зара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Mar 2023 20:30:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шуга во „Зара“: На купувачи им се појавил осип на телото https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shuga-vo-zara-na-kupuvachi-im-se-pojavil-osip-na-teloto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shuga-vo-zara-na-kupuvachi-im-se-pojavil-osip-na-teloto/#respond Tue, 14 Mar 2023 20:30:32 +0000 https://kurir.mk/?p=811952

Откако некои граѓани пријавиле дека добиле шуга откако носеле облека од „Зара“ во Подгорица, во продавницата била испратена санитарна инспекција, потврди за подгоричка „Побједа“, Ана Вујошевиќ, директор на Управата за инспекциски работи на Црна Гора. Купувачите се сомневаат дека добиле шуга од носење облека од продавницата на Зара, по што им се појавил осип на стомакот или грбот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shuga-vo-zara-na-kupuvachi-im-se-pojavil-osip-na-teloto/feed/ 0
„Зара“ ги затвора сите продавници во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zara-gi-zatvora-site-prodavnici-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zara-gi-zatvora-site-prodavnici-vo-rusija/#respond Mon, 07 Mar 2022 13:12:43 +0000 https://kurir.mk/?p=642645

Глобалната модна компанија „Индитекс“ во чија сопственост е и гигантот „Зара“, ги затвора сите свои 502 продавници во Русија, како реакција на инвазијата на Русија врз Украина. Од компанијата за Би-би-си изјавија дека подготвуваат стратегија за поддршка на нивните 9.000 вработени во Русија, но дека услугите овој период ќе бидат повлечени. Покрај „Зара“, „Индитекс“ ги поседува и „Масимо Дути“, „Пул енд Беар“, „Бершка“, „Страдивариус“, „Ојшо“ и „Зара Хоум“, што го прави значително нивното присуство на рускиот пазар. Исто така и компанијата за онлајн плаѓања, Пејпал ги повлече своите услуги од Русија, во знак на осуда на руската инвазија врз украина. Листата на брендови и компании што се одлучуваат на овој чекор, се повеќе се зголемува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zara-gi-zatvora-site-prodavnici-vo-rusija/feed/ 0
ХАОС ВО ЦЕНТАРОТ НА БЕЛГРАД: Група мигранти упаднале во познатиот бутик „Зара“ – го нападнале обезбедувањето и ограбиле роба (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-vo-centarot-na-belgrad-grupa-migranti-upadnale-vo-poznatiot-butik-zara-go-napadnale-obezbeduvanjeto-i-ograbile-roba-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-vo-centarot-na-belgrad-grupa-migranti-upadnale-vo-poznatiot-butik-zara-go-napadnale-obezbeduvanjeto-i-ograbile-roba-video/#respond Wed, 27 Jan 2021 08:43:14 +0000 https://kurir.mk/?p=460391

Вчера во Белград околку 18:00 во самиот центар на „Кнез Михаилова“ се случил невиден хаос. Имено, група мигранти упаднале во бутикот „Зара“, го нападнале обезбедувањето се со цел да го ограбат местото. Пресметката траела околу десет минути, а очевидец од местото на настанот наведува дека останатите мажи само го гледале овој конфликт. Во продолжение може да погледнете видео во кое е снимен дел од нападот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-vo-centarot-na-belgrad-grupa-migranti-upadnale-vo-poznatiot-butik-zara-go-napadnale-obezbeduvanjeto-i-ograbile-roba-video/feed/ 0
Сопственикот на „Зара“ и „Масимо Дути“ затвора 1.200 бутици во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sopstvenikot-na-zara-i-masimo-duti-zatvora-1-200-butici-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sopstvenikot-na-zara-i-masimo-duti-zatvora-1-200-butici-vo-svetot/#respond Thu, 11 Jun 2020 16:12:41 +0000 https://kurir.mk/?p=356742

