зараза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Nov 2022 14:51:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зараза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британец кој боледувал од Ковид 411 дена конечно е излечен: Му помогнал само овој лек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanec-koj-boleduval-od-kovid-411-dena-konechno-e-izlechen-mu-pomognal-samo-ovoj-lek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanec-koj-boleduval-od-kovid-411-dena-konechno-e-izlechen-mu-pomognal-samo-ovoj-lek/#respond Fri, 04 Nov 2022 14:51:11 +0000 https://kurir.mk/?p=755843

Британецот кој се зарази со новиот коронавирус и боледуваше од Ковид-19 подолго од кој било друг во светот - дури 411 дена - конечно е излечен, пишува „SkyNews.com“. Пациент чиј имунолошки систем беше ослабен по трансплантација на бубрег првпат беше позитивен на САРС-КоВ-2 во декември 2020 година. И покрај тоа што ги загуби симптомите, тој беше позитивен на коронавирусот до јануари 2022 година. Лекарите во болниците Гај и Сент Томас велат дека не знаат за друг документиран случај на излечена личност по толку долга инфекција. Тие користеа генетска анализа за да утврдат дека 59-годишникот има рана варијанта на оригиналниот вухански сој, онаа што алфа, делта и омикрон одамна ги надминаа во општата циркулација. Дури кога ја идентификуваа варијантата, можеа да го излечат со „регенерон“, коктел од лекови што исто така му помогна на Доналд Трамп да се бори против Ковид. Истиот лекарски тим лекувал и пациент кој, за жал, починал откако бил позитивен на коронавирусот 505 дена. Во двата случаи, генетското тестирање покажало дека пациентите не биле реинфицирани. Случаите на перзистентна инфекција се разликуваат од долготрајниот ковид, кога пациентот има симптоми со месеци, но не е позитивен на тестот. Медицинскиот тим повика на повеќе истражувања за третман со антитела за постојаните случаи на ковид-19, а активистите предложија новиот лек „evusheld“, кој е комбинација од две моноклонални антитела, да биде достапен во Европа. - Некои нови варијанти на вирусот се отпорни на сите третмани со антитела достапни во Велика Британија и Европа - вели д-р Лук Благдон Снел. - Некои луѓе со ослабен имунолошки систем сè уште се изложени на ризик од тешка болест и постојана инфекција. Сè уште работиме да го откриеме најдобриот начин да ги заштитиме и третираме. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanec-koj-boleduval-od-kovid-411-dena-konechno-e-izlechen-mu-pomognal-samo-ovoj-lek/feed/ 0
Во Македонија пациент кој не примил ниту една доза вакцина „фатил“ корона и по четврти пат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-pacient-koj-ne-primil-nitu-edna-doza-vakcina-fatil-korona-i-po-chetvrti-pat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-pacient-koj-ne-primil-nitu-edna-doza-vakcina-fatil-korona-i-po-chetvrti-pat/#respond Mon, 15 Aug 2022 13:31:06 +0000 https://kurir.mk/?p=718877

Во Македонија само еден пациент, кој не примил ниту една доза вакцина, „фатил“ корона по четврти пат, потврдуваат за Канал 5 од Институтот за јавно здравје. Оттаму велат дека во системот се евидентирани вкупно 17.540 лица кои се инфицирале повеќе од еднаш, што значи дека 5 % од вкупниот број на потврдени случаи се реинфекции. Најголем број од нив се заразиле два пати, ама има 102 – ца што три пати „фатиле“ корона. Реинфекции Два пати заразени 17 437 Три пати заразени 102 Четири пати заразени 1 Од сите што по неколку пати се заразиле, без малку 8500 биле вакцинирани, што значи дека половина од реинфекцираните биле имунизирани. Два пати заразени вакцинирани 17 437 8890 Три пати заразени вакцинирани 102 51 17540 8941 Засега во Институтот за јавно здравје нема регистрирано пациент што се заразил по петти пат. А, според