запленети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 09:18:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png запленети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Царинска управа: Запленети 20 илјади евра кои македонски државјанин сакал нелегално да ги внесе во државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tsarinska-uprava-zapleneti-20-iljadi-evra-koi-makedonski-drzhavjanin-sakal-nelegalno-da-gi-vnese-vo-drzhavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tsarinska-uprava-zapleneti-20-iljadi-evra-koi-makedonski-drzhavjanin-sakal-nelegalno-da-gi-vnese-vo-drzhavata/#respond Wed, 25 Oct 2023 09:18:41 +0000 https://kurir.mk/?p=892862

Царинските службеници на Табановце во текот на минатиот викенд запленија околу 20 илјади евра кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата. Непријавените девизи се откриени при детална контрола на возилото со кое лицето патувало. -На 22 октомври, македонскиот државјанин кој управувал со возило со шведски регистарски таблички, на влез во државава изјавил дека со себе има само околу 10 илјади евра, иако носел вкупно 29.950 евра. Поради постоење на сомнеж, царинските службеници извршиле детална контрола и притоа зад возачкиот штитник за сонце и во просторот помеѓу предните седишта откриле поголем износ на девизи, коишто лицето не ги пријавило и за истите не поседувало документ за потекло, информираат од Царинска управа. Согласно Законот за девизно работење, на патникот му се вратени 10 илјади евра, од кои останатите 19.950 евра се привремено задржани и согласно регулативата ќе бидат предадени во Народна банка, а против лицето е поднесена пријава за сторен девизен прекршок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tsarinska-uprava-zapleneti-20-iljadi-evra-koi-makedonski-drzhavjanin-sakal-nelegalno-da-gi-vnese-vo-drzhavata/feed/ 0
Запленети 78 руски авиони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapleneti-78-ruski-avioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapleneti-78-ruski-avioni/#respond Tue, 22 Mar 2022 11:34:16 +0000 https://kurir.mk/?p=651305

Седумдесет и осум руски авиони се запленети во странство, соопшти денеска руското Министерство за транспорт, јавија руски медиуми. Руските авиокомпании имаат регистрирано речиси 800 авиони во Русија. Според Министерството, Русија се води од искуството на Иран за тоа како да се сервисираат авиони во слична ситуација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapleneti-78-ruski-avioni/feed/ 0
Украина заплени два македонски камиони: Ни рекоа имате пет минути да се спакувате и да си одите, еве што се превезувало во нив https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukraina-zapleni-dva-makedonski-kamioni-ni-rekoa-imate-pet-minuti-da-se-spakuvate-i-da-si-odite-eve-shto-se-prevezuvalo-vo-niv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukraina-zapleni-dva-makedonski-kamioni-ni-rekoa-imate-pet-minuti-da-se-spakuvate-i-da-si-odite-eve-shto-se-prevezuvalo-vo-niv/#respond Wed, 09 Mar 2022 14:00:17 +0000 https://kurir.mk/?p=644084

После 12 дена чекање на украинско-полската граница возачите на валандовска фирма добиле дозвола да излезат од Украина, но како пешаци и без камиони. Според сопственикот на фирмата камионите се запленети без образложение и без никаков документ. Украинските погранични власти доцна синоќа само им соoпштиле на возачите дека имаат пет минути да ги спакуваат личните работи и да ја напуштат државата, но без камионите и стоката натоварена во нив. Освен двата македонски, биле одземени и неколку руски и белоруски камиони кои во изминатите две недели исто така беа заглавени на украинската граница. Сопственикот на валандовската фирмата сега бара помош од институциите за да може да си ги врати возилата кои чинат над 200 илјади евра. Двата камиони беа товарени со јаболко кое патуваше за Русија, а во Украина влегле пред за започне конфликтот. Откако почнаа воените дејствија возачите добиле налог да ја сменат насоката и да се вратат назад, но проблемот се јавил кога дошле на украинско-полската граница каде што чекаа се до синoќа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukraina-zapleni-dva-makedonski-kamioni-ni-rekoa-imate-pet-minuti-da-se-spakuvate-i-da-si-odite-eve-shto-se-prevezuvalo-vo-niv/feed/ 0
Пронајдени и одземени прехранбени производи без декларација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdeni-i-odzemeni-prehranbeni-proizvodi-bez-deklaracija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdeni-i-odzemeni-prehranbeni-proizvodi-bez-deklaracija/#respond Wed, 16 Feb 2022 14:03:50 +0000 https://kurir.mk/?p=632194

