жан митрев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Jun 2023 09:12:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жан митрев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Жан Митрев спречен да присуствува на важен настан, дали процесот против него се претвора во тортура? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhan-mitrev-sprechen-da-prisustvuva-na-vazhen-nastan-dali-protsesot-protiv-nego-se-pretvora-vo-tortura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhan-mitrev-sprechen-da-prisustvuva-na-vazhen-nastan-dali-protsesot-protiv-nego-se-pretvora-vo-tortura/#respond Fri, 23 Jun 2023 08:58:55 +0000 https://kurir.mk/?p=848901

Светската елита во медицинската фела нема да може да го проследи предавањето на д-р Жан Митрев затоа што како единствен претставник од Македонија е спречен да присуствува на најважниот конгрес CSI Франкфурт каде требаше да ги претстави своите иновативни методи во хибридната процедура. Кривичниот совет при Основниот кривичен суд го одби барањето за привремено враќање на патната исправа и на тој начин го оневозможи патувањето. Ова не е првпат да се одбие барањето на д-р Митрев за привремено враќање на патната исправа. Првиот пат беше одбиен да присуствува на семеен настан што се случува само еднаш во животот, се вели во соопштението испратено од ПР-тимот на Жан Митрев. -Сето ова се случува во екот на медиумски оркестрираните напади од одредени и секогаш идентични центри насочени кон неговата личност, неговата работа и врз сите оние кои на кој било начин му пружаат поддршка на овој врвен професионалец. Одбивањето на Судот да му дозволи присуство на светски конгрес каде е единствен доктор од регионот е загуба за македонското здравство да се претстават напредни методи во медицината. CSI Франкфурт (Congenital & Structural Interventions) конгресот е место каде присуствуваат најголемите експерти во хибридните процедури и ги споделуваат знаења и достигнувања во примена на иновативни техники во катетерската терапија на срцеви заболувања. На годинешното издание, доктор Митрев беше поканет како единствен доктор да ја претставува Македонија и регионот, со цел да ја презентира успешната примена на хибридна процедура кај шестмесечен пациент. Експозето на д-р Митрев на тема „Хибридна процедура за затворање на голем мускулен вентрикуларен септален дефект кај 6-месечно новороденче“ е од особена важност заради можноста за примена на методот кај најмали пациенти и истата треба да послужи за едуцирање и пренесување корисни знаења за успешна имплементација на овој метод. Привременото враќање на патната исправа во случаи на општо корисна работа и во случај на здравствена потреба е вообичаена постапка, кога надлежниот орган, во случајот Кривичниот совет при Основниот кривичен суд ќе најде разбирање за потребата. Во овој случај, иако станува збор за пренесување на знаење за здравствен проблем што може да спаси животи, молбата е одбиена како неоснована, истакнуваат од клиниката. Покрај одземањето на патната исправа кај случајот на д-р Митрев се применети и други мерки на претпазливост, односно финансиска гаранција во вредност од 1 милион евра и уште 1,5 милион евра врз основа на побарувањата, додаваат од клиниката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhan-mitrev-sprechen-da-prisustvuva-na-vazhen-nastan-dali-protsesot-protiv-nego-se-pretvora-vo-tortura/feed/ 0
Се одложи судењето за Жан Митрев, докторот пречекан со транспаренти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odlozhi-sudeneto-za-zhan-mitrev-doktorot-prechekan-so-transparenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odlozhi-sudeneto-za-zhan-mitrev-doktorot-prechekan-so-transparenti/#respond Wed, 05 Apr 2023 09:06:02 +0000 https://kurir.mk/?p=820425

Судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница повторно се одложи за 12 мај. На денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје беше присутен Жан Митрев со неговите бранители, додека пред судската зграда беа собрани десетина оштетени граѓани, кои држеа транспаренти „Профитер на грбот на болните" и „Бараме правда". Причина за повторното одложување на процесот е тоа што одбраната „не успеала да изврши увид во списите на предметот кои се уште се во Апелација“. Судот претходно го прифати барањето на Обвинителството за замрзнување на имотот на Клиниката „Жан Митрев“, на која што одлука одбраната се жалеше пред Апелација. Јавната обвинителка Искра Хаџи Василева, побара од Судот да се закажат повеќе следни рочишта со цел предметот да добие на динамика, додека одбраната на Жан Митрев побара