Жарко Лаушевиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Feb 2018 09:59:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Жарко Лаушевиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Проштално писмо на Жарко Лаушевиќ: Глоги, чекам да се чуеме… за викенд https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/proshtalno-pismo-na-zarko-laushevikj-glogi-chekam-da-se-chueme-za-vikend/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/proshtalno-pismo-na-zarko-laushevikj-glogi-chekam-da-se-chueme-za-vikend/#respond Thu, 22 Feb 2018 09:59:52 +0000 http://kurir.mk/?p=23859

Болката по смртта на блиските луѓе на Небојша Глоговац, но и на неговите обожаватели не стивнива. Сега со емотивно писмо од својот пријател Глоговац се прости и актерот Жарко Лаушевиќ. Ова е неговото писмо: Драги Глоги! Ја читам твојата порака од пред некој ден: -Знам дека ќе биде добро… Ќе разговараме… Само малку да мине ова лудило… Што велат, Србите паметат до четврток, така што се слушаме за викенд, а до тогаш еве ти неколку вицови. Есеноска чекајќи превоз на аеродром во Бостон, правевме планови нешто да работиме заедно. Ми рече: Ќе работиме сигурно или овде или таму. Тогаш ти стигна порака и скокна како мало дете: -Добив награда во Лондон! Тоа беше награда за најдобар актер на престижен европски фестивал. Сите ние понесени од чувството на голема гордост, ја одигравме последната изведба на „Хадерсфилд“. И таа ноќ како и на целата канадско-американска турнеја, гледав на сцената, од страна, нем од среќа што присуствувам на едно чудесно предавање и давање себе на глумата, какво што порано немав видено. Мојата најстара ќерка со години имаше омилен и најдобар актер. Тогаш еден ден бојажливо ми рече: Тато, ти повеќе не си мојот најдобар актер! -Ах, кој е тој што на моето чедо му го помати разумот – тивко процедив. -Небојша Глоговац – ми рече тивко. Ја прегрнав. -Па тој и за мене е најдобар актер – и признав јас. Глоги, откако чув за твојата болка, тргнав да пишувам за нас. Па да одиграме… Или овде или таму. И чекам да се слушнеме… за викенд. Твој Жарко.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/proshtalno-pismo-na-zarko-laushevikj-glogi-chekam-da-se-chueme-za-vikend/feed/ 0