На 15.02.2022 на крстосница за с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север била извршена контрола на патничко возило „опел вектра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(34) од с.Алгуња, општина Старо Нагоричане. При контролата биле пронајдени поголемо количество прехранбени производи без декларација и без соодветна документација. За случајот бил известен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство - Подрачна единица Куманово, кој излегол на местото и констатирал прекршок од Законот за безбедност на храна. Против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, а производите ќе бидат уништени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdeni-i-odzemeni-prehranbeni-proizvodi-bez-deklaracija/feed/ 0
Запленети 53 килограми марихуана, приведен дилер од село Калишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-53-kilogrami-marihuana-priveden-diler-od-selo-kalishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-53-kilogrami-marihuana-priveden-diler-od-selo-kalishta/#respond Wed, 09 Dec 2020 09:48:26 +0000 https://kurir.mk/?p=440790

Полицијата вчера приведе 46-годишен дилер на дрога од село Калишта, при што заплени 53 килограми марихуана. Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, по претходно добиени оперативни сознанија, вчера во 13 часот во близина на село Старо Лагово од слобода го лиши Ф. Д. (46) од село Калишта, кој управувал патничко возило „ауди“. – На даден знак од полициски службеник да застане, Ф.Д. не застанал туку продолжил со движење и потоа исфрлил две торби со марихуана со вкупна тежина од околу 53 килограми. По преземени мерки, возилото е запрено, а возачот приведен, се вели во соопштението од МВР. По документирање на случајот, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-53-kilogrami-marihuana-priveden-diler-od-selo-kalishta/feed/ 0
Запленети златни монети, две лица приведени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-zlatni-moneti-dve-lica-privedeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-zlatni-moneti-dve-lica-privedeni/#respond Sat, 14 Nov 2020 10:46:08 +0000 https://kurir.mk/?p=429405

На 13.11.2020 година по добиени сознанија дека И.Н. од Прилеп, заедно со уште едно лице договориле продажба на златни монети на лице во Кочани, околу 11 часот на регионалниот пат, на влез на Кочани, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност во координација со СВР Штип запреле возило „фолксваген“ , управувано од И.Н., а сопатник бил Ш.С. од Кавадарци. При преглед на возилото, пронајдени се 16 златни монети . Поради постоење на основи на сомнение за кривично дело Прикривање по член 261 став 3 во врска со точка 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица Кочани , известен е јавен обвинител од кого се добиени насоки лицата да се задржат за понатамошна постапка. Во текот на вчерашниот ден извршен е претрес на дом и други простории кај три лица Е.П (43)од Кавадарци,Ш.С(41) од Кавадарци и И.Н(46)од Прилеп.Во тек се претреси на уште две локации во Скопје и Кочани . Во врска со овој кривично правен настан МВР соработува и разменува дополнителни информации со Интерпол и Европол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-zlatni-moneti-dve-lica-privedeni/feed/ 0
САД запленија милиони долари од налози што ги користеле екстремистите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-zaplenija-milioni-dolari-od-nalozi-shto-gi-koristele-ekstremistite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-zaplenija-milioni-dolari-od-nalozi-shto-gi-koristele-ekstremistite/#respond Fri, 14 Aug 2020 06:59:42 +0000 https://kurir.mk/?p=390501

Министерството за правда на САД соопшти дека се запленети милиони долари од криптовалутните налози во странство што екстремистичките организации, помеѓу кои и Ал Каеда и Исламска држава ги користеле за финансирање на насилни операции. Екстремистичките групи ги користеле налозите за донации, а некои од нив и мамеле дека продаваат заштитна опрема за Ковид-19. Тоа е најголема операција за заплена на средства во облик на дигитална валута поврзана со тероризмот. Криптовалутите, како биткоинот, често се користат за недозволени трансакции бидејќи се верува дека потешко им се влегува во трага. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-zaplenija-milioni-dolari-od-nalozi-shto-gi-koristele-ekstremistite/feed/ 0
Во француско пристаниште запленети 1,3 тони кокаин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francusko-pristanishte-zapleneti-1-3-toni-kokain/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francusko-pristanishte-zapleneti-1-3-toni-kokain/#respond Thu, 06 Aug 2020 07:31:58 +0000 https://kurir.mk/?p=386928

