жан кастекс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 13 Nov 2021 12:18:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жан кастекс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Францускиот премиер ги посети местата на терористичките напади во Париз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-premier-gi-poseti-mestata-na-teroristichkite-napadi-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-premier-gi-poseti-mestata-na-teroristichkite-napadi-vo-pariz/#respond Sat, 13 Nov 2021 12:18:45 +0000 https://kurir.mk/?p=595054

Францускиот премиер Жан Кастекс ја започна обиколката на местата на терористичките напади во Париз во кои пред шест години загинаа повеќе од 130 луѓе, а беа повредени повеќе од 400, јавија локалните медиуми. Во придружба на градоначалничката на Париз, Ана Идалго, утрово Кастекс почна да ги обиколува местата на нападите со положување венци и едноминутно молчење. Градските власти на Париз претходно најавија дека нема да има собири и оти не се планирани говори, и оти оддавањето почит треба да биде скромно, дискретно и тивко. Одбележувањето на годишнината од нападите се случува додека трае судењето, на кое неодамна сведочеше поранешниот француски претседател Франсоа Оланд. На тоа судење, кое почна во септември, Салах Абделслам, главниот обвинет за терористичките напади, рече дека Франција била нападната и оти цели биле цивили и население, но дека „во тоа нема ништо лично“. Абделслам е единствениот преживеан од групата вооружени лица кои ги извршија нападите. Покрај него, им се суди и на група од 14 други обвинети. Тројца бомбаши самоубијци на 13 ноември 2015 година во исто време активираа експлозиви во близина на фудбалски стадион за време на натпревар, пред концертната сала Батаклан за време на концерт и пред местото каде што има неколку ресторани. Најголем број жртви – 90, имаше во Батаклан. Нападите се случија десет месеци по терористичкиот напад на редакцијата на францускиот сатиричен неделник Шарли Ебдо и на еврејска продавница во париско предградие. Одговорноста за нападите тогаш ја презеде Исламска држава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-premier-gi-poseti-mestata-na-teroristichkite-napadi-vo-pariz/feed/ 0
Премиерот на Франција во изолација, неговата сопруга позитивна на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-francija-vo-izolacija-negovata-sopruga-pozitivna-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-francija-vo-izolacija-negovata-sopruga-pozitivna-na-kovid-19/#respond Thu, 10 Jun 2021 05:39:54 +0000 https://kurir.mk/?p=521298

Францускиот премиер Жан Кастекс е ставен во изолација седум дена по контакт со неговата сопруга, која е позитивна на Ковид-19. „Премиерот, кој ја прими првата доза на вакцината Астра Зенека на 19 март, тестиран е негативно“, соопшти синоќа кабинетот на премиерот. „Поради близок контакт, тој ќе биде седум дена изолација, според санитарните правила“. Кастекс вчера го одбележа првиот ден од новата фаза на олеснување на ограничувањата во Франција со посета на пазар на големо на периферија на Париз и спортска сала, а потоа се состана со министерот за економија Бруно Ле Мер и присуствуваше на состанок на Министерскиот совет во Елисејската палата за првпат од октомври. Премиерот на Франција е принуден на изолација по третпат за помалку од една година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-francija-vo-izolacija-negovata-sopruga-pozitivna-na-kovid-19/feed/ 0
ФОТО: Макрон и премиерот на утринско кафе, откако претходно беше најавено олеснување на мерките! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-makron-i-premierot-na-utrinsko-kafe-otkako-prethodno-beshe-najaveno-olesnuvanje-na-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-makron-i-premierot-na-utrinsko-kafe-otkako-prethodno-beshe-najaveno-olesnuvanje-na-merkite/#respond Wed, 19 May 2021 08:34:55 +0000 https://kurir.mk/?p=512277

