занаетчии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Sep 2022 10:08:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png занаетчии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Занаетчиите бараат субвенции и да бидат потрошувачи на струја во категоријата домаќинства https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zanaetchiite-baraat-subvencii-i-da-bidat-potroshuvachi-na-struja-vo-kategorijata-domakjinstva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zanaetchiite-baraat-subvencii-i-da-bidat-potroshuvachi-na-struja-vo-kategorijata-domakjinstva/#respond Wed, 14 Sep 2022 10:08:30 +0000 https://kurir.mk/?p=732592

Занаетчиите да добијат субвенции од државата и да се сметаат како потрошувачи на струја во категоријата „домаќинства“, бара Занаетчиска комора Скопје за полесно пребродување на енергетската криза. Комората предупредува дека секторот е во криза и информира дека побарала од Владата субвенционирање на дел од сметките за потрошена електричната енергија за занаетчиите од октомври 2022 до мај 2023 година. Доколку не се субвенционираат занаетите на кои им е потребна подршка во овој период, потенцира Комората, голем дел од нив ќе престанат да вршат дејност. -Енергетската криза влијае негативно на целиот занаетчиски сектор, целиот сектор е во криза зашто ресурсите, струјата и репроматеријалите се поскапени, како и поради негативното влијание на дефицитот на стручен кадар. Занаетчиството е сектор каде функционираат бизниси како самостојни вршители на дејност но и бизниси кои имаат вработени и на кои им е неопходнo олеснување на трошоците за електрична енергија затоа што се потрошувачи на електрична енергија во процесите на вршење на занаетчиска дејност. Занаетчиите ја користат електричната енергија како ресурс за вршење дејност – вклучување на алатот за работа, затоплување и ладење на занаетчиските работилници, наведува Занаетчиската комора. Според Комората, во тарифниот систем на продажба на електрична енергија на потрошувачите, занаетчиите регистрирани согласно Законот за занаетчиство треба да се изземат од тарифата „останата потрошувачка” и да влезат во тарифата за домаќинствата, а не да се тарифираат во категорија „останата потрошувачка“ со која се израмнети и со најголемите индустриски гиганти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zanaetchiite-baraat-subvencii-i-da-bidat-potroshuvachi-na-struja-vo-kategorijata-domakjinstva/feed/ 0
Занаетчиска комора Скопје: Недела – неработен ден неповолно за одредени занаетчиски дејности https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zanaetchiska-komora-skopje-nedela-neraboten-den-nepovolno-za-odredeni-zanaetchiski-dejnosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zanaetchiska-komora-skopje-nedela-neraboten-den-nepovolno-za-odredeni-zanaetchiski-dejnosti/#respond Thu, 30 Dec 2021 09:49:59 +0000 https://kurir.mk/?p=614817

Од Занаетчиска комора Скопје сметат дека во услови на пандемија и економска криза воведувањето на законско решение за недела како неработен ден воопшто не е поволно за одредени занаетчиски дејности, како и дека нема да можат да го издржат финансискиот товар. Анета Атанасовска, извршен директор на Занаетчиска комора Скопје, истакнува дека пристигнуваат реакции од занаетчиите дека доколку се реализира најавата за зголемување на минималната плата во 2022 година, ќе се зголеми и износот на додаток за плата во недела и тие едноставно нема да можат да го издржат финансискиот товар и ќе мора да отпуштат дел од вработените во занаетчиските бизниси. – Со измените и дополнувањата на Законот за работни односи (Сл. Весник бр.288/21) од 01 јануари 2022 година се воведе недела како неработен ден за работниците во целиот занаетчиски сектор. Во недела ќе можат да работат работниците во пекарите, слаткарниците, печатниците и фотографите, сите останати се исклучени од можноста да работат во недела. Работодавачите од листата на дејности на кои што им е дозволено да работат во недела согласно измените на Законот за работни односи, на работниците треба да исплатат додаток на плата за работа во недела кој што изнесува 50 отсто за секој час поминат на работа. Работното време на Носителите на занаетчиските бизниси –занаетчиите се уредува согласно чл.6 од Законот за занаетчиство каде што стои дека Советот на општината го определува работното време на занаетчиските дејности во зависност од месните потреби