запалено знаме – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 25 Jul 2020 11:34:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png запалено знаме – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На протест во Солун запалено турското знаме, реакција од Турција и категорична осуда од грчкото МНР https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-protest-vo-solun-zapaleno-turskoto-zname-reakcija-od-turcija-i-kategorichna-osuda-od-grchkoto-mnr/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-protest-vo-solun-zapaleno-turskoto-zname-reakcija-od-turcija-i-kategorichna-osuda-od-grchkoto-mnr/#respond Sat, 25 Jul 2020 11:34:55 +0000 https://kurir.mk/?p=381189

На најкатегоричен начин го осудуваме секој чин што ги сквернави националните симболи на која било земја, а во конкретниот случај на Турција, соопштуваат преку Твитер од Министерството за надворешни работи на Грција, откако синоќа, на протест во Солун беше запалено турското знаме за што реагираше и турското МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Според локалните медиуми, на протестот во Солун против претворањето на Света Софија во џамија, група од неколку лица, го запалила знамето на Турција. Вчерашната манифестација во Света Софија предизвика реакции во Грција, како од власта и опозицијата, така и во медиумите, додека пак грчкото МНР вчера попладне излезе со соопштение на кое утрово одговори Министерството за надворешни работи на Турција, за претпладнево да следи нов одговор од грчкото МНР. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција Хами Аксој одговори на тврдењата на грчкото МНР дека „Турција ги прекршува обврските од Конвенцијата на УНЕСКО од 1972 година“, велејќи дека „отворањето на џамијата Света Софија за служба е во согласност со барањата и духот на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на светското културно наследство“. Аксој вели дека ги осудуваат „непријателските изјави на членовите на грчката Влада кои ја провоцираа јавноста“, како и „дозволувањето да се запали славното знаме на Турција“. -Разгалените деца на Европа, кои не можеа да ја поднесат сликата на верниците, кои повторно влегуваат во Света Софија, уште еднаш беа во делириум. Ваквите расистички начини на размислувања, не ги извлекоа потребните лекции од историјата, оние што не го почитуваат нашето славно знаме, треба да се сетат на нивната судбина во Егејот. Грција треба да се разбуди од византискиот сон од кој не може да се разбуди веќе 567 години и да се ослободи од фрустрацијата што произлегува од тоа, вели портпаролот на турското МНР во писмената изјава, по што следеше и одговор од грчкото МНР. -Меѓународната заедница во 21-от век со зачуденост ги гледа испадите на религиозен и националистички фанатизам во денешна Турција. Осудени се и не се достојни за одговор, соопштија од грчкото МНР. На Света Софија се осврна и грчката претседателка Катерина Сакеларопулу во обраќањето на вчерашниот прием во претседателската палата по повод годишнината од воспоставувањето на демократијата во Грција. -Претворањето на Света Софија во џамија брутално ги навредува не само православните и сите христијани, туку и цивилизираното човештво во целина и нанесува сериозен удар врз односите на Турција со Грција, Европската унија и меѓународната заедница, рече Сакеларопулу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-protest-vo-solun-zapaleno-turskoto-zname-reakcija-od-turcija-i-kategorichna-osuda-od-grchkoto-mnr/feed/ 0
Кој го запали знамето на ЕУ: Се нуди награда од 1.200 евра за информација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koj-go-zapali-znameto-na-eu-se-nudi-nagrada-od-1-200-evra-za-informacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koj-go-zapali-znameto-na-eu-se-nudi-nagrada-od-1-200-evra-za-informacija/#respond Mon, 12 Nov 2018 23:03:05 +0000 https://kurir.mk/?p=127107

