западен нил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Sep 2023 14:38:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png западен нил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Грција регистрирани вкупно 119 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 15 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grtsija-registrirani-vkupno-119-sluchai-na-virusot-zapaden-nil-pochinaa-15-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grtsija-registrirani-vkupno-119-sluchai-na-virusot-zapaden-nil-pochinaa-15-litsa/#respond Tue, 12 Sep 2023 14:38:08 +0000 https://kurir.mk/?p=877322

Во Грција досега се потврдени 119 случаи на вирусот Западен Нил, од кои 19 се во изминатата седмица, а починаа вкупно 15 лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Сите случаи се во северниот и централниот дел на земјата. Првиот случај на вирусот Западен Нил за 2023 година во Грција беше регистриран во средината на јули, а вирусот беше присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до 2022 година. Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51. Лани, во Грција биле регистрирани 286 случаи, а од Западен Нил починале 33 лица.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grtsija-registrirani-vkupno-119-sluchai-na-virusot-zapaden-nil-pochinaa-15-litsa/feed/ 0
Во Грција потврдени 11 случаи на вирусот Западен Нил, починаа две лица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grtsija-potvrdeni-11-sluchai-na-virusot-zapaden-nil-pochinaa-dve-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grtsija-potvrdeni-11-sluchai-na-virusot-zapaden-nil-pochinaa-dve-litsa/#respond Wed, 02 Aug 2023 08:25:44 +0000 https://kurir.mk/?p=862542

Во Грција досега се потврдени 11 случаи на вируст Западен Нил, од кои осум се во изминатата седмица, а регистрирани се и два смртни случаи кај пациенти со вирусна инфекција на возраст од над 81 година, според неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Сите потврдени случаи се во северниот дел на Грција и во областа Тесалија. Првиот случај за 2023 година во земјата беше регистриран пред две седмици. Вирусот Западен Нил, во Грција бил регистриран во периодот од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до 2022 година. Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51. Лани, во Грција биле регистрирани 286 случаи, а од Западен Нил починале 33 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grtsija-potvrdeni-11-sluchai-na-virusot-zapaden-nil-pochinaa-dve-litsa/feed/ 0
Во Србија двајца заразени со вирусот Западен Нил, заразени комарци регистрирани на три локации https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-dvajtsa-zarazeni-so-virusot-zapaden-nil-zarazeni-komartsi-registrirani-na-tri-lokatsii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-dvajtsa-zarazeni-so-virusot-zapaden-nil-zarazeni-komartsi-registrirani-na-tri-lokatsii/#respond Sun, 30 Jul 2023 10:10:23 +0000 https://kurir.mk/?p=861657

Од Институтот за јавно здравје на Војводина соопштија дека во Србија се потврдени два случаи на заразени со вирусот Западен Нил, пациентите се на болничко лекување и се во добра општа состојба. Заразени комарци, кои ја пренесуваат болеста, досега се регистрирани на три локации во Србија – Белград, Ниш и Палиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Виролозите порачаа дека ова е период од годината кога се очекува да се појават заболени, бидејќи вирусот се пренесува со каснување на заразен комарец. Специфичен лек за болеста, која најчесто се јавува од јуни до октомври, нема, а нема ни вакцина. Пациентите се третираат со терапија која ги ублажува симптомите. Лекарите велат дека нема потреба од паника, бидејќи 80 отсто од заболените немаат никакви симптоми и инфекцијата поминува незабележана. Околу 20 отсто од заразените имаат лесна клиничка слика, а во ретки случаи се јавуваат посериозни компликации, енцефалитис, кој може да биде фатален. Од Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ наведуваат дека западнонилската треска е сезонско заболување, а вирусот го пренесуваат заразени комарци. Инфекцијата не се пренесува меѓу луѓето преку контакт. Сезоната на пренос на вирусот Западен Нил во Србија обично трае од јуни до ноември. Вирологот д-р Нада Куљиќ Капулица вели дека западнонилската треска првпат била потврдена во Србија пред дваесет години, но дека во поранешна Југославија направиле тестови и докажале присуство на антитела, што значи дека болеста и порано била присутна кај населението. Таа забележа дека западнонилската треска не е единствената болест што ја пренесуваат комарците. Тие се главните виновници за појава на вирусни заболувања како денга, зика, чикунгуња, маларија. Една од превентивните мерки за сите овие болести е борбата против комарците. Во Србија тоа се прави со запрашување, но и со испуштање на стерилни комарци во природата. Се покажа дека пуштањето на стерилни комарци е ефикасен начин за борба против азискиот тигрест комарец, кој носи многу заразни болести. Тој ја пренесува и западнонилската треска, но не е единствениот. Вирусот на Западен Нил го пренесуваат и домашните комарци. - Компликациите се исклучително ретки, најсериозен е вирусниот менингитис, кој може да доведе до смрт, вели Куљиќ Капулица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-dvajtsa-zarazeni-so-virusot-zapaden-nil-zarazeni-komartsi-registrirani-na-tri-lokatsii/feed/ 0
Регистрирани првите случаи на вирусот Западен Нил во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/registrirani-prvite-sluchai-na-virusot-zapaden-nil-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/registrirani-prvite-sluchai-na-virusot-zapaden-nil-vo-grcija/#respond Sun, 19 Jul 2020 10:33:44 +0000 https://kurir.mk/?p=378324

