заразна болест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Dec 2022 10:25:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png заразна болест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нема влез во затворени објекти за невакцинирани и непрележани лица, предложени законски измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-vlez-vo-zatvoreni-objekti-za-nevakcinirani-i-neprelezani-lica-predlozeni-zakonski-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-vlez-vo-zatvoreni-objekti-za-nevakcinirani-i-neprelezani-lica-predlozeni-zakonski-izmeni/#respond Mon, 12 Dec 2022 10:25:57 +0000 https://kurir.mk/?p=774326

Комисијата за европски прашања ја одложи денешната седница на која требаше да се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на население од заразни болести. Седницата е одложена за 14 декември, согласно распоредот на веб-страницата на Собранието. Според Предлог законот, во случај на појава на заразна болест, се предлага забрана за влез во објекти за лица кои не се вакцинирани или немаат потврда за прележана болест. Министерството за здравство исто така, ќе може преку примена на технолошки методи да спречи ширење на заразната болест. Во членот 28 се додава нова потточка со која се забранува влез во објекти на лица кои не се имунизирани или не поседуваат потврда за прележана болест. Во член 29, пак, се додава нов член 29 а, којшто заради спречување на ширење на заразни болести дозволува Министерството да примени технолошки достигнувања како интернет платформи, паметни апликации, електронски услуги и слично, при што во однос на обработката на личните податоци се применуваат прописите од областа на заштита на личните податоци, како и соодветни технички и организациски мерки за да се обезбеди ниво на безбедност на личните податоци соодветно на ризикот. – Заразните заболувања поради своите епидемиолошки карактеристики, јавувањето во епидемиска форма, оштетување на здравјето, смртноста, високиот морбидитет и морталитет, претставуваат не само медицински, туку и социјален, економски и финансиски проблем за секој здравствен систем и значајна закана за здравјето на населението. Една од мерките за успешно и навремено сузбивање на заразните болести е задолжителното пријавување и информирање за појава на заразни болести и епидемии, пишува во новиот член 29а. Се додава дека Светската здравствена организација евидентира болести што не познаваат граници и идентични фактори на ризик, заради што препорачува засилување на националните системи за надзор над појавата и ширењето на заразни болести и воспоставување на мрежи на комуникација на национално, регионално и пошироко ниво, како одговор на ваквата состојба. При тоа, основниот принцип е приспособување на здравствената заштита кон потребите на човекот и населението. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населени од заразни болести е со европско знаменце, односно треба да се изгласа по скратена постапка.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-vlez-vo-zatvoreni-objekti-za-nevakcinirani-i-neprelezani-lica-predlozeni-zakonski-izmeni/feed/ 0
Ќе одговара за пренесување заразна болест – наместо да седи во изолација си шетал во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kje-odgovara-za-prenesuvanje-zarazna-bolest-namesto-da-sedi-vo-izolacija-si-shetal-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kje-odgovara-za-prenesuvanje-zarazna-bolest-namesto-da-sedi-vo-izolacija-si-shetal-vo-tetovo/#respond Tue, 10 May 2022 17:17:05 +0000 https://kurir.mk/?p=674736

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Ш.(24) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. На 06.04.2022, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом, со што постапил спротивно на решението за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kje-odgovara-za-prenesuvanje-zarazna-bolest-namesto-da-sedi-vo-izolacija-si-shetal-vo-tetovo/feed/ 0
Ќе одговара за „пренесување заразна болест“ – позитивен на коронавирус излегувал од дома https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kje-odgovara-za-prenesuvanje-zarazna-bolest-pozitiven-na-koronavirus-izleguval-od-doma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kje-odgovara-za-prenesuvanje-zarazna-bolest-pozitiven-na-koronavirus-izleguval-od-doma/#respond Sat, 26 Mar 2022 19:06:33 +0000 https://kurir.mk/?p=653912

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Ш.(57) од с.Челопек, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. На   25.01.2022, полициски службеници извршиле контрола и не го затекнале пријавениот во својот дом и покрај тоа што имал решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kje-odgovara-za-prenesuvanje-zarazna-bolest-pozitiven-na-koronavirus-izleguval-od-doma/feed/ 0
Не ги почитувал ковид мерките, жител на тетовско не бил во својот дом и покрај изолацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ne-gi-pochituval-kovid-merkite-zitel-na-tetovsko-ne-bil-vo-svojot-dom-i-pokraj-izolacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ne-gi-pochituval-kovid-merkite-zitel-na-tetovsko-ne-bil-vo-svojot-dom-i-pokraj-izolacijata/#respond Tue, 15 Feb 2022 18:58:02 +0000 https://kurir.mk/?p=631857

