занаетчиство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 Mar 2021 11:18:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png занаетчиство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Занаетчиите во неизвеснот – сѐ уште ја чекаат помошта од државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zanaetchiite-vo-neizvesnot-s-ushte-ja-chekaat-pomoshta-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zanaetchiite-vo-neizvesnot-s-ushte-ja-chekaat-pomoshta-od-drzavata/#respond Fri, 19 Mar 2021 11:18:08 +0000 https://kurir.mk/?p=484709

Занаетчиите бараат што поскоро да се изгласаат законите и да се исплати ветената финансиска помош, бидејќи голем дел од нив се на работ на егзистенцијата. Претседателот на Занаетчиската комора на Македонија (ЗКРСМ) и на Регионалната комора Куманово, Агрон Фазлији очекува брза исплата на платите и отворање на можност за аплицирање на бескаматни кредити, мерки ветени со петтиот сет економски мерки. Тој апелираше што побрзо да се изгласаат законите кои се во постапка и се во интерес на многу дејности, наменети за спас на економијата. – Апелираме занаетчиите што побрзо да ја добијат помошта од државата, затоа што се во незавидна положба и едвај врзуваат крај со крај. Само во еден ден во Куманово пет занаетчии ги затворија дуќаните. Постојано ни се јавуваат занаетчии од целата држава и бараат помошта што побрзо да стигне до нив. Бараме под итно да се донесат законите, да ни се помогне. Од почетокот на кризата, па се до денес, сè уште сме во незавидна положба и сме една од најпогодените гранки. Нас нѐ не интересираат партиските препукувања, потребна ни е помош. Пред кризата никогаш не баравме поддршка од државата,изјави Фазлији. Тој смета дека со петтиот сет економски мерки ќе се пребродат тешките месеци, а се надева дека од средината на пролетта ќе се рестартира економијата и дека ќе успеат самите постепено да се изборат со последиците од едногодишната пандемија, но доколку продолжи кризата, најави Фазлији, ќе бараат уште еднаш поддршка од државата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zanaetchiite-vo-neizvesnot-s-ushte-ja-chekaat-pomoshta-od-drzavata/feed/ 0
И занаетчиите не видоа ништо од мерките на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-zanaetchiite-ne-vidoa-nishto-od-merkite-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-zanaetchiite-ne-vidoa-nishto-od-merkite-na-zaev/#respond Sun, 06 Dec 2020 12:30:34 +0000 https://kurir.mk/?p=439558

Премиерот Зоран Заев, кого стигна се излажа. Овој пат ги излажа едни од најпогодените и од економската криза најзагрозена стопанска гранка. Занаетчиите се бунат и реагираат дека иако им беше ветена државна помош за исплата на плата за месеците октомври, ноември и декември, тие сеуште ја немаат добиено паричната помош ниту за октомври. Од занаетчиската комора на Македонија ова го обелоденија вчера, кои што соопштија дека сè уште не е исплатена финансиската помош за плата за октомври. Од таму велат дека најголем дел од занаетчиите не се во можност сами да ја исплатат платата, а освен тоа веќе имаат потврден одговор на апликацијата што ја поднесоа за помош од државата. - Ние како Занаетчиска комора на Република Македонија, во име на занаетчиите кои се паушално оданочени и кои се едни од најпогодените од оваа криза предизвикана од пандемијата ковид-19 би сакале да реагираме поради тоа што ветената помош од Владата, односно четвртиот сет мерки –финансиската помош за плата за октомври се уште не е исплатена на сметките на занаетчиите, се вели во соопштението од комората. Инаку, за полесно да ја пребродат економската криза, предизвикана од корона вирусот, занаетчиите сметаа на оваа помош која засега не ја добија. Кризата предизвикана од ковид-19 ги погоди занаетчиите до степен што тешко можат да опстанат без ветената помош од државата. Занаетчиите имаат намален обем на работа, особено во овој период така што единствен излез и решение им е помошта од државата која ќе спречи затворање на голем број занаетчиски дуќани. Занаетчиите, исто така, сакаат навремено да им се исплати помошта за плата и за месец ноември без вакви доцнења и без опомени од УЈП. Од комората велат дека се во постојана комуникација со сите Регионални комори и информирани се дека ниту еден паушално оданочен занаетчија ја нема добиено финансиската помош од четвртиот сет мерки од Владата. Ветувања и лаги - Спас на работни места, кои не се само бројка, зад секое работно место стои наш граѓанин или граѓанка, кому му е неопходна помош. Ова е солидарна помош и за малите фирми, занаетчиите, самовработените, за кои помошта значи преживување на оваа криза, време во кое тие знаат дека можат да сметаат на помош на државата. Токму поради ова, мерката за поддршка за исплата на плати ќе продолжи и во последниот квартал, односно до крајот на годината за месеците октомври, ноември и декември, соопшти на крајот на септември, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Но, од последните постапки се гледа дека Владата и не е толкав голем партнер на македонските граѓани и стопанственици, затоа што веќе сме на почеток на декември месец а помошта сеуште не е стигната до оние на кои најмногу им е потребна. Реакции Имено, од страна на опозицијата, односно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, уште кога од власта најавија дека ќе има четврт пакет мерки за спас на економијата, реагираше при што потенцираше дека и од дотогашните три мерки, имплементирани биле само мерките кои, како што велат, служеле за предизборен поткуп а не мерки за реален спас и поддршка на стопанството и македонските граѓани. Имено, од минатите пакет мерки кои што беа предложени да ја дадат поддршката на компаниите не ги имаа ефектите, затоа што од 550 милиони евра искористени се некаде околу 190 милиони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-zanaetchiite-ne-vidoa-nishto-od-merkite-na-zaev/feed/ 0
Дебата за спречување на сивата економија во занаетчиството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-za-sprechuvanje-na-sivata-ekonomija-vo-zanaetchistvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-za-sprechuvanje-na-sivata-ekonomija-vo-zanaetchistvoto/#respond Fri, 07 Dec 2018 06:45:46 +0000 https://kurir.mk/?p=136726

Работејќи надвор од формалната економија, поединците ги избегнуваат даноците, административните постапки, уплаќањето социјални придонеси, даночните и трудовите регулативи. Нерегистрираните бизниси остваруваат неправична и незаконска предност во однос на занаетчиите кои ги исполнуваат законските обврски. Сивата економија штетно влијае на занаетчиските бизниси, ја уништува нивната конкурентност и создава незадоволство во занаетчискиот сектор зашто нелегалниот бизнис кој дејствува без никакви давачки делува слободно без никакви контроли и надзори. Ова се само некои од прашањата што треба да ги отвори денешната тркалезна маса „Спречување на сивата економија во занаетчискиот сектор“ чија цел е не само подигнување на свеста за спречување на сивата економија во занаетчиството, туку и поттикнување дијалог и соработка со инспекциските служби. Дебата ја организира Занаетчиската комора Скопје, а предвидено е, покрај занаетчии, да учествуваат и претставници од УСАИД, Министерството за труд и социјална политика, пазарни и трудови инспектори. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-za-sprechuvanje-na-sivata-ekonomija-vo-zanaetchistvoto/feed/ 0