замрзнување на цени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 May 2023 12:10:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png замрзнување на цени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Владата прво ќе анализира, па ќе одлучи дали ќе продолжи мерката за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-prvo-ke-analizira-pa-ke-odluchi-dali-ke-prodolzhi-merkata-za-zamrznuvane-na-tsenite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-prvo-ke-analizira-pa-ke-odluchi-dali-ke-prodolzhi-merkata-za-zamrznuvane-na-tsenite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot/#respond Fri, 19 May 2023 12:10:08 +0000 https://kurir.mk/?p=836411

Владата ќе прави анализа за цените на овошјето и зеленчукот и врз основа на тоа ќе донесе одлука дали ќе ја продолжи мерката со замрзнување, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Одговарајќи на новинарски прашња по настанот на кој се одбежела Светскиот ден на метрологијата - 20 мај, тој повтори дека кризата нема да биде на товар на граѓаните и оти Министерството за економија носи соодветни мерки за оние што не ги почитуваат одлуките. Во однос на реакцијата на маркетите дека добавувачите не им доставуваат производите рече дека секој има право да го каже своето мислење, а институциите се тие што ќе реагираат. – Ние сме демократија. Секој има право да го искаже своето мислење, и маркетите, и институциите, и граѓаните, и Организациите за заштита на потрошувачите, а секако дека институциите имаат обврска да го заштитат тоа што е согласно законот. Ние имаме Закон за заштита на потрошувачи во нашата држава и имаме Закон за трговија. Кој не го применува тоа секако во правна држава треба надлежните институции да постапат и да ги преземат соодветните мерки. Убеден сум дека тоа и ќе го направат како што го направија и претходно, рече Бектеши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-prvo-ke-analizira-pa-ke-odluchi-dali-ke-prodolzhi-merkata-za-zamrznuvane-na-tsenite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot/feed/ 0
Леќа 110 денари, пиперки 100 денари- Владата ги продолжи роковите за замрзнување на цените на одредени видови овошје и зеленчук https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/leka-110-denari-piperki-100-denari-vladata-gi-prodolzhi-rokovite-za-zamrznuvane-na-tsenite-na-odredeni-vidovi-ovoshje-i-zelenchuk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/leka-110-denari-piperki-100-denari-vladata-gi-prodolzhi-rokovite-za-zamrznuvane-na-tsenite-na-odredeni-vidovi-ovoshje-i-zelenchuk/#respond Fri, 28 Apr 2023 17:00:28 +0000 https://kurir.mk/?p=828801

Владата на денешната седница донесе Одлука за изменување на Одлуката за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало. Со Одлуката, се продолжува примената на веќе утврдени највисоки трговски цени, од 30 април 2023 година, до 31 мај 2023 година, на одреден дел од овошјето и на зеленчукот и тоа во висина: - до 95 денари за килограм свежи домати, - до 95 денари за килограм свежи краставици, - до 70 денари за килограм кромид, - до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, - до 95 денари за килограм грав, - до 110 денари за килограм леќа, - до 75 денари за килограм банани, - до 60 денари за килограм портокали, - до 65 денари за килограм мандарини и - до 60 денари за килограм лимони. Имајки предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените во трговијата на мало, а состојбата на пазарот укажува дека цените сѐ уште не се стабилизирани, според образложението од предлагачот, Министерството за економија, има потреба од измена на Одлуката, со којашто рокот на примената на највисоките утврдени цени за горенаведените производи се продолжува до 31 мај 2023 година. Владата донесе и Одлука за изменување на Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед. Со Одлуката, се продолжува рокот од 30 април 2023 година на 31 мај 2023 година, до кога трговците кои претставуваат правни и физички лица, регистрирани за вршење трговска дејност, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови овошје и зеленчук, да прибавуваат и да продаваат најмалку 70% од определени видови овошје и зеленчук, односно: свежи домати, свежи краставици, кромид, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони, велат од Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/leka-110-denari-piperki-100-denari-vladata-gi-prodolzhi-rokovite-za-zamrznuvane-na-tsenite-na-odredeni-vidovi-ovoshje-i-zelenchuk/feed/ 0
Надлежните најавуваат замрзнување на цената на лебот, мелничарите прекин на производството ако тоа се случи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadlezhnite-najavuvaat-zamrznuvane-na-tsenata-na-lebot-melnicharite-prekin-na-proizvodstvoto-ako-toa-se-sluchi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadlezhnite-najavuvaat-zamrznuvane-na-tsenata-na-lebot-melnicharite-prekin-na-proizvodstvoto-ako-toa-se-sluchi/#respond Tue, 28 Feb 2023 06:26:28 +0000 https://kurir.mk/?p=805817

