Зарко Милошевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 24 Dec 2022 08:04:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Зарко Милошевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Чекаат Зарко Милошевски сам да бара одговорни за скандалот со АНБ, фали уште да му дадат Онишченко да ја води истрагата“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chekaat-zarko-miloshevski-sam-da-bara-odgovorni-za-skandalot-so-anb-fali-ushte-da-mu-dadat-onishchenko-da-ja-vodi-istragata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chekaat-zarko-miloshevski-sam-da-bara-odgovorni-za-skandalot-so-anb-fali-ushte-da-mu-dadat-onishchenko-da-ja-vodi-istragata/#respond Sat, 24 Dec 2022 08:04:25 +0000 https://kurir.mk/?p=779932

Ковачевски и Зечевиќ ја претворија АНБ во институција која ја срами Македонија на меѓународна сцена. Тоа се темели најмногу на скандалот со доделеното државјанство на Онишченко, кој е човек на црната листа на САД. Дополнително после изборот на Зарко Милошевски оваа институција уште повеќе се девалвира, бидејќи од документите кои излегоа во јавноста видовме дека токму Милошевски дал согласност за државјанството на овој човек. Да биде потрагично, Ковачевски очекува Зарко Милошевски сам да спроведе истрага за да се утврдела одговорноста за скандалот. Фалеше уште да му дадат самиот Онишченко да го истражува случајот! Ковачевски и Зечевиќ, чиј кадар е самиот Зарко Милошевски молчат за чаршав-списокот од скандали врзани за името на новиот директор на АНБ. Тие не даваат одговор каква била улогата на Милошевски во настаните од 27 април 2017-та година кога Милошевски бил началник во УБК. Тие молчат за проценките кои Милошевски требало да ги даде од позиција началник на УБК во време на акцијата во Диво Насеље. Избегнуваат да кажат каква била улогата на Милошевски и во доделувањето на 215 македонски пасоши на мафијаши, убијци и криминалци од целиот свет. На крајот од денот молчат и за евентуалната вмешаност на Милошевски како еден од началниците во УБК во скандалот со прислушкувањето, кога и самиот Ковачевски бил дел од телекомуникацискиот сектор во Македонија. Распад систем се случува во секој сектор, па и во безбедносниот, а одговорност нема. Ковачевски со тоа свесно прифаќа да биде виновен за сите афери, скандали и криминали кои излегоа во јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chekaat-zarko-miloshevski-sam-da-bara-odgovorni-za-skandalot-so-anb-fali-ushte-da-mu-dadat-onishchenko-da-ja-vodi-istragata/feed/ 0
„Каква е улогата на Зарко Милошевски во 27 април, и до каде е истрагата за позитивното мислење за државјанството на Онишченко кое тој го дал?“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kakva-e-ulogata-na-zarko-miloshevski-vo-27-april-i-do-kade-e-istragata-za-pozitivnoto-mislenje-za-drzavjanstvoto-na-onishchenko-koe-toj-go-dal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kakva-e-ulogata-na-zarko-miloshevski-vo-27-april-i-do-kade-e-istragata-za-pozitivnoto-mislenje-za-drzavjanstvoto-na-onishchenko-koe-toj-go-dal/#respond Fri, 23 Dec 2022 08:19:53 +0000 https://kurir.mk/?p=779456