Францускиот претседател Емануел Макрон и премиерот Жан Кастекс, утринава го испија утринското кафе на тераса од бистро во близина на Елисејската палата, јави дописникот на МИА. Емануел Макрон успеа во својата цел, да ги отвори терасите на рестораните во средината на мај. Добрата вест пристигна поради јасното повлекување на епидемијата и над 20 милиони вакцинирани лица во земјата. Од денеска, како што веќе јавивме, во Франција се отвораат и кино салите, театрите и спортските сали, како и продавниците. Полицискиот час почнува во 21 часот, место досегашниот од 19 до 6 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-makron-i-premierot-na-utrinsko-kafe-otkako-prethodno-beshe-najaveno-olesnuvanje-na-merkite/feed/ 0
Францускиот премиер повика на одговорност поради зголемиот број заразени од коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-premier-povika-na-odgovornost-poradi-zgolemiot-broj-zarazeni-od-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-premier-povika-na-odgovornost-poradi-zgolemiot-broj-zarazeni-od-koronavirus/#respond Thu, 27 Aug 2020 05:39:13 +0000 https://kurir.mk/?p=395877

Францускиот премиер Жан Кастекс ги повика Французите на одговорност, поради брзиот пораст на новозаразени од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Париз. „Франција за последните 24 часа регистрира 5.429 нови случаи на зараза“, соопшти Агенцијата за јавно здравје на Франција, што претставува најголем број на новозаразени откако беа укинати мерките на изолација и откако се тестираа масовно. Последен пат кога имаше толку многу заразени беше во средината на април, а за споредба со вторникот бројот на новозаразени се зголеми за 60 отсто. Прагот од 4.000 заразени беше надминат неколку пати изминатите денови. Агенцијата за јавно здравје на Франција не прецизира колку лица се хоспитализирани и колку се починати. Во вторникот на болничко лекување се наоѓаа 4.600 лица поради инфекција со Ковид-19 од кои 410 на реанимација, бројки многу далеку од врвот на епидемијата. До вчера од вирусот починале вкупно 30.544 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-premier-povika-na-odgovornost-poradi-zgolemiot-broj-zarazeni-od-koronavirus/feed/ 0
Кастекс: Франција нема да воведе карантински мерки на национално ниво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kasteks-francija-nema-da-vovede-karantinski-merki-na-nacionalno-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kasteks-francija-nema-da-vovede-karantinski-merki-na-nacionalno-nivo/#respond Thu, 30 Jul 2020 12:55:00 +0000 https://kurir.mk/?p=383799

Владата во Франција ја отфрла можноста за воведување рестриктивни карантински мерки на национално ниво во случај коронавирусот да продолжи да се шири. Францускиот премиер Жан Кастекс изјави дека мора да се избегне целосно затворање на земјата, пренесува Би-Би-Си. Тој оцени дека повторното затворање на државата, по двомесечниот карантин во периодот од март до мај годинава, ќе биде „катастрофално“ на економско и социјално ниво. -Сега знаеме што би значело тоа – таквата мерка спречува да се шири пандемијата, тоа е сигурно, но на економско и социјално ниво, тоа е катастрофа, вклучително и за психолошкото здравје на некои наши сограѓани, рече Кастекс. Тој нагласи дека превенцијата и натаму е приоритет. -Дури и ако бројот на (потврдени) случаи почне да расте, просекот на позитивни тестови и натаму е мал во споредба со соседните земји. И бројот на приеми во болниците е под контрола, рече Кастекс. Француските власти велат дека евентуалните нови рестриктивни мерки за карантин ќе се сведат на локално ниво каде што постојат жаришта. -Ќе се приспособиме, порача Кастекс. Француските здравствени власти предупредија за зголемување на бројот на заразени меѓу младите луѓе. Во Франција вкупниот бројот заразени со вирусот изнесува 185.196, починати се 30.228 лица, а бројот на пациенти на интензивна нега опаѓа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kasteks-francija-nema-da-vovede-karantinski-merki-na-nacionalno-nivo/feed/ 0
Погледнете ја новата француска влада на Кастекс! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poglednete-ja-novata-francuska-vlada-na-kasteks-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poglednete-ja-novata-francuska-vlada-na-kasteks-foto/#respond Thu, 16 Jul 2020 08:06:22 +0000 https://kurir.mk/?p=376866