доволен простор од најмалку два месеци за да се запознаат со списите на предметот, како и да се обезбедат соодветни услови за судење. Основното јавно обвинителство - Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик. Како што информираа од ОЈО Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист. Денеска пред судот каде требаше да продолжи судскиот процес против Жан Митрев роднините на оштетените го пречекаа со транспаренти на кои пишуваше „нашиот роднина не умре од ковид, туку од пропустите на жан митрев“,„хемофилтрацијата ги удави нашите роднини, бараме одговорност“ ,,Денешното рочиште и условите во кои се одвива покажува дека против д-р Жан Митрев и Клиниката Жан Митрев се води инструиран процес и организирана хајка за неосновано обвинение. Присуството на луѓе со транспаренти на денот на рочиштето чиј датум и време на одржување не беше јавно објавено, говори дека сѐ поврзано со овој процес е претходно организирано и се води според нечија агенда. Организирање на луѓе со транспарентни кои повикуваат на линч, создаваат атмосфера како се да е веќе решено, е најостро рушење на правдата и одземање на правото да се докаже невиноста и вистината. Велат од Клиниката Жан Митрев. извор: kanal5.com.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odlozhi-sudeneto-za-zhan-mitrev-doktorot-prechekan-so-transparenti/feed/ 0
Рочиштето за Жан Митрев одложено за 5 април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rochishteto-za-zhan-mitrev-odlozheno-za-5-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rochishteto-za-zhan-mitrev-odlozheno-za-5-april/#respond Tue, 28 Feb 2023 09:39:00 +0000 https://kurir.mk/?p=805941

Судското рочиште за кардиохирургот Жан Митрев е одложено за 5 април, на барање на одбраната, поради потребата од докомплетирање на правниот тим на одбраната. Во Кривичниот основен суд во Скопје денеска требаше да почне судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница. Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик. Како што информираа од ОЈО Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист. Предметот е оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, по по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rochishteto-za-zhan-mitrev-odlozheno-za-5-april/feed/ 0
Жан Митрев со писмо до Хелсиншки: Против мене се води организирана хајка! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhan-mitrev-so-pismo-do-helsinshki-protiv-mene-se-vodi-organizirana-hajka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhan-mitrev-so-pismo-do-helsinshki-protiv-mene-se-vodi-organizirana-hajka/#respond Fri, 24 Feb 2023 17:19:22 +0000 https://kurir.mk/?p=804821

Д-р Жан Митрев испрати писмо до претставници на Хелсиншкиот Комитет во Македонија со барање да реагираат на прекршувањето на основното право да ја информира јавноста поврзано со случајот против него и клиниката „Жан Митрев“. Во писмото Митрев ги повикува да го следат случај и во судница и да реагираат, бидејќи, како што потенцира, ова не е само случај за наводно кривично дело, туку е случај на непочитување на човековите права. Изминатиот период лично јас сум на удар во јавноста, а секако и на низа пишувања посебно на порталот ДоказМ.мк за што имам веќе доставено кривична пријава. Се прекршува моето право на одговор бидејќи секој обид да контактирам со новинар завршува со осудување на истиот во јавност, а со оглед на тоа што мојата битка започна со новинарски текст единствен начин да се „одбранам“ покрај судницата се разбира е и јавноста што се информира од медиумите, пишува во писмото од д-р Митрев. Во писмото тој се повикува на човековите права кои се загарантирани со Уставот и каде правото на јавно искажан збор е загарантирано. Јас сум човек што имам дадено Хипократова заклетва и таа ме води во секојдневната работа, чист сум пред себе и пред моите постапки затоа што знам дека вистината е на моја страна. Но, ве молам за постапување по случаите каде се врши притисок врз мене и моите вработени за да може секој од нас да се растерети од бремето на притисок. Ние згрижуваме илјадници пациенти и ништо не смее да ѝ наштети на професијата и на здравјето на граѓаните, потенцира Митрев. За потребата од вакво обраќање тој во писмото се навраќа и на случајот со сопственикот на порталот „ДоказМ“, кој добивал информации од истражителката за случајот и ги објавувал на неговиот портал. Бевме сведоци дека истражителка заедно со Марјан Стаменковски од „ДоказМ“, воделе организирана хајка против мене каде допрва ќе се види кој се бил вклучен. Организираниот напад и заканите не треба да бидат дел од нашето секојдневие. Вие како Хелсиншки комитет самите го знаете тоа. Затоа ве повикувам да реагирате и да го следите мојот случај и во судница, бидејќи ова не е само случај за наводно кривично дело, туку е случај на непочитување на човековите права, го завршува писмото Митрев.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhan-mitrev-so-pismo-do-helsinshki-protiv-mene-se-vodi-organizirana-hajka/feed/ 0