статистиката 26 граѓани што два пати се заразиле починале поради компликации на вирусот. Нема починати помеѓу оние што повеќе од два пати се заразиле, велат за Канал 5 од Институтот за јавно здравје. Според лекарите бројот на реинфекции е поголем од она што го покажува статистиката, бидејќи дел од граѓаните не се тестираат или пак земаат брзи тестови од аптека кои секако не се регистрираат во системот. Во летниот корона бран минатата недела за првпат се забележа пад на кривата на заразени за 20 % споредено со претходната седмица. Сепак се забележува пораст на бројот на починати и хоспитализирани. За седум дена вирусот зеде 14 живити, а во болница поради компликации од вирусот лежат околу 180 пациенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-pacient-koj-ne-primil-nitu-edna-doza-vakcina-fatil-korona-i-po-chetvrti-pat/feed/ 0
Зошто Ковачевски не беше во изолација кога се тестирал за Ковид, ќе има ли кривична одговорност за Зечевиќ за ширење на зараза? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-kovachevski-ne-beshe-vo-izolacija-koga-se-testiral-za-kovid-kje-ima-li-krivichna-odgovornost-za-zechevikj-za-shirenje-na-zaraza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-kovachevski-ne-beshe-vo-izolacija-koga-se-testiral-za-kovid-kje-ima-li-krivichna-odgovornost-za-zechevikj-za-shirenje-na-zaraza/#respond Tue, 25 Jan 2022 08:06:09 +0000 https://kurir.mk/?p=622680

Зошто Ковачевски не беше во изолација кога се тестирал за Ковид, ќе има ли кривична одговорност за Зечевиќ за ширење на зараза?, парашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Според укажувањата на директорката на Центарот за јавно здравје Бухова секој кој се тестира поради Ковид треба да оди во изолација, аналогно на тоа зошто Димитар Ковачевски не беше во изолација при тестирање за Ковид кое е неопходно за патувањето во Бугарија. Тој морал за таков ПЦР тест да се тестира најдоцна во неделата, кога наместо во изолација беше пред камери и се сликаше на настани. Направи ли Ковачевски воопшто ПЦР тест за да патува во Бугарија? Зошто беше хајката против Пецаков, а властите молчат за Ковачевски? Зошто СДСМ го крие позитивниот тест на генералниот секретар Миле Зечевиќ кој од 20ти е заразен со корона, а ден претходно сиреше зараза во Охрид на празникот Водици и не се придржуваше до препораките за носење на маска. И Ковачевски и Зечевиќ ги изложиле на ризик граѓаните. Ќе има ли конечно кривична одговорност за Зечевиќ?, прашуваат преку партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-kovachevski-ne-beshe-vo-izolacija-koga-se-testiral-za-kovid-kje-ima-li-krivichna-odgovornost-za-zechevikj-za-shirenje-na-zaraza/feed/ 0
Во период од 13 недели во Македонија починале вкупно 312 , а се заразиле 13.886 целосно вакцинирани лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-period-od-13-nedeli-vo-makedonija-pochinale-vkupno-312-a-se-zarazile-13-886-celosno-vakcinirani-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-period-od-13-nedeli-vo-makedonija-pochinale-vkupno-312-a-se-zarazile-13-886-celosno-vakcinirani-lica/#respond Fri, 05 Nov 2021 10:59:03 +0000 https://kurir.mk/?p=591264

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 4 ноември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 04.11.2021 на територија на државата 48.955 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 28% биле целосно вакцинирани, односно 13.886 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе два месеци, 35.069, граѓани, односно 72% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 78%, додека само 22% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 04.11.2021 на територија на државата починале 1.688 пациенти со Ковид 19, 1.376 пациенти од починатите, односно 82% не биле вакцинирани, а само 18%, односно 312 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас. Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-period-od-13-nedeli-vo-makedonija-pochinale-vkupno-312-a-se-zarazile-13-886-celosno-vakcinirani-lica/feed/ 0
