запленет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Jan 2023 13:34:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png запленет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Запленети половина тон тутун за наргиле и над 2 илјади парчиња електронски цигари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-polovina-ton-tutun-za-nargile-i-nad-2-iljadi-parchina-elektronski-tsigari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-polovina-ton-tutun-za-nargile-i-nad-2-iljadi-parchina-elektronski-tsigari/#respond Fri, 27 Jan 2023 13:34:37 +0000 https://kurir.mk/?p=792856

Во заедничка акција на инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа со Одделот за крим полиција – Сектор за економски криминал и корупција на МВР, и инспектори од Управата за јавни приходи и Пазарната инспекција се запленети речиси половина тон тутун за наргиле, електронски цигари и течност за електронски цигари. Имено вчера, на ден 26.01.2023 година, на неколку локации во Скопје во рамки на координираната акција, беше извршена контрола во која беа откриени и запленети необележани акцизни производи без акцизни маркички, од кои 454 кг тутун за наргиле, 2.290 парчиња електронски цигари со содржина од 15.130 милилитри течност за електронски цигари. Со оваа заплена е спречен обид на пуштање во слободен промет на акцизна стока за која е избегнато плаќање на давачки од вкупно 2,5 милиони денари. Запленетата стока согласно законските прописи ќе биде предадена во Агенцијата за управување со одземен имот, а против инволвираните правни и физички лица се поднесени соодветни пријави до надлежните институции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-polovina-ton-tutun-za-nargile-i-nad-2-iljadi-parchina-elektronski-tsigari/feed/ 0
Фото: Полиција запленила златен „McLaren“ автомобил од познат инфлуенсер https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-policija-zaplenila-zlaten-mclaren-avtomobil-od-poznat-influenser/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-policija-zaplenila-zlaten-mclaren-avtomobil-od-poznat-influenser/#respond Mon, 14 Mar 2022 12:43:50 +0000 https://kurir.mk/?p=646952

Понекогаш само купувањето на сјаен, златен суперавтомобил не е доволно, мора истиот да го осигурате. Оваа ѕвезда на социјалните мрежи, Пујан Моктари, тоа го научила на потежок начин. Господин Моктари, 31-годишниот инфлуенсер, пејач, извршен директор на бренд облека и основач на компанијата за произведување кавијар за која се верува дека вреди 10 милиони фунти, планирал да го испрати своето возило во Милано, но „не можел“ да го среди осигурувањето кога го запрела полицијата. Возилото било запрено во близина на тунел под Ламанш. Полицајците не можеле да веруваат дека заплениле автомобил вреден седум цифри кој не бил осигуран. „McLaren“ не можел физички да се смести на камионот за пренесување возила, па бил однесен во локалната полициска станица, а потоа до депонијата во Кент каде стоел повеќе од две седмици. Моктари во неделата испратил камион да го преземе автомобилот, па истиот бил испратен во Париз. Инфлуенсерот веднаш се фотографирал со возилото пред Ајфеловата кула и на неговиот Инстаграм профил објавени се фотографии од гордиот сопственик кој стои покрај неговиот имот вреден 1,3 милиони долари - „McLaren Senna“. Мораме да признаеме дека одвај ја забележавме Ајфеловата кула која се наоѓа во заднина, додека блескавите тркала на автомобилот ја крадат цела светлина. Исто така инфлуенсерот објавил фотографии со своите пријатели на улиците на Париз и јасно е дека овој немил настан не можел да не го вознемири богатиот ирански милионер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-policija-zaplenila-zlaten-mclaren-avtomobil-od-poznat-influenser/feed/ 0
ВИДЕО: Во Њујорк запленет речиси еден тон коакин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vo-njujork-zaplenet-rechisi-eden-ton-koakin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vo-njujork-zaplenet-rechisi-eden-ton-koakin/#respond Wed, 03 Nov 2021 07:51:31 +0000 https://kurir.mk/?p=590068

