западна африка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Jul 2023 05:42:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png западна африка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОН: Милиони луѓе без помош во Западна Африка страдаат од најтешката криза со глад во последната деценија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/on-milioni-luge-bez-pomosh-vo-zapadna-afrika-stradaat-od-najteshkata-kriza-so-glad-vo-poslednata-detsenija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/on-milioni-luge-bez-pomosh-vo-zapadna-afrika-stradaat-od-najteshkata-kriza-so-glad-vo-poslednata-detsenija/#respond Thu, 06 Jul 2023 05:42:52 +0000 https://kurir.mk/?p=853368

Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) денеска соопшти дека милиони гладни луѓе во Западна Африка се без помош додека Агенцијата се бори со ограниченото финансирање да одговори на најголемиот глад во регионот во последните децении. Речиси половина од 11,6 милиони луѓе на кои им е потребна помош во храна меѓу јуни и август не добиваат никаква помош, се вели во соопштението на Агенцијата. ОН предупреди дека стотици илјади луѓе се изложени на ризик да се приклучат на вооружени групи, да се венчаат предвреме или да се вклучат во „секс за преживување“ во нивниот очај да преживеат. -Се наоѓаме во трагична ситуација, на милиони семејства ќе им недостасуваат доволно резерви на храна за да се прехранат до следната жетва во септември. Мораме да преземеме итни мерки за да спречиме масовно избувнување на катастрофален глад, изјави привремениот регионален директор на WFP за Западна Африка Маргот Вандервелден. Недостигот на храна во Западна и Централна Африка сега погодува 47,2 милиони луѓе оваа сезона, а жените и децата се најранлива група. -Стапките на неухранетост исто така се зголемени, па речиси 16,5 милиони деца на возраст под пет години ќе бидат акутно неухранети оваа година, што е зголемување за 83 отсто во однос на просекот од 2015-2022 година, наведува Агенцијата. Во земјите од централниот дел на Сахел, Мали, Буркина Фасо и Нигер, каде џихадистите стануваат сè поагресивни, агенциите на ОН проценуваат дека бројот на луѓе кои бегаат од насилството е речиси четирикратен од 30 илјади во јануари на 110 илјади во јуни. м]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/on-milioni-luge-bez-pomosh-vo-zapadna-afrika-stradaat-od-najteshkata-kriza-so-glad-vo-poslednata-detsenija/feed/ 0
Историски недостиг на храна во Западна Африка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istoriski-nedostig-na-hrana-vo-zapadna-afrika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istoriski-nedostig-na-hrana-vo-zapadna-afrika/#respond Tue, 05 Apr 2022 06:05:45 +0000 https://kurir.mk/?p=658471

Западноафриканскиот регион историски гледано се соочува со најголем недостиг на храна, поттикнат од регионалните конфликти, сушата, но и влијанието на украинската војна врз цените и достапноста на храната, соопштија хуманитарните агенции. Во регионот има околу 27 милиони гладни, а тој број до јуни би можел да се зголеми на 38 милиони, што е за 40 отсто повеќе од минатата година и историски максимум, се наведува во заедничката изјава на 11 меѓународни хуманитарни организации. Големи делови од Западна Африка, вклучително и делови од Буркина Фасо, Мали, Нигер и Нигерија, се соочуваат со исламистички бунт поради кој досега се протерани милиони луѓе. Заедно со Чад тоа се земјите најпогодени од глад. Регионот се соочува и со големи поплави и суши поради климатските промени, што ја отежнува работата на земјоделците. Производство на житни култури во 2021/2022 година година во Нигер опадна за 39 отсто во однос на претходната година, додека пад од 15 отсто е забележан во Мали. Цената на храната на светско ниво расте, трговијата е нарушена поради руската инвазија на Украина, а негативно влијаеа и затворањата на границите поради коронавирусот. Според Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), шест западноафрикански држави 30 до 50 отсто од потребите за жито ги обезбедуваат преку увоз од Русија и Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istoriski-nedostig-na-hrana-vo-zapadna-afrika/feed/ 0
Земјите од Западна Африка планираат да воведат единствена валута од 2027 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjite-od-zapadna-afrika-planiraat-da-vovedat-edinstvena-valuta-od-2027-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjite-od-zapadna-afrika-planiraat-da-vovedat-edinstvena-valuta-od-2027-godina/#respond Sun, 20 Jun 2021 07:22:46 +0000 https://kurir.mk/?p=525577

