запуштање деца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Jul 2023 09:52:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png запуштање деца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гостиварка ги тепала своите деца (4 и 6), им ги врзувала рацете и стапалата со самолеплива лента https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gostivarka-gi-tepala-svoite-detsa-4-i-6-im-gi-vrzuvala-ratsete-i-stapalata-so-samolepliva-lenta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gostivarka-gi-tepala-svoite-detsa-4-i-6-im-gi-vrzuvala-ratsete-i-stapalata-so-samolepliva-lenta/#respond Fri, 14 Jul 2023 09:52:15 +0000 https://kurir.mk/?p=856618

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против жителка на Гостивар со престојувалиште во Скопје за две кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 и две кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. -Од април годинава, 34-годишната обвинета како родител, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, ги запуштила и ги малтретирала своите две деца – едното родено 2017, другото 2019 година. На децата им ги врзувала рацете, колената и стапалата со самолеплива лента и ги оставала да седат во таква состојба на стол или на нивните креветчиња додека била во станот. Со помалото дете комуницирала манифестирајќи вербална и физичка агресивност и не покажувала грижа за подобрување на неговата состојба, иако вештачењата извршени по наредба на јавниот обвинител утврдија дека станува збор за социјално и емоционално запуштено дете со психомоторната и психосоцијалната зрелост под неговата реална возраст. На 7 мај, при вршење семејно насилство, обвинетата телесно ги повредила своите деца. Додека остварувала видео повик на социјална мрежа со нејзиниот вонбрачен пратнер, видно вознемирена, започнала без никаков повод и причина да ги удира децата по нивните тела, со што им нанела телесни повреди – набиеници и подливи, информира Обвинителството. Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетата.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gostivarka-gi-tepala-svoite-detsa-4-i-6-im-gi-vrzuvala-ratsete-i-stapalata-so-samolepliva-lenta/feed/ 0
СКОПЈЕ: Уапсена мајка за запуштање и малтретирање на малолетно девојче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopje-uapsena-majka-za-zapushtanje-i-maltretiranje-na-maloletno-devojche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopje-uapsena-majka-za-zapushtanje-i-maltretiranje-na-maloletno-devojche/#respond Sun, 17 Jan 2021 12:42:47 +0000 https://kurir.mk/?p=456507

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, пред два дена по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен судија, а во присуство на претставници од Првата детска амбасада „Меѓаши“ и од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје, влегле во домот на Н.К. на подрачјето на Карпош, каде што биле затекнати Н.К.(44) и нејзината 16-годишна ќерка. Притоа било констатирано дека малолетничката била подолго време заклучувана во домот и не добивала соодветна нега од родителот. -На малолетничката веднаш ѝ е пружена соодветна помош и истата е сместена во здравствена установа, каде што е згрижена, а по службена должност ќе ѝ биде определен старател. Н.К. е приведена во полициска станица, а на 16.01.2021 е пренесена во психијатриска установа „Бардовци“, каде е задржана до понатамошна постапка, информира МВР. Сите преземени мерки се извршени со судска наредба, а за настанот е известен надлежен Јавен обвинител. Против Н.К. првично ќе биде поднесена кривична пријава по чл.140 став 5 и по чл.201 од Кривичниот законик, а се преземаат и дополнителни мерки и активности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopje-uapsena-majka-za-zapushtanje-i-maltretiranje-na-maloletno-devojche/feed/ 0
Дадилка тепала и кубела тригодишни деца, доби обвинение за малтретирањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dadilka-tepala-i-kubela-trigodishni-deca-dobi-obvinenie-za-maltretiranjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dadilka-tepala-i-kubela-trigodishni-deca-dobi-obvinenie-za-maltretiranjeto/#respond Fri, 07 Feb 2020 10:56:49 +0000 https://kurir.mk/?p=300599

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. -Во првата половина од ноември 2019 година обвинетата била ангажирана како негувателка на две деца на возраст од три години. Но, додека родителите биле на работа, таа постојано им викала на децата без причина, ги навредувала и физички ги напаѓала, удирајќи ги со рака по главата и кубејќи ги за косата. Со цел да се заштитат од неа, во моментите кога им се приближувала негувателката, децата заземале одбранбено движење со кревање на рацете кон главата, информираат од Обвинителството. Мајката на децата во домот поставила безбедносни камери и при прегледот на видео записот го забележала малтретирањето и однесувањето кон децата. Надлежниот јавен обвинител оцени дека постои опасност од бегство и можност обвинетата да продолжи со извршување на кривичното дело, односно да работи иста или слична работа, со што и други деца би биле доведени во ризик. Од тие причини, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на определената мерка куќен притвор за обвинетото лице.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dadilka-tepala-i-kubela-trigodishni-deca-dobi-obvinenie-za-maltretiranjeto/feed/ 0