запрени реформи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Feb 2020 13:24:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png запрени реформи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нацев: Запрени реформите во одбраната https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-zapreni-reformite-vo-odbranata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-zapreni-reformite-vo-odbranata/#respond Tue, 04 Feb 2020 13:23:33 +0000 https://kurir.mk/?p=299144

Трансформација на Армијата на Република Македонија запре уште на самиот почеток. Стратешкото промашување во доменот на одбранбената политика е очекувано, затоа што министерството е предводено од врвен непрофесионализам, пишува универзитетскиот професор по одбрана и безбедност Александар Нацев. Стратегискиот одбранбен преглед (СОП) кој беше донесен во 2018 година ги утврдува насоките за идниот развој и континуирана трансформација на одбраната, како и пропратните планови и програми за негова имплементација, вели Нацев. -Долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2019-2028 (ДПРОС 2019-2028), кој е основен документ, го проектира развојот на одбранбените и воените способности на вооружените сили и на Министерството за одбрана. Планот е во наредната развојна декада, низ процесот на трансформација, да се преземат низа мерки и активности за исполнување на општите и посебните развојни цели, со краен таргет достигнување на потребните способности и капацитети, кои треба да одговорат и на побарувањата на НАТО и да бидат интероперабилни со оние на останатите НАТО сојузници, објаснува понатаму универзитетскиот професор Александар Нацев. Трансформацијата е предвидена во стратешкиве документи кои ја третираат одбраната, но истата веројатно ќе треба да почека подобри времиња за нејзина реализација, заклучува Нацев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-zapreni-reformite-vo-odbranata/feed/ 0