западнонилска треска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Aug 2023 13:28:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png западнонилска треска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Батут“: Во Србија 39 лица се заразени со западнонилска треска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/batut-vo-srbija-39-litsa-se-zarazeni-so-zapadnonilska-treska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/batut-vo-srbija-39-litsa-se-zarazeni-so-zapadnonilska-treska/#respond Mon, 21 Aug 2023 13:28:12 +0000 https://kurir.mk/?p=869182

Во Србија годинава се регистрирани 39 случаи на западнонилска треска, соопшти денеска Јавниот здравствен институт на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Институтот додаде дека поголемиот дел од заболените од западнонилска треска имаат некаква форма на невроинвазивна форма на болеста - менингитис или енцефалитис - и се лекуваат во болница. Западнонилската треска е сезонско заболување кое се пренесува преку заразени комарци. Сезоната на заразување со овој вирус во Србија обично трае од јуни до ноември. Најголем дел од заболените годинава се мажи (64 отсто), додека просечната возраст на сите пациенти е 64 години. Повеќето од пациентите (70 проценти) имале и некоја друга болест, најчесто дијабетес и хипертензија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/batut-vo-srbija-39-litsa-se-zarazeni-so-zapadnonilska-treska/feed/ 0
Србија: Годинава 24 лица се разболеле од западнонилска треска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-godinava-24-litsa-se-razbolele-od-zapadnonilska-treska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-godinava-24-litsa-se-razbolele-od-zapadnonilska-treska/#respond Tue, 15 Aug 2023 14:39:59 +0000 https://kurir.mk/?p=867022

Во Србија годинава 24 лица се разболеле од западнонилска треска, соопшти денеска Јавниот здравствен завод „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, пренесува Бета. Меѓу нив има и едно лице кое пристигнало од Германија. Заболените биле претежно мажи, со просечната возраст на 63 години, а најголем дел (80 отсто) имале пропратни заболувања - најчесто дијабетес и хипертензија. Повеќето од досега регистрираните случаи имаат некаква форма на невроинвазивна форма на болеста - менингитис или енцефалитис - и се лекуваат во болница. Западнонилската треска е сезонско заболување кое се пренесува со каснување на заразен комарец. Главниот вектор, т.е. пренесувач на овој вирус е „culex pipiens“, вид на комарец кој го има и во Србија. Сезоната на пренесување на вирусот во Србија обично трае од јуни до ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-godinava-24-litsa-se-razbolele-od-zapadnonilska-treska/feed/ 0
Грција: Прв случај годинава на западнонилска треска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-prv-sluchaj-godinava-na-zapadnonilska-treska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-prv-sluchaj-godinava-na-zapadnonilska-treska/#respond Tue, 18 Jul 2023 10:50:57 +0000 https://kurir.mk/?p=857686

Првиот случај на заразниот западнонилски вирус за 2023 година во Грција е регистриран во северниот дел на земјата, односно во општина Серес, соопштија од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ потсетуваат дека вирусот се пренесува главно со каснување од заразени комарци, кои се инфицираат од заразени птици. Објаснуваат дека поголемиот дел од луѓето заразени со вирусот воопшто не се разболуваат или имаат само благи симптоми, додека пак многу малку дел, помалку од еден отсто од заразените развиваат тешка болест која влијае на нервниот систем. Западнонилксиот вирус во Грција бил регистриран во периодот од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до 2022 година. Најголем број случаи биле регистрирани во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51. Лани, во Грција биле регистрирани 286 случаи, а од вирусот починале 33 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-prv-sluchaj-godinava-na-zapadnonilska-treska/feed/ 0
Две деца и маж од Македонија добиле воспаление на мозокот од западнонилска треска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-deca-i-maz-od-makedonija-dobile-vospalenie-na-mozokot-od-zapadnonilska-treska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-deca-i-maz-od-makedonija-dobile-vospalenie-na-mozokot-od-zapadnonilska-treska/#respond Thu, 30 Sep 2021 09:44:23 +0000 https://kurir.mk/?p=570593

Во месечниот извештај на ИЈЗ се евидентирани три случаи на западнонилска треска во Македонија, кои резултирале со воспаление на мозокот. Се работи за две деца и едно повозрасно лице. Овие податоци се објавени во извештајот кој се однесува на месец август. Според извештајот, вирусот на западнонилска треска бил лабораториски детектиран кај 8-годишно девојче од Струмица, 11-годишно момче од струшко и 69-годишен маж од Стајковци. Сите биле на болничко лекување поради воспаление на мозокот. Западнонилска треска се пренесува со убод од комарец, а кај мал дел од заразените се манифестира со тешки невролошки симптоми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-deca-i-maz-od-makedonija-dobile-vospalenie-na-mozokot-od-zapadnonilska-treska/feed/ 0
Два смртни случаја од западнонилска треска во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dva-smrtni-sluchaja-od-zapadnonilska-treska-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dva-smrtni-sluchaja-od-zapadnonilska-treska-vo-srbija/#respond Sun, 08 Aug 2021 18:29:10 +0000 https://kurir.mk/?p=548108

