Жан Клод Јункер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 11 Apr 2020 09:05:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Жан Клод Јункер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јункер: Не е добро што Германија ја затвори границата кон Луксембург https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-ne-e-dobro-shto-germanija-ja-zatvori-granicata-kon-luksemburg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-ne-e-dobro-shto-germanija-ja-zatvori-granicata-kon-luksemburg/#respond Sat, 11 Apr 2020 09:05:15 +0000 https://kurir.mk/?p=330552

Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан Клод Јункер ја критикуваше Германија за затворање на границата кон Луксембург во период на пандемија на коронавирус. Јункер, во интервју за германскиот весник „Велт“, рече дека не е добро што Германија ги затвори границите кон земја како што е Луксембург, во која секој ден 200.000 Германци патуваат на работа. Тој изрази несогласување со тоа што „земјите кои први го потпишаа Шенгенскиот договор пред 25 години, преку ноќ дојдоа на идејата дека затворањето на границата е доволно за да се соочат со големиот предизвик“. Јункер истакна дека здравствената заштита, особено во однос на епидемијата, мора во иднина да биде во надлежност на ЕУ. – Европската комисија, како и во другите области, мора да добие право на иницијатива во однос на здравствената заштита. Знам дека ова бара промена на договорот во ЕУ, но поради сегашното искуство тоа е неопходно, рече Јункер. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-ne-e-dobro-shto-germanija-ja-zatvori-granicata-kon-luksemburg/feed/ 0
Јункер е за зголемување на буџетот на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-e-za-zgolemuvanje-na-budzetot-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-e-za-zgolemuvanje-na-budzetot-na-eu/#respond Thu, 09 Apr 2020 06:00:54 +0000 https://kurir.mk/?p=329476

Во актуелната криза со пандемијата станува збор за здравјето на луѓето, за живот и смрт, и кон тоа треба да се има сосема поинаков однос од сите други претходни кризи во ЕУ, рече поранешниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер, кој е за поддршка на зголемување на буџетот на ЕУ. „Потребно е масовно зголемување на буџетската рамка на ЕУ до 2027 година“, рече Јункер за виенскиот весник Стандард. Предлогот на Европската комисија веќе не е доволен, тврди тој. Долгогодишниот шеф на Еврогрупата вели дека тој во основа го поддржува концептот на европски обврзници и дека тој самиот ги предложил во евро-кризата во 2010 година, но додава дека такво нешто не може да се направи преку ноќ. „Тоа трае предолго, а сега итно е потребна помош“, истакна Јункер. Тој рече дека ги поддржува тековните предлози, како што е можноста да се мобилизираат 410 милијарди евра од Европскиот фонд за солидарност, како и преку заемите на ЕИБ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-e-za-zgolemuvanje-na-budzetot-na-eu/feed/ 0
Јункер му ја честита победата на романскиот претседател https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-mu-ja-chestita-pobedata-na-romanskiot-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-mu-ja-chestita-pobedata-na-romanskiot-pretsedatel/#respond Mon, 25 Nov 2019 12:24:03 +0000 https://kurir.mk/?p=268804

Претседателот во заминување на Европската комисија, Жан Клод Јункер, официјално му ја честита победата на Клаус Јоанис, реизбран за претседател на Романија на вчерашните избори. Јоанис однесе убедлива победа пред социјалдемократката, Виорица Данчила, со над 63 отсто од гласовите. -За време на нашата заедничка работа во последните пет години ја ценев вашата постојана заложба кон европските вредности и просперитетна Романија во обединета Европска Унија, посебно ме радува што Романија ќе продолжи да го ужива вашето сигурно и одговорно лидерство, му напиша Јункер на Јоанис, за кого е ова втор мандат на чело на Романија. Јоанис (60) е припадник на германското малцинство во Романија и важи за проевропски лидер и реформист кој го заштити владеењето на правото за време на мандатот на претходната социјалдемократска власт, обвинета за назадување во делот на борбата против корупцијата. Европската Комисија во својот последен извештај констатираше сериозни недостатоци во независноста на судството и владеењето на правото во Романија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-mu-ja-chestita-pobedata-na-romanskiot-pretsedatel/feed/ 0
Јункер се опоравува по операција на аневрезма https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-se-oporavuva-po-operacija-na-anevrezma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-se-oporavuva-po-operacija-na-anevrezma/#respond Wed, 13 Nov 2019 17:11:35 +0000 https://kurir.mk/?p=263701