Зошто расте бројот на вакцинирани граѓани кои се заразуваат со коронавирус? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-raste-brojot-na-vakcinirani-gragjani-koi-se-zarazuvaat-so-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-raste-brojot-na-vakcinirani-gragjani-koi-se-zarazuvaat-so-koronavirus/#respond Tue, 02 Nov 2021 19:55:33 +0000 https://kurir.mk/?p=589800

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки и музичките ѕвезди Џон Бон Џови и Брајан Адамс се последните во низата познати личности кои се заразени со коронавирус иако се вакцинирани. Но, експертите велат дека ваквите случаи на „пробив“ на вирусот САРС-КоВ2 не ги изненадуваат. Во последниве недели сè повеќе се слуша за пробив на вирусот – меѓу пријатели на пријателите, познати личности, политичари…, луѓе кои се позитивни иако се целосно вакцинирани. Некои од нив развиваат симптоми на ковид, но главно благи. Институтот Роберт Кох (РКИ) во Германија има регистрирано повеќе од 117.000 случаи на пробив на вирус или инфекција со симптоми, откако вакцинацијата започна во февруари. Експертите на никаков начин не го доведуваат ова со неефикасноста на вакцината, која сепак добро штити од тешки симптоми дури и ако се потребни дози за засилување за да се одржи такво ниво на заштита. „Треба да знаете дека заштитата од инфекција шест месеци по вакцинацијата повеќе не е толку силна“, вели германскиот виролог Хендрик Стрик. Леиф Сандер, научник од одделот за заразни болести и респираторна медицина во берлинската болница Шарит, се согласува. Заштита од потешка форма на болеста Заштитата е најсилна две недели по втората доза на вакцината, а потоа полека опаѓа, објаснува Сандер. -Но, важно е да се истакне дека нивото на заштита кај вакцинираните секогаш ќе биде многу повисоко отколку кај невакцинираните, додава тој. Научната заедница воопшто не е изненадена од ваквиот развој на настаните. Водечкиот германски виролог Кристијан Дростен уште во април изјави дека вакцинираните луѓе би можеле да придонесат за ширење на вирусот по само неколку месеци. И вирологот Стрик вели дека е многу поважно лицето да биде заштитено од потешките симптоми на болеста, што им овозможува вакцинацијата, отколку да бидат поштедени од реинфекција. Тој додава дека оние кои се разболуваат и покрај вакцинирањето најчесто развиваат благи симптоми, а кај некои вакцинирани се целосно отсутни. Пренесување на вирусот И можноста за пренесување на вирусот се разликува помеѓу вакцинирани и невакцинирани. „Количината на вирусот во телото со вакцината се намалува многу побрзо, а вакцината всушност го скратува периодот во кој вирусот може да се пренесе“, објаснува Стрик. Пробивот на вирусот може да биде опасен кај постарите луѓе чиј имунолошки одговор е послаб. Според Институтот, 1.076 вакцинирани лица починале од ковид во Германија од февруари. Важно е да се напомене дека 72 отсто од нив биле постари од 80 години. „Ова укажува на генерално поголем ризик од смрт кај споменатата возрасна група без разлика на ефикасноста на вакцината“, велат од Институтот. Гледајќи го вкупниот број на пациенти, „само мал дел од хоспитализираните, кои биле лекувани во единицата за интензивна нега или починатите може да се припишат на појавата на вирусот“, велат тие. Трета доза Во соопштението од Институтот Роберт Кох се вели дека зголемувањето на бројот на случаи на пробивање е „предвидливо“ бидејќи се вакцинирале повеќе луѓе и биле олеснети рестриктивните мерки, зголемувајќи ја веројатноста целосно вакцинираните луѓе да дојдат во контакт со вирусот. Сандер предлага бустер дозата да се