Судот го прифати обвинението против Жан Митрев и неговата клиника https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-go-prifati-obvinenieto-protiv-zhan-mitrev-i-negovata-klinika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-go-prifati-obvinenieto-protiv-zhan-mitrev-i-negovata-klinika/#respond Mon, 13 Feb 2023 13:40:01 +0000 https://kurir.mk/?p=799892

Основниот кривичен суд – Скопје соопшти дека во целост го одобрил обвинението против лекарот Жан Митрев и неговата истоимена клиника, кои се товарат за измама на пациентите за вкупен износ од 97.461.600 денари. Првото рочиште е закажано за 28. овој месец. – Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи во оценка на обвинението против едно физичко лице и Приватна здравствена установа, а поврзано со соопштението на ОЈО Скопје издадено на 23. јануари, ценејќи ги сите приложени факти и аргументи на странките донесе решение со кое актот го одобри во целост. По одобрениот обвинител акт, оформен е кривично правен предмет со К.бр. 349/23 кој, согласно АКМИС системот, е распределен кај судија на понатамошно постапување и насрочен е термин за главна расправа на 28.02.2023 година во 09:30 за што ќе бидат испратени покани до странките – се вели во соопштението на Основниот кривичен суд – Скопје. По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје на 23. јануари до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно физичко лице и обвинителен предлог против правно лице кои се товарат за продолжено кривично дело измама од член 247 од Кривичниот законик. – Во текот на постапката првично оформена по допрен глас, јавниот обвинител обезбеди докази за поткрепа на основаните сомненија дека обвинетиот, во периодот од јуни 2020 година до јуни 2022 година, со намера за правното лице, приватна здравствена установа да прибави значителна противправна имотна корист, со прикривање факти ги довел во заблуда оштетените пациенти лекувани во болницата од ковид-19 кај кои е извршена хемофилтрација и членови на нивните семејства, со што ги навел секој од нив да стори штета на својот имот во различни износи, а во вкупен износ од 97.461.600 денари. Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување од ковид-19, притоа користејќи ги приликите на здравствената криза предизвикана од пандемијата – соопшти тогаш Обвинителството.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-go-prifati-obvinenieto-protiv-zhan-mitrev-i-negovata-klinika/feed/ 0
Израел најави можна соработка со Клиничката болница Жан Митрев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrael-najavi-mozhna-sorabotka-so-klinichkata-bolnitsa-zhan-mitrev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrael-najavi-mozhna-sorabotka-so-klinichkata-bolnitsa-zhan-mitrev/#respond Sat, 04 Feb 2023 08:48:13 +0000 https://kurir.mk/?p=796022

Амбасадорката на Израел, Симона Франкел ја посети Клиничката болница Жан Митрев. Целта на посетата беше разгледување на можностите за соработка меѓу Жан Митрев Клиника и здравствениот сектор на Израел. При посетата, амбасадорката Франкел беше примена од сопственикот на болницата Жан Митрев и имаше можност да се запознае со постигнатите резултати на оваа специјализирана медицинска установа за кардио-хирургија, како и со другите здравствени услуги за нега на пациенти од земјата и странство. Во текот на обиколката на болничките оддели и придружната инфраструктура пред амбасадорка беше детално претставена болницата со целосните просторни капацитети и процесите. Беше претставена вградената технологија и опрема што оваа ретка медицинска установа ја рангира во самиот светски врв на даватели на здравствени услуги. Амбасадорката Франкел беше особено импресионирана од доследноста во примената на концептот „зелена“ болница според сите инфраструктурни и амбиентални параметри со што Жан Митрев клиника е лидер во регионот и една од ретките целосно дигитализирани болници со независен и целосно затворен систем на амбиентална контрола. Посебен акцент беше ставен на можноста за обезбедување квалификувани и врвни услуги во лекувањето на кардиоваскуларни болести на странски пациенти, за што Клиничката болница Жан Митрев има склучено договори со