заразена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Sep 2021 16:57:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png заразена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Жена од Тетово три пати се заразила со коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zena-od-tetovo-tri-pati-se-zarazila-so-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zena-od-tetovo-tri-pati-se-zarazila-so-koronavirus/#respond Tue, 21 Sep 2021 16:57:47 +0000 https://kurir.mk/?p=566582

Пациентката за која Институтот за јавно здравје извести дека е единствена кој трипати се заразила со коронавирусот и трипати оздравела, е педесет и двегодишна тетовчанка, неофицијално дознава „Фокус“. Тетовката првиот позитивен тест го имала во јули лани, а тогаш како единствен симптом имала главоболка. Во декември, таа повторно се заразила, но и тогаш немала потреба од хоспитализација. И покрај тоа што била вакцинирана со вакцината „Синофарм“, жената во јули годинава се заразила и по третпат, пишува Фокус. Пациентката, која е единствена во земјава која трипати била заразена со опасниот вирус, имала хронична бубрежна болест и висок притисок. Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје се наведува дека заклучно со 19 септември, за време на целата епидемија во Македонија, регистрирани се вкупно 522 пациенти кои се заразиле двапати. Од пријавените случаи на реинфекција, петмина пациенти починале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zena-od-tetovo-tri-pati-se-zarazila-so-koronavirus/feed/ 0
Сведоштво: Мајка ми се зарази со корона во болница, чека операција а никој не реагира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-majka-mi-se-zarazi-so-korona-vo-bolnica-cheka-operacija-a-nikoj-ne-reagira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-majka-mi-se-zarazi-so-korona-vo-bolnica-cheka-operacija-a-nikoj-ne-reagira/#respond Sat, 12 Dec 2020 16:44:16 +0000 https://kurir.mk/?p=442459

“Јас татко ми и брат ми бевме на Клиниката за неврохирургија да потпишеме за операција, излезе медицинска сестра и ни кажа дека пацинетот одбива операција. Пацинетот не е доволно свесен за да одбие, затоа ние сме тука да потпишеме за операцијата, а потоа не информираа да си ја земеме пацинетката дома, но ние одбивме. Мајка ми не знае ни како се вика ни која година е родена ни каде живее.По наше инсистирање пацинетка остана, после пак ни јавија да потпишеме и таму и правеле тест излегол негативен. Вчера пак ни кажаа да ја земеме затоа што е позитивна на ковид тест. Јас прашав: како може да ја однесеме со една болест а да ја земеме со две болести? Она беше со два негативни теста а третиот позитивен..како да ја земам јас? Значи она е заразена во болница…” – вака изгледа гoлготата низ која пацинетка од Тетово и нејзините најблиски ја преживуваат со денови на Клиниката за неврохирургија и се борат за нејзиниот живот, објави телевизија Алфа. Нејзиниот син Жарко Трајковски јавно за Алфа раскажува за нејзиниот како што вели, лош третман.Но и дека на маса им било оставено отпусна листа во која наводно тие и нивната мајка која е во полусвесна состојба, се согласиле да оди на домашно лекување, што според тврдењето на семејството не е точно и дека на такво нешто никогаш не се сложиле. “Во отпусната листа пишува дека пацинетот одбива за операција. Како може кога семејството односно ние, знаевме дека таа оди на неврохирургија, како ние сме одбиле а одиме да потпишеме за да се оперира?“ – раскажува за Алфа Жарко Трајковски, син на пациентката. По овие пеколни денови за семејството Трајковски, пацинетката сега е хоспитализирана во ковид центарот на Клиниката за неврологија. А претходно пак, од Клиниката за неврохирургија состојбата ни ја објаснија малку поразлично. “Откако се усогласија ставовите помеѓу пацинетката и нејзиното семејство за да се направи операција, се напрви предоперативен ковид тест кој што беше позитивен. Од страна на неврохирургот и беше посочено на пацинетката дека треба да се јави во локален ковид центар и потоа да се врати за операција.” – велат за Алфа од Клиниката за неврохирургија. Семејството Трајковски и натаму останува во борба за спас на животот на мајката и меѓудрогото молат за итна помош од надлежните. Извор: Алфа теелвизија]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-majka-mi-se-zarazi-so-korona-vo-bolnica-cheka-operacija-a-nikoj-ne-reagira/feed/ 0
Наставничка од Тиквешко е заразена со коронавирус, изолирани се 16 ученици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnichka-od-tikveshko-e-zarazena-so-koronavirus-izolirani-se-16-uchenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnichka-od-tikveshko-e-zarazena-so-koronavirus-izolirani-se-16-uchenici/#respond Sun, 11 Oct 2020 10:20:19 +0000 https://kurir.mk/?p=415024

Единаесет нови случаи на коронавирус се потврдени во Тиквешко во изминатите 24 часа, заболена е и една наставничка, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје. Девет од новозаболените лица се од Кавадарци, а по едно од Неготино и Демир Капија. -Изолирани се една наставничка и 16 ученици, ќе биде извршена дезинфекција во училиштето. Едно 53 годишно лице од Демир Капија е хоспитализирано во Велес, рече Јовановски. Сите новозаболени, од двата пола, биле со симптоми. Двајца од нив претходно имале контакт со лице позитивно на Ковид-19. Од почеток на пандемијата досега, во Кавадарци заболеа 260 лица. Во Росоман и Демир Капија по 13, Неготино 53 лица. Се утврдуваат контактите на новозаболените, со цел нивна изолација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnichka-od-tikveshko-e-zarazena-so-koronavirus-izolirani-se-16-uchenici/feed/ 0
Италијанка третпат заразена со коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/region/italijanka-tretpat-zarazena-so-koronavirus-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/italijanka-tretpat-zarazena-so-koronavirus-2/#respond Tue, 25 Aug 2020 12:28:08 +0000 https://kurir.mk/?p=395203

