запленување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 26 Nov 2022 11:51:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png запленување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На Табановце запленети 12 килограми екстази во вредност од 200 илјади евра, требало да завршат во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-tabanovce-zapleneti-12-kilogrami-ekstazi-vo-vrednost-od-200-iljadi-evra-trebalo-da-zavrshat-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-tabanovce-zapleneti-12-kilogrami-ekstazi-vo-vrednost-od-200-iljadi-evra-trebalo-da-zavrshat-vo-zemjava/#respond Sat, 26 Nov 2022 11:51:40 +0000 https://kurir.mk/?p=766854

Инспектори од мобилните тимови на Царинската управа запленија 26 илјади таблети екстази со вкупна тежина од околу 12 килограми, 84 грама кокаин и 31 грам марихуана, со проценета вредност од 200 илјади евра, кои требало да бидат дистрибуирани во земјава. Направени се и дополнителни претреси на неколку локации и до Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава против три лица. Имено, како што соопшти денеска Царинската управа, наркотичната дрога е пронајдена на ден 25.11.2022 во раните утрински часови на влез на граничниот премин Табановце, по извршена царинска контрола со мобилен скенер на патничко возило со странски регистарски таблички управувано од македонски државјанин. Истиот ден по издадени наредби за претрес на дом и други простории од страна на инспекторите од Секторот за контрола и истраги од Царинската управа, во соработка со полициски службеници од СВР Скопје и МВР-ОКП-единици за недозволена трговија со дрога, извршени се претреси на неколку адреси во Скопје и Тетово. Притоа се пронајдени дополнителни докази и се приведени уште две лица. Царинската управа – Секторот за контрола и истраги денеска до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три лица за сторено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, прихотропни суптанци и прекурсори“ и за истите е предложена мерка притвор од 30 дена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-tabanovce-zapleneti-12-kilogrami-ekstazi-vo-vrednost-od-200-iljadi-evra-trebalo-da-zavrshat-vo-zemjava/feed/ 0
Шпанската полиција запленила рекордни 32 тони канабис https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskata-policija-zaplenila-rekordni-32-toni-kanabis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskata-policija-zaplenila-rekordni-32-toni-kanabis/#respond Sat, 05 Nov 2022 14:36:48 +0000 https://kurir.mk/?p=756212

Шпанската полиција денеска соопшти дека запленила 32 тони канабис, посочувајќи дека станува збор за светски рекорд. Вредноста на дрогата на црниот пазар изнесува околу 64 милиони евра. Канабисот е запленет како дел од истрагата во која беа уапсени 20 лица. Полициската операција беше спроведена во изминатите неколку недели во неколку шпански градови, вклучително и Толедо и Валенсија, каде што осомничените го складирале најголемиот дел од својата стока Според шпанската полиција, канабисот бил спакуван со план да биде дистрибуиран во различни шпански региони, но и во странски земји, „главно во Швајцарија, Холандија, Германија и Белгија“. Во акцијата се приведени 20 лица на возраст од 20 до 59 години. Од нив, девет се мажи, а 11 се жени. Криминалната група на која и припаѓаат „го контролирала целиот процес на производство и дистрибуција на дрога“, објаснуваат од полицијата. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskata-policija-zaplenila-rekordni-32-toni-kanabis/feed/ 0
Меѓународна акција за сузбивање криминал во Југоисточна Европа: Во Македонија запленети злато, оружје, дрога и пари – откриени вкупно 389 мигранти (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/megjunarodna-akcija-za-suzbivanje-kriminal-vo-jugoistochna-evropa-vo-makedonija-zapleneti-zlato-oruzje-droga-i-pari-otkrieni-vkupno-389-migranti-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/megjunarodna-akcija-za-suzbivanje-kriminal-vo-jugoistochna-evropa-vo-makedonija-zapleneti-zlato-oruzje-droga-i-pari-otkrieni-vkupno-389-migranti-foto/#respond Sun, 30 Oct 2022 10:06:44 +0000 https://kurir.mk/?p=752604

