Западен брег – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Jun 2023 07:37:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Западен брег – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Израел е подготвен да одобри илјадници градежни дозволи на Западниот Брег https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-e-podgotven-da-odobri-iljadnitsi-gradezhni-dozvoli-na-zapadniot-breg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-e-podgotven-da-odobri-iljadnitsi-gradezhni-dozvoli-na-zapadniot-breg/#respond Mon, 19 Jun 2023 07:37:07 +0000 https://kurir.mk/?p=847276

Израелската Влада ги обелодени плановите за одобрување на илјадници градежни дозволи на окупираниот Западен Брег, и покрај притисокот на САД да се запре проширувањето на населбите што Вашингтон го гледа како пречка за мирот со Палестинците. Плановите за одобрување на 4.560 станбени единици во различни области на Западниот Брег се на дневен ред на Врховниот совет за планирање на Израел кој наскоро ќе одржи состанок, иако само 1.332 се за конечно одобрување, додека останатите сè уште минуваат низ процесот на прелиминарно одобрување. Повеќето земји ги сметаат за нелегални овие населби, изградени на земјиште што Израел го доби во војната на Блискиот Исток во 1967 година. Нивното присуство е едно од основните прашања во израелско-палестинскиот конфликт. Откако ја презеде функцијата во јануари, коалицијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху одобри изградба на повеќе од 7.000 нови станбени единици, повеќето од нив на Западниот Брег. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-e-podgotven-da-odobri-iljadnitsi-gradezhni-dozvoli-na-zapadniot-breg/feed/ 0
Израелската армија уби тројца вооружени палестински напаѓачи на Западниот брег https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-ubi-trojtsa-vooruzheni-palestinski-napagachi-na-zapadniot-breg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-ubi-trojtsa-vooruzheni-palestinski-napagachi-na-zapadniot-breg/#respond Sun, 12 Mar 2023 10:48:18 +0000 https://kurir.mk/?p=810922

Израелски војници утрово убија тројца вооружени Палестинци, кои нападнаа пункт на армијата на окупираниот Западен Брег, соопшти израелската армија. Во соопштението се нагласува дека четвртиот напаѓач е приведен откако се предал. Инцидентот се случи во близина на градот Наблус, во северниот дел на Западниот Брег. Не сметајќи го денешниот инцидент, најмалку 75 Палестинци се убиени од страна на израелската војска за време на воени напади и други судири од почетокот на годината. Од почетокот на годината, најмалку 14 Израелци се убиени во палестински напади. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-ubi-trojtsa-vooruzheni-palestinski-napagachi-na-zapadniot-breg/feed/ 0
На Западниот Брег израелски војници убија 16-годишен Палестинец https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-zapadniot-breg-izraelski-vojnitsi-ubija-16-godishen-palestinets/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-zapadniot-breg-izraelski-vojnitsi-ubija-16-godishen-palestinets/#respond Sat, 11 Mar 2023 12:19:43 +0000 https://kurir.mk/?p=810757

Синоќа е убиен 16-годишен Палестинец кој наводно фрли молотов коктел врз воен контролен пункт на Западниот Брег, соопштија израелската армија и палестинските здравствени власти. Министерството за здравство на палестинските власти соопшти дека момчето, Амир Мамун Одех, било застрелано во градите на периферијата на окупираниот град Калкилија на Западниот Брег. Воен портпарол изјави за израелските медиуми дека Палестинец се приближил до воениот контролен пункт во близина на безбедносната ограда формирана околу Западниот Брег кај Калкилија, а потоа фрлил молотов коктел врз војниците „од непосредна близина“. Војниците кои „почувствувале дека се во опасност“ отвориле оган врз Палестинецот и тој бил погоден. Ниту еден војник не е повреден во тој инцидент, јавија денеска израелските медиуми. Тензиите меѓу Израелците и Палестинците се зголемија во изминатата година бидејќи израелската војска апси осомничени екстремисти речиси секоја ноќ за серија смртоносни палестински напади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-zapadniot-breg-izraelski-vojnitsi-ubija-16-godishen-palestinets/feed/ 0
Бројот на еврејски доселеници на Западниот Брег надмина половина милион https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-evrejski-doselenitsi-na-zapadniot-breg-nadmina-polovina-milion/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-evrejski-doselenitsi-na-zapadniot-breg-nadmina-polovina-milion/#respond Thu, 02 Feb 2023 11:44:41 +0000 https://kurir.mk/?p=795144