Зарко Милошевски е началник на единицата за екстремизам при УБК за време на настаните од 27 април. Голем дел од структури во УБК беа дел од судски процеси, дури и тогашниот директор Атанасовски, само Милошевски не беше дел од никаква постапка, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Зошто Милошевски не бил дел од судски постапки и кој го штити? Зарко Милошевски директно или индиректно бил дел од голем број случаи за кои негови колеги се дел од постапки, а тој не е. Таков е и најновиот случај со давањето на Македонско државјанство на рускиот олигарх Онишченко, кој според изјавите на Пендаровски се мешал и во изборите во САД. Дури и според Пендаровски има спорни моменти во назначувањето на Милошевски за директор на АНБ, бидејќи случајот Онишченко сериозно го нарушува угледот на Македонија во НАТО. Зарко Милошевски е функционерот од АНБ кој ја потпишува позитивната проверка за Онишченко, и тој е значаен фактор од кого зависело дали Онишченко ќе добие дежавјанство или не, велат од партијата. Од таму велат дека владата мора да го разреши Зарко Милошевски од позицијата директор на АНБ, дотолку повеќе што се спроведува истрага за случајот Онишченко, во кој тој е директно вмешан, а Милошевски да каже каква е неговата улога и во 27 април.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kakva-e-ulogata-na-zarko-miloshevski-vo-27-april-i-do-kade-e-istragata-za-pozitivnoto-mislenje-za-drzavjanstvoto-na-onishchenko-koe-toj-go-dal/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Власта молчи каква е поврзаноста на Зарко Милошевски со настаните од 27 април 2017-та и зошто не сносел одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-molchi-kakva-e-povrzanosta-na-zarko-miloshevski-so-nastanite-od-27-april-2017-ta-i-zoshto-ne-snosel-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-molchi-kakva-e-povrzanosta-na-zarko-miloshevski-so-nastanite-od-27-april-2017-ta-i-zoshto-ne-snosel-odgovornost/#respond Wed, 21 Dec 2022 07:53:53 +0000 https://kurir.mk/?p=778414

Молкот на Ковачевски и на Зечевиќ за скандалите на новиот директор на АНБ многу зборуваат. Имено новиот директор на АНБ, Зарко Милошевски кој е директен избор на Ковачевски и Зечевиќ е лице поврзувано со многу афери и професионални неуспеси. Зарко Милошевски е началник во единицата за борба против екстремизам во УБК во време на настаните од 27 април 2017-та година и тоа од власта не го негираат. Ако бил, зошто Милошевски не беше обвинет исто како и други лица за настаните, кои обвинителството ги класифицираше како тероризам? Дали и каква улога имал Милошевски во настаните од 27 април 2017-та година? Дали и како постапувал Зарко Милошевски во тој период? Да посетиме Зарко Милошевски има голем негативен багаж во својата кариера. Имено тој е потписникот на документот со кој му се овозможило државјанство на Онишченко, лицето од американската црна листа. Исто така, Милошевски бил Помошник директор во АНБ и кога 215 криминалци од регионот и светот добиваат македонски патни исправи. Како началник на единицата за екстремизам во УБК во 2015 година во текот на акцијата на македонската полиција во Диво Насеље не дал прецизни проценки за групата со која се судрија безбедносните сили и за ова беше посочувано од страна на безбедносни експерти. И на крајот, Зарко Милошевски бил дел од тимот началници на УБК во 2015, период за кој се поврзува скандалот со нелегалното прислушкување. Сите овие минуси одат на контото на Милошевски но и на Ковачевски, бидејќи покрај сето горе наведено го избира токму него на оваа функција. Причината е јасна, во Владата не се воделе според квалитетот и интересите на Македонија и граѓаните, туку се воделе од партиските интереси. Изборот на Милошевски е само продолжение на партизацијата и упропастувањето на безбедносниот сектор во Македонија. После нека не се чуди Ковачевски каква е безбедносната состојба. Затоа и за овој избор и за сите останати кадровски промашување се бара одговорност токму од него.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-molchi-kakva-e-povrzanosta-na-zarko-miloshevski-so-nastanite-od-27-april-2017-ta-i-zoshto-ne-snosel-odgovornost/feed/ 0
Стоилковски: Ковачевски и Зечевиќ да одговорат за улогата на Зарко Милошевски на 27-ми април 2017 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-kovachevski-i-zechevikj-da-odgovorat-za-ulogata-na-zarko-miloshevski-na-27-mi-april-2017-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-kovachevski-i-zechevikj-da-odgovorat-za-ulogata-na-zarko-miloshevski-na-27-mi-april-2017-godina/#respond Tue, 20 Dec 2022 11:08:41 +0000 https://kurir.mk/?p=778066

Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ се уште не даваат конкретни одговори за именувањето на Зарко Милошевски за наследник на Виктор Димовски во АНБ. Милошевски не е непознат во безбедносните служби, ниту е нов, па затоа Ковачевски и Зечевиќ должат низа одговори за неговото именување, истакнува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ -Ковачевски и Зечевиќ, би требало да одговорат и за улогата на Зарко Милошевски за случувањата на 27 април 2017 година? Дали Зарко Милошевски и тогаш е началник на единицата за екстремизам при УБК? Дали и тогаш бил меѓу најблиските соработници на врвот на УБК? Повеќемина од УБК меѓу кои и директорот на УБК минаа низ обвиненија и судски процеси, но не и Зарко Милошевски, началник за екстремизам, во случаи за наводен тероризам?  Ковачевски и Зечевиќ не смеат да продолжат да молчат за прашањата со именувањето на Зарко Милошевски за директор на АНБ. Прашања за скандалот Онишченко, прашања за нелегалното прислушување, прашања за улогата на Зарко Милошевски во Диво насеље? Молкот за секое прашање е нова црна дамка врз довербата во институцијата, вели тој. Стоилковски порачува дека Македонија тоне во криминал и корупција, тоне судско обвинителскиот систем, тоне и безбедносниот систем, само и само заради политикантство и партизација на институциите заради лукративни побуди.  
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-kovachevski-i-zechevikj-da-odgovorat-za-ulogata-na-zarko-miloshevski-na-27-mi-april-2017-godina/feed/ 0
Ковачки: Ковачевски и Зечевиќ за директор на АНБ го назначуваат Зарко Милошевски со чиј потпис Онишченко доби македонско државјанство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-kovachevski-i-zechevikj-za-direktor-na-anb-go-naznachuvaat-zarko-miloshevski-so-chij-potpis-onishchenko-dobi-makedonsko-drzavjanstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-kovachevski-i-zechevikj-za-direktor-na-anb-go-naznachuvaat-zarko-miloshevski-so-chij-potpis-onishchenko-dobi-makedonsko-drzavjanstvo/#respond Sat, 17 Dec 2022 11:17:23 +0000 https://kurir.mk/?p=776971

Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ за директор на АНБ го назначуваат Зарко Милошевски, човекот со чиј потпис Онишченко добива македонско државјанство, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција. Како што истакна документот кој е објавен на социјалните мрежи покажува дека Зарко Милошевски го дал позитивното мислење како последен во постапката за проверка на безбедносни пречки. -На овој документ Милошевски е потпишан како овластено лице кое одобрило Известување до Секторот за управно надзорни работи, дека не постојат пречки од безбедносен карактер за Онишченко да добие државјанство. Зарко Милошевски е клучна алка за Онишченко да добие државјанство. Ова одобрение е издадено на 03.03.2022 година, во време кога премиер е Ковачевски. Овој предмет чекал повеќе од 9 месеци на одобрување во време кога премиер е Заев, а се решава само за 3 месеци откако доаѓа Ковачевски. Кој е интересот на Ковачевски за давање на државјанство на Онишченко, и дали Зарко Милошевски е поставен за директор на АНБ како награда или за да молчи за одредени процеси? Треба ли Зарко Милошевски да молчи зошто му е дадено државјанство на Онишченко и да ги прикрива своите шефови Ковачевски и Зечевиќ или треба да биде главен актер при давање на нови државјанства на сомнителни ликови од Далечниот Исток? Зарко Милошевски е дел од луѓето на Зечевиќ. Но, дали истиот е и дел од планот на Артан Груби и Миле Зечевиќ за давање на 20-тина македонски државјанства на лица од Сингапур, Хонг Конг, Тајван и други држави од Далечниот Исток преку Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово?, прашува Ковачки. Посочува дека според планот на Зечевиќ и Артан Груби, во Македонија постои можност државата да додели државјанство на странски лица поради постоење на посебен економски интерес од истите во вид на инвестиција вредна над 400.000 евра. Врз основа на вакви инвестиции Милошевски треба да потпише над 20-тина државјанства на луѓето од Далечниот Исток, а правен застапник на истите да биде адвокатската канцеларија на Миле Зечевиќ. -Практично државјанствата на луѓето од Далечниот Исток ќе бидат исплатени. Тука се поставува прашањето дали во форма на адвокатски услуги ќе се плаќа провизијата за услугите пружени од АНБ и дали низ вака разработена шема треба да се одглават и над 3000 барања за македонско државјанство кои стојат во фиока, а за кои алармираат структурите на ДУИ? Па од тука јасно е зошто за Зарко Милошевски постои консензус меѓу СДС и ДУИ. Наместо безбедносните служби да бидат во функција на безбедноста на државата, СДС и ДУИ ги упропастија и истите ги користат за свое лично богатење, нагласи Ковачки.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-kovachevski-i-zechevikj-za-direktor-na-anb-go-naznachuvaat-zarko-miloshevski-so-chij-potpis-onishchenko-dobi-makedonsko-drzavjanstvo/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Зарко Милошевски не е нов лик во АНБ, туку продолжена рака на екс директор Димовски и Зечевиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zarko-miloshevski-ne-e-nov-lik-vo-anb-tuku-prodolzena-raka-na-eks-direktor-dimovski-i-zechevikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zarko-miloshevski-ne-e-nov-lik-vo-anb-tuku-prodolzena-raka-na-eks-direktor-dimovski-i-zechevikj/#respond Thu, 15 Dec 2022 08:00:47 +0000 https://kurir.mk/?p=775827