и обичаи и немаат обврска го пријавуваат работното време во Централниот регистар, рече Атанасовска. – Занаетчиите како самостојни вршители на дејност согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување плаќаат придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, придонес за задолжително здравствено осигурување и дополнителен придонес за задолжително осигурување во случај на повреда и професионално заболување, а не се обврзани да исплаќаат плата за себе како самовработено лице, ниту да исплаќаат регрес за годишен одмор за себе, што значи дека не се третираат како работници согласно ЗРО, посочуваат од Занаетчиска комора Скопје. Таа посочува дека на терен занаетчиите ќе имаат проблем со инспекциските служби затоа што, како што вели, ќе има најразлични толкувања од страна на инспекцијата затоа што измената на Законот за работни односи има многу нејасни одредби. – Реално има услужни занаетчиски дејности и занаетчиско производство кои мора да функционираат и во недела кога мора да се испорача одредена услуга како фризура, шминка, цветен аранжман за свадба, нарачка за пекарски, слаткарски производи или кетеринг , и наједноставно како на еден занаетчија ќе му забраните да си го отвори својот дуќан во недела и да работи самиот тој сопственик на дуќан од дејностите кои не се предвидени во листата, без разлика за која дејност станува збор ? Законското решение е селективно затоа што дозволува одредени дејности кои се во моловите да работат, а иста дејност со деловно седиште во деловен простор кој што не е во мол не може да работи реагираат членовите во Занаетчиската комора Скопје од најразлични сектори, вели Атанасовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zanaetchiska-komora-skopje-nedela-neraboten-den-nepovolno-za-odredeni-zanaetchiski-dejnosti/feed/ 0
Занаетчиите бараат субвенции за најавеното зголемување на минималната плата и посебен надомест за струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zanaetchiite-baraat-subvencii-za-najavenoto-zgolemuvanje-na-minimalnata-plata-i-poseben-nadomest-za-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zanaetchiite-baraat-subvencii-za-najavenoto-zgolemuvanje-na-minimalnata-plata-i-poseben-nadomest-za-struja/#respond Tue, 02 Nov 2021 13:26:31 +0000 https://kurir.mk/?p=589741

Избраните градоначалници да ги почитуваат барањата на занаетчиите кои се однесуваат на мерки и субевнции, Владата да ја субвенционира минималната плата доколку се зголеми на 18.000 денари и да најде соодветна ставка за дуќанџиите да не плаќаат надомест за индустриска електрична енергија, информираа денеска надлежните од Занаетчиската Комора на Република Северна Македонија (ЗКРСМ). Претседателот на ЗКРСМ и претседател на Регионалната занаетчиска комора – Куманово, Агрон Фазлији кажа дека најавеното зголемување на минималната плата ќе биде дополнително оптоварување за занаетчиите кои сè уште се соочуваат со кризата предизвикана од пандемијата. -Не е дека не сакаме да се зголеми минималната плата, туку не можеме да одговориме на ова, поради моменталната ситуација во која ниту еден занаетчиски бизнис не може да си дозволи таков расход, бидејќи нема приходи. Единствен услов под кој би го прифатиле ова зголемување е субвенционирање за занаетчиите од страна на државата, да се субвенционира разликата од 15. 000 денари до 18 000, тоа се 3.000 денари, како и субвенционирање на придонесите и давачките кои произлегуваат од ова покачување, изјави Фазлији. Во интерес на социо-економската одржливост на занаетчиите, микро и малите претпријатија, Занаетчиската комора реагира и за најавената криза во енергетиката и предвидувањата дека можно е да се зголеми цената на електричната енергија. -Занаетчиите плаќаат поскапа индустриска електрична енергија, а потрошувачката од овие микро и мали занаетчиски дуќани воопшто не може да се спореди со потрошувачката кај поголемите индустриски капацитети. Не може еден фен или една занаетчиска машина да троши толку големо количество на електрична енергија за да се спореди со големите индустриски капацитети. Микро и малите занаетчиски дуќани немаат толкав капацитет за да направат голема потрошувачка на електрична енергија. Поради тоа бараме микро и малите претпријатија да се стават во посебна ставка и да не плаќаат скапа индустриска струја, рече Фазлији. Занаетчиската комора веќе доставила барања до Владата, Министерството за економија за разгледување на можноста за воведување посебна ставка за занаетчиите и се надева на позитивен одговор. На овој начин, сметаат надлежните, ќе се пребродат тешкотиите во работењето на оваа категорија економски оператори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zanaetchiite-baraat-subvencii-za-najavenoto-zgolemuvanje-na-minimalnata-plata-i-poseben-nadomest-za-struja/feed/ 0
