запрена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 Mar 2021 07:14:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png запрена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Запрена експлоатацијата на чакал на реката Пчиња кај Средно Коњари https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zaprena-eksploatacijata-na-chakal-na-rekata-pchinja-kaj-sredno-konjari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zaprena-eksploatacijata-na-chakal-na-rekata-pchinja-kaj-sredno-konjari/#respond Fri, 19 Mar 2021 07:14:00 +0000 https://kurir.mk/?p=484534

Владата синоќа на седница донесе одлука за привремено запирање на експлоатацијата на чакал на реката Пчиња во атарот на село Средно Коњари. Како што соопшти владината прес-служба, привременото запирање на експлоатацијата е додека трае увидот на Државниот инспекторат за животна средина заради укажувањата на населението дека ископот на чакал се врши надвор од пропишаното со концесијата и додека не биде донесена нова одлука согласно наодите на надлежниот инспекторат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zaprena-eksploatacijata-na-chakal-na-rekata-pchinja-kaj-sredno-konjari/feed/ 0
ЕК ја запре испорака на десет милиони маски набавени од Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-zapre-isporaka-na-deset-milioni-maski-nabaveni-od-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-zapre-isporaka-na-deset-milioni-maski-nabaveni-od-kina/#respond Thu, 14 May 2020 13:21:30 +0000 https://kurir.mk/?p=345873

Откако властите на Полска и Холандија соопштија дека од Брисел им биле доставени заштитни медицински маски кои не ги исполнуваат европските стандарди за квалитет, Европската комисија ја запре испораката на цел контингент маски, набавени за да им помогнат на земјите членки во борбата со Ковид-19. Заштитните маски биле набавени од Кина, купени со средства на ЕУ и доставени преку инструментот за итни случаи на ЕУ. – Добивме пријава од полските власти , а и Холандија утврди сличен проблем. Сите земји членки се повикани да не известат за квалитетот на добиените маски, а одлучивме и да ги прекинеме понатамошните испораки, изјави портпаролот на Комисијата, Стефан де Керсмакер. Европската комисија потенцира дека е клучен квалитетот на маските што ЕУ ги набавува за здравствениот сектор и наведува дека ќе почека за информации од други земји членки кои добиле прва рунда маски пред да се одлучи за понатамошни чекори и можни правни процедури за да ја надомести штетата. Земјите членки што добија несоодветни маски треба да одлучат што ќе прават со нив и да го известат Брисел за тоа, нагласи Европската комисија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-zapre-isporaka-na-deset-milioni-maski-nabaveni-od-kina/feed/ 0