понуди на сите, без разлика на возраста, шест месеци по вакцинацијата со втората доза и смета дека тоа би имало „дампинг“ ефект врз ширењето на вирусот кај населението. Притоа тој се повикува на искуството на Израелците, кои благодарение на „бустерите“ се извлекле од последниот бран на ширење на вирусот. Стрик, од друга страна, не е толку поддржувач на третата доза од вакцината. Тој посочува дека нема доволно вакцини на глобално ниво и смета дека е поважно повеќето земји во светот да се снабдат со втора доза вакцина отколку да се брза со третата од богатите. Тој верува дека би било подобро здравствените системи да ги вакцинираат луѓето постари од шеесет години со две дози отколку луѓето во дваесеттите години со третата доза од вакцината. Во Калифорнија, откако Американската агенција за храна и лекови (ФДА) ги одобри вакцините, тие станаа достапни за јавноста. Така, се повикуваат сите оние над 65 години кои се веќе вакцинирани, односно лицата кои имаат други здравствени проблеми да се ревакцинираат со дополнителна ‘бустер’ доза. Зголемената доза таму сега се препорачува за сите возрасни кои работат во средина многу изложена на вирусот, како што се болници, училишта или продавници. Но, дури и во САД, проблемот се јавува кај вакцинираните возрасни лица кои не спаѓаат во тие категории.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-raste-brojot-na-vakcinirani-gragjani-koi-se-zarazuvaat-so-koronavirus/feed/ 0
Објавено најголемото истражување до сега: Колку проценти од луѓето се заразиле со коронавирусот по примени две дози на вакцина? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objaveno-najgolemoto-istrazuvanje-do-sega-kolku-procenti-od-lugjeto-se-zarazile-so-koronavirusot-po-primeni-dve-dozi-na-vakcina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objaveno-najgolemoto-istrazuvanje-do-sega-kolku-procenti-od-lugjeto-se-zarazile-so-koronavirusot-po-primeni-dve-dozi-na-vakcina/#respond Wed, 26 May 2021 09:35:51 +0000 https://kurir.mk/?p=515178

Помеѓу јануари и април оваа година, приближно 0,01 процент од луѓето вакцинирани со обете дози на вакцината добиле ковид-19, американско истражување покажа дека вакцините се многу ефикасни. Извештајот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги документира таканаречените „пробивни“ случаи на вирус меѓу 101 милиони превакцинирани Американци. „Иако се работи за високо ефективни вакцини, се очекуваат важни случаи, особено пред имунитетот кај популацијата да достигне доволно ниво за понатамошно намалување на преносот“, се вели во извештајот. Истражувањето го опфаќа периодот од 1 јануари до 30 април, пренесува „Јутарњи лист“. Вкупно 10.262 инфекции се документирани две недели или повеќе по вакцинирањето и со друга доза на една од вакцините одобрени од ЦДЦ - Фајзер, Модерна и Џонсон и Џонсон. Просечната возраст на овие пациенти била 58 години, а мнозинството, во 63 проценти од случаите, биле жени. Од вкупниот број на достигнувања, 706 случаи или седум проценти од пациентите биле хоспитализирани, а 132 или еден процент починале поради причини поврзани со Ковид-19. Останатите биле лесни или асимптоматски случаи откриени со рутинско тестирање. Ова значи дека стапката на хоспитализација во вкупниот број на вакцинирани е приближно 0.0007 проценти, а стапката на смртност е 0.0001 проценти. Геномското секвенционирање на достапните случаи на инфекција покажа дека најчестата варијанта на вирусот во случаи на пробив е британска - Б.1.1.7. - Бројот на болести, хоспитализации и смртни случаи што ги спречи вакцинацијата далеку ги надминува случаите на напредок - напишаа авторите. Сепак, ЦДЦ забележува дека е многу веројатно дека има повеќе случаи на откритие бидејќи луѓето кои се вакцинирани со двете дози на вакцината ретко се тестираат редовно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objaveno-najgolemoto-istrazuvanje-do-sega-kolku-procenti-od-lugjeto-se-zarazile-so-koronavirusot-po-primeni-dve-dozi-na-vakcina/feed/ 0