Две лица починаа од последици на западнонилска треска во Србија. Ова се први смртни случаи годинава од оваа болест во земјата, објави денеска весникот „Телеграф“. Жртвите се маж и жена на возраст од 63 и 50 години, кои претходно имале хронични болести. Покрај тоа, комарци кои го пренесуваат вирусот се откриени на шест места во градот Панчево, како и на две места во Белград. Лекарите бараат од граѓаните да ги избегнуваат овие области, а исто така да не се појавуваат на улица во најактивното време за инсекти – во зора и самрак. Експертите, исто така, ги повикуваат граѓаните да ги заштитат своите домови со мрежи и специјални средства. Градските власти во Белград веќе неколку дена наутро прскаат хемикалии на улиците во градот за да го намалат бројот на инсекти. Десетици луѓе умираат од западнонилска треска секоја година во Србија. Првпат болеста е регистрирана во Србија во 2012 година, оттогаш 1.032 луѓе се заразени во земјата, а 98 починале. Најлоша година беше 2018 година, кога починаа 29 лица, а вкупниот број на лабораториски потврдени случаи на болеста, која се пренесува од комарци, достигна 286. Западнонилската треска е акутна вирусна болест со период на инкубација од неколку дена до три недели. Болеста може да предизвика оштетување на централниот нервен систем во форма на менингитис или менингоенцефалитис, како и во форма слична на грип со главоболка, треска и болки во грлото. Вирусот се шири главно во тропските и суптропските региони, но неодамна стана честа појава и во нетропските земји. Вирусот главно ги погодува птиците, но и луѓето и многу цицачи, кои се заразуваат по убод од комарци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dva-smrtni-sluchaja-od-zapadnonilska-treska-vo-srbija/feed/ 0
Почина познатиот актер од серијата „Црна листа“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-poznatiot-akter-od-serijata-crna-lista/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-poznatiot-akter-od-serijata-crna-lista/#respond Tue, 06 Oct 2020 08:33:51 +0000 https://kurir.mk/?p=412859

Американскиот глумец Кларк Мидлтон, можеби најпознат по ТВ-серијата „Црна листа“ (The Blacklist), почина завчера од западнонилска треска. Имаше 63 години. Тажната вест ја соопшти неговата сопруга Елиса. „Со тешко срце објавуваме дека згасна животот на, исклучително достојниот за слава – Кларк Тинсли Мидлтон, 63-годишен – сакан глумец, писател, режисер, учител, херој, сопруг, светилник, пријател. Кларк почина на 4 октомври како последица на заболување од вирусот на западнонилската треска, за која нема познат лек. Кларк имаше прекрасна душа, која цел живот им пркосеше на границите, застапувајќи ги пред се, лицата со попреченост“, се вели во известувањето. Мидлтон, инаку, боледуваше од ревматичен артритис. Се појави и во филмовите „Убиј го Бил 2“, „Низ снегот“ (Snowpiercer), оскаровскиот „Човек птица“ (Birdman), како и во серијата „Твин Пикс“ (новите епизоди). Обожавателите годинава ќе може да го погледнат во филмот „Антарктик“ чие прво прикажување допрва следи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-poznatiot-akter-od-serijata-crna-lista/feed/ 0
Регистриран првиот смртен случај во Грција од вирусот Западен Нил https://arhiva.kurir.mk/svet/region/registriran-prviot-smrten-sluchaj-vo-grcija-od-virusot-zapaden-nil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/registriran-prviot-smrten-sluchaj-vo-grcija-od-virusot-zapaden-nil/#respond Fri, 31 Jul 2020 10:16:31 +0000 https://kurir.mk/?p=384242