Групата од петнаесет западноафрикански држави усвоија нов план за лансирање на единствената валута во 2027 година, откако претходниот план беше нарушен од пандемијата на коронавирус. Новата стратегија беше договорена од шефовите на држави на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS), соопшти Жан-Клод Каси Бру, претседател на Комисијата ECOWAS, на прес-конференција по Самитот во Гана. Земјите се надеваат дека единствената валута ќе помогне во зајакнувањето на трговијата и економскиот раст. – Поради шокот од пандемијата, шефовите на држави одлучија да ја суспендираат имплементацијата, рече Бру. – Имаме нов план и нов договор за конвергенција што ќе го опфати периодот помеѓу 2022 и 2026 година, а „еко“ќе започне во 2027 година, рече тој, посочувајќи го името на новата валута. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjite-od-zapadna-afrika-planiraat-da-vovedat-edinstvena-valuta-od-2027-godina/feed/ 0
Вонреден самит на земјите од Западна Африка заради кризата во Мали https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-samit-na-zemjite-od-zapadna-afrika-zaradi-krizata-vo-mali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-samit-na-zemjite-od-zapadna-afrika-zaradi-krizata-vo-mali/#respond Mon, 31 May 2021 06:10:51 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517046

Лидерите на регионалната Економска заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) синоќа се собраа во Гана на вонреден самит заради Мали, бидејќи последната политичка криза во оваа земја ја загрозува нејзината стабилност. Самитот го отвори претседателката на Гана, Нана Акуфо-Адо, која рече дека ЕКОВАС „мора да остане решен да го поддржува народот во Мали на патот кон изнаоѓање мирно решение и враќање на демократијата и стабилноста во земјата“. Уставниот суд на Мали во петокот го назначи полковник Асими Гоита за шеф на владата, неколку дена откако тој ја презеде власта со воен удар, принудувајќи ги привремениот претседател и премиерот да си поднесат оставки. Двајцата, кои во понеделникот беа уапсени од армијата, на највисоките државни позиции беа назначени по воениот удар од август 2020 година, предводен исто така од Гоита, против поранешниот претседател на Мали, Ибрахим Бубакар Кеита. Тогаш беше формирана преодна влада, со Гоита како заменик претседател на државата, а изборите беа договорени за февруари и март 2022 година. По преземањето на власта минатата недела, Гоита изјави дека изборите ќе се одржат според планот, но засега е нејасно каква улога ќе има армијата во владата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-samit-na-zemjite-od-zapadna-afrika-zaradi-krizata-vo-mali/feed/ 0
САД разгледуваат повлекување на војниците од Западна Африка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-razgleduvaat-povlekuvanje-na-vojnicite-od-zapadna-afrika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-razgleduvaat-povlekuvanje-na-vojnicite-od-zapadna-afrika/#respond Wed, 25 Dec 2019 07:32:56 +0000 https://kurir.mk/?p=281941

САД планираат да го намалат значително военото присуство во Западна Африка, дури и да се повлечат целосно војниците кои учествуваат во борбата против тероризмот. Тоа го објави Њујорк тајмс повикувајќи се на американски официјални претставници. Планот претставува напуштање на неодамна изградена база за беспилотни летала вредна 110 милиони долари во Нигер и прекин на помошта  за француските сили кои се борат против милитанти во Мали, Нигер и Буркина Фасо. САД имаат околу 7.000 војници во Африка. Според весникот, повлекувањето на американските сили од Африка ќе предизвика и планови за намалување на американското воено просуство во Јужна Америка, Ирак и Авганистан. Одлуката на Пентагон се очекува во јануари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-razgleduvaat-povlekuvanje-na-vojnicite-od-zapadna-afrika/feed/ 0