Цената на белиот и полубелиот леб од денеска ќе се замрзне, а по донесувањето на ваквата одлука треба да изнесува максимум 33 денари. Но, ако тоа се случи, мелничарите најавуваат дека ќе го прекинат производството. Мерката за замрзнување на цената на лебот ја предложи Министерството за економија по анализите кои покажуваат дека повеќето компании од прехранбената индустрија, иако добиле субвенционирана струја, и по три месеци не ги намалиле цените на производите. Пекарите тоа го негираат и тврдат дека во целост ја почитувале мерката за субвенционирање на елекричната енергија. Цените на лебот, велат, се намалени повеќе од вредноста на субвенцијата што ја примаат. Воедно предупредуваат дека ако се замрзне цената на лебот ќе претрпат огромни штети, од 3.000 до 15 000 евра дневно и ќе бидат принудени да ги затворат производствените капацитети. -Во вторник ќе се замрзне цената и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб. Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Цените нема да се зголемат по завршување на мерката, освен ако се зголемат цените на суровините и тогаш може да има нагло покачување на цената, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши во саботата. Според него, не може да има разлика во цената и ист леб да чини од 28 до 38 денари. Бектеши потенцира дека ќе се прават инспекциски контроли и во делот на грамажата. -Утврдено е дека одредени производители и трговци ги намалуваат цените, но ги намалуваат паралелно и количините на тој производ. Затоа, под 450 грама бел и полубел леб не може да се продава и тоа ќе биде со утврдена цена. Под тоа може да биде, но над тоа не може да биде, рече министерот. Мелничарите вчера одржаа состанок во Стопанската комора и донесоа едногласен заклучок - ако Владата ја донесе мерката за ограничување на цената на лебот, од следниот ден нема да има леб на пазарот. -Дента кога ќе излезе одлуката за замрзнување на цените во Службеник весник, од наредниот ден нема да се произведува леб и да се носи на пазарот, истакна претседателот на Групацијата за мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ. Тој објасни дека изминатите два месеца на пазарот цените се намалиле, но имало варијации, зависно од видот на лебот и грамажата, од 33, 35 до 50 денари. -Цените почнаа нагло да се намалуваат последниве 30 дена. Постои модел како треба Владата да направи социјална цена на социјален леб, како што е направено во Србија. Јасно и гласно е кажано уште пред две години – за да направите социјална цена на леб, и да го задоволите населението, треба да се фатите за џев, народски кажано. Во Србија државата субвенционира 30 проценти од цената на брашното на пекарниците за да има одредена цена која српската Владата ја покачи пред три дена. Постојат модели, да, тоа е трошок, но ако сакаме да имаме социјална цена со една цена на пазарот мора Владата да субвенционира, не можеме да бидеме ние општествено одговорни компании кои ќе бидат во загуба, рече Малишиќ. Со мерката за субвенционирана струја која се применува веќе три месеци, се опфатени компании што произведуваат масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, како и месната и живинарската индустрија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadlezhnite-najavuvaat-zamrznuvane-na-tsenata-na-lebot-melnicharite-prekin-na-proizvodstvoto-ako-toa-se-sluchi/feed/ 0