Пациент со претходни здравствени проблеми и возраст од над 80 години е првиот регистриран смртен случај во Грција од вирусот Западен Нил, додека пак во земјата се дијагностицирани вкупно десет заразени лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје на Грција, од десетте потврдени случаи, пет се хоспитализирани, четворица пациенти биле отпуштени од болниците, а еден почина. Првите два случаи на Западен Нил во Грција беа регистрирани на 19 јули кога Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека случаите, со оглед на тоа што речиси секоја година во текот на летото и есенските месеци, „се појавуваат случаи во разни области (и) во Грција“, се очекувани во актуелниот период. Според официјалните податоци, вирусот во земјата е присутен од 2010 година, а заклучно со лани, во периодот 2010-2019 година биле регистрирани вкупно 1.216 случаи и починале 170 лица. Во 2015 и 2016 година не бил регистриран ниту еден случај, а најмногу заразени и смртни случаи имало во 2018 година – 317 случаи и 51 починат. Минатата година биле регистрирани 227 случаи, а починале 35 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/registriran-prviot-smrten-sluchaj-vo-grcija-od-virusot-zapaden-nil/feed/ 0
Комарци со западнонилска треска регистрирани во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/komarci-so-zapadnonilska-treska-registrirani-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/komarci-so-zapadnonilska-treska-registrirani-vo-srbija/#respond Thu, 16 Jul 2020 07:16:01 +0000 https://kurir.mk/?p=376840

Западнонилска треска која ја пренесуваат комарците, е регистирана во неколку градови во Србија, потврдува доктор Иван Алексиќ. Комарците кои се заразени ги имало во Белград и во уште неколку градови во Србија. Алексиќ истакнува дека комарците најчесто се наоѓаат на гробиштата и шумските предели, но регистрирани се и на неколку места во урбаните средини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/komarci-so-zapadnonilska-treska-registrirani-vo-srbija/feed/ 0
Уште еден заболен од западнонилска треска во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-zabolen-od-zapadnonilska-treska-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-zabolen-od-zapadnonilska-treska-vo-makedonija/#respond Sat, 31 Aug 2019 20:17:19 +0000 https://kurir.mk/?p=235575

Средовечен маж е втор случај годинава кој бил примен како заболен од западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести, објави Сител. Станува збор за професионален возач од Скопје, а хоспитализиран бил откако дијагнозата лабораториски му била потврдена пред два дена, но сега е во добра здравствена состојба и деновиве ќе биде пуштен на домашно лекување. Заболениот возел надвор од границите на земјата и како што им кажал на лекарите, не почувствувал кога бил каснат од комарец. На клиниката на одделот за интензивна нега веќе две недели е и 66-годишниот скопјанец со западно нилска треска кој заврши во болница со воспаление на мозокот, но овој пациент се бори и со хроничните заболувања што ги има. Во Македонија досега се регистрирани 24 случаи на западнонилска треска, а најфатална беше 2012 со три смртни случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-eden-zabolen-od-zapadnonilska-treska-vo-makedonija/feed/ 0
Скопјанец заразен од западно-нилска треска се бори за живот на Клиника – заразата ја добил во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopjanec-zarazen-od-zapadno-nilska-treska-se-bori-za-zivot-na-klinika-zarazata-ja-dobil-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopjanec-zarazen-od-zapadno-nilska-treska-se-bori-za-zivot-na-klinika-zarazata-ja-dobil-vo-zemjava/#respond Fri, 16 Aug 2019 15:50:05 +0000 https://kurir.mk/?p=230319

66 годишен скопјанец заразен со западно нилска треска се бори за живот на Клиниката за инфективни болести, објави Сител. Како што информираат од телевизијата, тој прво бил хоспитализиран во ГОБ 8-ми спетември каде првично му била поставена дијагнозата за вирусот што го пренесуваат комарците. Поради влошување на состојбата го префрлиле на Инфективна и веќе една недела е на одделот за интезивна нега со воспаление на мозокот. Според епидемиолошката анкета, скопјанецот не бил надвор од државата, а најверојатно заразата ја добил во земјата минатиот месец кога престојувал на планина и покрај езеро. - Првите симптоми ги почуствувал кон крајот на јули, од анкетата што ја правевеме не бил надвор од границите на земјата. Побарал помош во Градската болница 8-ми септември. Ги има и кај нас комарците, но ние немаме резервоари за нив, вели прим. д-р Билјана Даниловска раководител на епидемиологија во ЦЈЗ Скопје. Епидемиолозите велат дека кај 80 проценти од заразените со западнонилска треска болеста поминува без да има изразени симптоми. Помалку од 20 отсто можат да имаат клиничка слика како грип, само еден процент да завршат со воспаление на мозокот, тешки компликации и фатален исход. -Мора да кажеме за превенцијата а тоа значи кога се движиме во планински места да носиме соодветна облека со покривање на деловите од телото, користење на репеленти особено во периодот кога комарците се најактивни. Инкубациониот период на болеста вест најл е од 2 до 14 дена по каснувањето со заразен комарец, вели Даниловска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopjanec-zarazen-od-zapadno-nilska-treska-se-bori-za-zivot-na-klinika-zarazata-ja-dobil-vo-zemjava/feed/ 0