Повеќе од половина милион еврејски доселеници сега живеат на Западниот Брег, соопшти група за поддршка, а нивните лидери предвидуваат уште побрз раст под новата израелска ултра-националистичка влада. Како што е наведено, популацијата на еврејските доселеници порасна на 502.991 до 1 јануари, што е зголемување од 2,5 отсто за 12 месеци и за речиси 16 отсто во последните пет години. Толкавиот број се смета за пресвртница, а е забележан во време кога новата влада на Израел, составена од ултранационалистички партии кои се против палестинската државност, го стави проширувањето на еврејските населби на врвот на својата листа на приоритети. Таа влада веќе најави легализација на дивите населби и дека ќе го забрза издавањето дозволи и ќе ја зголеми изградбата на куќи за еврејските доселеници низ Западниот Брег. Барух Гордон, директор на група приврзаници на еврејските доселеници, предвиде дека ќе има повеќе изградба отколку во изминатите две децении. Еврејските населби се прошируваа под секоја израелска влада, дури и во екот на мировниот процес во 1990-тите. И претходната израелска влада, во која беа вклучени партии кои го поддржуваат формирањето на независна Палестина и оние кои се против, продолжи да гради населби. Извештајот за бројот на еврејските доселеници е објавен во време на зголемено насилство во регионот и по посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој изрази поддршка за независна палестинска држава. Бројот на доселеници продолжи да расте за време на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден и покрај постојаните апели на Американците да се запре изградбата по завршувањето на мандатот на претходникот на Бајден, Доналд Трамп, кој не се мешаше. Извештајот за бројот на еврејски доселеници не ги вклучува повеќе од 200.000 Евреи кои живеат во анектираниот Источен Ерусалим. Три милиони Палестинци живеат на Западниот Брег и Источен Ерусалим. Израел ги освои Западниот Брег и Источен Ерусалим заедно со Појасот Газа во војната во 1967 година. Палестинците се стремат да основаат сопствена независна држава на сите овие територии. ј]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-evrejski-doselenitsi-na-zapadniot-breg-nadmina-polovina-milion/feed/ 0
Најмалку еден загинат и 11 повредени во судир со израелската армија во Западен Брег https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-eden-zaginat-i-11-povredeni-vo-sudir-so-izraelskata-armija-vo-zapaden-breg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-eden-zaginat-i-11-povredeni-vo-sudir-so-izraelskata-armija-vo-zapaden-breg/#respond Tue, 29 Nov 2022 08:25:15 +0000 https://kurir.mk/?p=768019

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека синоќа е убиен еден Палестинец, а 11 се повредени во окупираниот Западен Брег откако израелските сили отвориле оган. Деветмина Палестинци се повредени од огнено оружје, а двајца од вдишување на солзавец. Според официјалната Палестинска новинска агенција Вафа јави дека синоќа избиле судири помеѓу израелските сили и жителите на северниот град Хеброн. Израелската армија соопшти дека војниците отвориле оган врз Палестинците кои пукале врз војниците, фрлале со камења и импровизирани експлозивни направи. Тензиите меѓу Израелците и Палестинците се зголемуваат со месеци поради израелските ноќни напади во окупираниот Западен Брег, откако палестинските милитанти убија 19 лица во нападите врз израелските градови оваа пролет. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-eden-zaginat-i-11-povredeni-vo-sudir-so-izraelskata-armija-vo-zapaden-breg/feed/ 0
На Западниот брег убиен палестински напаѓач, ранет израелски чувар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-zapadniot-breg-ubien-palestinski-napagjach-ranet-izraelski-chuvar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-zapadniot-breg-ubien-palestinski-napagjach-ranet-izraelski-chuvar/#respond Mon, 06 Dec 2021 09:51:15 +0000 https://kurir.mk/?p=604647

