записници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Apr 2018 11:06:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png записници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одбраната за „Топлик“ бара записник за примопредавање на снимките од СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-za-toplik-bara-zapisnik-za-primopredavanje-na-snimkite-od-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-za-toplik-bara-zapisnik-za-primopredavanje-na-snimkite-od-sdsm/#respond Sat, 21 Apr 2018 09:17:06 +0000 https://kurir.mk/?p=44055

Одбраната во случајот „Топлик“, за Сончев град, бара судот да побара од СЈО да се достави записник за примопредавање на аудио материјалите, кои според тврдењето на СЈО им биле доставени на 30.12.2015 година од страна на политичката партија СДСМ. СЈО истите ги предложило како докази во листата на докази поднесена до судот, како прилог кон обвинителнито акт во оваа правна работа од нивна страна. Обвинителката Ленче Ристовска, пак, на 15.01.2016-та година има изјавено дека нема записник. За Апелација крунски доказ при прифаќање на снимките е токму тој записник. Одбраната во случајот за „Сончев град“ го бара записникот да се види што и колку снимки има предадено СДСМ на СЈО. СЈО не даде никаков коментар, а судот донесе одлука дека сите снимки се дел од записникот, но потенцира дека судот го нема тој записник на увид, ниту е дел од листата на докази, пишува Денешен. Дали има записник за примопредавање на снимките? СЈО ја темели својата надлежност востановена со Законот за Јавно Обвинителство за Гонење на Кривични Дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите токму на овие аудио материјали (не)предадени од СДСМ. Во решението на Апелациониот суд на страница 8 пасус 5 се истакнува дека: Токму на претпоставката за законитоста на стекнувањето на ваквите аудио материјали кои од таа причина добиле статус на докази од страна на судот, се темелеше и одлуката на судот со која се одбиени приговорите на обвинителниот акт во овој предмет, пишува во поднесокот до судот од страна на адвокатот Донче Наков. -Со оглед на погоре наведеното, а за целите на натамошна подготовка на одбраната, бараме судот да му наложи на СЈО да (1) го достави барањето упатено од нивна страна до СДСМ за „предавање„ на аудио материјалите, како и (2) записник за примопредавање на истите помеѓу СЈО и СДСМ.  Ова барање на одбраната е од суштествено значење за исходот на предметната постапката, како и заради проверка на самата одбрана, напиша Наков во својот поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-za-toplik-bara-zapisnik-za-primopredavanje-na-snimkite-od-sdsm/feed/ 0
Скандал: Одбраната тврди – Судот во „Топлик“ достави фалсификувани записници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-odbranata-tvrdi-sudot-vo-toplik-dostavi-falsifikuvani-zapisnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-odbranata-tvrdi-sudot-vo-toplik-dostavi-falsifikuvani-zapisnici/#respond Fri, 30 Mar 2018 09:54:55 +0000 https://kurir.mk/?p=34428

Одбраната во случајот „Топлик“ на СЈО, каде обвинет е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на денешното рочиште се жалеше до судскиот совет дека цд-ињата од аудиовизуелниот записник што ги добиле се прекинати на 20 минути и 20 секунди.

Сите адвокати добиле од судот цд-иња на кои не е доснимено целото претходно рочиште. Недостасуваат околу 15 минути токму делот каде што судијата се произнесе дека ќе донесе формално правно решение во врска со барањето на одбраната да се изземе вештачењето од списите.

Причина е затоа што ќерката на вештакот, Борис Тунџев, била вработена во СЈО. Поради ова адвокатите сметаат дека вештачењето било пристрасно. Кога би им се доставило формално правното решение одбраната би имала право на жалба, но судијата во меѓувреме ја менува одлуката и донесува обично решение.

-Дали се работи за грешка или нешто друго незнам. Сите цд-иња запираат на 20 минути и 20 секунди. По закон снимките треба да бидат целосни во Акмисот. Не можам да го споредам записникот со аудиовизуелниот запис, рече адвокатот Дончо Наков.

- Освен тоа забележавме дека записникот не соодвествува со она што беше кажано на претходното рочиште. Недостасува и изјаснувањето на јавното обвинителство, додаде адвокатката Сања Алексиќ.

Тунџев е сега директор на државниот Катастар. Според адвокатите на Јанакиески и другите обвинети, Тунџев немал лиценца кога го изготвувал вештачењето за продажбата на државно земјиште за изградба на Сончев град.

Од СЈО, пак, потврдија дека ќерката на вештакот Тунџев е вработена кај нив.

Дополнително судот ги одби и барањата на одбраната да се изземе еден од снимените разговори од листата на докази бидејќи е набавен на незаконит начин и јавно објавен.

Во „Топлик“ се обвинети шест лица, а првообвинет е поранешниот министер. Според обвинението на фирма и е незаконски овозможено да купи државно земјиште за изградба на комплесот.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-odbranata-tvrdi-sudot-vo-toplik-dostavi-falsifikuvani-zapisnici/feed/ 0