жаре стевановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 Jul 2019 07:51:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жаре стевановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Авторот на „Че си лежите” ја напушти СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avtorot-na-che-si-lezite-ja-napushti-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avtorot-na-che-si-lezite-ja-napushti-sdsm/#respond Tue, 02 Jul 2019 07:50:55 +0000 https://kurir.mk/?p=214659

Адвокатот од Прилеп Жарко Стеваноски , објави јавно писмо преку кое најави напуштање на СДСМ, неговата матична партија од 2004 година. -Почитувани сопартијци, Од моето формално зачленување во СДСМ во 2004 година, бев активен член на ОО на СДСМ Прилеп како член на правната комисија, во рамките на која активно учествував во сите изборни циклуси од 2004 година до денес. Од почетокот на 2015 година до денес поради отсуство на иницијатива и волја на тогашното раководство на ОО на СДСМ Прилеп, својата активност самоиницијативно ја насочив кон соборување на политиките на ВМРО ДПМНЕ во Прилеп, следејќи и применувајќи ги генералните политики на СДСМ кои паралелно се одвиваа во тој период. Поради отсуството на политичка волја и иницијатива на тогашното раководство на огранокот на СДСМ во Прилеп и очигледните бариери поставени од нивна страна за напредување во партиската хиерархија изготвив и понудив Стратегија за начин на функционирање на општинските организации и месни одбори на СДСМ, која нудеше не само статутарно ами и реално отстранување на пречките, секој член на СДСМ преку својата активност заслужено да напредува во партиската хиерархија и да придонесува за реализација на основните цели на паријата. Во периодот од 2015 год.до денес преку сеопфатна анализа на начинот на владеење на ВМРО ДПМНЕ ги утврдив и причините поради кои кај раководството на ОО на СДСМ Прилеп постои таквиот отпор за реално имплементирање на генералната политика на партијата заради превземање а сега и заради одржување на власт. Во сите предизборни внатрепартиски активности, од страна на членството преку месните одбори бев предлаган како кандидат за сите партиски функции на ниво на ОО на СДСМ Прилеп како и за сите опшествени функции пред одржување на парламентарни и локални избори. Нескриено е експонирањето на поединци низ сите внатрепартиски избори во ОО на СДСМ Прилеп кои вршат злоупотреба на внатрепартиските органи и надвор од статутарните можности се служат со активности кои практично го условуваат објективниот избор на соодветни кандидати за членување во внатрепартиските органи, преку потпишување на иницијативи, собирање на списоци за поддршка на подобни кадровски решенија, користење на ексклузивитетот за одржување на состаноци заради фаворизирање на според нив соодветни партиски решенија и нивна употреба пред највисоките партиски функционери во насока на изнудување на соодветен избор на кадри. ОО на СДСМ Прилеп поседува огромен потенцијал од сопствените редови да исфрла соодветни партиски стручни кадри во сите сфери од опшественото уредување а изборот на кадри преку внатрепартиските избори со непосредно гласање од страна на членството е можност која сите досегашни раководства на огранокот на СДСМ во Прилеп го избегнуваат по секоја цена. И покрај превземањето на локалната власт на последните локални избори, ОО на СДСМ Прилеп воопшто не покажа интерес за имплементирање на нови политички активности кои доликуваат на политики на партија на власт, кое нешто се потврди и од изборните резултати на последните претседателски избори. Активностите и политиките на огранокот би требало да бидат рефлексија на генералните политики на партијата, кое нешто со оглед на актуелните политички случувања и политички резултати на локално ниво не е случај. Поради погоре наведените причини сметам дека мојот партиски ангажман до денес освен што е злоупотребен заради исполнување на лични цели на поединци и групи кои егзистираат низ внатрепартиските органи на огранокот, воопшто не е искористен заради реално имплементирање на генералните цели и политики на партијата. Уставно загарантирано право на секој граѓанин на оваа држава е правото на слободата во изразувањето и поради самопочитта кон сопствените политички убедувања сметам дека пред се етички и морално е на ваков начин да се дистанцирам од партиското делување на огранокот на СДСМ во Прилеп и да можам своите лични политички ставови да ги изнесувам јавно без да нанесам политичка штета на партијата како нејзин член. На највисоките партиски претставници им благодарам на довербата и досегашната соработка, со надеж за идна соработка од позиција на обичен граѓанин на РСМ заради реално имплементирање на генералните политики на СДСМ. Ми беше чест да бидам член на СДСМ. Со почит, Жарко Стеваноски, стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avtorot-na-che-si-lezite-ja-napushti-sdsm/feed/ 0