започната – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 13 Feb 2021 12:48:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png започната – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заев повторно излажа – Вакцинацијата против Ковид-19 во Албанија и БиХ е започната https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-povtorno-izlaza-vakcinacijata-protiv-kovid-19-vo-albanija-i-bih-e-zapochnata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-povtorno-izlaza-vakcinacijata-protiv-kovid-19-vo-albanija-i-bih-e-zapochnata/#respond Sat, 13 Feb 2021 10:37:20 +0000 https://kurir.mk/?p=468185

Премиерот Зоран Заев повторно ја излажа македонската јавност околу вакцинацијата во регионот. Имено, Заев вчера после судското рочиште во изјава за медиумите рече дека Македонија не е единствената земја која нема добиено вакцини, тоа е случај со целиот Западен Балкан. -Северна Македонија не е единствената која нема добиено вакцини, туку тоа е случај со целиот Западен Балкан, односно и со Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора. „Србија го има седиштето на ’Фајзер‘ и секако има успеано, и добро е што успеа да набави вакцини. Земјите од Западен Балкан, кои се кандидати за членство, освен Србија, сè уште чекаме да набавиме вакцини преку системот Ковакс, преку директни договори со ’Фајзер‘, директно преку ЕУ – 70 милиони евра кои Оливер Вархеји ги понуди за да го платат процесо, истакна вчера Заев. Но реалноста во регионот се сосема поинаква од она за која тврди премиерот, односно вакцинацијата против коронавирус во Албанија е започната уште кон средината на јануари, поточно на 11 јануари а вакцините Албанија ги доиби како донација од европска држава. Тогаш меѓу првите се вакцинираше и албанскиот премиер Еди Рама. Рама истакна дека ќе се вакцинира со цел да им се покаже на скептиците дека се е безбедно, и дека единствено оружје за уништување на овој невидлив непријател е токму вакцината. -Ќе се вакцинирам, можеби преку ред, зашто прво со оваа имунизација планирано е да се опфатат здравствените работници, но тоа ќе го сторам во знак на сенсибилизација за сите скептици. Секако дека тоа ќе го сторам само за да дадам јасна порака дека не само што е безбедно, туку и е оружје за уништување на овој невидлив непријател. Министерката Манастирлиу како и сите други ќе чекаат ред, зашто не може да влезат и да го земат она што им припаѓа на лекарите, медицинските сестри, полицајците, истакна Рама. Во меѓувреме во Република Албанија на самиот почеток на месец Февруари пристигна и првата пратка на вакцини набавена дирекно од производителот Фајзер, а по заслуга на албанскиот премиер Еди Рама кој лично отпатува за САД на дирекни преговори со производителот и резултатот од истите може да се види на дело, а на втори јануари Рама ја прими и втората доза на вакцина. Исто така и Босна и Херцеговина вчера започна вакцинацијата против коронавирус, а првите дози на вакцини од руско производство „Спутник V“ ги примија директорот на Клиничкиот центар во Бања Лука и локалните здравствени работници. Преку телевизиски пренос на јавниот сервис на Република Српска, директорот на КЦ Владо Џајиќ ја прими првата доза вакцина Спутник V, а после тоа биле вакцинирани уште околу седумдесеттина вработени во клиничкиот центар во Бања Лука. -Цела година ја чекавме вакцината, но сега веруваме во нејзините резултати, рече Џајиќ, додавајќи дека тој е првиот што се вакцинирал и со личен пример покажал дека вакцината е сигурна и дека нема причина да се плашат од несакани ефекти. Директорот на болницата во Бања Лука и неговите вработени ја примиле вакцината од пробен контингент од 2.000 дози, доставени од Русија пред околу десетина дена, со цел да се потврди нејзината исправност во лабораторија во БиХ. Откако Агенцијата за лекови на БиХ ја одобрила употребата на оваа вакцина, преостанатите дози биле искористени за симболично означување на почетокот на кампањата за вакцинација. Во меѓувреме, лидер по вакцинација против коронавирус во регионот е Србија која што заклучно вчерашниот ден вакцинирала повеќе од 630.000 лица од своето население, а и останатите земји околу нас забрзано го имунизираат своето население кое во бројка е во илјадници. Република Македонија останува да го чека последниот воз, па македонските граѓани се надеваат дека после долгите најави дека само што не пристигнала вакцината конечно од наредната недела истите ќе пристигнат во земјата и ќе се стартува со имунизација на населението против корона вирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-povtorno-izlaza-vakcinacijata-protiv-kovid-19-vo-albanija-i-bih-e-zapochnata/feed/ 0