Зарко Милошевски не е нов лик во АНБ, туку продолжена рака на екс директор Виктор Димовски и Миле Зечевиќ. Милошевски како помошник директор за безбедносни проверки директно учествувал во случајот Онишченко, и е исто толку виновен како Димовски и другите лица вмешани во овој скандал, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека Милошевски може да се "пофали" и со давање на македонски патни исправи на 200 криминалци од регионот и светот. -Наместо, Милошевски да биде разрешен од позицијата помошник директор, Ковачевски го унапредува со назначување на прв човек на АНБ. Ковачевски уште еднаш покажува дека единствен интерес на власта е политизација и партизацијата на институциите и исполнувања на барањата на клановите на СДС кој се бореа за оваа директорска позиција.Да беше Македонија правна држава, до сега Димовски наместо за амбасадор во Франција, а Милошевски за директор на АНБ, ќе одговараа кривично за бројните пропусти со делење на македонските пасоши на нарко босови и давање државјанство на лица на црната листа на САД, се наведува во партиското соопштение. Според ВМРО-ДПМНЕ, власта во континуитет го уништува безбедносниот систем во државата. Велат, 7 години СДС раководи со МВР и безбедносниот систем, 7 години Македонија има безбедносни пропусти и нарушување на безбедноста. -Безбедносната состојба со СДС на власт е се полоша.Ова мора да заврши, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zarko-miloshevski-ne-e-nov-lik-vo-anb-tuku-prodolzena-raka-na-eks-direktor-dimovski-i-zechevikj/feed/ 0
Зарко Милошевски назначен за нов директор на Агенцијата за национална безбедност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zarko-miloshevski-naznachen-za-nov-direktor-na-agencijata-za-nacionalna-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zarko-miloshevski-naznachen-za-nov-direktor-na-agencijata-za-nacionalna-bezbednost/#respond Wed, 14 Dec 2022 15:29:06 +0000 https://kurir.mk/?p=775584

Владата на денешната седница го назначи Зарко Милошевски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност. Милошевски на позицијата директор доаѓа од позиција на помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во Агенцијата за национална безбедност, каде има и претходно повеќегодишно искуство во раководење, организирање и координирање на Одделот, но и во организирање и раководење со ресурсите на организационата единица за заштита на уставното уредување и спротивставување на тероризмот. – Милошевски е посветен, доверлив и долгогодишен професионалец кој својата кариера во безбедносните служби ја започнува во 1997 година во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање при МВР, а неговата експертиза оттогаш до денес, кога е во Агенцијата за национална безбедност е во полето на спротивставувањето на насилен екстремизам, заштитата на уставното уредување како и во полето на спротивставувањето со тероризмот, наведува прес-службата на Владата. Милошевски, додаваат, своето професионално доусовршување го спроведува од 1999 година до денес преку учество на повеќе домашни обуки организирани и имплементирани од страна на Единицата за специјални задачи при МВР и Бирото за јавна безбедност при МВР, како и на повеќе обуки во странство организирани и имплементирани од страна на Стејт департментот на САД, Министерството за правда на САД, Министерството за одбрана на САД, Федералното биро за истраги на САД, Дипломатската безбедносна служба на САД, како и Канадската безбедносна и разузнавачка служба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zarko-miloshevski-naznachen-za-nov-direktor-na-agencijata-za-nacionalna-bezbednost/feed/ 0