записник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 18 Jul 2020 16:51:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png записник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДИК го преправи Записникот, велат било техничка грешка (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-go-prepravi-zapisnikot-velat-bilo-tehnichka-greshka-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-go-prepravi-zapisnikot-velat-bilo-tehnichka-greshka-foto/#respond Sat, 18 Jul 2020 16:19:47 +0000 https://kurir.mk/?p=378170

Откако вчера во медиумите обелоденија за нелогичности во резултатите од изборите што ги објави Државната изборна комисија, денеска Комисијата го коригираше записникот. Велат станувало збор за технички грешки при објавување на бројките. Според новите бројки, зголемен е бројот на граѓани кои гласале и бројот на неважечки ливчиња – сега соопштија дека всушност гласале 943.750 гласачи. Од нив 912.186 се важечки ливчиња, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564. Измена има и кај бројот на неупотребени гласачки ливчиња кој од завчерашните 869.889 се зголеми за 624 и сега изнесува 870.513. Во четвртокот пак ДИК соопшти дека гласале 942.334 гласачи, или за 1.416 помалку од денеска објавеното, а од нив 31.466 биле неважечки. Според направената исправка излегува дека бројот на неважечки ливчиња е зголемен за 148.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-go-prepravi-zapisnikot-velat-bilo-tehnichka-greshka-foto/feed/ 0
Детали од записникот на Боки 13: Поради страв за мојот живот инсистирам строго доверливите информации да му ги кажам само на Јовески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-od-zapisnikot-na-boki-13-poradi-strav-za-mojot-zivot-insistiram-strogo-doverlivite-informacii-da-mu-gi-kazam-samo-na-joveski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-od-zapisnikot-na-boki-13-poradi-strav-za-mojot-zivot-insistiram-strogo-doverlivite-informacii-da-mu-gi-kazam-samo-na-joveski/#respond Sat, 20 Jun 2020 12:50:37 +0000 https://kurir.mk/?p=360213

Бојан Јовановски, кој пред неколку дена беше осуден на 9 години затвор, како обвинет во случајот „Рекет“, поднел барање до Кривичниот суд, на 25 јуни да му дозволат да оди до Основното јавно обвинителство Скопје за да поднесе кривични пријави на записник, пишува Фокус. Боки 13 во неколку наврати бараше средба со републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, но средбата не се реализираше. Обвинителот Јовески во разговор за „Фокус“ потенцираше дека во притвор бил испратен обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кој се сретнал со Јовановски, но тој не сакал да зборува со него. Адвокатот на Боки 13, Сашко Дукоски, вели дека и тој бил на средбата, и точно е дека Јовановски одбивал да зборува, бидејќи наместо Јовески, дошла обвинителката Гордана Смаќоска, на која шефица и е Вилма Русковска, па поради тоа, како што вели, Боки немал доверба ниту во една од нив. „Фокус“ дојде до записникот од средбата која се одржала во истражниот затвор „Скопје“, на 24 февруари. -Прво би сакал да изјавам пред вас дека сум затечен за оваа за мене новонастаната изненадувачка состојба поради што не бев информиран, ниту пак имав благовремено добиено сознание преку мојот бранител, ниту пак од судот, дека на овој начин и во овој термин ќе треба да ги изнесам сите мои аргументи и строго доверливи информации за повеќе лица во врска со кривичните пријави кои имам намера да ги поднесам, истакнал Јовановски, кој додава дека барал средба исклучиво со републичкиот обвинител Јовески, а поради довреливите информации кои ги поседувал. Целиот текст може да го прочитате во ФОКУС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-od-zapisnikot-na-boki-13-poradi-strav-za-mojot-zivot-insistiram-strogo-doverlivite-informacii-da-mu-gi-kazam-samo-na-joveski/feed/ 0
Откопувала гробови и тргувала со човечки органи, наставничка од скопско училиште се пријавила во полиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkopuvala-grobovi-i-trguvala-so-chovechki-organi-nastavnichka-so-skopsko-uchilishte-se-prijavila-vo-policija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkopuvala-grobovi-i-trguvala-so-chovechki-organi-nastavnichka-so-skopsko-uchilishte-se-prijavila-vo-policija/#respond Fri, 08 Nov 2019 11:18:22 +0000 https://kurir.mk/?p=261654

Наставничка по географија од едно скопско основно училиште самата во полиција се пријавила дека препродава органи, дека откопува гробови и дека преработува месо од починати во ќебапи. Ваква службена белешка надлежниот полициски службеник од единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција поднел во полициската станица во Чаир на 22ри, минатиот месец. Во службената белешка до која Press24 стигна преку свои извори во полицијата стои дека истиот ден, околу 10 часот наутро во полициската станица во Чаир дошла жена и почнала да зборува нелогични работи. „Од моја страна беше прашана за што сака да разговара при што истата појасни дека работи како наставник по географија и дека сака да појасни дека истата потекнува од индијанско племе од Невада и дека како мала е донесена од нејзиниот сегашен татко кој е човеколик мајмун и заедно со директорот на училиштето во кое што работи, кој исто така е човеколики мајмун се занимаваат со разни кривични дела (продавање на органи, откопување на мртви од гробишта и преработка на месото во ќебапчиња, организирање на атентати по нарачка и прикривање на лица кои се водат умрени а сеиви, за што наведе пример дека Тоше Проески го кријат во училиштето каде го претставуваат како ... и работи како наставник по физичко.“ стои меѓу другото во записникот. По ова, полицискиот службеник ја прашал наставничката која има близу 50 години дали е при здрава свест и дали има проблеми со здравјето по што таа појаснила дека Нема никакви проблеми со здравјето. По ова, надлежниот полициски службеник констатирал дека таа не пријавува кривични дела од неговата област на имотни деликти, го повикал сменоводителот и му го препуштил случајот. Каков епилог имал овој случај се уште нема информација, па не можеме да потврдиме се потврди дали споменатата наставничка навистина е вклучена во образовниот процес и доколку е, какво знаење им пренесува на децата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkopuvala-grobovi-i-trguvala-so-chovechki-organi-nastavnichka-so-skopsko-uchilishte-se-prijavila-vo-policija/feed/ 0