записи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Jul 2021 08:32:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png записи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во пресрет на Илинден: Погледнете ги „Записите од АСНОМ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-presret-na-ilinden-poglednete-gi-zapisite-od-asnom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-presret-na-ilinden-poglednete-gi-zapisite-od-asnom/#respond Fri, 30 Jul 2021 08:32:52 +0000 https://kurir.mk/?p=543882

Во пресрет на големиот државен празник Илинден, Музеј на Македонија го претставува каталогот ,,Записи од АСНОМ”, од истоимената изложба од 2020 година, автор Боро Бунтески. Првото заседание на АСНОМ е одржано во манастирот „Прохор Пчињски" на 2 август 1944 година. АСНОМ е формирано како највисоко законодавно и извршно тело кое носело одлуки за конституирањето и развојот на македонската држава. Правото на македонскиот народ на самоопределување, остварено во текот на Втората светска војна, заедно со силите на антифашистичката коалиција е потврдено на Првото заседание на АСНОМ што претставува историски факт. Слободно Скопје е местото на одржување на Второто заседание на АСНОМ (28 – 31.12. 1944 год.), на кое се донесени значајни решенија за изградбата на новата народна власт, за организирана работа на народноослободителните одбори на федералната македонска држава, за кооптирање членови на АСНОМ, за основање на суд за судење на престапите против македонското национална чест, за одобрување на работата на Президиумот меѓу двете заседанија. На Третото заседание на АСНОМ (14 -16.4.1945 год.), донесени се одлуки со кои формално се воспоставува уставно-правна основа, на која ќе се заснова идната македонска држава. Одлуките на АСНОМ донесоа нова епоха во културниот развој на новоформираната македонска држава. Каталогот можете да го погледнете ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-presret-na-ilinden-poglednete-gi-zapisite-od-asnom/feed/ 0
Записи на Дарвин исчезнаа од Библиотеката во Кембриџ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapisi-na-darvin-ischeznaa-od-bibliotekata-vo-kembridz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapisi-na-darvin-ischeznaa-od-bibliotekata-vo-kembridz/#respond Tue, 24 Nov 2020 12:12:44 +0000 https://kurir.mk/?p=433689

Универзитетот во Кембриџ денеска упати повик да се најдат две тетратки за Чарлс Дарвин за кои се верува дека биле украдени од Универзитетската библиотека. Едната ја содржи неговата скица за „дрвото на животот“ – симбол на неговата теорија за еволуцијата. „По обемното пребарување, најголемото во историјата на библиотеката, конзерваторите заклучија дека тетратките чие исчезнување за првпат беше објавено во јануари 2001 година, најверојатно биле украдени“, се вели на интернет-страницата на Универзитетот. Полицијата е известена, а тетратките, за кои се проценува дека вредат неколку милиони фунти, се ставени во базата на податоци на Интерпол за украдени уметнички дела. – Длабоко жалам што овие тетратки не беа пронајдени и покрај обемните потфати за барање последниве 20 години, вклучително и најголемото пребарување во историјата на оваа библиотека на почетокот на оваа година, рече Џесика Гарднер, директорка на библиотечната служба. Универзитетот во септември 2000 година објави дека двете тетратки биле извадени од просторијата каде што се чуваат највредните дела од библиотеката, заради фотографирање. За време на рутинска проверка потоа, во јануари 2001 година, било утврдено дека кутијата со тетратките не е на своето место. Некои библиотекари потоа верувале дека тетратките биле ставени на погрешно место во библиотеката со околу 10 милиони книги, мапи, ракописи и други предмети. Но, се чини, не е така. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapisi-na-darvin-ischeznaa-od-bibliotekata-vo-kembridz/feed/ 0
Нови записи за убиството на Џорџ Флојд, еве што и кажал на полицијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-zapisi-za-ubistvoto-na-dzordz-flojd-eve-shto-i-kazal-na-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-zapisi-za-ubistvoto-na-dzordz-flojd-eve-shto-i-kazal-na-policijata/#respond Thu, 09 Jul 2020 08:53:30 +0000 https://kurir.mk/?p=372339

Новообјавените записи од последните минути од животот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, откриваат дека тој и кажал на полицијата „Не можам да дишам“ повеќе од 20 пати. Флојд и кажал на полицијата „Не можам да дишам“ повеќе од 20 пати, а полицаецот обвинет за неговата смрт, Дерек Шовин го притиснал со колено неговиот врат и му кажал: „За да зборуваш потребно ти е многу кислород“. Новите докази се објавени јавно, како дел од одбрана на еден од полицајците кој е вклучен во истрагата, Томас Лејн, обвинет за соучество во убиството на Флојд. Новите записи покажуваат дека Флојд се обидел да соработува со полицијата и дека не се чувствува добро. Новите документи вклучуваат 82 страници текст од полициска камера и 60 страници од сослушувањето на Лејн од страна на истражителите. Шовин е обвинет за убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство. Лејн и уште двајца полицајци се обвинети за соучество, поттикнување на убиство од втор степен и убиство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-zapisi-za-ubistvoto-na-dzordz-flojd-eve-shto-i-kazal-na-policijata/feed/ 0