Компанијата „Индитекс“, еден од водечките светски ланци за продажба на гардероба, по финансискита загуба во првиот квартал од 2020 година, планира затворање на околу 1.200 бутици ширум планетата. Шпанската групација во чиј состав влегуваат продажните ланци „Зара“ и „Масимо Дути“ во наредниот период ќе се фокусира на зголемување на интернет продажбата. Според плановите, целта е зголемување на вкупната онлајн продажба за 25 отсто до 2022 година, пишува „Фајненшел Тајмс“. „Се проценува дека мрежата на квалитетни физички продавници во комбинација со мрежа на ИТ продавници ќе донесе долгорочен раст на продажбата за четири до шест отсто“ се наведува во соопштението на компанијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sopstvenikot-na-zara-i-masimo-duti-zatvora-1-200-butici-vo-svetot/feed/ 0
До 1999 светот не знаеше како изгледа сопственикот на Зара: Бизнисменот „тежок“ 70 милјарди долари заплови со јахтата на Јадранот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/do-1999-svetot-ne-znaeshe-kako-izgleda-sopstvenikot-na-zara-biznismenot-tezok-70-miljardi-dolari-zaplovi-so-jahtata-na-jadranot-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/do-1999-svetot-ne-znaeshe-kako-izgleda-sopstvenikot-na-zara-biznismenot-tezok-70-miljardi-dolari-zaplovi-so-jahtata-na-jadranot-video/#respond Tue, 06 Aug 2019 12:37:18 +0000 https://kurir.mk/?p=226954

Шпанецот Амансио Ортега (83), сопственик на модниот гигант Индиттекс чии брендови се: Зара, Бершка, Масимо Дути, Страдивариус, Ојшо и Пол & Беар, во петокот со сопругата Фолара Перез испловија кон пристаништето на Хвар! Амансио пристигна со јахта од $ 80,000,000, а слетаа во 19 часот. Околу 20 часот, семејството тргна на прошетка низ Хвар и разгледување на островот. Туристите и локалното население беа во можност да го запознаат еден од најбогатите луѓе на светот, чија фотографија првпат излезе во јавноста во 1999 година, бидејќи Ортега вешто ја крие својата приватност. На прашањето на фоторепортерот кој го фотографирал – како му се допаѓа Хрватска? – Ортега наводно кажал: „Прекрасна е!“ По прошетката, парот уживаше во вечера во ресторан близу до нивната јахта, од чии тераси можеа да го гледаат морето и нивниот луксузен брод. Останаа во ресторанот околу два часа, а сопственикот на ресторанот, каде вечерал Амансио, Јурица Хастро, откри неколку детали од нивното мени. – Ние се однесуваме кон секој гостин подеднакво и не се прави разлика помеѓу нив, иако секоја година го посетуваат многу познати личности. Ние ја почитуваме целокупната приватност во целост и не би откривале премногу, но можам да кажам дека наредија избор на сите наши мезиња, за главниот јадење побараа претежно риба и малку месо, а исто така и тестенини. Кога заминавме, ги прашавме дали е сè во ред и добивме само комплименти – изјавил човекот за „Глорија“. По Хвар, семејството „пловело“ за Сплит. Амансио Ортега со Флора Перез, со кого се ожени во 2001 година, има едно дете, ќерката Марта (35), која по пензионирањето на татка си пред 8 години, го презеде управувањето со Индиттекс. Од првиот брак со покојната Росалија Мер, тој има син и ќерка, Сандра и Маркос. Инаку, Ортега е познат по тоа дека никогаш не носи облека од „Зара“. Тој живеел во тешки услови уште од детството, а го напуштил училиштето и се вработил на 14-годишна возраст, кога слушнал дека неговата мајка пазари на вересија во продавниците, затоа што тие ги немале основните работи. Првата работа му беше на Гала, каде што научил како да шие, а во 1963 година, по 10 години искуство како менаџер за соработка со шиење, ја основа првата компанија. И покрај создавање на една од најголемите деловни империи во светот, тој никогаш немал своја канцеларија, така што секој од неговите вработени може да му пристапи кога сака, без најава. Тој носел вратоврска само еднаш, на својата свадба и живее во станбениот блок Ла Коруња, без посебно обезбедување. До 1999 година, единствената негова фотографија достапна до јавноста беше една од лична карта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/do-1999-svetot-ne-znaeshe-kako-izgleda-sopstvenikot-na-zara-biznismenot-tezok-70-miljardi-dolari-zaplovi-so-jahtata-na-jadranot-video/feed/ 0