здравствени фондови од други земји, вклучително и со САД. Сумирајќи ги впечатоците од посетата амбасадорката Франкел упати честитки до основачот д-р Жан Митрев и до сите вработени во болницата и се обврза да ги испита можностите за соработка со здравствениот сектор на Израел во делот, пред сѐ, во делот на стручно усовршување со цел размена на практични искуства во примената на најсовршени дијагностички и терапевтски методи, особено од областа на кардио-хирургијата. Амбасадорката беше известена и за исклучителните резултати во работењето во текот на 23-годишната дејност, како и за поседувањето во континуитет од 2017 година на сертификатот од Joint Commission International (JCI) - највисокото меѓународно признание од областа на здравствените услуги.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrael-najavi-mozhna-sorabotka-so-klinichkata-bolnitsa-zhan-mitrev/feed/ 0
Д-р Митрев до претседателот на ЗНМ: Зошто не смеам да ја кажам својата страна и зошто секој новинар што разговара со мене треба да биде ставен на јавен линч? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-mitrev-do-pretsedatelot-na-znm-zoshto-ne-smeam-da-ja-kazham-svojata-strana-i-zoshto-sekoj-novinar-shto-razgovara-so-mene-treba-da-bide-staven-na-javen-linch/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-mitrev-do-pretsedatelot-na-znm-zoshto-ne-smeam-da-ja-kazham-svojata-strana-i-zoshto-sekoj-novinar-shto-razgovara-so-mene-treba-da-bide-staven-na-javen-linch/#respond Wed, 25 Jan 2023 10:21:54 +0000 https://kurir.mk/?p=791615

Д-р Жан Митрев испрати писмо до претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски во кое го повикува за поголема заштита на новинарите кои се ставени на јавен линч поради објавување информации за случајот за Клиниката Жан Митрев и за докторот. Митрев елаборирајќи го односот од страна на ИРЛ кон сите медиуми и новинари што ќе објават информација или интервју со него, посочува на непостоење на елементарното право на слобода на говор и мислење а со тоа и нарушување на Кодексот на новинари со постојани напади на независно изнесените факти и страната на Клиниката Жан Митрев. „Сведоци сте дека секој обид да ја прикажам мојата страна на приказната во јавност наоѓа на напади кон мене и новинарите кои ме интервјуираат или ја пренесуваат веста. Сакам да ви поставам прашање според кој етички новинарски кодекс јас не смеам да ја кажам својата страна и според која колегијалност секој новинар што ќе разговара со мене треба да се стави на јавен линч. Дали новинарите на ИРЛ се и истражители, и адвокати, и обвинители, и судии? Дали според некој кодекс нивниот збор треба да е последен и дали јас како личност немам право да комуницирам со новинари? Не го разбирам јас овој концепт на новинарство кога некој не смее да каже нешто. Нели сите сме за почитување на јавно искажаниот став без разлика каков е и за слобода на говорот. Зарем мене треба таа слобода да ми биде одземена бидејќи некој сака да ме прикаже во светло кое не е вистината. Дали јас не треба да се обидам да ја прикажам вистината? Ве прашувам Вас бидејќи најлошо е некој да се обиде да се замолчи, а во исто време да се линчува јавно без никаква причина“, пишува во писмото д-р Митрев. Со целосно разбирање за новинарската професија и истражувачкото новинарство, д-р Митрев отворено го поздравува секој чекор на истражувачко новинарство, но вистинско и со јасно претставување на двете страни. Тој во писмото до претседателот на ЗНМ, ја објаснува својата позиција во која се наоѓа и причините што доведоа до тоа: „Се соочувам со можеби најтешката криза што ја имам лично и мојата Клиника поради натписите во ИРЛ каде бев обвинет дека правам експерименти врз пациенти, дека не сум доктор, дека ‘заработувам’ на здравјето на луѓето. Употребени беа квалификации како ‘убиец, д-р Менгеле’ и слични зборови на омраза со кои неосновано ме етикетира во нешто што јас не сум. Работам во оваа држава со децении, се обидувам да направам најдобро што можам и искрено се обидувам да бидам максимално толерантен на сите напади. Особено бидејќи станува збор за човечки животи. Со вашиот претставник имавме комуникација кога се снимаше интервјуто на ИРЛ каде сакав само да се заштитам од вадење од контекст на моите одговори што и самиот сте свесен се случува понекогаш во некој новинарски прилог, некогаш поради временското ограничување, некогаш поради немарност. Со ИРЛ бевме договорени да се објави целосното интервју по емисијата на каналот YouTube што истото не беше испочитувано. Не барав многу од нив за да не добијам ништо“, објаснува д-р Митрев. Д-р Митрев во писмото