Занаетчиска комора Скопје: Доколку не се изгласа законското решение за финансиска подршка многу занаетчии ќе престанат со вршење на дејност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zanaetchiska-komora-skopje-dokolku-ne-se-izglasa-zakonskoto-reshenie-za-finansiska-podrshka-mnogu-zanaetchii-kje-prestanat-so-vrshenje-na-dejnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zanaetchiska-komora-skopje-dokolku-ne-se-izglasa-zakonskoto-reshenie-za-finansiska-podrshka-mnogu-zanaetchii-kje-prestanat-so-vrshenje-na-dejnost/#respond Fri, 09 Apr 2021 12:52:36 +0000 https://kurir.mk/?p=494848

Во услови на криза настаната поради епидемијата со Ковид-19 занаетчискиот сектор се соочува со многу предизвици. Занаетчиите се соочуваат со намалена побарувачка на занаетчиските производи и услуги, проблеми со одржување на ликвидноста на бизнисот, недостаток на финансии за исплата на плати и придонеси за вработените, преоптовареност со парафискални давачки како и сивата економија како нелојална конкуренција на легалниот бизнис. Занаетчиите, беа директно вклучени во креирањето на мерките за петиот пакет за справување со пандемијата од Ковид-19, кои беа со цел во наредниот период да помогнат во справувањето со кризата од коронавирусот . Со задоцнетиот 5-ти пакет мерки за стопанството, занаетчиството се соочува со многу потешкотии. Занаетчиите ја очекуваат најавената финансиска подршка за плати за месеците февруари и март 2021, кое што законско решение се уште го немаме. Често поставувано прашање е како да се издржи наредниот период без финансиска подршка од државата. Како мерка која се покажа дека е неопходна за многу занаетчиски бизниси да опстанат во услови на економска криза е мерката за финансиска подршка за плата за самостојните вршители на дејност и вработените во занаетчискиот сектор. Без финансиска подршка за плата многу занаетчии ќе останат без финансии и нема да бидат во можност да ги одржат бизнисите активни во наредниот период и да ги задржат вработените. Занаетчиската комора Скопје тврди дека голем дел од занаетчиите не можат да аплицираат на бескаматните кредитни линии на Развојна банка на РМ, поради кризата работеа со загуби и не ги исполнуваат условите за аплицирање на повиците.Паушално оданочените занаетчии се исклучени како можни апликанти во повиците за бескаматните кредитни линии, и тие воопшто не можат да аплицираат. Измената на Законот за ДДВ за намалување на даночната стапка од 18% на 5%, кој беше дел од четвртиот пакет мерки за справување со ковид кризата не беше согласно барањата на занаетчиите, затоа што во измените и дополнувањата влегоа многу мал број занаетчиски дејности кои не се ДДВ обврзници. Претседателот на Занаетчиската комора Скопје - Горан Ристовски, истакна дека сите занаетчиски дејности имаат проблеми во функционирањето, падот на побарувачката на занаетчиски производи и услуги е драстичен а со тоа се јавуваат и финансиски проблеми кај занаетчиите како да го одржат бизнисот ликвиден, и да ги исплатат тековните трошоци: закуп, тековни трошоци за струја, вода, плати за вработени и други трошоци. Ковид кризата го доведува во прашање опстанокот на целиот занаетчиски сектор, доколку не се изгласа законското решение за финансиска подршка многу занаетчиски бизниси ќе престанат со вршење на дејност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zanaetchiska-komora-skopje-dokolku-ne-se-izglasa-zakonskoto-reshenie-za-finansiska-podrshka-mnogu-zanaetchii-kje-prestanat-so-vrshenje-na-dejnost/feed/ 0
Занаетчиите во неизвеснот – сѐ уште ја чекаат помошта од државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zanaetchiite-vo-neizvesnot-s-ushte-ja-chekaat-pomoshta-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zanaetchiite-vo-neizvesnot-s-ushte-ja-chekaat-pomoshta-od-drzavata/#respond Fri, 19 Mar 2021 11:18:08 +0000 https://kurir.mk/?p=484709

