запален маж – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Sep 2022 07:01:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png запален маж – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Јапонија маж се самозапали поради државниот погреб на Абе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-japonija-maz-se-samozapali-poradi-drzavniot-pogreb-na-abe/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-japonija-maz-se-samozapali-poradi-drzavniot-pogreb-na-abe/#respond Wed, 21 Sep 2022 07:01:56 +0000 https://kurir.mk/?p=735544

Маж се самозапали денеска во близина на седиштето на јапонската влада, во знак на протест против владината одлука да организира државен погреб на поранешниот премиер Шинзо Абе, кој беше убиен на почетокот на годинава, на 27 септември. Мажот е пренесен во болница со изгореници по целото тело, а повреден е и полицаецот кој се обидел да му помогне и да го изгасне пожарот, јавуваат јапонските медиуми. Како што е наведено, мажот, на возраст од 70 години, бил во несвест кога пристигнала полицијата, но подоцна им кажал на истражителите дека се полил со бензин. Во негова близина е пронајдено писмо во врска со државниот погреб на Абе, во кое тој напишал „Силно се противам на тоа“. „Слушнав дека полицијата пронашла маж со изгореници во близина на владините канцеларии и знам дека го истражува инцидентот“, рече главниот секретар на јапонската влада Хироказу Мацуно. Абе, јапонскиот премиер со најдолг стаж, кој поднесе оставка во 2020 година поради лошо здравје, беше убиен на предизборен митинг на 8 јули. Неговиот државен погреб е закажан за 27 септември, на кој ќе присуствуваат околу 6.000 луѓе од Јапонија и странство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-japonija-maz-se-samozapali-poradi-drzavniot-pogreb-na-abe/feed/ 0