Жан-Ив Ле Дриан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 27 Mar 2022 16:35:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Жан-Ив Ле Дриан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ле Дриан: Доколку не му се помогне на населението на Мариупол ќе следи „колективна вина“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-drian-dokolku-ne-mu-se-pomogne-na-naselenieto-na-mariupol-kje-sledi-kolektivna-vina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-drian-dokolku-ne-mu-se-pomogne-na-naselenieto-na-mariupol-kje-sledi-kolektivna-vina/#respond Sun, 27 Mar 2022 16:35:42 +0000 https://kurir.mk/?p=654203

Шефот на француската дипломатија, Жан-Ив Ле Дриан, денеска изјави дека „доколку ништо не се преземе за да им се помогне на цивилите во Мариупол, ќе следи колективна вина“. -Мариупол е впечатлив пример за воена опсада, а воените опсади се ужасна форма на војна бидејќи цивилното население се масакрира, уништува. Страдањето е страшно, рече Ле Дриан на меѓународната конференција на Форумот во Доха. „Затоа мора да има барем еден момент во кој цивилното население може да дише“, додаде тој, додавајќи дека на тоа прашање е ангажиран францускиот претседател Емануел Макрон. Макрон завчера кажа дека сака во следните денови да има повеќе разговори со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Украина и иницијативата да му се помогне на населението да го напушти Мариупол.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-drian-dokolku-ne-mu-se-pomogne-na-naselenieto-na-mariupol-kje-sledi-kolektivna-vina/feed/ 0
Ле Дриан: Потсетувам на обврската на вооружените сили да ги штитат новинарите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-drian-potsetuvam-na-obvrskata-na-vooruzenite-sili-da-gi-shtitat-novinarite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-drian-potsetuvam-na-obvrskata-na-vooruzenite-sili-da-gi-shtitat-novinarite/#respond Wed, 16 Mar 2022 10:50:36 +0000 https://kurir.mk/?p=648147

Франција денеска потсети на обврската на завојуваните страни во Украина да ги заштитат новинарите кои известуваат за конфликтот, по смртта на четворица од нив, од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, јави дописникот на МИА. -Потсетувам на обврската на вооружените сили да ги заштитат новинарите во согласност со меѓународното хуманитарно право и најостро ја осудувам секоја акција што ги зема за цел, изјави шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-drian-potsetuvam-na-obvrskata-na-vooruzenite-sili-da-gi-shtitat-novinarite/feed/ 0
Дриан: Најлошото е пред нас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drian-najloshoto-e-pred-nas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drian-najloshoto-e-pred-nas/#respond Sun, 13 Mar 2022 18:30:39 +0000 https://kurir.mk/?p=646452

Ние сме „соочени со ѕид“ и „војната ќе биде долга“, изјави денеска францускиот министер за Европа и за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, за Франс Интер. Како што јави дописникот на МИА, Дриан истакна дека е песимист и оти најлошото е пред нас. Запрашан за нападот врз воената база Јаворив во близина на Лавов, при што загинаа најмалку 35 луѓе, Дриан оцени: „Никаде во Украина денес не сме безбедни од бомби. Украина е под оган од руските сили“. Дриан, одговарајќи на прашањето дали е можно да се воведе ембарго за увоз на руски гас и нафта, посочи дека „нема табу“ и оти „сè е на маса“. Министерот за надворешни работи прецизира дека оваа војна ќе има последици и врз француската економија. - Се наоѓаме во многу тешка ситуација. Мора да ги контролираме енергетските трошоци, наведе шефот на француската дипломатија. Тој изјави и дека руско-украинските преговори се блокирани од максималистичките барања на Русија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drian-najloshoto-e-pred-nas/feed/ 0
Жан-Ив Ле Дриан: Украина ќе победи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zan-iv-le-drian-ukraina-kje-pobedi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zan-iv-le-drian-ukraina-kje-pobedi/#respond Mon, 07 Mar 2022 08:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=642444

Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриан е со став дека поради дипломатската изолација на Русија и ефектот од меѓународните санкции, Украина ќе биде победник, јави дописникот на МИА. -Мислам дека Украина ќе победи…Преземавме значителни серии санкции, чии ефекти се тешки и според мене ќе бидат се потешки, што значи дека цената што треба да се плати за војната ќе стане неподнослива и во одреден момент, претседателот Путин ќе се соочи со изборот да има големи ефекти врз функционирањето на Русија или да ги отвори преговорите. Сепак, тој предупреди на уништувањето и цивилните жртви што може да ги предизвика опсадата врз големите градови. – Највпечатлив е силниот отпор на Украина, до точка што експертите не ја замислуваа, објасни тој на ТВ Франс 5 – Мислам дека она што ќе го откриеме во Мариупол кога војната ќе заврши ќе биде ужасно, тука е Одеса, а потоа е Киев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zan-iv-le-drian-ukraina-kje-pobedi/feed/ 0
Димитров се сретна со францускиот министер за Европа и надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-se-sretna-so-francuskiot-minister-za-evropa-i-nadvoreshni-raboti-zan-iv-le-drian/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-se-sretna-so-francuskiot-minister-za-evropa-i-nadvoreshni-raboti-zan-iv-le-drian/#respond Wed, 04 Apr 2018 15:47:07 +0000 https://kurir.mk/?p=36449

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во рамките на својата прва работна посета на Француската Република, се сретна со својот француски домаќин, министерот за Европа и надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан. Од МНР соопштија дека на средбата министрите изразиле задоволство од заемните заложби за внесување нова динамика во политичкиот дијалог, кој е во функција на збогатување на севкупната билатералната соработка меѓу Република Македонија и Француската Република. Во разговорот, министерот Димитров го истакнал значењето што Република Македонија им го придава на односите со Франција, како на билатерален план, така и во контекст на европската и евроатлантската иднина на Република Макдонија. Тој му потврдил на својот француски колега дека Република Македонија настојува, преку своето проевропско надворешно-политичко делување, да ѝ биде сериозен и кредибилен партнер на меѓународната заедница. Исто така, МНР Димитров го запознал својот француски колега и со преземените реформски активности на Владата во пресрет на европските и евроатлантските интеграции, но и пошироко, во контекст на улогата на Република Македонија, како катaлизатор на регионалната соработка и стабилност. Министерот Димитров се сретнал и со Филип Етиен, дипломатски советник на францускиот претседател Емануел Макрон, каде аргументирал зошто Република Македонија е можноста за заеднички успех на Балканот годинава. Посетата на министерот започнала со обраќање во реномираниот Институт за меѓународни односи - ИФРИ, каде што на темата „Постигнувањата на Владата на Република Македонија во насока на остварување на заложбите за интеграција во европските и евро-атлантските структури“ биле разменети мислења со француски експерти од областа на европските прашања, Балканот и меѓународната политика. - Балканот е регион кој географски припаѓа на Европа и кој економски е во истиот брод. Балканската мигрантска рута покажа колку е важен овој регион за европската безбедност и колку е потребно предизвиците на регионот да ги решаваме заедно. Враќањето на геополитиката во нашиот регион, на некој начин, е резултат меѓу другото и на недостатокот на ангажираност од страна на ЕУ во изминатите неколку години. Се надеваме дека идните чекори, меѓу кои и извештајот на Европската комисија што го очекуваме на 17 април - ќе поттикне зголемена вклученост, истакнал Димитров. Потребно ни е повеќе од Франција на Балканот, рекол Димитров и посочил дека би било добро да се зголеми присуството на Француските компании, но и на политичкото внимание. - Свесен сум дека новото лице на Франција е фокусирано кон иднината на Европа, кон нејзината консолидација, кон обезбедување на обединет пристап за решавање на важните прашања. Се осмелувам да препорачам дека таа важна визија треба да опфати и таквиот активен европски ангажман на Балканот, истакнал Димитров. За време на посетата, министерот Димитров ќе има средби и во Националното Собрание на Франција и Сенатот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-se-sretna-so-francuskiot-minister-za-evropa-i-nadvoreshni-raboti-zan-iv-le-drian/feed/ 0