Занаетчиите бараат што поскоро да се изгласаат законите и да се исплати ветената финансиска помош, бидејќи голем дел од нив се на работ на егзистенцијата. Претседателот на Занаетчиската комора на Македонија (ЗКРСМ) и на Регионалната комора Куманово, Агрон Фазлији очекува брза исплата на платите и отворање на можност за аплицирање на бескаматни кредити, мерки ветени со петтиот сет економски мерки. Тој апелираше што побрзо да се изгласаат законите кои се во постапка и се во интерес на многу дејности, наменети за спас на економијата. – Апелираме занаетчиите што побрзо да ја добијат помошта од државата, затоа што се во незавидна положба и едвај врзуваат крај со крај. Само во еден ден во Куманово пет занаетчии ги затворија дуќаните. Постојано ни се јавуваат занаетчии од целата држава и бараат помошта што побрзо да стигне до нив. Бараме под итно да се донесат законите, да ни се помогне. Од почетокот на кризата, па се до денес, сè уште сме во незавидна положба и сме една од најпогодените гранки. Нас нѐ не интересираат партиските препукувања, потребна ни е помош. Пред кризата никогаш не баравме поддршка од државата,изјави Фазлији. Тој смета дека со петтиот сет економски мерки ќе се пребродат тешките месеци, а се надева дека од средината на пролетта ќе се рестартира економијата и дека ќе успеат самите постепено да се изборат со последиците од едногодишната пандемија, но доколку продолжи кризата, најави Фазлији, ќе бараат уште еднаш поддршка од државата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zanaetchiite-vo-neizvesnot-s-ushte-ja-chekaat-pomoshta-od-drzavata/feed/ 0
Занаетчиска комора: Без финансиска поддршка за плата многу занаетчиски бизниси нема да опстанат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zanaetchiska-komora-bez-finansiska-poddrshka-za-plata-mnogu-zanaetchiski-biznisi-nema-da-opstanat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zanaetchiska-komora-bez-finansiska-poddrshka-za-plata-mnogu-zanaetchiski-biznisi-nema-da-opstanat/#respond Mon, 08 Feb 2021 11:52:12 +0000 https://kurir.mk/?p=465780

Голем дел од занаетчиите не можат да аплицираат на бескаматните кредитни линии на Развојна банка, зашто поради кризата работеа со загуби и не ги исполнуваат условите за аплицирање на повиците. Паушално оданочените занаетчии се исклучени како можни апликанти во повиците за бескаматните кредитни линии, и тие воопшто не можат да аплицираат, тврдат од Занаетчиската комора Скопје. Според нив, мерката за финансиска поддршка за плата за самостојните вршители на дејност и вработените во занаетчискиот сектор се покажа дека е неопходна за многу занаетчиски бизниси да опстанат во услови на економска криза и доколку не се одобри повторно многу занаетчии ќе останат без финансии и нема да бидат во можност да ги одржат бизнисите активни во наредниот период и да ги задржат вработените. -Сите занаетчиски дејности имаат проблеми во функционирањето, еден од долгогодишните проблемите со кои се соочува занаетчискиот сектор е сивата економија која што претставува реален проблем на легално регистрираните занаетчии. Само со координирани конкретни активности кои ќе се преземат од надлежните институции, формализација на нерегистрирано вршење на дејност, и конкретна стратегија за намалување на сивата економија ќе доведе до конкретни резултати, изјави Горан Ристовски претседател на Занаетчиска комора Скопје. Од комората посочуваат дека измената на Законот за ДДВ за намалување на даночната стапка од 18 на 5 отсто, кој беше дел од четвртиот пакет мерки за справување со ковид кризата не беше согласно барањата на занаетчиите, затоа што во измените и дополнувањата влегоа многу мал број занаетчиски дејности кои не се ДДВ обврзници. Во однос на законското решение за недела како неработен ден,посочуваат, доставено е мислење до надлежните институции за занаетчиски дејности кои едноставно не можат да не ја вршат дејноста во недела поради природата и видот на услугите кои ги вршат. -На пример фотографи, козметичари, фризери, цвеќари, забавни игри и други занаетчиски дејности вршат дејност и во недела, затоа што побарувачката на нивните производи и услуги го диктира денот недела како неопходен за вршење на дејност. Засегнати се и занаетчиите кои вршат пекарска, слаткарска дејност, кетеринг услуги и достава на храна затоа што треба да влезат во листата на дејности кои согласно новото законско решение ќе можат да вршат дејност и во недела, велат од комората. Занаетчиската комора Скопје, беше директно вклучена во креирањето на мерките кои ги предложија занаетчиите кои треба во наредниот период да помогнат во справувањето со кризата од коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zanaetchiska-komora-bez-finansiska-poddrshka-za-plata-mnogu-zanaetchiski-biznisi-nema-da-opstanat/feed/ 0
