Западна Европа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Nov 2020 12:38:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Западна Европа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ИЕП: Рапидно зголемен бројот на убиени во западна Европа поради десничарски радикализам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iep-rapidno-zgolemen-brojot-na-ubieni-vo-zapadna-evropa-poradi-desnicharski-radikalizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iep-rapidno-zgolemen-brojot-na-ubieni-vo-zapadna-evropa-poradi-desnicharski-radikalizam/#respond Wed, 25 Nov 2020 12:38:35 +0000 https://kurir.mk/?p=434180

Бројот на убиени лица поради десничарски радикализам во Северна Америка, Западна Европа и Океанија е зголемен за 250 проценти во споредба со 2014 година, но, бројот на убиени во терористички напади во светот во 2019 година опаѓа петта година по ред. Бројот на загинати од терористички напади минатата година беше 13.826, што е за 15 проценти помалку од 2018 година и петта година по ред тој број се намалува од 2014 година, соопшти Институтот за економија и мир (ИЕП) во својот Глобален индекс за тероризам. . ИЕП предупредува дека бројот на убиени лица поради десничарски радикализам во Северна Америка, Западна Европа и Океанија е зголемен за 250 проценти во споредба со 2014 година. Минатата година имаше 89 смртни случаи во вакви случаи. „Тоа ниво сега е највисоко во изминатите 50 години“, соопшти ИЕП. Институтот нагласува дека конфликтите остануваат главната причина за тероризмот затоа што повеќе од 96 проценти од нападите во 2019 година биле извршени во земји каде се во тек војни или насилни конфликти. Најголем пад на бројот на убиени се случи во Авганистан и Нигерија, но тие остануваат единствените две земји во кои бројот на убиени е поголем од илјада лица. И покрај падот на бројот на жртви на тероризам на глобално ниво, тој останува значителна и сериозна закана во многу земји, а состојбата се влошува во Буркина Фасо, Шри Ланка, Мозамбик, Мали и Нигер. Втора година по ред, најпогодениот регион е Јужна Азија. – Како што влегуваме во новата декада, гледаме нови терористички закани. Најголеми примери се растот на крајната десница на Западот и влошувањето ситуацијата во Сахел, изјави Стив Килелеа, извршен директор на ИЕП. Талибанците и минатата година беа најсмртоносна терористичка група, а дејствувањето на терористичката Исламската држава продолжува да паѓа, иако нејзините филијали сè уште се активни, особено во субсахарска Африка. ИЕП заклучува дека коронавирусот и како последица на тоа економскиот пад веројатно ќе ја зголемат политичката нестабилност и насилството во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iep-rapidno-zgolemen-brojot-na-ubieni-vo-zapadna-evropa-poradi-desnicharski-radikalizam/feed/ 0
Се очекува нов топлотен бран во Западна Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ochekuva-nov-toploten-bran-vo-zapadna-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ochekuva-nov-toploten-bran-vo-zapadna-evropa/#respond Wed, 25 Jul 2018 05:50:21 +0000 https://kurir.mk/?p=80696

Метеоролошкиот сервис Акуведер објави предупредување за нов бран високи температури кои во оваа недела ќе ја погодат Европа. Според тоа предупредување, новиот бран жештини ќе зафатат подрачје од Шпанија, па се до Скандинавија. Како што е наведено на сајтот, највисоки температури оваа недела се очекуваат во Мадрид, Париз, Франкфурт, Амстердам и Стокхолм. Највисока точка се очекува температурите да достигнат в четврток и в петок. Во Париз, Брисел, Келн, се очекуваат температури до 38 степени, а 35 степена се очекуваат на југ во Шведска, Шпанија, Холандија и западниот дел од Германија. Пради високите температури што траат со денови, оштетена е пистата на аеродромот во Хановер, и поради тоа е затворен. Одложен бил 41 лет поради затворањето и неколку илјади патници се погодени од одлуката на властите, јавуваат германски медиуми. Најдолга суша во изминатите неколку децении ја погоди Холандија и поради тоа водостојот на реките е намален до критично ниво. Поради тоа, има проблеми за компаниите што се занимаваат со речен транспорт. Водостојот на реките е под критичното ниво и бродовите мора да носат количина на стоки многу помала од вообичаено. – Многу големи бродови сега може само да носат половина или третина од својот нормален товар, изјави Јост Ситскорн од холандскиот Сојуз за логистички компании. Речиси третина од стоките во Холандија се пренесуваат со речен транспорт. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ochekuva-nov-toploten-bran-vo-zapadna-evropa/feed/ 0
Олујата Елеанор ја покосила Западна Европа, три лица загинале https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/olujata-eleanor-ja-pokosila-zapadna-evropa-tri-lica-zaginale/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/olujata-eleanor-ja-pokosila-zapadna-evropa-tri-lica-zaginale/#respond Thu, 04 Jan 2018 12:14:28 +0000 http://kurir.mk/?p=6426

Олујхата Елеанор, четврта во сезоната која ја зафатила Западна Европа, со ветер со јачина до 160 километри на час, предизвикала смрт на едно лице во Франција и еден пар во Шпанија. Силен ветер и налети на дожд ги покосиле Англија, Ирска, Швајцарија, Германија, Белгија, Холандија, Франција и Шпанија. Пар Шпанци загинале во средата кога ги однел голем бран додека стоеле на пристаништето во крајбрежно село во Баскија. На француските Алпи, 21-годишен скијач загинал при пад на стебло во ски центарот Морилон. Десетици повредени во Франција и Швајцарија Во олујата биле повредени 26 лица, меѓу кои четири тешко во Франција, каде аеродромите се парализирани, а возовите сопрени. Во средата навечер околу 35.000 домови уште биле без струја. Во централниот дел на Швајцарија, осум лица биле повредени откако поради силниот ветер се превртел еден вагон во Ла Ленк. Во швајцарскиот кантон Фрибург, на западот на земјата, неколку кровови на приватни и јавни згради се урнале при што, за среќа, немало повредени. Во неколку земји блокиран е воздушниот сообраќај. Во Холандија, за прв пат сите пет брани кои ја штитат земјата од водата од Северното море, привремено биле затворени во средата за да се избегнат поплави. Поради посебно интензивните налети на ветер воздушниот сообраќај е блокиран во неколку држави. На парискиот аеродром Шарл Де Гол, 60 проценти од летовите доцнеле со полетувањето до 9 часот, а третина доцнеле со слетување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/olujata-eleanor-ja-pokosila-zapadna-evropa-tri-lica-zaginale/feed/ 0