Претседателот на Европската Комисија во заминување, Жан-Клод Јункер, успешно се опоравува по операцијата на аневризма и во текот на денот треба да го напушти одделот за интензивна нега. Портпаролката на ЕК, Мина Андреева рече дека враќањето на Јункер на работа ќе зависи од брзината на закрепнување. Јункер (64) на крајот од месецот ќе ја напушти функцијата, која потоа ќе ја преземе Урсула фон дер Лајен. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-se-oporavuva-po-operacija-na-anevrezma/feed/ 0
Јункер: Лондон ја напушта ЕУ до 31 јануари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-london-ja-napushta-eu-do-31-januari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-london-ja-napushta-eu-do-31-januari/#respond Wed, 06 Nov 2019 06:19:56 +0000 https://kurir.mk/?p=260620

Велика Британија ќе ја напушти Европската унија до 31 јануари следната година, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Тој за Би-Би-Си изјави дека верува оти Брегзит ќе се случи на крајот на последното продолжување на излегувањето на Велика Британија од Унијата. Јункер истакна дека Брегзит е предолга приказна што треба да заврши. Британскиот премиер Борис Џонсон претходно изјави дека ќе постигне трговски договор со ЕУ до крајот на декември 2020 година. Додека некои британски пратеници мислат дека лесно ќе се постигне договор, Јункер потсети на фактот дека слични преговори со Канада „траеја со години“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-london-ja-napushta-eu-do-31-januari/feed/ 0
ВО ЖИВО: Прес конференција на Туск и Јункер во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-pres-konferencija-na-tusk-i-junker-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-pres-konferencija-na-tusk-i-junker-vo-brisel/#respond Fri, 18 Oct 2019 11:21:26 +0000 https://kurir.mk/?p=253399

Секој момент се очекува да започне прес-конференцијата на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, кои ќе брифираат за сè што е дискутурано последните два дена на средбата на Европската комисија. Пресот може да го следите на овој линк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-pres-konferencija-na-tusk-i-junker-vo-brisel/feed/ 0
Јункер: Комплицирана ситуација ако Британците го отфрлат договорот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-komplicirana-situacija-ako-britancite-go-otfrlat-dogovorot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-komplicirana-situacija-ako-britancite-go-otfrlat-dogovorot/#respond Fri, 18 Oct 2019 07:22:46 +0000 https://kurir.mk/?p=253262

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер предупреди дека ситуацијата ќе стане „исклучително комплицирана“ доколку Парламентот на Велика Британија утре го отфрли договорот за излез на Велика Британија од ЕУ. – Ако тоа се случи, ќе се најдеме во исклучително комплицирана ситуација, рече Јункер синоќа, на крајот од првиот ден на самитот на ЕУ. Земјите-членки на ЕУ едногласно го усвоија постигнатиот договор пред самитот, но британскиот премиер Борис Џонсон ќе мора да се бори за негово усвојување во Лондон. Исходот е неизвесен затоа што Демократската унионистичка партија на Северна Ирска (ДУП), чии десет пратеници ја поддржуваат конзервативната малцинска Влада, одбива да го поддржи договорот. Лидерот на опозициските лабуристи Џереми Корбин ги повика пратениците да го „отфрлат“ договорот. Британскиот Парламент утре ќе одржи вонредна седница, но поради ставовите на лабуристите и ДУП усвојувањето на договорот е малку веројатно. Велика Британија на 31 октомври треба да ја напушти ЕУ, а претседателот на Европскиот совет Доналд Туск рече дека „во случај на барање за одложување на Брегзит, ќе се консултира со членките“. Сепак, Јункер рече дека постигнатиот договор „значи дека веќе нема потреба од одложување“. Таквото барање треба да го упати Џонсон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-komplicirana-situacija-ako-britancite-go-otfrlat-dogovorot/feed/ 0
ЕУ и Британија постигнаа договор за Брегзит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-i-britanija-postignaa-dogovor-za-bregzit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-i-britanija-postignaa-dogovor-za-bregzit/#respond Thu, 17 Oct 2019 10:12:12 +0000 https://kurir.mk/?p=252854