Во две различни периферии во Грција, потврдени се два случаи на вирусот Западен Нил, што воедно се и први годинава, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција соопштуваат дека случаите, со оглед на тоа дека речиси секоја година во текот на летото и есенските месеци „се појавуваат случаи во разни области (и) во Грција“, се очекувани во актуелниот период. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, вирусот во Грција е присутен од 2010 година, а заклучно со лани, во периодот 2010-2019 година биле регистрирани вкупно 1.216 случаи и починале 170 лица. Во 2015 и 2016 година не бил регистриран ниту еден случај, а најмногу заразени и смртни случаи имало во 2018 година – 317 случаи и 51 починат. Минатата година биле регистрирани 227 случаи, а починале 35 лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/registrirani-prvite-sluchai-na-virusot-zapaden-nil-vo-grcija/feed/ 0
Се зголеми бројот на починати од вирусот Западен Нил во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zgolemi-brojot-na-pochinati-od-virusot-zapaden-nil-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zgolemi-brojot-na-pochinati-od-virusot-zapaden-nil-vo-grcija/#respond Wed, 29 Aug 2018 13:08:19 +0000 https://kurir.mk/?p=93666

Вкупно 16 луѓе починаа од вирусот Западен Нил во Грција, додека пак регистрирани се 133 случаи на лица инфицирани од вирусот, изјави претставничката на Центарот за контрола и превенција на болести, Данаи Перваниду во интервју за радиото „Практорио фм“. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Перваниду вели дека за жал, ширењето на вирусот е доста големо и се регистрирани случаи во многу општини, особено во областа Атика, поширокиот дел на Атина и во централниот дел од Северна Грција. - Осумдесет отсто од инфицираните лица немаат симптоми, 20 отсто развиваат вирусна инфекција, а еден отсто енцефалитис или менингитис и ова најчесто главно е кај постари лица и со хронични болести, вели Перваниду. Пред само пет дена, како што во петокот објави МИА, бројот на починати беше 11, а на инфицирани 107 лица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zgolemi-brojot-na-pochinati-od-virusot-zapaden-nil-vo-grcija/feed/ 0
Се зголемува бројот на починати од вирусот Западен Нил во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zgolemuva-brojot-na-pochinati-od-virusot-zapaden-nil-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zgolemuva-brojot-na-pochinati-od-virusot-zapaden-nil-vo-grcija/#respond Fri, 24 Aug 2018 09:17:58 +0000 https://kurir.mk/?p=91519

На 11 лица се искачи бројот на починати од вирусот Западен Нил во Грција според најновите информации од Центарот за контрола и превенција на болести на Грција. Вирусот со кој се заразени 107 лица е проширен во 42 области низ целата земја, а најголем број од регистрираните случаи се во регионот Атика, во пошироката област на Атина. Просечната возраст на заболените лица е 71 година. Како што јави дописничката на МИА од Атина, амбасадата на САД во Грција, вчера, преку соопштение- здравствено предупредување ги информира граѓаните за вирусот и за превентивните мерки што треба да ги преземат за заштита од комарците и да ги следат известувањата на локалните медиуми. Соопштението од американската амбасада во Атина, беше објавено кога бројот на починати беше 5, односно само неколку часа пред да биде соопштено дека вкупно 11 лица во Грција починале од вирусот Западен Нил. Според податоците објавени од Светската здравствена организација, заклучно со 16 август, Грција е трета земја во Европа со најголем број на регистрирани случаи (75), веднаш зад Србија (126) и Италија (123).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zgolemuva-brojot-na-pochinati-od-virusot-zapaden-nil-vo-grcija/feed/ 0