заразено дете – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Apr 2022 08:25:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png заразено дете – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прв случај во Кина на птичји грип H3N8 кај луѓе: Заразено четиригодишно дете https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-sluchaj-vo-kina-na-ptichji-grip-h3n8-kaj-lugje-zarazeno-chetirigodishno-dete/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-sluchaj-vo-kina-na-ptichji-grip-h3n8-kaj-lugje-zarazeno-chetirigodishno-dete/#respond Wed, 27 Apr 2022 08:25:55 +0000 https://kurir.mk/?p=668457

Кина ја забележа првата инфекција кај луѓе со сојот на птичји грип H3N8, соопштија во вторникот здравствените власти во земјата, но рекоа дека ризикот од негово ширење меѓу луѓето е мал. Утврдено е дека четиригодишното момче од централната провинција Хенан е заразено со оваа варијанта, откако на 5 април добило треска и други симптоми. Ниту еден близок контакт не е заразен со вирусот, се вели во соопштението на Националната здравствена комисија. Како што истакнуваат, детето било во контакт со кокошки и врани кои биле одгледувани во неговата куќа, пренесува Ројтерс. Варијантата H3N8 претходно беше откриена на други места во светот кај коњи, кучиња, птици и фоки, но не се пријавени случаи на H3N8 кај луѓе, соопшти NHC. Комисијата соопшти дека првичната проценка утврдила дека варијантата сè уште нема способност ефективно да зарази луѓе, а ризикот од епидемија од големи размери е низок. Многу различни видови на птичји грип се присутни во Кина, а некои спорадично ги инфицираат луѓето, обично оние кои работат со живина. Минатата година Кина го пријави првиот случај на човек на вирусот H10N3. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-sluchaj-vo-kina-na-ptichji-grip-h3n8-kaj-lugje-zarazeno-chetirigodishno-dete/feed/ 0