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Т.(40) од с.Раотинце, тетовско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест’’. На 14.01.2022 полициски службеници од Полициско одделение Јегуновце, при вршење на редовна контрола за проверка на лица во однос на почитување на ковид мерките, констатирале дека пријавениот не бил во својот дом, со што не го почитувал решението за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ne-gi-pochituval-kovid-merkite-zitel-na-tetovsko-ne-bil-vo-svojot-dom-i-pokraj-izolacijata/feed/ 0
Гостиварец обвинет за пренесување заразна болест- бруцелоза, предложена парична казна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gostivarec-obvinet-za-prenesuvanje-zarazna-bolest-bruceloza-predlozena-parichna-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gostivarec-obvinet-za-prenesuvanje-zarazna-bolest-bruceloza-predlozena-parichna-kazna/#respond Wed, 27 Oct 2021 07:41:32 +0000 https://kurir.mk/?p=586230

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против еден гостиварец за кривично дело – Пренесување заразна болест од член 205 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот не постапил според прописите и издадено решение на надлежниот орган за спречување на заразните болести кај животните кои можат да се пренесат на луѓето. При извршена контрола во неговото одгледувалиште во гостиварското село Рибница, овластени службени лица од Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје потврдиле присуство на бруцелоза кај овци и кози. Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Гостивар му предложи за обвинетиот да определи парична казна од 100 дневни глоби. ​​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gostivarec-obvinet-za-prenesuvanje-zarazna-bolest-bruceloza-predlozena-parichna-kazna/feed/ 0
Кривична пријава против тетовез за „пренесување заразна болест“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-tetovez-za-prenesuvanje-zarazna-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-tetovez-za-prenesuvanje-zarazna-bolest/#respond Thu, 07 Oct 2021 15:28:09 +0000 https://kurir.mk/?p=574866

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Е.(41) од с.Долно Палчиште, за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. На 28.08.2021 во с. Долно Палчиште, тетовско, при извршена контрола од страна на полициски службеници, пријавената не била затекната дома, иако имала решение за изолација и лекување во домашни услови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-tetovez-za-prenesuvanje-zarazna-bolest/feed/ 0
Откриена нова вирусна заразна болест во Јапонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkriena-nova-virusna-zarazna-bolest-vo-japonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkriena-nova-virusna-zarazna-bolest-vo-japonija/#respond Wed, 06 Oct 2021 08:19:36 +0000 https://kurir.mk/?p=573821

Непознат вирус, кој може да се пренесе на луѓето, е откриен во Јапонија. Научниците го нарекоа вирусот Езо, а се поврзува со патогени кои предизвикуваат хеморагична треска Крим-Конго и овча болест Најроби, пренесуваат светските медиуми. Првиот случај на новиот вирус е регистриран во Јапонија во 2019 година. 41-годишен маж потоа бил хоспитализиран со треска и болки во нозете, откако бил каснат од крлеж додека шетал низ шума на островот Хокаидо. Мажот, кој бил пуштен дома по две недели, бил тестиран негативен за сите познати болести пренесени од крлежи. Научниците од Универзитетот во Хокаидо и вирусологот д -р Кеита Макуно за Меѓународниот институт за контрола на зооноза, постојано ги анализирале примероците од крв на пациентот и откриле нов вирус. Тимот научници го објавија своето истражување кон крајот на септември во списанието „Nature Communications“, а новиот вирус е сличен на наировирусите, од кои четири можат да заразат луѓе. Еден од наировирусите предизвикува хеморагична треска на Крим-Конго, која се манифестира во болки во мускулите, дијареа и модринки, и може да доведе до откажување и смрт на црниот дроб. Новиот вирус најмногу наликува на вирусите Сулина и Тамди, откриени во Романија и Узбекистан. Наводно, вирусот Тамди е регистриран во Кина во последниве години кај пациенти кои имале акутна треска. Новиот вирус Језо може да предизвика висока телесна температура, и да доведе до пад на тромбоцити и леукоцити, кои го штитат телото од бактерии и вируси. Научниците анализирале примероци од крв од други пациенти кои покажале слични симптоми од 2014 година како мажот кој бил хоспитализиран. - Најмалку седум лица се заразиле со новиот вирус во Јапонија од 2014 година, но досега не се пријавени смртни случаи, рече Макуно. Научниците, барајќи го изворот на вирусот, открија дека вирусот РНК Језо е присутен во три вида крлежи што постојат на островот. Антитела на вирусот се пронајдени кај елени и ракуни кои ја населуваат областа. Научниците веруваат дека сега е исклучително важно да се испита областа надвор од Хокаидо. - Сите случаи на вирусот Језо за кои знаеме дека поминале без фатален исход, но многу е веројатно дека болеста постои и надвор од Хокаидо, затоа што прво мора да видиме дали и каде се шири - велат научниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkriena-nova-virusna-zarazna-bolest-vo-japonija/feed/ 0
Маж кривично ќе одговара за пренесување заразна болест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maz-krivichno-kje-odgovara-za-prenesuvanje-zarazna-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maz-krivichno-kje-odgovara-za-prenesuvanje-zarazna-bolest/#respond Wed, 03 Mar 2021 17:01:13 +0000 https://kurir.mk/?p=476769

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А.(51) од с.Селце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. Пријавениот Р.А. постапил спротивно на издадено решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат за домашна изолација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maz-krivichno-kje-odgovara-za-prenesuvanje-zarazna-bolest/feed/ 0