Мицкоски на средба со занаетчии во Старата скопска чаршија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-zanaetchii-vo-starata-skopska-charshija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-zanaetchii-vo-starata-skopska-charshija/#respond Tue, 02 Feb 2021 09:59:59 +0000 https://kurir.mk/?p=463058

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе оствари средба со занаетчии во Старата скопска чаршија. Од партијата информираат дека средбата ќе се одржи во Сули-ан - Факултет за ликовна уметност. Во завршување на средбата се предвидува изјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-zanaetchii-vo-starata-skopska-charshija/feed/ 0
Занаетчиите бараат да им се исплати ветената финансиска помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zanaetchiite-baraat-da-im-se-isplati-vetenata-finansiska-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zanaetchiite-baraat-da-im-se-isplati-vetenata-finansiska-pomosh/#respond Thu, 10 Dec 2020 14:35:29 +0000 https://kurir.mk/?p=441547

Занаетчиите апелираат да се исплати финансиската помош за плата за октомври, за да не добиваат опомени од УЈП за неисплатена плата и да можат да се извлечат од повеќемесечната криза. Претседателот на регионалната занаетчиската комора на Куманово и претседател на ЗКРСМ, Агрон Фазлији, рече дека на занаетчиите им се заканува опасност од затворање на дуќаните. – Занаетчииите станаа неликвидни, дури и тие што се самостојни вршители на занаетчиска дејност и тие што имаат повеќе вработени. Ние како занаетчиска комора на Република Северна Македонија поставивме наши мерки кои ги пративме до институциите и тие беа прифатени. Но, оваа мерка од минимална плата која требаше да се даде за октомври, голем број од занаетчиите аплицирааа, ја добија, но, сѐ уште ги немаат средства на нивните сметки. Затоа ние реагиравме, бидејќи само оваа мерка ги држи занаетчиите во живот и работните места, изјави Фазлији. Тој додава дека се задоволни од досегашната поддршка на институциите и очекува и овие средства да пристигнат на сметките на занаетчиите. -Сега е моментот институциите да излезат во пресрет, од осамостојувавњето до денес, занаетчиите никогаш не барале поддршка од државата. Гледаме дека има позитивно мислење, дека институциите се трудат да ни помогнат и нам и на другите, но јас ги молам што побргу да се исплатат овие средства кај занаетчиите, бидејќи само ова не држи во моментов во кондиција, повика Фазлији. Занаетчиите се соочуваат со намален број муштерии, некои сектори веќе се неликвидни, а особено старите занаети, за кои се подготвува решение. – Во моментов најголема грижа имаат профитабилните занаетчиства кои се поврзани тесно со свечените настани, скоро една година некои сектори не работат, нема свадби, крштевки, родендени, венчавки, во тотална криза се, занаетчиството е најпогодено во моментов, вели Фазлији. На ниво на државата евидентирани се 6.000 самостојни занаетчиски дејности, а бројот на фирми кои вршат занаетчиска дејност е многу поголем. Во Куманово се регистрирани 600 занаетчиски дејности. Дваесеттина занаетчии аплицирале за мерките за репороматеријали од Куманово, а на ниво на државата интересот е огромен. – Добро е што Министерство за економија даде можност занаетчиите за првпат да можат од 16-ти месецов да користат и бескаматни кредити, вели Фазлији. Извор: Слободен печат]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zanaetchiite-baraat-da-im-se-isplati-vetenata-finansiska-pomosh/feed/ 0
И занаетчиите не видоа ништо од мерките на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-zanaetchiite-ne-vidoa-nishto-od-merkite-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-zanaetchiite-ne-vidoa-nishto-od-merkite-na-zaev/#respond Sun, 06 Dec 2020 12:30:34 +0000 https://kurir.mk/?p=439558

