заострување на мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Jul 2020 15:54:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png заострување на мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Косово ги заострува мерките против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-gi-zaostruva-merkite-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-gi-zaostruva-merkite-protiv-kovid-19/#respond Sun, 12 Jul 2020 15:54:06 +0000 https://kurir.mk/?p=374680

Косовскиот премиер Авдулах Хоти најави дека во земјата ќе се воведат нови, поостри мерки за борба против пандемијата на Ковид-19, со тоа што на надлежните органи им се наложува „целосна ригорозност“ во однос на почитувањето на постоечките мерки, како и нивно дополнување со нови мерки, јави дописникот на МИА од Приштина. На попладневната прес-конференција, по седницата на Советот за безбедност на Косово, Хоти информира дека денеска не е одлучено да се прогласи вонредна состојба поради видното зголемување на бројот на заразени од новиот коронавирус, но не ја исклучи можноста тоа да се случи доколку продолжи актуелниот тренд на ширење на пандемијата и порастот на смртни случаи. Тој информира дека на седницата на Советот, на која, и покрај тоа што беше претходно најавено, не учествуваше претседателот на државата, Хашим Тачи, се разгледани две сценарија за справување со епидемијата. – Првото сценарио подразбира мошне ригорозно спроведување на мерките кои се донесени и нивно дополнување со нови мерки, додека второто е прогласување вонредна состојба, изјави Хоти. Тој информира дека е одлучено да се пристапи кон првото сценарио, за што уште веднаш ќе се изврши дефинирање на новите мерки, при што нагласи дека „нема да се толерира никој и ништо“ што отстапува од нив. – Новите мерки ќе бидат поригорозни споредено со оние кои ги донесовме порано. Неприфатливо е додека мерките се во сила да се организираат свадби и забави низ цело Косово. Принудени сме да ги забраниме целосно верските собири и ритуали. Во моментов одиме со ригорозни мерки на надзор и ја оставаме отворена можноста за прогласување вонредна состојба, изјави Хоти. Само во последните три дена во Косово се регистрирани 615 нови случаи, со што вкупната бројка на заразени од појавата на епидемијата достигна до 4.715. Од нив, заклучно со вчерашните четири нови случаи, починале 101 заразен од новиот коронавирус. Излекувани се 2.227 од претходно дијагностицираните со Ковид-19, така што активни носители на вирусот во земјата, според последните официјални извештаи, се 2.387 лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-gi-zaostruva-merkite-protiv-kovid-19/feed/ 0
Ковид-19: Чиле ги заострува мерките, Сантјаго целосно затворен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-chile-gi-zaostruva-merkite-santjago-celosno-zatvoren/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-chile-gi-zaostruva-merkite-santjago-celosno-zatvoren/#respond Thu, 14 May 2020 06:04:39 +0000 https://kurir.mk/?p=345588

Чилеанската Влада ги објави плановите за досега најстрогите мерки на затворање, со задолжителна карантин за целата зона на Сантијаго, што е област со население од 6,5 милиони луѓе, пренесува Гардијан. – Битката за Сантијаго е клучна во војната против коронавирусот, изјави министерот за здравство Хаиме Маналик, најавувајќи ги рестриктивните мерки. Овој чекор уследи по 2.660 потврдени случаи во последните 24 часа, што е за 60 проценти повеќе од претходниот ден, со што вкупниот број на заразени достигна 34.381 лица. Чиле во моментов е на третото место во Јужна Америка во однос на бројот на заразени лица, а во земјата починале 346 заболени. Здравствените работници повикуваат на целосно затворање на Сантијаго од март, но Министерството за здравство соопшти дека стратегијата ги задржала случаите под контрола, спречувајќи економски крах на градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-chile-gi-zaostruva-merkite-santjago-celosno-zatvoren/feed/ 0