Меркел призна дека заразата им излезе од контрола https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-prizna-deka-zarazata-im-izleze-od-kontrola/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-prizna-deka-zarazata-im-izleze-od-kontrola/#respond Tue, 26 Jan 2021 09:34:39 +0000 https://kurir.mk/?p=459916

Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека ситуацијата во земја во борбата против коронавирусот власта дозволи да излезе од контрола. Според весникот „Билд“, Меркел за неуспехот на владата во борбата против коорнавирусот отворено зборувала на видео конференцијата со шефовите на фракциите на ЦДУ ЦСУ и во Бундестагот и во покраинските собранија. „Нам работата ни се измолкна од контрола“, весникот ја цитира канцеларката. Таа посочи дека бројот на нови пациенти мора да се намали на 50 на 100.000 жители и констаира дека сега сите се среќни кога има под 200. Меркел го призна и неуспехот на властите, велејќи дека здравствените служби немаат можност да ги следат контактите на пациентите. За неа е особено важно да се отежнат или целосно забранат патувањата. „Сто пати прашав зошто не можеме да ги забраниме патувањата“, рече таа, додавајќи дека постојано добивала одговор дека Германија е слободна земја, дека е можно да се ограничи радиусот на движење, но дека е тешко да се забрани патување во светот. Меркел сака патувањата да ги направи непривлечни и со непријатниот суров режим на влегување во земјата. Што се однесува до „отклучувањето“, таа кажа дека во моментов не е можно да се зборува за тоа. -Ќе мора поинаку да се отвораме отколку што беше одлучено – прво градинките и училиштата, а потоа продавниците и рестораните, објасни германската канцеларка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-prizna-deka-zarazata-im-izleze-od-kontrola/feed/ 0
Прв случај на зараза со коронавирус кај големи мајмуни https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-sluchaj-na-zaraza-so-koronavirus-kaj-golemi-majmuni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-sluchaj-na-zaraza-so-koronavirus-kaj-golemi-majmuni/#respond Tue, 12 Jan 2021 08:43:24 +0000 https://kurir.mk/?p=454112

Повеќе горили во зоолошката градина во Сан Диего во Калифорнија се заразиле со коронавирус и покажуваат симптоми на болеста, вклучувајќи и кашлица. Тоа е прв познат случај за пренесување на овој вирус кај големите мајмуни, соопшти ЗОО. Се претпоставува дека осумте горили се заразени со Ковид-19 од асимптоматски членови на персоналот, и покрај почитувањето на строгите протоколи за биолошка безбедност согласно насоките на американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Зоолошката градина тестирала примероци од фекалии на горилите, откако минатата среда две од животните почнале на кашлаат, се наведува во соопштението. Првичните резултати покажале присуство на вирусот само кај некои горили, но имајќи предвид дека животните живеат заедно, вработените во ЗОО претпоставуваат дека е заразена цела група од пет женки и тројца мажјаци. Три горили моментно покажуваат симптоми на болеста, вклучувајќи и кашлица, а целата група е под постојан надзор. – Освен кашлицата, горилите добро се снаоѓаат. Групата останува заедно, но е во карантин, изјави генералната директорка на Сафари паркот, Лиса Петерсон. Коронавирусот е откриен и кај голем број други видови диви животни во заробеништво, вклучувајќи неколку лавови и тигри во зоолошката градина Бронкс во Њујорк и четири лавови во зоолошката градина во Барселона во Шпанија. – Меѓутоа, горилите во Сан Диего се прв познат случај на инфекцијата потврдена кај мајмуни, изјави портпаролот на зоолошката градина Ендру Џејмс. Вирусот, исто така, се појави и кај голем број домашни кучиња и мачки. Минатиот месец, Министерството за земјоделство на САД го потврди првиот познат случај на коронавирус кај животни во дивината, а заразата е откриена кај визони. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-sluchaj-na-zaraza-so-koronavirus-kaj-golemi-majmuni/feed/ 0