уште потенцира дека заради разбирање на сензитивноста на новинарската работа, ја повлече тужбата за ИРЛ, но истовремено не разбира како овој личен чин е негативен? “Не разбирам зошто додека трае процесот не смеам да се појавам во јавност? Па јас сум обвинет, не сум осуден. Дали ме осудија вашите колеги пред судот? Дали ми го одземаат зборот што имам право да го кажам? Вас ве молам за разбирање на ситуацијата во којашто се наоѓам. Не сакам да креирам дополнителни проблеми, но не сакам да останам нем за да задоволам нечии задни намери. Ќе продолжам да работам, да се борам да ја докажам вистината и Ве молам да ги заштитите Вашите колеги кои се ставени на јавен линч поради мене“, го завршува писмото д-р Митрев.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-mitrev-do-pretsedatelot-na-znm-zoshto-ne-smeam-da-ja-kazham-svojata-strana-i-zoshto-sekoj-novinar-shto-razgovara-so-mene-treba-da-bide-staven-na-javen-linch/feed/ 0
Д-р Жан Митрев бара од странските амбасади активно следење на процесот на ОЈО поради несериозниот и површен пристап https://arhiva.kurir.mk/makedonija/d-r-zhan-mitrev-bara-od-stranskite-ambasadi-aktivno-sledene-na-protsesot-na-ojo-poradi-neseriozniot-i-povrshen-pristap/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/d-r-zhan-mitrev-bara-od-stranskite-ambasadi-aktivno-sledene-na-protsesot-na-ojo-poradi-neseriozniot-i-povrshen-pristap/#respond Tue, 24 Jan 2023 10:43:19 +0000 https://kurir.mk/?p=791079

Д-р Жан Митрев и Клиничката болница Жан Митрев испратија писма до амбасадите на САД, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и до Делегацијата на ЕУ во државата со кои ги информираа за текот на истрагата во случајот против докторот и Клиниката. Покрај информирањето со писмото се упатува повик за нивното внимание и поголем мониторинг на одвивање на целата истражна постапка и основаноста на обвинението, поради досегашното површно иследување на постапката. “Ви се обраќам со намера да Ве информирам и запознам за случајот што верувам дека може да остави длабоки траги во општественото живеење, во перципирањето на здравствената професија и случај што претендира да воведе лоша пракса во правосудниот систем во државата. Ваквите примери можеби се ретки, но и како такви може да предизвикаат штета со далекусежни последици”, стои во писмото до амбасадите и европското претставништво. Во писмото, д-р Митрев осврнувајќи се на работата на клиниката, со акцент на периодот од Ковид пандемијата за кога се однесува обвинението и кога Клиничката болница Жан Митрев го има највисокиот процент на успех во третманот на пациенти со Ковид-19, со 74,6% излечени од сите случаи, додека пак смртноста е 25% наспроти 51,5% во другите болници, го потенцира општествено значење на клиниката затоа што нуди врвна медицинска нега, максимален професионален ангажман и посветеност на добросостојбата на пациентот и надеж за излекување и за живот, дури и кога тоа не било случај во другите клиники. “И покрај овие резултати, и покрај пожртвуваната работа на целиот тим, денес Клиничката болница Жан Митрев и моето име и дело се предмет на истрага за која имаме основани сомневања дека се спроведува површно без да се навлезе во суштината. Со ваквиот пристап не само што се занемаруваат многу елементи коишто се факти сами по себе, туку и се спречува фактичната вистина што нашите пациенти ја знаат и ја доживеале, што ние како персонал на клиниката сме ја доживеале, да биде докажана и институционално потврдена. Ваквиот површен пристап, само ја гребе површината на приказните за борбата за живот и ја девалвира пожртвуваноста на целосниот персонал на Клиниката Жан Митрев, кој во тие моменти грижата за пациентите со Ковид 19 и последици од коронавирусот ги стави пред себеси и своите семејства”, наведува во писмото д-р Митрев. На крајот од писмото повторно се упатува повик за зголемен мониторинг на процесот заради несериозниот и површен пристап: “Сведоштва за несериозноста и нецелосно иследување пристигнуваат од сите оние што се повикани како сведоци и кои можат најавтентично да посведочат како се боревме за животот и колку животи спасивме. И затоа Ви се обраќам со надеж и желба дека ќе го поттикне Вашиот интерес и ќе го побуди Вашиот фокус на мониторинг на овој случај. Верувам во една вистина, онаа што е поддржана со факти, и онаа што некој ја доживеал, треба само да се создадат услови за истата да ја види светлината на денот и да се толкува таква како што е, недвосмислено и целосно”, го завршува писмото д-р Митрев.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/d-r-zhan-mitrev-bara-od-stranskite-ambasadi-aktivno-sledene-na-protsesot-na-ojo-poradi-neseriozniot-i-povrshen-pristap/feed/ 0