Во рамки на Заедничките акциски денови на Европол во периодот од 26 до 29 октомври, беше спроведена меѓународна акција „Акциски денови– JAД 2022 – Југоисточна Европа“ за спречување на недозволена трговија со огнено оружје и муниција, недозволена трговија со дрога и сузбивање на прекуграничен криминал и илегална миграција. Во операцијата покрај Република Северна Македонија учествуваа повеќе земји од регионот и земји членки на Европска унија, додека на граничните премини беа присутни и претставници од Фронтекс. Во нашата земја се вршеа зајакнати селективни контроли при влез и излез на граничните премини на патници, автобуси, патнички и товарни моторни возила. Освен полициски службеници од Министерството за внатрешни работи во спроведувањето на акцијата учество зедоа и царински службеници од Царинската управа на Република Северна Македонија, преку своите мобилните тимови. Носител на акцијата во Министерството за внатрешни работи, беше Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, а учество во реализацијата зедоа полициски службеници од повеќе надлежни организациски единици, како што се организиран и сериозен криминал, гранични работи, криминалистичко разузнавање и анализа, меѓународна полициска соработка, како и Секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Струмица, Битола и Охрид. Притоа, беше извршена контрола и преглед на 858 селектирани лица, 437 патнички возила, 10 товарни возила и 22 автобуси. При извршените прегледи, како и извршените 20 претреси на повеќе локации низ државата, при што се лишени од слобода 13 лица за понатамошна постапка. Пронајдени се осум пушки, три пиштоли различни марки и калибар, како и по еден гасен, сигнален и пневматски пиштол, 356 парчиња муниција различен калибар, рамка за пиштол, 91 парче пиротехнички средства, 2,5 килограми висококвалитетен златен накит, 1,5 килограм наркотична дрога марихуана, 360 семки од растението „канабис“, поголем број различни пакувања и зипер кесиња со прашкаста материја, два метални детектори за откривање на метал во земја, 286 метални монети и накит од постаро време, 50.000 евра како и поголем износ на денари во различни апоени идр. За време на акцијата, откриени се вкупно 389 мигранти од кои 202 од Сирија, 80 од Авганистан, 34 од Мароко , 23 од Конго, 17 од Пакистан, осум од Палестина...

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/megjunarodna-akcija-za-suzbivanje-kriminal-vo-jugoistochna-evropa-vo-makedonija-zapleneti-zlato-oruzje-droga-i-pari-otkrieni-vkupno-389-migranti-foto/feed/ 0
Естонија заплени 3,5 тони кокаин, најголемиот дел бил наменет за Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-zapleni-3-5-toni-kokain-najgolemiot-del-bil-namenet-za-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-zapleni-3-5-toni-kokain-najgolemiot-del-bil-namenet-za-rusija/#respond Tue, 26 Apr 2022 12:33:15 +0000 https://kurir.mk/?p=668055

Естонските гранични служби открија 3,5 тони кокаин во пратка со банани од Еквадор, вредна околу половина милијарда евра, соопшти денеска естонското обвинителство. Естонските служби во соработка со холандската полиција, финската гранична служба и Европол откриле товар од 72 пакувања бел прав во естонското пристаниште Муга. Анализата утврдила дека се работи за кокаин. Шверцот бил откриен на 21 март на бродот Милан експрес кој од Ротердам тргнал на 5 март. Крајната дестинација за најголемиот дел од контејнерите била Русија, се вели во соопштението. Се тврди дека станува збор за една од најголемите заплени на кокаин во балтичките земји и Северна Европа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-zapleni-3-5-toni-kokain-najgolemiot-del-bil-namenet-za-rusija/feed/ 0
МВР: Во прилепско запленети над 25 кубици дрва без соодветна документација, следуваат кривични пријави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-vo-prilepsko-zapleneti-nad-25-kubici-drva-bez-soodvetna-dokumentacija-sleduvaat-krivichni-prijavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-vo-prilepsko-zapleneti-nad-25-kubici-drva-bez-soodvetna-dokumentacija-sleduvaat-krivichni-prijavi/#respond Tue, 22 Mar 2022 14:09:50 +0000 https://kurir.mk/?p=651420

На 21.03.2022 во периодот од 18.00 до 24.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово и Полициската станица Прилеп при СВР Битола во содејство со Шумска полиција Прилеп, при спроведена акциска контрола, во с.Гостиражни од Љ.Н.(38) и М.Н.(49) од с.Гостиражни биле одземени околу 11 кубни метри нежигосани дабови дрва без соодветна документација. Исто така, над с.Гостиражни биле пронајдени околу 8 кубни метри нежигосани дабови дрва, кои ќе бидат предадени на Шумска полициjа Прилеп, додека, пак, на подрачјето над вештачкото езеро во Прилеп било затекнато лицето Џ.А. со запрежна кола натоварена со нежигосани дабови дрва од околу 1,5 кубни метри и моторна пила, кои биле одземени. Во тој дел биле пронајдени и бесправно исечени околу 5 кубни метри огревни дрва. Пронајдените дрва биле биле подигнати од Шумска полиција Прилеп, а по целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-vo-prilepsko-zapleneti-nad-25-kubici-drva-bez-soodvetna-dokumentacija-sleduvaat-krivichni-prijavi/feed/ 0
ФОТО: Српски цариници на границата со Македонија запленија над 100.000 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-srpski-carinici-na-granicata-so-makedonija-zaplenija-nad-100-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-srpski-carinici-na-granicata-so-makedonija-zaplenija-nad-100-000-evra/#respond Tue, 01 Mar 2022 16:09:41 +0000 https://kurir.mk/?p=638793