Француските власти заплениле 1,3 тони кокаин скриени во контејнер со вреќи ориз од Јужна Америка во пристаниште на северот на државата, изјави неименуван извор запознаен со случајот. Контејнерот бил пресретнат во пристаништето Лон-Плаж, во близина на Денкерк, пристигнал од Суринам, објави локален француски весник. Неименуван извор изјавил дека во Франција ретко се запленува повеќе од еден тон дрога и дека овој случај е „сигурно рекорд за Денкерк“. Царинските службеници ја откриле дрогата во понеделникот додека проверувале контејнер во пристаништето за време на претовар на стока. Засега нема уапсени, а истрагата ја води полицијата во градот Лил. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francusko-pristanishte-zapleneti-1-3-toni-kokain/feed/ 0
Интерпол: Запленети 17.000 лажни тестови за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/interpol-zapleneti-17-000-lazni-testovi-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/interpol-zapleneti-17-000-lazni-testovi-za-kovid-19/#respond Wed, 22 Jul 2020 13:21:09 +0000 https://kurir.mk/?p=379683

Полицијата заплени 17.000 лажни комплети за тестирање за Ковид-19, кои биле пронајдени во операции против шверц на нелегална храна и пијалаци во десетици земји, соопшти денеска Интерпол. Полицијата запленила фалсификувани или нестандардни производи во вредност од 34,5 милиони евра во 77 земји и уапсила 407 лица во операција која траела од декември 2019 до јуни 2020 година. Меѓу производите има млечни производи, месо од незаконски заклани животни и прехранбени производи лажно обележани како лекови, објави Интерпол. Полицијата пресретнала и илјадници фалсификувани медицински производи, во време кога земјите ширум светот побрзаа да се снабдат со медицински материјал поради блокадата воведена за да се спречи ширењето на коронавирусот. – Додека земјите ширум светот продолжуваат со напорите да го контролираат Ковид-19, криминалните мрежи кои ги дистрибуираат овие потенцијално опасни производи само ја покажуваат својата решеност само да заработат, изјави генералниот секретар на Интерпол, Јирген Шток. Покрај лажните тестови за Ковид-19, во акциите биле пронајдени средства за дезинфекција, па дури и пратка морска храна во Јужна Африка со потекло од Азија, која била лажно декларирана како лична заштитна опрема. – Другите нелегални производи што се пронајдени вклучуваат козметика, чевли, облека, торби, делови за автомобили, електроника, тутун и лекови, во вредност од околу 3,1 милиони долари, соопшти Интерпол. Ова е деветта година на агенцијата за координирана акција во рамките на операцијата Опсон против фалсификувана или нестандардна храна и пијалоци, која редовно запленува илјадници тони фалсификувани и потенцијално штетни производи. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/interpol-zapleneti-17-000-lazni-testovi-za-kovid-19/feed/ 0
Во заедничка акција на Колумбија и САД запленети 7,5 тони кокаин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zaednichka-akcija-na-kolumbija-i-sad-zapleneti-7-5-toni-kokain/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zaednichka-akcija-na-kolumbija-i-sad-zapleneti-7-5-toni-kokain/#respond Thu, 02 Jul 2020 06:18:36 +0000 https://kurir.mk/?p=367087

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони американски долари, соопшти денеска колумбиската Влада. Дрогата била спакувана заедно со градежни материјали и транспортирана помеѓу пристанишниот град Картагена и Панама. Како што се наведува во соопштението, таа им припаѓа на шверцери поврзани со клан на Заливот и требало да биде доставена до други криминални групи во Централна Америка и Европа. Колумбија останува еден од најголемите производители на кокаин, и покрај долгогодишните напори да се запре трговијата со дрога. Како што пренесуваат странските агенции, левичарските бунтовници, криминални кланови и поранешни десничарски паравоени сили се вмешан во производство и транспорт на дрога. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zaednichka-akcija-na-kolumbija-i-sad-zapleneti-7-5-toni-kokain/feed/ 0