Жанин Анес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Nov 2019 07:30:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Жанин Анес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Анес: Моралес не може да учествува на претседателските избори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anes-morales-ne-moze-da-uchestvuva-na-pretsedatelskite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anes-morales-ne-moze-da-uchestvuva-na-pretsedatelskite-izbori/#respond Fri, 15 Nov 2019 07:30:25 +0000 https://kurir.mk/?p=264342

Привремената претседателка на Боливија, Жанин Анес, денеска изјави дека поранешниот претседател на земјата Ево Моралес не може да се кандидира на било кои следни избори, но дека неговата партија може. Таа кажа дека „Движењето за социјализам“ на Моралес „има полно право да учествува на изборите“ и дека оваа партија „може да си бара кандидат“, не сметајќи на доскорешниот претседател и поранешниот потпретседател на Боливија Алваро Гарсија Линера. Анес наведе дека сака повторно да се воспостави стабилност во Боливија, но дека приврзаниците на Моралес, кој се засолни во Мексико, ја обвинуваат за присвојување на власта. Засега не е познато дали официјалните претставници во Боливија, земја која е погодена од тешка политичка криза, мораат и формално да му забранат на Моралес да учествува на изборите. Моралес во неделата поднесе оставка на барање на армијата, по повеќенеделните масовни демонстрации заради наводната кражба на изборите од 20 октомври, по кои тој тврдеше дека го обезбедил четвртиот претседателски мандат уште по првиот круг од гласањето. Организацијата на американски држави спроведе ревизија на изборниот процес и резултатите од гласањето и утврди дека имало голем број нерегиуларности. . Новата привремена влада на Боливија, со Анес на нејзино чело, почна да добива меѓунардни признанија, но во самата земја нејзиниот легитимитет е доведен во прашање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anes-morales-ne-moze-da-uchestvuva-na-pretsedatelskite-izbori/feed/ 0
Нови судири во Боливија меѓу приврзаниците на Моралес и полицијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-sudiri-vo-bolivija-megju-privrzanicite-na-morales-i-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-sudiri-vo-bolivija-megju-privrzanicite-na-morales-i-policijata/#respond Thu, 14 Nov 2019 08:15:04 +0000 https://kurir.mk/?p=263893

Еден ден откако опозициската лидерка Жанин Анес се прогласи за привремен претседател на Боливија, а два дена по оставката на Ево Моралес, во земјата избија нови судири меѓу приврзаниците на поранешниот претседател и полицијата. Притоа полицијата употреби солзавец во обид да ги растера демонстрантите, јавија американските медиуми. Демонстрантите излегоа на улиците на Ла Паз и Ел Алто, кои се сметаат за упоришта на Моралес, и вееја разнобојни домородечки знамиња и извикуваа „ Сега, граѓанска војна“. -Не сакаме ниту  еден диктатор. Оваа жена тргна на нас  и затоа сме лути. Ќе се бориме со нашите браќа и сестри до враќањето на Моралес. Тој мора куќата да ја доведе во ред, изјави една учесничка на протестот. Жанин Анес се прогласи за привремен претседател на Боливија и покрај то што немаше кворум во текот на гласањето за нејзин избор, бидејќи приврзаниците на левичарската партија на поранешниот претседател, а кои сочинуваат две третини од Конгресот, го бојкотираа гласањето. И покрај тоа, таа ја презеде власта наведувајќи дека Уставот на бара задолжителен кворум во Конгресот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-sudiri-vo-bolivija-megju-privrzanicite-na-morales-i-policijata/feed/ 0
Уставниот суд на Боливија ја призна Жанин Анес за претседател на земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ustavniot-sud-na-bolivija-ja-prizna-zanin-anes-za-pretsedatel-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ustavniot-sud-na-bolivija-ja-prizna-zanin-anes-za-pretsedatel-na-zemjata/#respond Wed, 13 Nov 2019 06:26:43 +0000 https://kurir.mk/?p=263333

Уставниот суд на Боливија го призна решението вториот потпретседател на Сенатот, опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на земјата. Таа синоќа во Сенатот се прогласи за преоден претседател на Боливија, и покрај немањето кворум во текот на гласањето за нејзин избор, бидејќи сенаторите на левичарската партија на поранешниот претседател Ево Моралес го бојкотираа гласањето, пренесоа британските медиуми. Моралес вчераутро ја напушти земјата и замина за Мексико каде побара и веднаш му беше одобрен азил. Моралес, како и првиот потпретседател на Боливија, пред два дена поднесоа оставки соочени со притисокот од антивладините протести заради обвинувањата за измама на претседателските избори од 20 октомври, на кои Моралес однесе убедлива победа и се прогласи за старо-нов претседател уште по првиот круг од гласањето. По слетувањето на аеродромот во Мексико Моралес изјави дека не се откажува од политичката борба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ustavniot-sud-na-bolivija-ja-prizna-zanin-anes-za-pretsedatel-na-zemjata/feed/ 0
Опозиционерката Жанин Анес најверојатна привремена наследничка на Моралес https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opozicionerkata-zanin-anes-najverojatna-privremena-naslednichka-na-morales/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opozicionerkata-zanin-anes-najverojatna-privremena-naslednichka-na-morales/#respond Tue, 12 Nov 2019 06:34:21 +0000 https://kurir.mk/?p=262863

Опозициската потпретседателка на боливискиот Сенат, Жанин Анес, изјави дека е подготвена да ја преземе функцијата на привремен шеф на државата, по оставката на Ево Моралес и останатите високи функционери, вклучувајќи ги и пврите луѓе на Горниот дом на парламентот. По оставката на Моралес и другите највисоки функционери, таа е прва во редот до шефот на државата, потсетуваат американските медиуми. Пред парламентот во Ла Паз, што е опколен со бројни припадници на обезбдувањето, Анес кажа дека новите претседателски избори ќе бидат оддржани во многу скоро време. Моралес, неговиот потпретседател и неколкумина високи државни функционери во неделата поднесоа оставки, со што беше створен вакум во функционирањето на државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opozicionerkata-zanin-anes-najverojatna-privremena-naslednichka-na-morales/feed/ 0