Жарко Димоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Oct 2022 12:07:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Жарко Димоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонскиот актер Жарко Димоски премиерно во Белград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskiot-akter-zarko-dimoski-premierno-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskiot-akter-zarko-dimoski-premierno-vo-belgrad/#respond Thu, 27 Oct 2022 12:07:48 +0000 https://kurir.mk/?p=751219

Актерот, пејач и водител на ТВ емисијата „Џентлмен магазин“ на 28 Октомври ќе ја доживее својата прва Белградска премиера во Театарот Теразије. Претставата „Црни Лептир“ работена според текстот на Спасоја Ж. Миловановиќ, инспирирана од музиката на легендарната “ЈУ Група”, а во режија на Марко Јовичиќ, премиерно ќе биде изведена на 28 и 29 октомври во 19:30 часот. Како што е најавено, претставата „Црни Лептир“ ќе биде спектакуларна по многу нешта. Станува збор за претстава со најмногу изведувачи до сега, а Жарко е првиот актер од Македонија што е поканет да гостува во тој театар. Ја изведува дупли- актерски ансамбл, а за време на тричасовната изведба, публиката ќе може да слушне 27 композиции од најдолговечниот рок бенд на овие простори, со гудачки оркестар, труби, саксофони, удиралки, џез и блуз елементи. Милош Бранисављевиќ ги аранжираше песните на сосема нов начин кои се вклопуваат неверојатно во приказната, а кореографијата е на Милица Церовиќ која најави различни танцови стилови, сценски движења како на рокенрол забава, дури и кореографски бокс. Публиката првпат ќе може да го види филмското сценарио во театар, фрагментарна драматургија, четириесет и девет кратки сцени, а интересно е што главните актери мора да се пресоблечат 30 пати во текот на претставата. Репризите на премиерата се најавени за 30 октомври, 5 и 6 ноември. Димоски толкува една од главните улоги во претставата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskiot-akter-zarko-dimoski-premierno-vo-belgrad/feed/ 0
ФОТО: Се ожени познатиот македонски актер, а за свадбата ја одбраа оваа дестинација надвор од Македонија https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-se-ozeni-poznatiot-makedonski-akter-a-za-svadbata-ja-odbraa-ovaa-destinacija-nadvor-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-se-ozeni-poznatiot-makedonski-akter-a-za-svadbata-ja-odbraa-ovaa-destinacija-nadvor-od-makedonija/#respond Tue, 11 Aug 2020 08:37:07 +0000 https://kurir.mk/?p=389121

Младиот македонски актер од Театар Комедија, Жарко Димоски, реши официјално да заплива во брачните води со неговата свршеница, а сега сопруга Андреа Јосифова. Нивната свадба се случи на вчерашниот ден 10.08.2020. Венчавката на Жарко и Андреа се случи во Ровињ, Хрватска во кругот на најблиските членови и пријатели почитувајќи ги правилата и препораките за заштита од коронавирусот.
Жарко преку социјалните мрежи се пофали дека веќе е женет човек. Имено, тој објави кратко видео со сопругата, а во описот напиша: „Официјално е. Среќата само што започна. Љубов. 10.08.2020“. За оваа прилика Андреа одбра бел фустан, а и Жарко е облечен во бела комбинација и со шешир на главата. Инаку, Андреа по потекло е од Кавадарци, а во 2018 година дипломираше на Филилошкиот факултет во Скопје.
Жарко пак, освен тоа што примарна професија му е актерството, имаше обид и како радио и ТВ водител  на забавна емисија.
Потсетуваме, актерот ја побара својата сакана за сопруга во ноември претходната година. Честитки, среќни и вечни да сте! извор:Вистина.мк

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-se-ozeni-poznatiot-makedonski-akter-a-za-svadbata-ja-odbraa-ovaa-destinacija-nadvor-od-makedonija/feed/ 0