заразено лице – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Aug 2020 15:53:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png заразено лице – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во карантин 14 грчки полицајци по апсење на лице заразено со коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-karantin-14-grchki-policajci-po-apsenje-na-lice-zarazeno-so-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-karantin-14-grchki-policajci-po-apsenje-na-lice-zarazeno-so-koronavirusot/#respond Tue, 18 Aug 2020 16:38:36 +0000 https://kurir.mk/?p=392319

Во карантин се 14 грчки полицајци кои биле во контакт со лице кое вчера било уапсено, а денеска било потврдено дека е заразено со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, станува збор за државјанин на Сомалија, кој вчера бил уапсен за учество во тепачка и одведен во полициска станица во атинска населба, а утрово поради покачена температура, со брза помош бил пренесен во болница, каде што бил тестиран и потврдено дека е заразен. По позитивниот тест, сите полицајци, како од конкретната полициска станица, така и оние кои учествувале во апсењето, но и оние кои го пренеле до возилото на брза помош, сега се во карантин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-karantin-14-grchki-policajci-po-apsenje-na-lice-zarazeno-so-koronavirusot/feed/ 0
Прв случај на лице излечено од коронавирус во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prv-sluchaj-na-lice-izlecheno-od-koronavirus-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prv-sluchaj-na-lice-izlecheno-od-koronavirus-vo-kosovo/#respond Thu, 26 Mar 2020 19:33:25 +0000 https://kurir.mk/?p=322769

Во лабораторијата за молекуларна микробиологија на Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) денеска се тестирани 89 лица, од кои кај осуммина е откриено присуство на вирусот Ковид-19, така што официјалната бројка на носители на новиот коронавирус сега изнесува 79, јави дописникот на МИА од Приштина. Во исто време, како што објави косовскиот министер за здравство Арбен Витиа, еден од пациентите кои претходно бил дијагностификуван со коронавирус, по соодветните испитувања резултира излечен од заразната болест. – Конечно имаме една добра вест. Еден од пациентите и по второто тестирање резултира негативен. Според препораките на СЗО (Светската здравствена организација), кога имаме два негативни примероци на едно лице со еднодневна временска дистанца, тоа покажува излеченост од Ковид-19. Официјално го имаме првото лице кое е излечено од Ковид-19 во Република Косово, објави Витиа преку негова страница на Фејсбук. Според соопштението на ИШПК, четворица од лицата кај кои денеска е потврдено присуството на Ковид-19 се од село во општина Вучитрн, тројца се жители на Приштина и едно лице од село во општина Пеќ. Од 8 февруари, заклучно со денешнниот ден, тестирани се вкупно 855 примероци на лица за кои постоело сомневање дека се заразени од коронавирусот. Од нив, 79 случаи резултираа со позитивен наод, додека едно лице, возрасен маж на 82-годишна возраст, почина, се вели во соопштението на ИШКП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prv-sluchaj-na-lice-izlecheno-od-koronavirus-vo-kosovo/feed/ 0