Во текот на изминатите неколку дена, српските царински службеници во соработка со полицијата на граничните премини Прешево и Прохор Пчињски со Северна Македонија спречија два обиди за шверц на девизи преку граница и запленија вкупно 91.000 евра, јави дописникот на МИА од Белград. Првиот случај се случил на 25 февруари 2022 година на преминот Прохор Пчињски, каде поради непријавување девизи брачна двојка македонски државјани е прогласена за виновна, соопштија од српската Царинска управа. Брачната двојка македонски државјани се движела со автомобил со германски регистарски таблички, а кога поради контрола биле запрени на излез од Србија, рекле дека немаат што да пријават. Но, било утврдено дека возачот во личната торба имал 30.000 евра за кои немал потврда, додека во чантата на неговата сопруга биле пронајдени уште 11.000 евра. Откако на патниците им била вратена дозволената сума од 10.000 евра, со прекршочна пријава е задржана сума од 21.000 евра до завршување на судската постапка. Во вториот случај, кој се случи на 28.02.2022 година, на преминот Прешево-Табановце, при детална контрола на влез во Србија на „БМВ“ со кое патувал 46-годишен маж со лични документи од Косово, на прашањето дали има нешто за пријавување, патникот одговорил негативно, по што цариниците при преглед на неговиот автомобил во преграда на возачката врата пронашле 80.000 евра. Ковертот со банкноти од по 500 евра бил добро скриен под разни ситни предмети и музички дискови. Во прекршочната постапка надлежниот суд ќе одлучува за судбината на 70.000 евра колку што е разликата меѓу откриената и дозволената сума што не мора да се пријави при преминување на српската граница. За да се избегнат ваквите ситуации, од српската Царинска управа потсетуваат дека секоја сума поголема од 10.000 евра во динари или девизи треба да се пријави при секое преминување на српската државна граница и дека таквата постапка не трае повеќе од неколку минути.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-srpski-carinici-na-granicata-so-makedonija-zaplenija-nad-100-000-evra/feed/ 0
Запленет еден тон кокаин во Колумбија кој бил наметен за Балканот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaplenet-eden-ton-kokain-vo-kolumbija-koj-bil-nameten-za-balkanot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaplenet-eden-ton-kokain-vo-kolumbija-koj-bil-nameten-za-balkanot/#respond Sun, 09 Jan 2022 11:10:09 +0000 https://kurir.mk/?p=617153

Колумбиската управа за борба против наркотици при рутинска проверка во пристаништето Буенавентура открила контејнер во кој имало еден тон кокаин, при што товарот бил наменет за балкански нарко-картел, а дестинацијата на бродот била Бугарија. Кучиња трагачи успеале да откријат психотропни супстанци во пратката со крзно и кожени производи, објави колумбиската веб-страницата „Каракол“. Полициските службеници потоа извршиле детален преглед на стоката и пронашле пластични фолии со „бела материја“, која по тестирањето била позитивна на кокаин, а пратката била тешка еден тон. Прелиминарната истрага утврдила дека кокаинот бил наменет за европски картел од Балканот, со цел понатаму да се дистрибуира на Запад, во земји како Италија, Франција и Германија, каде би можел да се продаде за околу 75 милиони долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaplenet-eden-ton-kokain-vo-kolumbija-koj-bil-nameten-za-balkanot/feed/ 0
Полицијата добила налог да го заплени телефонот на Алек Болдвин – има ли можеби докази во мобилниот поврзани со случајот ?! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/policijata-dobila-nalog-da-go-zapleni-telefonot-na-alek-boldvin-ima-li-mozebi-dokazi-vo-mobilniot-povrzani-so-sluchajot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/policijata-dobila-nalog-da-go-zapleni-telefonot-na-alek-boldvin-ima-li-mozebi-dokazi-vo-mobilniot-povrzani-so-sluchajot/#respond Fri, 17 Dec 2021 11:04:34 +0000 https://kurir.mk/?p=609744