Полската полиција распиша награда од 1.200 евра во буџетот за информации кои би довеле до апсење на групата радикални националисти кои во неделата, на Маршот на независноста и прославата на 100-годишнината од враќањето на Полска на мапата на Европа, го запалија знамето на Европската Унија и скандираа „Марш ЕУ“. Со снимката од палењето на знамето на ЕУ се пофали еден од двата главни организатори на Маршот на независноста, ултракатоличката Сеполска младина, а лидерот на другиот организатор Кшиштоф Босак од Народното движење се обиде инцидентот да го оправда со фактот дека законот наводно го штити само полското национално знаме од палење и сквернавење. „Симболот на ЕУ кој ни одзема дел од суверенитетот не подлежи на правна заштита така што изразување на мислење за ЕУ на таков начин не подлежи на казна“, кажа Босак за државната полска телевизија ТВП. Полската полиција има поинакво мислење и командантот на полицијата на Варшава распиша награда од 1.200 евра за информации кои би довеле до апсење на радикалите кои го запалија европското знаме, а полицијата почна да објавува снимки од националистите кои и покрај забраната на Маршот палеа факели и фрлаа петарди. За тоа им се заканува казна до 14 дена затвор или парична казна, и полицијата ги моли граѓаните да им помогнат да ги идентификуваат. „Во Варшава на Маршот на независноста учествуваа 250.000 луѓе и тоа е најголемата таква манифестација од прославата кога во земјата доаѓаше папата Јован Павле Втори. Маршот во голема мера беше мирен, иако имаше маргинални инциденти кои заслужуваат осуда“, изјави денес за вчерашната прослава на 100-годишнината на полската независност министерот за внатрешни работи Јоахим Бруѓински. Тој потврди дека полицијата и Агенцијата за внатрешна безбедност спречила околу 400 национални екстремисти од странство и стотина од земјата да дојдат на маршот, за да нема провокации со расистички пароли и неофашистички симболи како минатите години, а откажани биле и неонацистички конференции и концерти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koj-go-zapali-znameto-na-eu-se-nudi-nagrada-od-1-200-evra-za-informacija/feed/ 0
Уапсени двајца Косовци кои го запалија турското знаме https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-dvajca-kosovci-koi-go-zapalija-turskoto-zname/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-dvajca-kosovci-koi-go-zapalija-turskoto-zname/#respond Sat, 04 Aug 2018 08:36:01 +0000 https://kurir.mk/?p=84394

Косовската полиција уапси две лица во Ѓаковица, кои на социјалните мрежи објавија видео на кое се гледа како го палат знамето на Република Турција, јави дописникот на МИА од Приштина. По реакциите од граѓани и од разни политички субјекти, полицијата покрена истрага, по што ги идентификува и денеска, со одлука на надлежен обвинител, ги приведе двете лица. На видеото се гледаат две лица како го палат турското знаме и кажуваат дека тоа го прават во знак на поддршка за заменикот министер за надворешни работи, Ѓерѓ Дедај, кој беше обвинет за изјави кои се навредливи за турската држава и турската заедница во Косово. Приведените, на видеото извикуваат и пароли против Турција, против Србија и против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Инцидентот го осуди и косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-dvajca-kosovci-koi-go-zapalija-turskoto-zname/feed/ 0
Извор од грчко МНР: „И ние запаливме нивни знамиња“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvor-od-grchko-mnr-i-nie-zapalivme-nivni-znaminja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvor-od-grchko-mnr-i-nie-zapalivme-nivni-znaminja/#respond Wed, 28 Feb 2018 16:35:51 +0000 http://kurir.mk/?p=25868

И ние запаливме знамиња во Солун и се слушнаа слогани „земете оружје да одиме во Скопје“, коментирал висок функционер од грчкото МНР за грчката ТВ Антена во врска со запаленото знаме на вчерашниот протест во Скопје и дали тоа ја загрижува владата. Истиот извор на прашањето на Антена „за зголемениот тон во последните изјави на Заев“, упатил на коригираните изјави на македонскиот премиер во однос на имињата што се на преговарачката маса, но и за барањето за промена на Уставот. - Во однос на текот на разговорите за скопското прашање, за процените за договор уште во текот на март, истиот извор коментираше: „не знам, ова треба да го одлучат другите. Ние имаме кажано дека нема да прифатиме еден лесен договор, објави телевизијата Антена, јави дописникот на МИА од Атина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvor-od-grchko-mnr-i-nie-zapalivme-nivni-znaminja/feed/ 0