Властите во САД запленија речиси еден тон кокаин испратен во Њујорк од Порторико. Ова е најголемата пратка запленета во областа во повеќе од 10 години, соопштија властите. Специјалниот агент Реј Донован од американската Администрација за борба против наркотици (ДЕА) изјави дека во последната година е забележан пораст од 150 отсто на пратките запленети во областа. Запленетите 920 килограми кокаин, на улица би можеле да вредат меѓу 37 и 370 милиони долари, во зависност од нивото на трговија, изјави извор запознаен со темата. Во случајот обвинети се три лица. Властите ја пронајдоа дрогата во големи метални градинарски алатки што се превезувале во изнајмено комбе. Возилото тргнало од карго пристаниште во Њу Џерси, а според документацијата, ролерите биле натоварени во Порторико и испратени на адреса во Бронкс. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vo-njujork-zaplenet-rechisi-eden-ton-koakin/feed/ 0
Запленети се 860 килограми режан тутун по пазарите и во магацински простори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-se-860-kilogrami-rezan-tutun-po-pazarite-i-vo-magacinski-prostori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-se-860-kilogrami-rezan-tutun-po-pazarite-i-vo-magacinski-prostori/#respond Sat, 18 Sep 2021 08:49:57 +0000 https://kurir.mk/?p=565115

Одделението за истраги - Сектор за контрола и истраги при Царинската управа на Република Северна Македонија, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција, спроведоа заедничка акција против нелегална продажба на режан тутун низ пазарите на територија на град Скопје. Предмет на акцијата беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра. Во акцијата се запленети 860 килограми режан тутун кој беше пронајден по пазарите и други магацински простории. Со ова се избегнати давачки во износ од 1.763.000 денари. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-se-860-kilogrami-rezan-tutun-po-pazarite-i-vo-magacinski-prostori/feed/ 0
Полицијата вечерва со полни раце работа: На ГП „Богородица“ запленет камион полн со марихуана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policijata-vecherva-so-polni-race-rabota-na-gp-bogorodica-zaplenet-kamion-poln-so-marihuana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policijata-vecherva-so-polni-race-rabota-na-gp-bogorodica-zaplenet-kamion-poln-so-marihuana/#respond Sat, 06 Mar 2021 21:37:59 +0000 https://kurir.mk/?p=478324

Полицијата вечерва на граничниот премин „Богородица“ заплени камион полн со марихуана, информираат од МВР. Инаку, денеска во Гевгелија се одвиваше уште една полициска акција за сузбивање на нелегална трговија со дрога, каде се запленети околу 200 килограми марихуана и приведени неколку лица. Од МВР повеќе детали за овие две акции најавуваат за утре.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policijata-vecherva-so-polni-race-rabota-na-gp-bogorodica-zaplenet-kamion-poln-so-marihuana/feed/ 0
Во Белгија запленети 11,5 тони кокаин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belgija-zapleneti-11-5-toni-kokain/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belgija-zapleneti-11-5-toni-kokain/#respond Fri, 06 Nov 2020 10:52:38 +0000 https://kurir.mk/?p=425799

Белгиското сојузно државно обвинителство соопшти дека е пронајдена и запленета рекордна количина од 11,5 тони чист кокаин во контејнер од Гвајана. Стоката е запленета во пристаништето Антверпен и е наменета за Холандија, а откако била откриена, веднаш била уништена. Се проценува дека пазарната вредност на кокаинот е околу 900 милиони евра. Дрогата е откриена во рамките на истрага на белгиското правосудство отворена кон крајот на 2019 година по заплената на 2,8 тони кокаин. Истрагата овозможи разбивање на добро организирана меѓународна криминална организација за која постои сомневање дека редовно доставувала големи количини кокаин од Јужна Америка во Белгија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belgija-zapleneti-11-5-toni-kokain/feed/ 0
Рација во Охрид: Запленети возила, глисери, мотори и скутери поврзани со случајот „Рекет“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/racija-vo-ohrid-zapleneti-vozila-gliseri-motori-i-skuteri-povrzani-so-sluchajot-reket/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/racija-vo-ohrid-zapleneti-vozila-gliseri-motori-i-skuteri-povrzani-so-sluchajot-reket/#respond Sun, 21 Jul 2019 09:32:14 +0000 https://kurir.mk/?p=220657