Американската полиција, која ги истражува околностите околу смртта на директорката на фотографија на сетот на филмот „Раст“, доби наредба да го одземе мобилниот телефон на актерот Алек Болдвин. Болдвин, кој ненамерно ја уби снимателката Галина Хачинс додека снимала, тврди дека не го „повлекол чкрапалото“ на пиштолот што го држел. Во судскиот налог, издаден вчера, се наведува дека „можеби има докази на телефонот“ кои се однесуваат на случајот, како што се пораки или мејлови испратени или примени од Алек Болдвин во врска со продукцијата на филмот. Болдвин, кој е и продуцент на филмот, посебно разменил мејлови со задолжениот за оружјето на сетот, во врска со видот на револверот што ќе се користи во сцена на снимањето на „Раст“ Во инцидентот на снимањето на филмот, што се случи на 21 октомври полесно бил поврден и режисерот Џоел Соуза. Откако била повредена Галина Хачинс со хеликоптер била префрлена во болница, каде што починала од здобиените повреди. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/policijata-dobila-nalog-da-go-zapleni-telefonot-na-alek-boldvin-ima-li-mozebi-dokazi-vo-mobilniot-povrzani-so-sluchajot/feed/ 0
ФОТО: Запленети над 26 илјади парчиња пиротехника на патарината кај Желино, приведено едно лице од Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-zapleneti-nad-26-iljadi-parchinja-pirotehnika-na-patarinata-kaj-zelino-privedeno-edno-lice-od-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-zapleneti-nad-26-iljadi-parchinja-pirotehnika-na-patarinata-kaj-zelino-privedeno-edno-lice-od-skopje/#respond Thu, 16 Dec 2021 09:25:10 +0000 https://kurir.mk/?p=609180

Сообраќајни полицајци успеале да откријат и запленат над 26 илјади парчиња пиротехника утринава на наплатна станица за патарина кај тетовско Желино. Пиротехниката била најдена кај 53 годишен жител на Скопје, кој е приведен. – Полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово денеска (16 декември) околу 7 часот, при планирана контрола, а по претходни оперативно потврдени сознанија, на наплатна станица Желино, го лишиле од слобода Н.И.(53) од Скопје. При преглед на возилото што го управувал „фиат добло“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на скопска фирма, во возилото биле пронајдени 26.540 разновидни петарди и друга пиротехника и 77 килограми тутун, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Пронајденото е фотодокументирано и одземено за вештачење, а Н.И. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-zapleneti-nad-26-iljadi-parchinja-pirotehnika-na-patarinata-kaj-zelino-privedeno-edno-lice-od-skopje/feed/ 0
ЗАПЛЕНЕТИ 1200 ПАКЕТИ СО ЦИГАРИ И 280 КИЛОГРАМИ ТУТУН – поднесена кривична пријава против едно лице https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapleneti-1200-paketi-so-cigari-i-280-kilogrami-tutun-podnesena-krivichna-prijava-protiv-edno-lice/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapleneti-1200-paketi-so-cigari-i-280-kilogrami-tutun-podnesena-krivichna-prijava-protiv-edno-lice/#respond Tue, 07 Sep 2021 13:34:09 +0000 https://kurir.mk/?p=560580

Одделението за истраги при Царинската управа на Република Македонија заедно со Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола против нелегална продажба на режан тутун. – На територијата на град Скопје привремено се одземени 280 килограми режан тутун со што избегната е наплата на акциза во износ од околу 500.000 денари. Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 279 Б од кривичниот закон, информира Царинската управа. Истовремено, на граничниот премин Табановце, Царинската управа информира дека е извршена детална контрола на товарно моторно возило, при што, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржале 1200 пакети (59.996 штеки) цигари со трговска Marble Filter de luxe. Целокупната стока, со вкупна вредност по фактура од 6.155.280,00 денари е привремено задржана поради основано сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост. – Цигарите и режаниот тутун се акцизни производи, за кои се плаќа акциза, а кога ќе се најдат во малопродажба, истите мора да бидат обележани со контролни марки. Акцизите учествуваат со околу 22 проценти во вкупните даноци кои ги прибира државата, а во буџетските приходи акцизите учествуваат со 13 отсто, од кои над 5 проценти се од цигари и тутунски производи. Соодветно на тоа, станува збор за значаен извор на приходи во буџетот на државата, се наведува во соопштението. Од Царинската управа додаваат дека проблемот и обемот на штетите со нелегалната трговија на тутунот и тутунските производи бара континуиран напор да се спречи нелегалниот промет на акцизни добра. Тие велат дека на овој начин ја штитат конкурентноста и истовремено го спречуваат неплаќањето на давачки кон државата. Но, дополнително го штитат и здравјето на луѓето, што може да биде загрозено при употреба на непроверени производи нелегално пуштени во промет. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapleneti-1200-paketi-so-cigari-i-280-kilogrami-tutun-podnesena-krivichna-prijava-protiv-edno-lice/feed/ 0