. Како што вели, веднаш повикал полиција која го однела безживотното тело, а од него земала ДНК примерок. -Наводно се сомневаат на мојата поранешна сопруга Лидија која мене и четирите заеднички деца не’ напушти во мај минатата година. Колку што се сеќавам имаше некои гинеколошки проблеми пред да се разделиме, но не знам дали би можела да направи нешто вакво. Во оваа куќа сум роден и никој нема пристап во просториите во неа освен мене и мојата поранешна сопруга додека живееше под овој кров, вели Зоран. Полицијата трага по Лидија за да ги утврди сите околности на овој случај.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shok-vo-zemun-vo-zamrznuvach-pronashol-zamrznato-bebe-mislel-deka-e-vekna-leb/feed/ 0
Сакате да ги заштитите, а ќе ги расипете: Овие намирници никогаш не треба да ги замрзнувате https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/sakate-da-gi-zashtitite-a-kje-gi-rasipete-ovie-namirnici-nikogash-ne-treba-da-gi-zamrznuvate/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/sakate-da-gi-zashtitite-a-kje-gi-rasipete-ovie-namirnici-nikogash-ne-treba-da-gi-zamrznuvate/#respond Thu, 03 Nov 2022 13:08:02 +0000 https://kurir.mk/?p=754263

Погледнете што не смее да става во фрижидер. Замрзнувањето е идеален начин да се продолжи животниот век на храната и да се избегне фрлањето храна. Меѓутоа, постојат намирници кои никогаш не треба да ги замрзнувате, а еве зошто: Јајца Сировите јајца ќе се рашират при што ќе предизвика пукање на лушпата. Ако сепак сакате да ги замрзнете, треба да ги искршите, да ги размутите и да ги спакувате во херметички кеси. Месо што е веќе одмрзнато Замрзнувањето на месото генерално не е проблем, но откако ќе се одмрзне месото не смеете да го вратите во замрзнувач. Кремасти јадења со кисела павлака Сè што е на база на крем ќе се згрутчи во замрзнувачот. Ова не е опасно, но храната ќе биде без вкус. Истото важи и за јогуртот. Вино Ако не сте испиле шишето вино, затворете го и вратете го во фрижидер. Замрзнатото вино може да се користи само за готвење, но не и за пиење. Газирани пијалоци Ќе го промени вкусот, а кога ќе се одмрзне ќе биде вистинска невкусна темпирана бомба. Тестенини Загревањето на тестенините ќе предизвика нивно распаѓање. Зелена салата Оваа салата во фрижидерот ќе се претвори во лигава каша.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/sakate-da-gi-zashtitite-a-kje-gi-rasipete-ovie-namirnici-nikogash-ne-treba-da-gi-zamrznuvate/feed/ 0
Дали знаете што значи оваа ознака на ладилникот? Никој не и обрнува внимание, но открива многу важна работа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-znaete-shto-znachi-ovaa-oznaka-na-ladilnikot-nikoj-ne-i-obrnuva-vnimanie-no-otkriva-mnogu-vazna-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-znaete-shto-znachi-ovaa-oznaka-na-ladilnikot-nikoj-ne-i-obrnuva-vnimanie-no-otkriva-mnogu-vazna-rabota/#respond Mon, 01 Mar 2021 14:58:23 +0000 https://kurir.mk/?p=475593

Дали забележавте ознака во форма на снегулки на вашиот фрижидер? Претпоставувате дека има врска со замрзнувањето на храна, но што навистина значи ? Во случај да не сте знаеле, снегулките прикажани на замрзнувачот на ладилникот ја означуваат нејзината класа, односно можноста за ладење на храната до одредена температура. Една снегулка значи дека замрзнувачот може да одржува температура од минус 6 степени, два - минус 12 степени, три - минус 18 степени. Ознаката во форма на голема снегулка и три мали во форма на овална означува дека комората е способна да лади до минус 24 степени. Ова значи дека замрзнувачот има режим на брзо замрзнување и има копче што можете да го притиснете за да го вклучите. Оваа одлика треба да се користи за брзо замрзнување, а не за чување храна на долг рок. Која е оптималната температура за безбедно чување храна? Според експертите од лабораторијата за електрични уреди „Testbet“, најдобро е храната да се чува на минус 18 степени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-znaete-shto-znachi-ovaa-oznaka-na-ladilnikot-nikoj-ne-i-obrnuva-vnimanie-no-otkriva-mnogu-vazna-rabota/feed/ 0
Украински рапер пронајден мртов во замрзнувач https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-raper-pronajden-mrtov-vo-zamrznuvach/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-raper-pronajden-mrtov-vo-zamrznuvach/#respond Fri, 31 Jul 2020 06:25:59 +0000 https://kurir.mk/?p=384073