Филмот кој го предвиде коронавирусот добива „филозофско продолжение“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/filmot-koj-go-predvide-koronavirusot-dobiva-filozofsko-prodolzenie/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/filmot-koj-go-predvide-koronavirusot-dobiva-filozofsko-prodolzenie/#respond Fri, 01 Jan 2021 16:10:57 +0000 https://kurir.mk/?p=451101

„Зараза“(Contagion), филмот кој говори за ширењето на мистериозен вирус од Кина, а за кој многумина мислат дека ја предвидел пандемијата на коронавирусот, наскоро би требало да добие свое продолжение. Филмот го прикажа речиси целиот тек на пандемијата онака како што и ние го доживеавме – вирус кој потекнува од лилјак, турканици низ продавниците, полициски час, користење на маски, привремени болници, како и производство и примање на вакцини. За овој филм особено многу се зборуваше во текот на оваа година. Морничавата приказна преплаши илјадници луѓе, но токму поради тоа, неговата популарност само растеше, иако тој излезе уште во 2011 година. Главните улоги ги играа Марион Котијар, Џад Ло, Гвинет Палтроу, Кејт Винслет, Лоренд Фишбурн и Мет Дејмон. Сега режисерот Стивен Содерберг најави дека подготвува „филозофско продолжение“ на филмот „Contagion“. Негов парнер во новиот потфат ќе биде Скот Брнс, сценаристот од филмот кој е популарен од 2011 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/filmot-koj-go-predvide-koronavirusot-dobiva-filozofsko-prodolzenie/feed/ 0
Мобилните телефони ја пренесуваат заразата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mobilnite-telefoni-ja-prenesuvaat-zarazata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mobilnite-telefoni-ja-prenesuvaat-zarazata/#respond Thu, 17 Sep 2020 09:31:06 +0000 https://kurir.mk/?p=404488

Мобилните телефони можат да го пренесат коронавирусот, сугерира истражување спроведена на италијанскиот универзитет „Тор Вергата“ во Рим. Истражувачите, предводени од професорот Џанлорето Д’Ало, откриле дека 93 проценти од студентите кои се на пракса во болнички одделенија користат мобилни телефони за време на нивната работа, а само 16 проценти потврдиле дека при тоа носат заштитни ракавици. Истражувањето е спроведено во текот на две учебни години, 2018-2019 и 2019-2020 година, и двата пати беше потврдено дека огромното мнозинство од испитаниците за време на нивниот престој во одделенијата со пациенти користат мобилни телефони, без да користат заштитни ракавици или да менуваат ракавици по користење на мобилни телефони. Само три проценти од испитаниците потврдиле дека ги дезинфицираат своите мобилни телефони секој ден. – Овие навики, користење на мобилен телефон во одделите каде што се пациентите, можат да ги поништат ефектите од процедурите за дезинфекција на кои се подложува медицинскиот персонал кој е во контакт со пациентите, бидејќи рацете, иако претходно биле дезинфицирани, можат да станат извор, односно пренесувач на вирусот поради микроорганизми кои се собираат на телефоните, рече професорот Џанлорето Д’Ало. Авторите на истражувањето сугерираат мобилните телефони редовно да се чистат, а доволно е да се користат салфетки натопени во раствор со најмалку 70 проценти алкохол. Резултатите од студијата се објавени во медицинското списание „Патничка медицина и заразни болести“ (Travel Medicine and Infectious Disease).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mobilnite-telefoni-ja-prenesuvaat-zarazata/feed/ 0