запоржје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Jul 2023 16:55:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png запоржје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МААЕ бара поголем пристап до нуклеарната централа Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-bara-pogolem-pristap-do-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-bara-pogolem-pristap-do-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/#respond Fri, 07 Jul 2023 16:55:51 +0000 https://kurir.mk/?p=854171

Шефот на нуклеарната агенција на Обединетите нации, Рафаел Гроси, денеска изјави дека се обидува да добие пристап до покривот на нуклеарната централа Запорожје во Украина, откако Украина и Русија повторно се обвинија меѓусебно за планирање напади. Русите им дадоа на официјални лица на МААЕ само ограничен пристап до нуклеарната централа што Москва ја окупираше на почетокот на нејзината инвазија врз Украина. Завршувајќи ја четиридневната посета на Јапонија, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) рече дека неговата агенција постигнала напредок во пристапот до Запорожје. - Тоа е како разговор и се обидувам да добијам што е можно поголем пристап, рече Гроси во интервју за АП, додавајќи дека имало „маргинално подобрување“, пренесе Бета. Повикувајќи се на разузнавачки извештаи, украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот вечерта изјави дека руски војници поставиле „предмети слични на експлозив“ на неколку енергетски единици за да лажираат напад. Во Русија, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оваа недела ја нарече ситуацијата во нуклеарната централа „прилично напната“ и го обвини Киев дека планира саботажа. Гроси рече дека МААЕ направила пресметки за можното влијание на експлозии или бомбардирање на електраната врз животната средина. - Имате доволно нуклеарен материјал за да создадете прилично катастрофално најлошо сценарио, но може да се случат различни алтернативни работи, рече тој. Тој рече дека МААЕ неодамна добила пристап до дополнителни делови од локацијата, вклучително и резервоари за ладење и капацитети за складирање гориво, и дека не открила никаква активност што би укажала на поставување експлозиви, но тоа не значи дека тоа нема да се случи.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-bara-pogolem-pristap-do-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/feed/ 0
МААЕ не најде докази за минирање на нуклеарната централа Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-ne-najde-dokazi-za-minirane-na-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-ne-najde-dokazi-za-minirane-na-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/#respond Wed, 05 Jul 2023 17:34:37 +0000 https://kurir.mk/?p=853254

За време на последната инспекција на нуклеарната централа Запорожје што ја држат Русите, експертите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) не воочиле никакви знаци на поставени мини или експлозиви во централата, но за да бидат целосно сигурни во тоа, им треба подобар пристап до електраната, соопшти денеска МААЕ. Русија и Украина вчера меѓусебно се обвинија дека планираат напад на најголемата нуклеарна централа во Европа. МААЕ постојано предупредуваше дека таму може да се случи катастрофа поради воени судири во близина. Двете земји меѓусебно се обвинуваат за гранатирање, кое неколку пати досега предизвика прекин на електрични водови важни за ладење на шесте реактори на електраната и за спречување на дефекти. Експертите на МААЕ „во последните денови и недели прегледаа делови од централата, вклучително и делови од периметарот на големиот базен за ладење, а ја посетија и целата област, но досега не забележаа видливи знаци на поставени мини или експлозив во централата“, се вели во соопштението на МААЕ. - Експертите на МААЕ побараа дополнителен пристап, кој е неопходен за да се потврди отсуството на мини или експлозиви, се додава во соопштението. Поточно, од суштинско значење е пристап до покривите на реакторските единици 3 и 4, како и пристап до делови од салите за турбини и некои делови од системот за ладење во централата. Украинската војска вчера објави соопштение во кое тврди дека на покривот на третиот и четвртиот реактор биле поставени „експлозивни направи“ и оти е можен напад „во блиска иднина“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-ne-najde-dokazi-za-minirane-na-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/feed/ 0
Гроси утре во Москва на разговори за безбедноста на нуклеарната централа Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grosi-utre-vo-moskva-na-razgovori-za-bezbednosta-na-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grosi-utre-vo-moskva-na-razgovori-za-bezbednosta-na-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/#respond Mon, 03 Apr 2023 16:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=819642

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, утре ќе ја посети Русија, потврди Михаил Улјанов, постојан претставник на Москва во меѓународните организации во Виена, каде што е седиштето на МААЕ. Улјанов кажа дека Гроси ќе се сретне со руската меѓуресорска делегација во Москва, пренесоа руските медиуми. Гроси пред седум дена се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а потоа најави дека најверојатно ќе отпатува за Русија во следните неколку дена. Шефот на МААЕ ја посети и нуклеарната централа во Запорожје - најголемата во Европа, од каде соопшти дека е „блиску“ до договор за нејзината заштита бидејќи таа е загрозена од руската инвазија врз Украина. „Мислам дека постигнувањето договор е блиску. Иако двете страни меѓусебно не се согласуваат, тие се согласуваат со МААЕ дека е потребна нуклеарна безбедност. Тоа е многу важен елемент што верувам дека треба да се земе предвид“, рече Гроси, пренесоа американските медиуми. Гроси потоа додаде дека, бидејќи има се повеќе и повеќе борби околу централата, тој преговара со руските и украинските претставници само за мерките неопходни за да се спречи катастрофа во централата, што би била „голема нуклеарна катастрофа за цела Европа“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grosi-utre-vo-moskva-na-razgovori-za-bezbednosta-na-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/feed/ 0