Сопругата на украинскиот рапер Енди Картрајт – Марина Кокал е уапсена откако распарчаното тело на музичарот било пронајдено во замрзнувач во нивниот стан во Санкт Петербург. Вистинското на Енди Картрајт (30) е Александар Јушко. Неговата шест години повозрасна сопруга ја отфрла одговорноста за убиство и тврди дека раперот починал од предозирање со дрога. Во полицискиот извештај се вели дека Марина го исекла телото на нејзиниот сопруг на парчиња, ги измила сите внатрешни органи, му ги посолила и конзервирала екстремитетите и ги чувала деловите во замрзнувачот. Според непотврдени информации, Марина контактирала со нејзиниот адвокат, објаснила дека нејзиниот сопруг се предозирал и побарала совет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-raper-pronajden-mrtov-vo-zamrznuvach/feed/ 0
Звучи лудо, но корисно е: Ако го ставите вашиот џемпер во замрзнувачот на една ноќ, резултатот ќе ве воодушеви https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zvuchi-ludo-no-korisno-e-ako-go-stavite-vashiot-dzemper-vo-zamrznuvachot-na-edna-nokj-rezultatot-kje-ve-voodushevi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zvuchi-ludo-no-korisno-e-ako-go-stavite-vashiot-dzemper-vo-zamrznuvachot-na-edna-nokj-rezultatot-kje-ve-voodushevi/#respond Tue, 26 Nov 2019 14:50:21 +0000 https://kurir.mk/?p=269453

Сезоната на џемпери е отворена, а сите сме се сретнале со најнезгодниот проблем поврзан со нив – нивното боцкање. Вообичаено ги оставаме во плакарот и избегнуваме да ги облекуваме освен ако навистина немаме друга опција, но постои и начин како да го претворите и најбоцкавиот џемпер во меко и удобно парче облека за уживање во зимските денови. Она што треба да направите е да го омекнете вашиот џемпер. Неговите влакна се груби и затоа боцкаат. Потопете го проблематичниот џемпер со оцет и вода и оставете да отстои 20 минути. Исцедете го и оставете го да се исуши. Не заборавајте, не треба да го оставате џемперот да виси при сушењето, затоа што така ќе се растегне. Оцетот ќе ја омекне секоја ткаенина и ќе го освежи џемперот. А, еве и уште еден трик, ставете го џемперот да преноќи во замрзнувачот. На тој начин влакната што боцкаат ќе останат на едно место и нема да имате проблем. Така ќе се ослободите и од молците и нивните јајца, кои можеби случајно останале во џемперот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zvuchi-ludo-no-korisno-e-ako-go-stavite-vashiot-dzemper-vo-zamrznuvachot-na-edna-nokj-rezultatot-kje-ve-voodushevi/feed/ 0
Чувајте два мокри сунѓери во фрижидер, нивната намена е многу корисна https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chuvajte-dva-mokri-sungjeri-vo-frizider-nivnata-namena-e-mnogu-korisna/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chuvajte-dva-mokri-sungjeri-vo-frizider-nivnata-namena-e-mnogu-korisna/#respond Mon, 04 Nov 2019 10:39:08 +0000 https://kurir.mk/?p=259831

