жан моне – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 23 Jun 2019 08:05:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жан моне – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Собранието продолжува вториот дијалог од процесот „Жан Моне“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-prodolzuva-vtoriot-dijalog-od-procesot-zan-mone/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-prodolzuva-vtoriot-dijalog-od-procesot-zan-mone/#respond Sun, 23 Jun 2019 08:05:59 +0000 https://kurir.mk/?p=211991

Во Собранието и денеска продолжува вториот дијалог од процесот „Жан Моне“, со кој копретседаваат европратеникот и известувач за нашата земја Иво Вајгл и европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн. За исходот од вториот дијалог во рамки на процесот, како што соопштија од собраниската прес-служба, ќе информираат на заеднича прес-конференција денеска претседателот на Собранието, Џафери и тројцата европратеници, копретседавачи на дијалогот – Вајгл, Кукан и Флекенштајн. Претседателот на Парламентот, Талат Џафери вчера одржа средба со европратениците, пред отворањето на дијалогот. Првата средба во рамки на дијалогот „Жан Моне“ претставниците на парламентарните партии во Собранието ја одржаа изминатата година во Охрид]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-prodolzuva-vtoriot-dijalog-od-procesot-zan-mone/feed/ 0
Етичкиот кодекс усогласен на Жан Моне на 11 јуни на собраниска седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/etichkiot-kodeks-usoglasen-na-zan-mone-na-11-juni-na-sobraniska-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/etichkiot-kodeks-usoglasen-na-zan-mone-na-11-juni-na-sobraniska-sednica/#respond Mon, 28 May 2018 10:53:43 +0000 https://kurir.mk/?p=59218

Предлог-Етичкиот кодекс на Собранието, кој беше усогласен од страна на пратеничките групи на првата средба во рамки на Жан Моне процесот во Охрид, ќе биде ставен на дневен ред на седницата закажана за 11 јуни, јави МИА. Во тек е потпишување од страна на претседателот, потпретседателите и координаторите на пратеничките групи на Предлог- Етичкиот кодекс кој во текот на неделава и официјално би влегол во собраниска процедура. Целта на носењето на овој документ е почитивање на основните етички правила и афирмација на достоинството за зачувување на угледот на Собранието и на пратениците. Етичкиот кодекс содржи поглавја со начела, јавност и одговорност, за заемно почитување и почитување на личниот интегритет на другите, основни правила на однесување, правила за спречување судир на интереси, забрана за корупција и на подароци... За измените на Деловникот за работа на Парламентот, кои беа исто така едно од главните прашања на Жан Моне, работните групи на политичките партии, според договорот, треба дефинитивно да се изјаснат до средината на јуни. Таквите предлог-измени на Деловникот ќе бидат ставени во собраниска процедура. Членови на работните групи на пратеничките партии се истите кои присуствуваа на разговорите во Охрид. Разговорите во рамки на Жан Моне процесот беа иницирани од тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн. Освен Предлог-Етичкиот кодекс на 47. седница на дневен ред е Извештајот за напредок на ЕК за Република Македонија. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/etichkiot-kodeks-usoglasen-na-zan-mone-na-11-juni-na-sobraniska-sednica/feed/ 0
Работна вечера на парламентарните партии во рамки на „Жан Моне“ процесот во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotna-vechera-na-parlamentarnite-partii-vo-ramki-na-zan-mone-procesot-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotna-vechera-na-parlamentarnite-partii-vo-ramki-na-zan-mone-procesot-vo-ohrid/#respond Thu, 17 May 2018 19:11:54 +0000 https://kurir.mk/?p=55413

Со работна вечера зад затворени врати во Охрид практично почна парламентарната средба во рамки на процесот „Жан Моне“ инициран од европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан. Вечерата е вовед во состаноците на координаторите на парламентарните партии предвидени за утре, а со цел подобрување на парламентарниот дијалог и спроведување на европската агенда на земјата. Деловникот за работа на Собранието, Етичкиот кодекс, буџетската независност на македонското Собрание, се дел од прашањата што се очекува да бидат дискутирани во рамки на процесот. На вечерата, на која преку видео-врска се обрати еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан, предвидено е да се разговара за централната улога на Собранието во реформската агенда за интеграција во ЕУ. Европратеникот Иво Вајгл пред почетокот на вечерата рече дека се работи за средба на парламентарците од Собранието со пратеници на Европарламентот, со цел во отворена атмосфера да се разговара без присуство на јавноста, за сите проблеми за кои можеби не е постигнат консензус. -  Сметам дека во работна атмосфера со помош на експерти ангажирани за оваа конференција, може да се дојде со согласност по некои прашања за кои нема да решаваме ние, нема да се решава ниту тука ниту во центарот „Жан Моне“ во Париз, туку во Собранието на РМ. Се разбира ќе стане збор за иднината на Македонија, токму затоа сме тука, се ангажиравме во Пржинскиот договор, и оттаму со големо задоволство можеме да каќеме дека земјата има направено ззначаен чекор напред со добивањето гаранција за безусловно отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Се разбира за тоа ќе решава Европскиот совет и можам само да кажам дека сум оптимист во тоа, изјави Вајгл. Според агендата што се чуваше скриена од јавноста, пред учесниците поздравно обраќање имаа тројцата европратеници и претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери. Агендата на процесот предвидува учество на сите парламентарни партии од земјата, во формат партиските координатори и по тројца пратеници, како и потпретседателите на Собранието. Работниот дел од дијалогот започува утре, со обраќања на сите учесници, а предвидени повеќе пленум-сесии посветени на етичкиот кодекс, Деловникот за работа на Собранието, буџетска независност на институцијата, разговори што ќе бидат преточени во заклучоци што треба да бидат донесени на завршувањето на средбите. Дијалогот е предвидено да биде заокружен со вечера на која е најавено присуство и на лидерите на парламентарните политички партии, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, лидерот на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи, Зијадин Села од Алијансата на Албанците и од Беса Билал Касами. Пред нив е предвидено да се обрати и Сергеи Станишев, претседател на партијата Европски социјалисти. Тоа ќе биде првата средба на лидерите по средбата на премиерот Заев со грчкиот колега Алексис Ципрас на Самитот во Софија. Средбата во рамки на „Жан Моне“ процесот се смета како реализација на дел од реформите во земјата имајќи предвид дека прашањата за конституирање на Парламентот и за пратенички прашања се дел од планот „3-6-9“, а разговорите се очекува генерално да придонесат и за подобрување на политичкиот дијалог. На средбата во Охрид и претходеа усогласувања на ставовите на пратеничките групи, особено за Деловникот за работа на Парламентот и за Етичкиот кодекс. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotna-vechera-na-parlamentarnite-partii-vo-ramki-na-zan-mone-procesot-vo-ohrid/feed/ 0