Палестински напаѓач загина кога со својот автомобил удрил во друго возило што минувало низ контролен пункт на Западниот Брег, а израелски чувар бил тешко повреден во инцидентот, соопштија безбедносните власти. Припадници на безбедносните сили пукале во палестинскиот возач и го убиле. Палестинските медиуми го идентификуваа како 16-годишниот Мухамед Нидал Јунис. Министерството за одбрана на Израел, кое управува со контролниот пункт, соопшти дека тој е од Наблус. Израелската брза помош соопшти дека чуварот се здобил со повреди на главата и градниот кош, но оти е во стабилна состојба и свесен во болницата во близина на Тел Авив. Генералниот директор на Министерството за одбрана Амир Ешел го посети местото на нападот и изјави дека чуварите на пунктот реагирале брзо и решително и оти се истражуваат околностите на инцидентот. Нападот утринава се случи два дена откако Палестинец со нож нападна Евреин во близина на Стариот град во Ерусалим. Напаѓачот беше убиен од двајца израелски гранични полицајци кои потоа беа приведени на сослушување бидејќи беше објавена снимка на која се гледа дека тие неколкупати пукаат во Палестинецот додека тој веќе лежи на земја и ја спречиле брзата помош да му се приближи. На видеото кое подоцна го објави и полицијата се гледа дека напаѓачот се обидел со нож да избоде еден од граничните полицајци. Израелскиот премиер Нафтали Бенет и другите високи функционери го пофалија полицискиот одговор на нападот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-zapadniot-breg-ubien-palestinski-napagjach-ranet-izraelski-chuvar/feed/ 0
Хорор на Западниот брег: Убиено 13-годишно момче https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-na-zapadniot-breg-ubieno-13-godishno-momche/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-na-zapadniot-breg-ubieno-13-godishno-momche/#respond Fri, 05 Nov 2021 18:48:03 +0000 https://kurir.mk/?p=591584

Израелските војници денеска застрелале 13-годишно палестинско момче за време на судир во окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство. Израелската армија веднаш не го коментира инцидентот што се случил источно од градот Наблус во централниот дел на Западниот Брег, пренесе „Ројтерс“. Момчето било погодено во стомакот и набргу починало кога итно било префрлено во болница, соопштија од Министерството за здравство и лекарите. Уште шест Палестинци биле згрижени на местото на судирот во селото Бејт Даџан откако вдишале солзавец фрлен од израелските војници, соопшти палестинската служба за итни случаи при Црвената полумесечина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-na-zapadniot-breg-ubieno-13-godishno-momche/feed/ 0
Макрон побара Израел да не анектира делови од Западениот Брег https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-pobara-izrael-da-ne-anektira-delovi-od-zapadeniot-breg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-pobara-izrael-da-ne-anektira-delovi-od-zapadeniot-breg/#respond Fri, 10 Jul 2020 12:05:25 +0000 https://kurir.mk/?p=373306

Францускиот претседател Емануел Макрон апелираше до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не ја анектира палестинската територија на Западниот Брег, предупредувајќи го дека тоа ќе значи прекршување на меѓународното право и загрозување на долгорочните мировни напори. Во денешниот телефонски разговор, Макрон му порачал на Нетанјаху да „се воздржи од преземање на какви било мерки за анектирање на палестинската територија“, соопшти неговиот кабинет. Макрон ја потврдил посветеноста на Франција за безбедноста на Израел и одлучноста да работи на смирување на тензиите во регионот. Ситуацијата се влоши во последните неколку недели на Западниот Брег, откако Израел објави дека ќе ги спроведе плановите за анексија на околу 30 проценти од окупираната територија, во согласност со мировната иницијатива за Блискиот исток на американскиот претседател Доналд Трамп. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-pobara-izrael-da-ne-anektira-delovi-od-zapadeniot-breg/feed/ 0
Израелците протестираа во Тел Авив против планот за анексија на Западниот брег https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelcite-protestiraa-vo-tel-aviv-protiv-planot-za-aneksija-na-zapadniot-breg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelcite-protestiraa-vo-tel-aviv-protiv-planot-za-aneksija-na-zapadniot-breg/#respond Sat, 06 Jun 2020 20:38:45 +0000 https://kurir.mk/?p=354608

Илјадници Израелци денеска протестираа во Тел Авив против планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за анексија на делови од окупираниот Западен Брег, на кои претендираат Палестинците. Поради ризикот од коронавирус демонстрантите носеа заштитни маски и ја почитувана социјалната дистанца, а се собраа под слоганот „Не на анексијата, не за окупацијата, до слобода и демократија“, пренесуваат британските медиуми. Премиерот Нетанјаху најави декла од 1 јули ќе почне со реализирација на планот за анексија на израелските населби и долината Јордан во Западниот брег и дека за тоа го чека одобрението од Вашингтон. Палестинците сакаат независна држава на Западниот Брег, со Источен Ерусалим како нивни главен град и Појасот Газа, што се териториите што Израел ги освои со шестдневната војна во 1967 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelcite-protestiraa-vo-tel-aviv-protiv-planot-za-aneksija-na-zapadniot-breg/feed/ 0