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и британскиот премиер Борис Џонсон потврдија дека е постигнат договор за излегување на Велика Британија од Европската Унија. Јункер и Џонсон, договорот за Брегзит го потврдија и на Твитер. -Добивме нов договор кој ни ја враќа контролата. Сега се чека уште парламентот да го излага договорот за Брегзит во сабота како би можеле  да преминеме на останатите приоритети како што се трошоците за живот, насилниот криминал и нашето опкружување, напиша Џонсон. Се огласи и претседателот на ЕК Жан Клод Јункер. -Таму каде што постои желба, постои и договор. Го имаме! Тоа е правилен и израмнет договор за ЕУ и Велика Британија и доказ за нашата посветеност за изнаоѓање на решение, напиша Јункер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-i-britanija-postignaa-dogovor-za-bregzit/feed/ 0
Јункер: Турција веднаш да ја прекине воената операција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-turcija-vednash-da-ja-prekine-voenata-operacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-turcija-vednash-da-ja-prekine-voenata-operacija/#respond Wed, 09 Oct 2019 15:18:55 +0000 https://kurir.mk/?p=249747

Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер, пред Европскиот Парламент во Брисел побара од турските власти веднаш да и стават крај на операцијата во Сирија. – Турција мора веднаш да ја запре воената операција која е во тек, таа нема да донесе никакви резултати. Ако планот на Турција е да создаде безбедносна зона не очекувајте финансии од Европската Унија – изјави попладнево Јункер. Турските воени сили денеска влегоа во воена офанзива во северниот дел на Сирија чија цел се припадниците на терористичката Исламска држава, но и курдските борци кои Анкара ги обвинува дека соработуваат со движењето за независност на Курдистан во Турција, ПКК. Турските власти оваа партија ја сметаат за терористичка и тврдат дека Курдите подготвуваат „терористички коридор“ на јужната граница. Офанзивата започна непосредно по напуштањето на американските воени сили на овој дел на Сирија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-turcija-vednash-da-ja-prekine-voenata-operacija/feed/ 0
Лидерите на ЕУ вечерва ќе се договарат за наследниците на Јункер и Могерини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-eu-vecherva-kje-se-dogovarat-za-naslednicite-na-junker-i-mogerini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-eu-vecherva-kje-se-dogovarat-za-naslednicite-na-junker-i-mogerini/#respond Tue, 28 May 2019 10:22:58 +0000 https://kurir.mk/?p=202822

Лидерите на ЕУ денеска ќе се сретнат во Брисел за да преговараат за личностите кои ќе ги предводат клучните институции на ЕУ во следните пет години, откако изборите за Европскиот парламент го разбрануваа политичкиот спектар во Европа. Шефовите на држави или влади на членките на ЕУ ќе имаат работна вечера, за да се договорат кој ќе биде наследникот на Жан-Клод Јункер на функцијата претседател на Европската комисија. Тие, најверојатно, ќе ги разгледаат и можните кандидати за претседател на Европскиот совет, за висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, функција што досега ја извршуваше Федерика Могерини, како и за прв човек на Европската централна банка. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека сака брз договор за тоа кој треба да ја предводи Европската комисија, која предлага и ги спроведува законите на Унијата. На изборите за Европскиот парламент, Европската народна партија (ЕПП) освои најголем број мандати – 179, но за да обебзеди мнозинство, же мора да формира коалиција со најмалку две други партии. Засега е неизвесно дали ЕПП ќе ја продолжи коалициската соработка со второрангираната група на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), имајжи предвид дека нејзиниот лидер Удо Булман изјави дека конзервативците ја загубила политичката моќ на изборите и оти не може да бараат тие да решаваат кој ќе биде новиот претседател на Еврокомисијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-eu-vecherva-kje-se-dogovarat-za-naslednicite-na-junker-i-mogerini/feed/ 0