Обвинителство со детали за обвинението за измама во приватната клиника Жан Митрев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvo-so-detali-za-obvinenieto-za-izmama-vo-privatnata-klinika-zhan-mitrev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvo-so-detali-za-obvinenieto-za-izmama-vo-privatnata-klinika-zhan-mitrev/#respond Tue, 10 Jan 2023 11:15:06 +0000 https://kurir.mk/?p=785479

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе – Обвинителен акт против едно физичко лице и Обвинителен предлог против правно лице кои се товарат за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик. Во текот на постапката првично оформена по допрен глас, јавниот обвинител обезбеди докази за поткрепа на основаните сомненија дека обвинетиот, во периодот од јуни 2020 година до јуни 2022 година, со намера за правното лице – приватна здравствена установа да прибави значителна противправна имотна корист, со прикривање факти ги довел во заблуда оштетените пациенти лекувани во болницата од Covid – 19 кај кои е извршена хемофилтрација и членови на нивните семејства, со што ги навел секој од нив да стори штета на својот имот во различни износи, а во вкупен износ од 97.461.600 денари. Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување од Covid – 19, притоа користејќи ги приликите на здравствената криза предизвикана од пандемијата. Тој се повикувал на документ издаден од Американската управа за храна и лекови во април 2020 година, со кој на компанијата „Бакстер“ и било издадено овластување за вонредна употреба на Оксирис сетот (Oxiris Set Device), како медицинско средство со кое се спроведува постапката за хемофилтрација кај пациенти со потврден коронавирус, на возраст од 18 години или повеќе кои се на интезивна нега со потврдена или итна респираторна слабост и потреба за прочистување на крвта. Меѓутоа, можноста за употреба на методот кај пациенти заболени од Covid – 19 тој не смеел да ја промовира, истовремено прикривајќи го фактот дека методот не е одобрен во третманот на оваа болест, ниту од издавачот, ниту во нашата земја, како и дека овластувањето за медицинското средство е издадено само во вонредна постапка поради пандемијата, со дефинирани критериуми и опсег на примена. Исто така, покрај потенцијалниот бенефит, третманот имал и сериозни потенцијални ризици за кои пациентот морал да биде запознаен, па средството не смеело да се прикажува како безбедно или ефикасно во третманот или превенцијата од Covid – 19. На овој начин обвинетиот кај секој од оштетените создал лажна претстава и заблуда, па најголем дел од нив при приемот на конкретен пациент во болницата, однапред уплаќале средства за по два циклуси на хемофилтрација како дел од болнички пакети, без да им биде објаснет овoj метод и потенцијалните ризици од него и без да се прибави соодветна согласност за примената на таква процедура кај пациентите, што е спротивно на условите утврдени во овластувањето и на здравствените прописи и стандарди.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvo-so-detali-za-obvinenieto-za-izmama-vo-privatnata-klinika-zhan-mitrev/feed/ 0
Поднесено обвинение против Жан Митрев и неговата клиника https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseno-obvinenie-protiv-zhan-mitrev-i-negovata-klinika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseno-obvinenie-protiv-zhan-mitrev-i-negovata-klinika/#respond Tue, 10 Jan 2023 10:42:06 +0000 https://kurir.mk/?p=785462

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против д-р Жан Митрев и неговата истоимено клиника. Според обвинителниот акт, се работи за кривично дело “Измама”, за што е предвидена казна затвор од 1 до 10 години. Ова беше соопштено на денешниот брифинг во Јавното обвинителство. На синоќешното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма тој рече дека е невин, никого не измамил и дека пациентите свесно по своја волја поднесувале депозити. За сите ненаправени услуги, како што рече, средствата биле враќани на нивна сметка. Основното јавно обвинителство Скопје во август отвори истрага за измама на пациенти во приватната клиника „Жан Митрев“, а сопственикот на приватната клиника беше повикан на распит во врска со лекувањето на пациентите со методот на хемофилтрација. За да го спречи Жан Митрев да ја напушти државата, скопското обвинителство до Основниот суд Скопје 1 поднесе предлог за одземање на пасошот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseno-obvinenie-protiv-zhan-mitrev-i-negovata-klinika/feed/ 0