По претставувањето на општата политика на новата француска Влада од страна на премиерот Жан Кастекс, пратениците и изгласаа доверба на владата. Владата на Кастекс доби јасна поддршка од 345 пратеници од вкупно 577 пратеници, колку што брои Националното СобраниеПротив владата гласаа 17743 се воздржаа, додека другите не зедоа учество во гласањето. -Ние имаме 600 дена пред нас, 600 дена за да ги заштитиме Французите, изјави од говорницата  премиерот Кастекс. Апсолутен приоритет на владата е борбата против невработеноста, посебно на младите со ослободување на давачките за претпријатијата кои вработуваат млади до 4.000 евра годишно. Преку планот за закрепнување на економијата, за што се предвидени 40 милијарди евра за реконструкција на индустријата, од кои 20 милијарди евра се за намалување на даноците и давачките за претпријатијата. Дваесет други милијарди евра се наменети за заштитата на животната средина и еколошката транзиција. Владата не се откажува од реформата на пензиите, најави зголемување на социјалниот додаток за учениците од 100 евра, што се дава на почетокот на учебната година, оброци од едно евро за студентите-стипендисти. За здравството се наменети инвестиции од шест милијарди евра, како и нова децентрализација и длабока реорганизација на државата. Премиерот Кастекс најави и закон „против  сепаратизмите“ за да се избегне некои групи да се затворат околу етничката и религиозната припадност, како и волјата за борба против радикалниот ислам, кој останува една од најголемите грижи. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poglednete-ja-novata-francuska-vlada-na-kasteks-foto/feed/ 0
Новиот француски премиер: Нема да има веќе карантин на државно ниво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-francuski-premier-nema-da-ima-vekje-karantin-na-drzavno-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-francuski-premier-nema-da-ima-vekje-karantin-na-drzavno-nivo/#respond Wed, 08 Jul 2020 10:00:55 +0000 https://kurir.mk/?p=371568

Новиот француски премиер Жан Кастекс изјави денеска дека секој следен карантин нема да се воведе во целата земја доколку има ново зголемување на бројот на луѓе заразени од коронавирусот. Претходната француска влада воведе строги мерки за затворање од средината на март до средината на мај, а одредени ограничувања на јавните собири се уште се на сила. – Мора да бидеме подготвени за вториот бран, но нема да воведеме карантин во целата земја како во март, бидејќи тоа има ужасни економски и хуманитарни последици, изјави Кастекс за телевизијата БФМ. Пред да ја преземе функцијата премиер, Кастекс беше координатор на националната стратегија за постепено укинување на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-francuski-premier-nema-da-ima-vekje-karantin-na-drzavno-nivo/feed/ 0
Жан Кастекс е новиот премиер на Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zan-kasteks-e-noviot-premier-na-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zan-kasteks-e-noviot-premier-na-francija/#respond Fri, 03 Jul 2020 11:33:23 +0000 https://kurir.mk/?p=368222

Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи Жан Кастекс назначен за наследник на Едуар Филип, кој утринава поднесе оставка на функцијата. Последната функција на Жан Кастек се однесуваше на спроведувањето на мерките за излегување од изолација, што беа воведени со епидемијата на Ковид-19. Жан Кастекс (55) завршил студии на ЕНА (Националната школата за администрација). Работел во Судот за ревизори, бил заменик секретар на претседателството на Републиката во периодот меѓу 2011 и 2012 година, кога Никола Саркози бил претседател. Во првиот круг од општинските избори, што се оддржаа на 15 март, Кастекс беше реизбран за градоначалник во Прадес, град во источните Пиренеи.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zan-kasteks-e-noviot-premier-na-francija/feed/ 0