Италијанка од Ломбардија за време на летниот годишен одмор на островот Сардинија открила дека третпат се заразила со вирусот Ковид-19. Италијанката, која била на одмор во градот Тертенија на Сардинија, поради други здравствени причини отишла во болница каде што открила дека е повторно позитивна на Ковид-19. Како што пренесуваат италијанските медиуми, таа претходно во два наврати била во болница поради вирусот, по што била излекувана, односно имала негативни резултати од тестот за коронавирус. Сега е хоспитализирана во градот Ланузеи. Според соопштението од локалните власти, пациентката ќе биде повторно тестирана, а според „антиковид“ протоколот, нејзините контакти ќе се следат за да се утврди дали има други заразени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/italijanka-tretpat-zarazena-so-koronavirus-2/feed/ 0
Уште една мачка заразена со коронавирус во Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-edna-machka-zarazena-so-koronavirus-vo-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-edna-machka-zarazena-so-koronavirus-vo-francija/#respond Wed, 13 May 2020 12:05:24 +0000 https://kurir.mk/?p=345368

Националната ветеринарна школа од Тулуз соопшти дека е тестирана втора мачка во Франција која е позитивна на коронавирусот, откако веројатно е заразена од нејзините сопственици, јави дописникот на МИА. -Ова е втор случај пријавен во Франција од природна инфекција на мачка, по првиот случај идентификуван во близина на Париз на 2 мај. Помалку од десетина случаи се опишани ширум светот до денес “, вели во соопштението на Националната ветеринарна школа од Тулуз (ЕНВТ). Оваа „нова мачка заразена со вирусот САРС-КоВ-2 е идентификувана во Бордо“ од ЕНВТ. -Како и во претходно идентификуваните случаи ширум светот, мачката живееше со луѓе за кои се сомневаа дека биле заразени со Ковид-19, велат од ЕНВТ. Животното „страдало од респираторни нарушувања“ и „кашлицата опстојувала и покрај антиинфективниот и антиинфламаторниот третман“. Мачките не се сметаат дека се актери во човечката пандемија, се вели во соопштението. Инфекцијата на мачките секогаш била опишана како последица на човечка инфекција. Во своето мислење од 20 април, француската здравствената агенција заклучи дека во светло на достапните научни сознанија, нема докази дека миленичињата и животните кои се одгледуваат играат епидемиолошка улога во ширењето на вирусот САРС-КоВ-2 “, се додава во соопштението. ЕНВТ заклучува дека „овој втор случај опишан во Франција на инфекција со мачки, не ја менува оваа научна анализа“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-edna-machka-zarazena-so-koronavirus-vo-francija/feed/ 0
Состојба со коронавирусот во светот до 17 часот: Во Грција родено второ бебе од мaјка заразена со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-so-koronavirusot-vo-svetot-do-17-chasot-vo-grcija-rodeno-vtoro-bebe-od-mjaka-zarazena-so-koormnavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-so-koronavirusot-vo-svetot-do-17-chasot-vo-grcija-rodeno-vtoro-bebe-od-mjaka-zarazena-so-koormnavirus/#respond Mon, 23 Mar 2020 16:20:54 +0000 https://kurir.mk/?p=320886

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 358.804 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 15. 433, а оздравеле 100.645 лица. – Во Грција родено второ бебе од мјака заразена со коормнавирус – Според податоците на австриското Министерство за здравство до 15 часот, во таа земја се евидентирани 3.924 случаи на заразени со коронавирус, додека бројот на починати се зголеми на 21 лице. Од почетокот на епидемијата, во Австрија се спроведнеи 23.429 тестови. – Во Бугарија пријавени 11 нови случаи во изминатото деноноќие и сега во таа земја има вкупно 201 заболени од Ковид-19 и тројца починати. – Австрија по првпат од Втората светска војна ги мобилизираше воените резервисти, откако тие побараа да се вклучат во борбата против коронавирусот. – Бројот на лекари кои починаа од Ковид-19 во Италија се зголеми на 23, соопшти италијанската федерација на лекари. Од вкупно 23 починати, 19 работеле во најтешко погодениот регион во таа земја – Ломбардија. – Европската комисија издаде упатства до државите членки на граничните премини да воспостават т.н. „зелени ленти“ со цел да се овозможи непречен промет на стока на единствениот европски пазар. – Словенија потврди 442 случаи на заразени со коронавирус. земјата досега тестираше 13.812 лица. – Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави дека сега е време за носење маски и дека согласно сегашната епидемиолошка ситуација има смисла тие да се носат и во затворен простор. Тој соопшти дека став на кинеските експерти кои допатуваа во Белград е да се носат маски. – Мисијата на мировните мисии на ОН во јужен Либан соопшти дека еден од нејзините припадници е позитивен на коронавирус. Тој се наоѓа во целосна изолација во болница во накури. Во карантин се четворица припадници на мировната мисија кои имале контакт со него. Тројца се негативни, а за четвртиот се чекаат резултати. – Уште двајца лекари починаа во Франција, откако вчера беше соопштено за прв смрт на лекар од Ковид-19 во таа земја. – Германија забрани собир на повеќе од две лица на отворен простор доколку не се од исто домаќинство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-so-koronavirusot-vo-svetot-do-17-chasot-vo-grcija-rodeno-vtoro-bebe-od-mjaka-zarazena-so-koormnavirus/feed/ 0