Премиерот Зоран Заев, кого стигна се излажа. Овој пат ги излажа едни од најпогодените и од економската криза најзагрозена стопанска гранка. Занаетчиите се бунат и реагираат дека иако им беше ветена државна помош за исплата на плата за месеците октомври, ноември и декември, тие сеуште ја немаат добиено паричната помош ниту за октомври. Од занаетчиската комора на Македонија ова го обелоденија вчера, кои што соопштија дека сè уште не е исплатена финансиската помош за плата за октомври. Од таму велат дека најголем дел од занаетчиите не се во можност сами да ја исплатат платата, а освен тоа веќе имаат потврден одговор на апликацијата што ја поднесоа за помош од државата. - Ние како Занаетчиска комора на Република Македонија, во име на занаетчиите кои се паушално оданочени и кои се едни од најпогодените од оваа криза предизвикана од пандемијата ковид-19 би сакале да реагираме поради тоа што ветената помош од Владата, односно четвртиот сет мерки –финансиската помош за плата за октомври се уште не е исплатена на сметките на занаетчиите, се вели во соопштението од комората. Инаку, за полесно да ја пребродат економската криза, предизвикана од корона вирусот, занаетчиите сметаа на оваа помош која засега не ја добија. Кризата предизвикана од ковид-19 ги погоди занаетчиите до степен што тешко можат да опстанат без ветената помош од државата. Занаетчиите имаат намален обем на работа, особено во овој период така што единствен излез и решение им е помошта од државата која ќе спречи затворање на голем број занаетчиски дуќани. Занаетчиите, исто така, сакаат навремено да им се исплати помошта за плата и за месец ноември без вакви доцнења и без опомени од УЈП. Од комората велат дека се во постојана комуникација со сите Регионални комори и информирани се дека ниту еден паушално оданочен занаетчија ја нема добиено финансиската помош од четвртиот сет мерки од Владата. Ветувања и лаги - Спас на работни места, кои не се само бројка, зад секое работно место стои наш граѓанин или граѓанка, кому му е неопходна помош. Ова е солидарна помош и за малите фирми, занаетчиите, самовработените, за кои помошта значи преживување на оваа криза, време во кое тие знаат дека можат да сметаат на помош на државата. Токму поради ова, мерката за поддршка за исплата на плати ќе продолжи и во последниот квартал, односно до крајот на годината за месеците октомври, ноември и декември, соопшти на крајот на септември, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Но, од последните постапки се гледа дека Владата и не е толкав голем партнер на македонските граѓани и стопанственици, затоа што веќе сме на почеток на декември месец а помошта сеуште не е стигната до оние на кои најмногу им е потребна. Реакции Имено, од страна на опозицијата, односно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, уште кога од власта најавија дека ќе има четврт пакет мерки за спас на економијата, реагираше при што потенцираше дека и од дотогашните три мерки, имплементирани биле само мерките кои, како што велат, служеле за предизборен поткуп а не мерки за реален спас и поддршка на стопанството и македонските граѓани. Имено, од минатите пакет мерки кои што беа предложени да ја дадат поддршката на компаниите не ги имаа ефектите, затоа што од 550 милиони евра искористени се некаде околу 190 милиони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-zanaetchiite-ne-vidoa-nishto-od-merkite-na-zaev/feed/ 0
Дел од занаетчиите во Охрид ги затворија дуќаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-zanaetchiite-vo-ohrid-gi-zatvorija-dukjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-zanaetchiite-vo-ohrid-gi-zatvorija-dukjanite/#respond Sat, 24 Oct 2020 15:28:39 +0000 https://kurir.mk/?p=420208

Пандемијата со Ковид-19 ги затвори дуќаните на седум занаетчии во Охрид. Во текот на оваа година клуч на врата ставија дел од занаетчиските бизниси а според трендот и најавите во наредните два месеци бројката ќе се зголемува велат од занаетчиската комора .Во старата чаршија каде претежно работат занаетчиите само мал дел ги отвораат своите дуќани накратко и по неколку часа ги затвораат и си заминуваат велат дека побарувачката е драстично намалена, пренесуваа Сител. Покрај корона кризата и понатаму актуелен е и проблемот со нелојалната конкуренција. Во Комората е регистриран само еден водоводџија, еден паркетар и двајца молери кои го одржуват цел Охрид што нема никаква логика, вели Богоески. Од регионалната занаетчиската комора истакнуваат дека занаетчиите што се занимаваат со некои од ретките занаети и претходно биле во криза, а сега со коронавирусот уште повеќе. Инаку во Охрид има 250 занаетчии, а од година во година опаѓа бројот на ново регистрирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-zanaetchiite-vo-ohrid-gi-zatvorija-dukjanite/feed/ 0