„Западни колодвор“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Mar 2022 10:22:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Западни колодвор“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шербеџија и бендот „Западни Колодвор” со концерт во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sherbedzija-i-bendot-zapadni-kolodvor-so-koncert-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sherbedzija-i-bendot-zapadni-kolodvor-so-koncert-vo-bitola/#respond Tue, 15 Mar 2022 10:22:21 +0000 https://kurir.mk/?p=647428

Раде Шербеџија на 19-ти март од 20 часот во Големата сала на Центарот за култура ќе има свој ексклузивен концерт, единствен во Македонија со својот албум „Не свртувај се сине”. На сцената ќе биде заедно со бендот “Западни Колодвор”. Легендарниот актер, со светска слава Шербеџија, кој со култната улога на Александар во филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, пред повеќе од четврт век беше дел и од големиот меѓународен успех на ремек-делото на македонската филмска уметност, изненади со овој албум – „Ne okreći se, sine“, традиционално, во издание на најголемата регионална дискографска куќа „Croatia Records“. Новиот студиски албум на легендарниот актер, поет и музичар е врвно музичко достигнување што ни доаѓа како подарок во живо за публиката која на 19 март ќе биде во Битола, а создаден е во време на короната, кога паузираше филмската индустрија. Најавен со хитот „Ето пјесме“ кој за него го напиша Хусеин Хасанефендиќ од „Парни ваљак“, Шербеџија албумот го сними со екипа одлични музичари на крајот на 2020. На албумот, Шербеџија го остава и својот авторски потпис, посветувајќи му ја песната „Шехерезада“ на познатиот словенечки театарски режисер Томаж Пандур, за која аранжманот го создаде нашиот Диран Тавитјан. Билетите за концертот чинат 800 денари и веќе се во продажба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sherbedzija-i-bendot-zapadni-kolodvor-so-koncert-vo-bitola/feed/ 0
Раде Шербеџија со бендот „Западни колодвор“ во Филхармонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/rade-sherbedzija-so-bendot-zapadni-kolodvor-vo-filharmonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/rade-sherbedzija-so-bendot-zapadni-kolodvor-vo-filharmonija/#respond Tue, 25 Feb 2020 06:59:03 +0000 https://kurir.mk/?p=308397

Актерот, пејач и поет Раде Шербеџија, кого го нарекуваат најголемиот боем од балканските простори, вечер со проектот „Ti bi htjela pjesmom da ti kažem” ќе гостува во Филхармонијата. Познатиот југословенски актер со холивудска кариера ќе биде придружен од неговиот бенд „Западни колодвор“ од Загреб, а покрај овој музичко-сценски проект,  како што соопшти организаторот – Авалон-продукција, ќе бидат и антологиските: „Не дај се Инес“, „Мени се душо од тебе не растаје“, „Чекај ме“, „Имам пјесму за тебе“… Како специјални гости на настапот на Шербеџија во Скопје се најавени Ана Стојановска и Гаро и браќата Тавитјан. Утревечер, пак, Издавачкиот центар Три во присуство на Шербеџија во МКЦ ќе ја промовира неговата книга „По дождот“ која беше објавена во 2018 година. -Главната тема што се провлекува како нишка низ испреплетените парчиња текст е чувството на вечен егзил, патување во кое не постојат други граници освен реалните, соопшти „Три“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/rade-sherbedzija-so-bendot-zapadni-kolodvor-vo-filharmonija/feed/ 0