Многумина го знаат советот кој вели ако вашето дете се удри, на местото да ставите маргарин за да не отече и помодре, но се сега се појави нов трик. Доволно е да намокрите два сунѓери кои ќе ги ставите во кеса за замрзнување, и така спакувани да ги ставите во замрзнувач. Треба да употребите чисти сунѓери кои ќе ги намокрите со обична вода и малку исцедени да ги ставите во кеса. Доколку вашето дете се удри или повреди (при гребнатина, удар, помала расекотина) ставете го претходно замрзнатиот сунѓер на повреденото место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chuvajte-dva-mokri-sungjeri-vo-frizider-nivnata-namena-e-mnogu-korisna/feed/ 0
Ставете паричка во замрзнувачот пред да заминете на одмор: Ова е тајната зад важниот трик https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stavete-parichka-vo-zamrznuvachot-pred-da-zaminete-na-odmor-ova-e-tajnata-zad-vazniot-trik/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stavete-parichka-vo-zamrznuvachot-pred-da-zaminete-na-odmor-ova-e-tajnata-zad-vazniot-trik/#respond Fri, 28 Jun 2019 06:48:25 +0000 https://kurir.mk/?p=213508

Ако планирате заминување на одмор и оставате храна во вашиот фрижидер, овој едноставен трик може да ви биде од корист. Имено, со помош на една паричка ќе знаете колку е безбедно да ја консумирате храната која ви останала во фрижидерот по одморот. Понекогаш, додека сме отсутни, во домот може да снема електрична енергија, а ние не знаеме. Меѓутоа, прекинот на електрична енергија може да предизвика одмрзнување на храната и нејзино расипување.
За да откриете дали намирниците цело време биле замрзнати, наполнете чаша со вода и замрзнете ја. Кога водата ќе се заледи, врз неа ставете една паричка. Доколку по враќањето од одмор ја најдете паричката на дното од чашата, тоа значи дека прекинот на електрична енергија бил доволно долг за сета вода да се одмрзне. Во тој случај, најдобро би било да ја фрлите храната бидејќи и таа се одмрзнала како и водата. Доколку паричката останала на врвот, тоа значи дека немало прекин во електричната енергија. Ако паричката ја најдете во средина на чашата, храната веројатно и понатаму е безбедна за консумирање бидејќи прекинот не траел долго.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stavete-parichka-vo-zamrznuvachot-pred-da-zaminete-na-odmor-ova-e-tajnata-zad-vazniot-trik/feed/ 0
Ужасен крај на потрагата: Жената која исчезна пред шест години пронајдена мртва во замрзнувач https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasen-kraj-na-potragata-zenata-koja-ischezna-pred-shest-godini-pronajdena-mrtva-vo-zamrznuvach/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasen-kraj-na-potragata-zenata-koja-ischezna-pred-shest-godini-pronajdena-mrtva-vo-zamrznuvach/#respond Fri, 17 May 2019 14:27:42 +0000 https://kurir.mk/?p=199151

Жена од Флорида која исчезна пред шест години беше пронајдена мртва во замрзнувачот откриен во стан на починат човек. Хедер Лејси, мајка на две деца, имаше 29 години кога исчезна. Таа беше пронајдена на 15 март од Лилијан Аргует, која управува со големо складиште на метален отпад, каде што по смртта на Џонатан Ескарзаге бил донесен замрзнувачот од станот во кој живеел. Рацете на жената биле кренати како да се обидува да ја отвори вратата на замрзнувачот. Рандел Лејси рече дека неговата ќерка имала биполарно нарушување и дека живеела на улица. Нејзиното исчезнување е пријавено во декември 2013 година. Хедер Лејси почнала да пие лекови против болка по царскиот рез, а потоа станала зависна од кокаин и други наркотици. Неколкупати била уапсена за поседување дрога и проституција. Таа беше една година во затвор поради кражба на идентитет и фалсификат. Џонатан Ескарзага беше пронајден мртов во февруари оваа година. Сопственикот на станот одлучил да го замени мебелот и апаратите и го испратил замрзнувачот во отпадот. Замрзнувачот не бил заклучен, а сопственикот тврдел дека не знаел дека внатре имало мртво тело. Тој вели дека не знае дали Ескарзага бил во каква било врска со Лејси, според „Дејли мејл“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasen-kraj-na-potragata-zenata-koja-ischezna-pred-shest-godini-pronajdena-mrtva-vo-zamrznuvach/feed/ 0