По барање на Јавното обвинитеслтво за организиран криминал и корупција во Охрид запленети се подвижни предмети поврзани со случајот „Рекет“ за кој се притворени Бојан Јовановски-Боки13 и Зоран Милевски-Кичец, јави порталот OhridSky. Порталот пишува дека по добиен налог од Судија на претходна постапка , МВРО во Охрид одземало, луксузни џипови , чија вредност изнесува околу 500.000 евра,мотори, квадрицикли, брзински мотори, скутери за на Вода и луксузен пловен објект – глисер „Бомбардер“. Според редакцијата Ohridsky сите биле во сопственост на Зоран Милевски-Кичеец и на неговите фиирми. Според проценките, вредноста на запленетите подвижни предмети изнесува над 1.000.000 евра. Порталот дознава дека Јавното обвинитеслтво за организиран криминал и корупција најверојатно ќе бара замрзнување и оддземање на поголем движен имот на Зоран Милевски -Кичеец на атрактивни локации во Охрид, а се проценува на над два милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/racija-vo-ohrid-zapleneti-vozila-gliseri-motori-i-skuteri-povrzani-so-sluchajot-reket/feed/ 0
Во Италија запленет хашиш во вредност од 50 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-zaplenet-hashish-vo-vrednost-od-50-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-zaplenet-hashish-vo-vrednost-od-50-milioni-evra/#respond Sat, 18 May 2019 07:24:11 +0000 https://kurir.mk/?p=199296

Италијанската полиција во близина на островот Маретимо, западно од Сицилија, заплени 5.474 килограми хашиш, чија вредност е проценета на 50 милиони евра. Дрогата била откриена на 12-метарска едрилица, што пловела под турско знаме. Акцијата е спроведена по дојава од француската полиција, која ги информирала италијанските колеги дека едрилицата испловила од алжирското пристаниште Оран. Ова е шест брод кој превезува дрога, што италијанската полиција од минатото лето го запленува во Средоземното Море во реонот на Сицилија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-zaplenet-hashish-vo-vrednost-od-50-milioni-evra/feed/ 0
При царинска контрола откриен и запленет накит вреден 450.000 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pri-carinska-kontrola-otkrien-i-zaplenet-nakit-vreden-450-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pri-carinska-kontrola-otkrien-i-zaplenet-nakit-vreden-450-000-evra/#respond Tue, 25 Dec 2018 13:58:40 +0000 https://kurir.mk/?p=144879

При детален преглед на багаж на турски државјанин на царинската испостава Аеродром Скопје царинските работници открија и запленија златен накит со тежина од околу 400 грама со проценета вредност од околу 450 илјади евра. Како што информира директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, заплената е извршена на 18 декември годинава, а чекале да добијат проценка од вештак за биде објавена во јавноста, бидејќи станувало збор за многу луксузен накит. -Против осомниченото лице од страна на Царинската управа е поднесена кривична пријава за сторено дело „криумчарење“, а судија на претходна постапка му одреди притвор во траење од 30 дена, информира Танасоски на денешната средба со новинарите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pri-carinska-kontrola-otkrien-i-zaplenet-nakit-vreden-450-000-evra/feed/ 0
Запленети алкохолни пијалоци, златен накит, кокаин, фалсификати… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-alkoholni-pijaloci-zlaten-nakit-kokain-falsifikati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-alkoholni-pijaloci-zlaten-nakit-kokain-falsifikati/#respond Mon, 24 Dec 2018 14:22:38 +0000 https://kurir.mk/?p=144349

Царинските службеници во текот на минатите две недели откри и заплени обид за криумчарење кокаин и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани делови за товарни возила, моторно масло, регистарски таблички, ремени за товар, алкохолни пијалоци, златен накит, технички производи, дребонг, облека и фалсификати. Во соработка со Министерство за внатрешни работи на граничниот премин Деве Баир, при контрола на бугарски автомобил со кој, за влез во државата се пријавиле двајца бугарски државјани, извршена по барање на полициските службеници од граничниот премин се откриени 115 грама кокаин, информираат од Царинската управа. Во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимовизапленети се 16 делови за товарни возила, 40 литри моторно масло и комплет регистарски таблички и сообраќајна дозвола. При контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, кој бил сопрен од страна на полициски службеници на патниот правец Велес – Скопје, од мобилните царински тимови запленети се 240 литри домашна ракија и 30 литри домашно вино. На граничниот премин Богородица, кај патник во турски автобус што сообраќал на редовна линија Истанбул – Гостивар, откриени се 19 парчиња златни синџирчиња со приврзок, со маса од околу 58 грама. Во два одвоени случаи од мобилните царински тимови откриени се 32 употребувани компјутерски стикови Intel STK1AW32SC и Intel STCK1A32WFC, 23 адаптери за напојување на истите и 1 употребуван дребонг. Царинските службеници на граничниот премин Богородица, откриле 214 парчиња детска облека (тренерки, блузи, џемпери, јакни, фармерки и друго), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-alkoholni-pijaloci-zlaten-nakit-kokain-falsifikati/feed/ 0